ромски бал 2024 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 Jan 2024 13:30:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ромски бал 2024 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Од пиле млеко“ и “забава до бесвест“: Лила веќе го најави и ќе го води Ромскиот бал, а освен Цеца и Теа еве кој се’ ќе пее и за колкав хонорар (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-pile-mleko-i-zabava-do-besvest-lila-veke-go-najavi-i-ke-go-vodi-romskiot-bal-a-osven-tsetsa-i-tea-eve-koj-se-ke-pee-i-za-kolkav-honorar-foto/ Tue, 09 Jan 2024 09:35:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334117

Среде бел ден во свечен провиден фустан на високи потпетици, наметната со бунда Лила Филиповска беше уловена како танцува, игра, меша… И тоа чочек со жива  блех музика. Околу неа ечеа руби, саксофони, силно чукаше тапанот, а водителката не престана да се врти, се извива, ниша со колкови, меша со бокови, лула карлица… Небаре е  некоја балканска турбо фолк убавица од Србија, од оние налик на  Цеца или Теа... Односно токму оние кои и ќе бидат главните ѕвезди на претстојниот Cветски Ромски бал 2024, кој ќе се одржи на 18 февруари во еден елитен скопски хотел, а Лила ќе биде водителка, паа оттаму и ваквата најава во вид на божемна подготовка за вечерта која велета ќе се памети по многу работи. Од влезниците кои воопшто не се евтини па така, т.н. „коњопој“ за шест лица со вклучено шише алкохолен пијалок чини 300 евра, односно по 50 евра од лице. За оние пак, кои сакаат мени и столче на маса за седење, ќе мора да платат по 150 евра од лице. Арно ама, влезницата велат „вреди за сите пари“, за кои гостите добиваат  „од пиле млеко и забава до бесвест“.  Менито нуди неограничена храна, картата на пијалоци содржи  познати алкохолни брендови, од виски до скапи вина и секако врвно приготвени специјалитети. Музичките гости секогаш се со особено внимание избрани, па така и годинава ќе настапуваат ултрапопуларни имиња од регионалната естрада кои ќе ги кренат расположението и атмосверата на манифестацијата до плафон. Зашто имињата на балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ и регионалната „кралица на бакшишот“ Теа Таировиќ тоа и го гарантираат. Но нема да бидат само тие двете кои, како што се очекува ќе направат таа вечер „да гори Балкан“, туку покрај нив најавени се уште некои познати и врвни музички изведувачи и еминентни фолк ѕвезди од регионот  како неодминливиот Муарем Сербезовски, Сара Рељиќ од “Ѕвездите на Гранд”, групата  “Ѓогани”, а покрај нив ќе настапат и многу познатите ромски пејачи како Бернат, Ервин, Џефрина, Цита... но и Таркан од Белгија. Официјален оркестар на балот ќе  биде “Оркестарот на млади таленти” од Скопје, а на балот исто така ќе се одбира Мис најубава Ромка. Програмата ветувачка и мошне богата, ама богати се и хонорарите на пејачите, особено оние на главните ѕвезди, кои покрај солидната заработка се очекува дома да си заминат накитени и со дебел бакшиш! Како што  се дознава, на Цеца за овој настап ќе и бидат искеширани 50.000 евра, додека Теа се задоволила со цифрата од 20.000 евра.Ѓогани“ ќе настапат за 10.000 евра, а Сара Рељиќ ќе добие  5.000 евра. Бакшишот секако никој не може да го предвиди, но секако дека нема да биде ниту незначителен ниту скромен, особено кога се во прашање двете главни ѕвезди на вечерта. Останатите хонорари се „незначителни“ во однос на споменатите, но пејачите и музичарите секогаш „се крстат“ во дарежливоста на гостите кои се очекува и овој пат да имаат „лесна рака“, без што прославите од ваков тип никогаш не поминуваат! Фото: Инстаграм/djoganivesna/lilafilipovska/sara.reljic_worklife/cecaraznatovic/tea_tairovic
     ]]>