ромски чочек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 07:59:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ромски чочек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве како и за што вежба Лила среде бел ден на улица со жива блех музика.: „Нека гори Балкан…“ а Бога ми и Александар Палас (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-i-za-shto-vezhba-lila-srede-ulitsa-so-zhiva-bleh-muzika-neka-gori-balkan-a-boga-mi-i-aleksandar-palas-video/ Fri, 05 Jan 2024 07:59:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333806

Најпознатата и најдолговечна македонска ТВ водителка, Лила Филиповска деновиве уловена во  мошне необично и интересно издание. „Некому  инспирација, некому иритација“ - како што самата знае да каже, среде бел ден во свечен провиден фустан на високи потпетици, наметната со бунда Лила танцува, игра, меша... И тоа чочек со жива  блех музика. Околу неа ечат руби, саксофони, силно чука тапанот, а водителката се врти, се извива, ниша со колкови, меша со бокови, лула карлица... Небаре е  некоја балканска турбо фолк убавица од Србија, од оние налик на  Цеца, Теа, Прија... Дали водителката нешто слави или се враќа од некоја целовечерна забава, па до дома свирачите и прават утринско „афтер парти“ испраќајќи ја со музика, беше непознаница на која сите и се чудеа во првиот миг кога ја здогледаа. Зашто Лила досега невидена во вакво издание го привлече сето внимание на случајните минувачи, ако воопшто и ги имало во тие рани утрински часови, ама најмногу на оние кои вака расположена ја начекаа на социјалните мрежи. И додека сите се' уште беа во прашалници, водителката вака „опуштена“ меѓу Новогодишните и Божиќните празници веднаш поита да ја објасни ситуацијата и расположението, за јавноста случајно погрешно да не и го сфати и негативно искоментира поведението. Имено, Лила ниту нешто слави, ниту се враќа од ноќна забава или некаква прослава, туку водителката само вежба! И тоа чочек за дочек... Не на некој претстоен празник, туку ромски чочек за Ромски бал... И тоа светски! Најавен за  18 ти јануари во скопскиот хотел Александар Палас. А на него гости од целиот свет и специјални естрадни фолк мегаѕвезди од регионот. „Вежбаме за четириесет и четвртиот Светскиот Ромски Бал на 18 ти јануари во хотелот Александар Палас. Гости од целиот свет, забава и дружење. Многу музички гости и специјални гостинки Цеца и Теа Таировиќ. Како и секогаш се барa место повеќе , затоа резервирајте си на време“  - порача Лила во паузата меѓу два чочека појаснувајќи ги деталите, па потоа онака качена на сандалите иако е зима, додека е уште загреана, покажа што извежбала! Според најавеното, а и прикажаното од нејзина страна, несомнено бргу успеа да не убеди сите нас, дека на  Светскиот ромски бал „ќе гори Балкан“... а Бога ми и Александар Палас!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм/lilafilipovska
]]>