роман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Sep 2023 12:26:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Роман“ – концерт на Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“ во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/roman-kontsert-na-roman-simovik-i-kamerniot-orkestar-profundis-vo-makedonskata-filharmonija/ Thu, 28 Sep 2023 12:26:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320274

Подгответе се за спектакуларно музичко доживување со прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ!
Ова ексклузивно гостување на Роман Симовиќ во Скопје ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија на 16-ти октомври со почеток во 20:30 часот.
Роман Симовиќ - Виртуоз со неспоредлива извонредност!
Роман Симовиќ ќе настапи на нашата сцена, донесувајќи ниво на уметност и талент што е едноставно неспоредливо. Неговата виртуозност и божествениот звук на неговиот Страдивари ќе ве пренесе во царството на музичкиот сјај, каде што секоја нота одекнува со страст и прецизност.
Како солист, Роман Симовиќ настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија. Со диригентите: Валери Георгиев, Антонио Папано, Даниел Хардинг, Џанандреа Носеда, Кристијан Јерви, Јиржи Белохлавек, Пабло Херас Касадо, Николај Знаидер, Томас Сондергард…
Симовиќ настапувал на многу реномирани фестивали како што се: „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Охридско лето, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата: Леонидас Кавакос, Јуџа Ванг, Готје Капусон, Миша Мајски, Шломо Минц, Франсоа Лелу, Итамар Голан, Симон Трпчески, Џанин Јенсен, Јулијан Рахлин, Вадим Репин, Евгениј Кисин, Антоан Таместит, Антонио Менезес, Николај Лугански и др.
Од 2010 година тој е концерт-мајстор на Лондонската филхармонија. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.
На програмата ќе бидат најголемите три британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Оваа внимателно креирана програма ветува музичка одисеја низ времето и емоциите, проткаена со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“:
Вилијам Волтон: Соната за гудачи IV став Вилијам Лојд Вебер: Серенада за гудачки оркестар Ралф Вон Вилијамс: Фантазија на тема од Томас Талис Астор Пјацола: Четири годишни времиња за соло виолина и гудачки оркестар
Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете сведоци на мајсторството на извонредниот Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“. Влезниците за концертниот спектакл „РОМАН“ се достапни преку продажната мрежа на МК-Тикетс како и онлајн.
Придружете ни се на уникатна музичка вечер што ќе ги разгори вашите музички сетила и ќе ве остави да копнеете за повеќе!
]]>

Во МКЦ промовиран романот „Зелениот дворец“ од македонскиот автор Сибо https://arhiva.vistina.com.mk/vo-mkts-promoviran-romanot-zeleniot-dvorets-od-makedonskiot-avtor-sibo/ Fri, 28 Apr 2023 09:04:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299941

Една од највпечатливите градби во Скопје, зелената куќа-дворец во населбата Црниче, околу која со години се плетеа мистерии и легенди, е главната инспирација за приказната во новата книга „Зелениот дворец“ од авторот Сибо. Романот, кој е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година, беше промовиран  на 26 април во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, во присуство на многубројна публика од културната и книжевната сцена. На настанот присуствуваа членовите на жирито во состав: Владимир Јанковски (писател и добитник на наградата Роман на годината за 2020 година), Елизабета Баковска (писателка и книжевна теоретичарка) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промотор на книгата беше писателката Јана Мишо. По врачувањето на плакетата, авторот Сибо истакна дека е поласкан што ја добива наградата за најдобар необјавен роман – „Пегаз“. – Отсекогаш сум сакал да напишам книга за Скопје, да му се оддолжам за сѐ што сум преживеал со него. Книгата ја напиша градот, вметнувајќи дел од приказните на неговите жители. Ова е книга за градот, за скопјаните, за скриени приказни на малите, но големи луѓе, за Ристиќева палата, за поплавата, земјотресот, за едно Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме. Оваа книга можеби не е само за една куќа, една мистерија, ниту за една љубов ниту за нечиј живот. Но, приказната е во Скопје. Можеше да се случува каде било, а сепак е блиску до нас. Ова е роман за Скопје и за неговите животи, за физичката формула за љубовта. И секоја врска меѓу луѓето, градбите, различната хронологија и различните димензии, дури и различните жанрови што се испреплетени во оваа приказна ги врзува една емоција. „Се случило ама не се случило“ – или со дијалектот од приказната „се десило ама не се десило“… На крајот, би сакал да се заблагодарам на секој иден читател. Еднакво ми значи како и првите читатели, од најблиските. Поласкан сум дека наградата „Пегаз“ ја добивам од реномираните писатели Владимир Јанковски и Елизабета Баковска, заедно со уредничката Бисера Бендевска, на писателката Јана Мишо, која го одржа среќниот крај пред почетокот и, секако, на мојата матична куќа „Арс Ламина“ со директорката Бранка Бугариска за довербата во мојата работа уште многу пред да стигнат наградите – изјави Сибо. Романот „Зелениот дворец“ е роман – временска машина низ историјата на градот Скопје и неговата трансформација во дваесеттите и во шеесеттите години на минатиот век, и во сегашноста. Во фонот на урбанистичките промени на градот, поттикнати од различни човечки и природни влијанија, Петар – средовечен маж и научник од совремието – се чувствува како да не припаѓа на времето во кое живее и доживува необични случки што го поттикнуваат да ја продлабочи идејата за постоење на паралелни универзуми. Привлечен од нејасна внатрешна сила, доаѓа до куќата-дворец во населбата Црниче во Скопје, изградена во дваесеттите години на 20 век на тогашната периферија на градот. Легендата вели дека таа куќа била опседната од духови и проколната, но за Петар ќе биде поаѓалиште кон неговото следно патување. Јана Мишо, во својот промотивен осврт кон книгата, истакна: „Многу ми е драго што конечно излезе романот, затоа што ни е даден подарок, како скопјани и читатели, по читањето, секогаш кога ќе поминеме покрај некоја од пулсирачките точки на градот, да ни се создаде пред очи слика што само добар роман може да ти ја вреже во главата. Зборувам за оној момент, кога ќе ја прочиташ ’Мулен руж‘ на Пјер ла Мир, па ќе поминеш покрај гробиштата на Монмартр или покрај кафеана каде што седеле уметници што денес ги има во Лувр, да ти се врати истото чувство како моментот кога си прочитал за нив. По ’Зелениот дворец‘ тоа се случува кога ќе поминеш покрај Ристиќева палата, покрај Железничарската зграда или Француските гробишта. Приказната е многу несекојдневна и необична за нашата литература, а сепак, и покрај фантастичните моменти, толку реална и човечка. Ликовите се толку комплексни, а сепак едноставни, и формулите што се провлекуваат низ приказната, полесно се објаснуваат преку филозофија отколку преку физика. ’Зелениот дворец‘ е едно ’честење‘ за сите што на некој начин биле допрени од Скопје“. Владимир Јанковски го претстави образложението на жирито за одлуката „Зелениот дворец“ од Сибо да ја добие наградата „Пегаз“ за 2022 година: „Основната наративна нишка на романот ’Зелениот дворец‘ на Сибо ја сочинуваат три временски точки поврзани со градот Скопје: Скопје од втората деценија на дваесеттиот век, Скопје од земјотресот во 1963 година и современото Скопје. Книгата тргнува од познатата, речиси архетипска тема на книжевната фантастика: можноста поединецот да влезе од една временска димензија во друга. Авторот го користи овој мотив за да ја раскаже својата приказна за преклопувањето и вкрстувањето на различни временски димензии во еден простор, кои предизвикуваат необични настани, чудни средби и неочекувани животни пресврти. Во приказната за талентираниот научник и чудак Петар, кој одеднаш ќе се најде пред една навидум нерешлива егзистенцијална ситуација, авторот комбинира судбини на неколку ликови од неколку временски слоеви на Скопје. ’Зелениот дворец‘ е филозофски роман за емотивно-психолошките последици од претпоставената нелинеарност на времето, а истовремено е и љубовна и урбофилска приказна за различните историско-културолошки слоеви на градот. Станува збор за динамичен роман, со прецизно исцртани ликови, натопен со хумор и иронија, но и интензивни емотивни сцени. Заради наведените книжевни карактеристики на овој ракопис што го издвоија од другите конкуренти, донесовме едногласна одлука ’Зелениот дворец‘ да ја понесе наградата ’Пегаз‘ за 2022 година“. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа 38 ракописи. Покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2022 година беа разгледани и ракописите: „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на победничкиот роман во посебна едиција. Ова е четврто издание на книжевната награда „Пегаз“ , што се доделува од 2019 година. Досегашни добитници на признанието за најдобар необјавен роман се: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019),  „Лазарка“ од Љупчо Петрески и „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски (2020) и „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021).  Конкурсот за петтото, јубилејно издание на „Пегаз“ за 2023 година, ќе биде објавен наскоро. Романот „Зелениот дворец“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе биде достапен во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.]]>

„Матица македонска“ го објави романот посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче: „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски https://arhiva.vistina.com.mk/matitsa-makedonska-go-objavi-romanot-posveten-na-lubovta-na-gotse-delchev-i-janka-kanevche-ako-se-rodat-nekakvi-chuvstva-od-blazhe-minevski/ Wed, 12 Apr 2023 12:34:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298021

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Романот беше одбиен од Министерството за култура со образложение дека книгата „не е од национален интерес“. Ова најново дело на познатиот писател го отвора прашањето за тоа дали може да се биде среќен без чувства, трансформирајќи ја дилемата „да се биде или не“ во максимата „да се чувствува или да се умре“. Големата љубовна одисеја на Гоце  и Јанка почнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години, и траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на својот пријател Герџиков, ако тој загине, Јанка да се омажи за него, но само ако се родат некакви чувства. Дали се родиле такви чувства? Во својот осврт за романот д-р Марина Мијаковска подвлекува дека „Ако се родат некакви чувства“ е ремек-дело на македонската книжевност, фасцинантна метафикција со автентична структура и раскажувачка постапка: „Врз фонот на историските факти како предлошка, преку љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче, Миневски создава приказна во чиј центар се чувствата. Пајажината на нарацијата се плете меѓу фактографијата и фикцијата, колективното и индивуалното, историјата и стварноста, минатото и сегашноста. Пред нас е книга што секој човек со вистински чувства мора да ја прочита и да ја има во својата колекција на врвни дела.“ Според режисерот Бранко Ставрев, констатира дека романот „Ако се родат некакви чувства“ е  исклучително  книжевно дело родено во име на љубовта: Гоцевата, Јанкината, но и Џојсовата, Толстојевата, Пушкиновата, Балзаковата, Бајроновата, Есениновата, Гарибалдовата … чии  сенки  сноват  низ   лавиринтите  на  големиот  мајстор  на  зборот  Блаже  Миневски.“ Романот на  Блаже Миневски за љубовната одисеја на Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Каневче од Охрид има значење на тектонски удар во историјата на  македонската проза. Тоа е дело за невозможната љубов во време кога „Македонија е спрострена како пациент на болничка маса“, пишува Јордан Плевнеш во својот есеј за романот. Претчувствувајќи го сопствениот крај, Гоце одлучува да му каже на својот најверен пријател Михаил Герџиков: Ако се родат некакви чувства, вие со Јанка изградете љубовно гнездо, бидејќи јас сум пред венчавање со Македонија во бескрајните предели на Подземната република. Евангелистот Јован Богослов вели дека Бог е Љубов и Македонија е Љубов, ако не биде прифатена како Љубов, Балканот никогаш нема да биде цивилизација. Приказната за љубовта на Гоце и Јанка, подвлекува Плевнеш, е астероид од типот „Амор“ со кој возвишената љубов ќе остане вечно во планетарниот систем и ќе потсетува на таа единствена и неповторлива одисеја. Во романот за првпат се објавуваат автентични сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите на Јанка од загубата на саканиот и за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во срцето и она што го живее како судбина.]]>

Промовиран романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска на Саем на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-romanot-ravenka-na-stravot-od-verica-mukoska-na-saem-na-knigata/ Mon, 13 Sep 2021 11:53:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218904

Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани како голема и мала премиса како што пишува за романот писателот Стефан Марковски. Во првиот план на палимпсестната структура која одовде произлегува, огледана и во бројните арспоетички нишки, е онаа на една младата творечка енергија полна надеж, внатрешни болки и колизии, но и волја за нивно и надминување на стравовите од нив. Сето тоа неминовно води низ откривањето на првата менлива во исконското од равенката на сите стравови: на познатото, како дел од патешествието наречено преобразба на главниот лик Калина. „Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа, како што пишува за романот Трајче Стамески. Авторката Мукоска истакнува дека фокусот е на главниот лик – сликарката Калина чија внатрешна окупираност од сликата што ја осмислува цели три години влијае врз нејзината сегашност низ која се провира гласот на гавранот на Едгар Алан По. Појавувањето на гавранот на По е еден вид патоказ за нејзиниот пат низ равенката на пат да стане равенство. Така, романескната структура води низ разрешување на внатрешниот заплет во кој преовладуваат психолошките рефлексии наспроти надворешните дејства што се случуваат во ликовната колонија на сликарот Емилијан Де Ремарос. Она што го доближува овој роман до самата реалност, до животните премиси и до самото човечко себеспознание се прашањата што се разјаснуваат преку исчитувањето на овој роман: Како да се стигне до целта, која таа и да е, преку философијата или уметноста? Колку љубовта влијае врз нашиот живот? Колку животот нè учи на надеж? Дали има нешто што вечно сјае? И можно ли е тоа? Верица Мукоска (1999, Вевчани) дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Го објавила романот „Дневникот на длабоките тајни“ (2017) и стихозбирката „Стихови од срцето на природата“ (2009). Присутна е со есеи и прилози во книжевната периодика. Промоцијата на романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска се одржа на 12.09 (недела) во 13 часот на Саемот на книга во Скопје. Промотор на романот беше Стефан Марковски.  ]]>

Објавен и промовиран романот „Анатомија на бумбарот“ од Стефан Марковски https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-i-promoviran-romanot-anatomija-na-bumbarot-od-stefan-markovski/ Mon, 13 Sep 2021 11:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218896

Романот „Анатомија на бумбарот“, веќе објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон“ каде годинава беше и прворангиран во категоријата Источноевропска литература за Киндл, е мешавина од гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување зачинета со возбудливи трилер елементи. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна, и сериозност од една, и игра од друга страна, и индивидуалност и загриженост за општочовечкото а во спрега со судбината на својата земја, и пред сѐ, разочарување кое и во најбуквална смисла експлодира во револт кој со себе ги носи политичарите и општествените моќници како „потрошен материјал“ со секогаш предвреме истечен рок на употреба. Третиот роман на Стефан Марковски покренува внатрешна револуција во секој кој ќе го чита, наметнувајќи повеќе егзистенцијалистички прашања и преиспитување на животот во потрагата по сопственото место во него. Раскажана од две перспективи – машка и женска, оваа приказна е како сложувалка во која на крајот ќе се состават сите делчиња. Ќе ви стане јасна поврзаноста на историчарот и уметник Илија и неговата жена Инес. Извонредни книжевни постапки, неверојатно добри приказни и ехо на егзистенцијалната мака во заднина. Раскршеноста на нашето доба рефлектирана во неправедните животни борби е сеприсутна во психологијата на протагонистот, која во себе носи преобразби, премавнувања, разочарувања, но во ниеден случај не и пасивен однос кон светот, туку го тера идеалистот храбро, но и низ една гротеска што ја рефлектира неговата омаловажувана стварност да ги отскокне скалилата на својата ограниченост, придонесувајќи да се внесе во друг облик на борба, правејќи од него – атентатор. Борбата е клучот, а како што е раскажано и овде, потажна од смртта е само изгубената борба. Ова е роман за разочарувањето и силите потребни за непомирливиот уметник да го совлада. „Не се распрашував околу деталите за истрагата на убиството. Од малку поинакво гледиште од она што го имав пред да посегнам по животот на рекетарот-лихвар, би додал дека го извршив на некое не превисоко ниво на извршување над она на кое убиството би се нарекло аматерско и клучните две околности за моето неоткривање веројатно беа фактот што во тој дел од денот немаше буквално никого ниту на споредната уличка ниту на соседните два паралелни сокаци кои ја омеѓуваа (и ако некој воопшто би можел да се појави како сведок, би го сторил тоа во полуразбудена состојба) и непостоењето сосема дефинирано видно поле, со оглед на далечината на куќите и потенцијалните сведоци. Надежта, во случајов дека ќе научам нешто суштинско за оваа работа со првото убиство, уште еднаш е престигната од самите ограничености кои ги носи реалното искуство“, пишува Марковски во книгата во издание на Паблишер. Промоцијата се одржи во саботата (11.09) во 17 часот на Саемот на книга.]]>

Промовиран романот „Боксерот од Ново Маало“ на Владимир Плавевски: Вистинска скопска приказна за маалски тепач кој стана успешен боксер https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-romanot-bokserot-od-novo-maalo-na-vladimir-plavevski-vistinska-skopska-prikazna-za-maalski-tepach-koj-stana-uspeshen-bokser/ Thu, 03 Dec 2020 14:19:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179457

Животот и духот на Ново маало во старото Скопје и уникатната приказна за вистинскиот лик со измислено име, Ангел Тотевски или Шуре Катиљ, кој од уличен тепач станува успешен боксер во клубот „Вардар“ и маалска легенда. Ова се двете главни точки во романот „Боксерот од Ново маало“ на авторот Владимир Плавевски, кој вчера беше промовиран онлајн на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина − публикации“ и е достапно во книжарниците „Литература.мк“. Авторот е познат како хроничар на старото Скопје и голем дел од неговите книги гравитираат околу секојдневието во маалото каде што го минал детството, а таков е и случајот со „Боксерот од Ново маало“. „Израснат сум во Ново маало каде го минав детството и основното образование го завршив во „Браќа Миладиновци“. Во тоа време, соседот ни беше поблизок и од роднината. Живеевме во една социјална маалска заедница. Ние знаевме сè за соседите и тие знаеја сè за нас. Сите маала имаа маалски банди кои ги бранеа од други маала. Тука беа и главните кабадахии, водачи. На пример, ако ме истепале некаде ќе му кажев на Шуре Катиљот и кога ќе ги начекаше тие што ме тепале ќе им возврати со иста мера. Но, Шуре Катиљ од тие тепачки имаше здобиено алексија. Беше високо, силно момче, како Херкул. Повремено ќе го собереше полицијата, ќе поседеше еден месец во затвор и ќе се вратеше. Еднаш беше шест месеци во „Идризово“ каде го советувале да се запише на бокс за да го смири тој свој нагон и следниот пат да не заврши со години во затвор. Тој тоа го сфати сериозно. Кога излезе од затвор дојде кај мене. Заедно отидовме во боксерскиот клуб, тренерот го проба и го прими. Уличните тепачки престанаа и со текот на времето стана дел од тимот на Вардар“ – се присетува Плавевски и воедно „открива“ мал дел од дејството во романот. Во моментов веќе има подготвено еден роман кој чека да „одлежи“ за да го ревидира, пишува раскази врзани за холокаустот и размислува за ново дело кое би било насочено кон големата поплава во Скопје во 1962 година. Владимир Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Автор е на повеќе драмски текстови, сценарија за телевизиски серии, ТВ-филмови и радиодрами. Само во издавачката куќа „Арс Ламина“ има објавено четири дела: „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“, „Вампирџија“, „Туѓо тело“ и „Боксерот од Ново маало“. Во 2013 година ја добива наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“. Од 2000 година е член и на Друштвото на писателите на Македонија.]]>

Промоција на „Асистола“ – нов роман на Марија Јаневска https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-asistola-nov-roman-na-marija-janevska/ Tue, 15 Sep 2020 11:49:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166924

Нов, храбар и емотивен роман на нашата позната авторка. По „Белешките на Лајла Грејс“ и „Карма“, книгата „Асистола“ отвора ново поглавје во творечкиот свет на Марија Јаневска.
Ве каниме заедно да го слушнеме незапирливото отчукување на срцевиот ритам низ книжевноста! Промоцијата на овој нов, возбудлив роман ќе се одржи во петок, 18 септември, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ, со почеток од 19 часот. Промотор на книгата ќе биде Коста Петров.
За книгата:
Никогаш не мислев дека враќањето е толку тешко. Секогаш мислев дека е тешко да направиш чекор напред, а не чекор назад. Има моменти кога животот нѐ носи на крстопат, кога мораме да се одлучиме за правецот по кој ќе тргнеме. Има ли таков пат што би нѐ ослободил од товарот на минатото за да можеме со леснотија да ја прегрнеме иднината? По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град. Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството... и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера. Обидувајќи се да најде излез од емотивниот лавиринт, токму кога ќе реши да ги распакува големите куфери од Виена, животот ѝ носи нов пресврт. Драматичен и полн со чувства, возбудлив од почеток до крај, романот Асистола нè носи таму каде што се води борбата за човековиот живот, но и за љубовта, борба за работите што ни даваат смисла и го тераат нашето срце да чука уште посилно.

Промоција на романот ,,11:11 Души близнаци” од Весна Здравковска Трајковска https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-romanot-11-11-dushi-bliznaci-od-vesna-zdravkovska-trajkovska/ Sat, 10 Nov 2018 10:43:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57317

На 11ти 11ти во 11 часот и 11 минути ќе биде промовиран романот,,11:11 Души близнаци" од авторот Весна Здравковска Трајковска. Настанот е организиран во Porta Jazz , Битола. Повелете на едно романтично патување низ вековите и милениумите на две души близнаци кои што се среќаваат од реинкарнација во реинкарнација, од живот во живот. Бидете сведок на вистината за една праисконска љубов, доловена преку убавиот пишан збор на авторот  Весна Трајковска Здравковска. Со вас понесете љубов и пријател и уживајте во една убава есенска романтична недела. Романот „Души близнаци 11:11“  на авторот Весна Здравковска Трајковска е дело што носи длабока и силна порака, а таа е -  Душата никогаш нема да се смири сè додека не ја најде својата втора половина. Идејата за реинкарнација и за претходни животи што постои со векови, во ова дело успешно е претставена и преку многу докази и научни метафизички факти што го прави овој роман посебен и единствен со темата што ја обработува.      Човечкиот живот, не завршува со неговата телесна смрт, туку тој е патување на душата низ вековите, преселувајќи се од тело во тело. Авторот ги води животите на еден пар - души близнаци, од реинкарнација во реинкарнација. Претставени се пет нивни животи, почнувајќи од 17 ти век, 18 ти, крајот на 19 ти, почетокот на 21 ви и во иднината,  во 23 от  век. Една иста душа се сели од живот во живот и ги живеее земните животи и искуства преку животите на Амелија, Лијана, Викторијана, Гордијана и Леона. Една иста душа, душата близнак, исто така се сели од живот во живот и ги живее земните животи и искуства преку животите на Леон, Алексеј, Илијан, Анел и Рубин. Освен времето во кое што живеат, различни се и државите: Италија,  Франција,  Русија, Македонија и  планетата Земја. Тие среќавајќи се од живот во живот и препознавајќи се, ги доживуваат најсилните емотивни моменти, кои што  како што тврди авторот,  може да се доживеат само со близначката душа, но и најголемите душевни страдања. Нивната љубов е праисконска и дадена од Бог, но тие фрлени во виорот на живот, се соочуваат со различни предизвици, искушенија, забрани и морални норми и поради тоа во три Земски   животи нивната љубов не може да се реализира докрај. Овој роман е и бунт и револт заради женската судбина на Земјата низ човечката историјата, заради нејзината потчинетост, измачување, почнувајќи од времето на инквизицијата, преку ловот на вештерки, па сè до денешното современо, но сè уште патријархално општество. Човечкото општество наместо да ги развива сопствените вродени природни дарби, таленти и вештини дадени од Бога, се ориентирало кон лажни вредности и на тој начин  самото ја создало својата судбина, карма... Низ целиот роман провејува гневот заради потиснувањето на женската природа, нејзината креативност, интелект, добрина и благородност, со што се забавил еволутивниот развој на човештвото. Разните патријархални општества, газејќи ја исконската света женска природа, како што вели авторот, го доведоа светот на луѓето во ваква положба во каква што е, односно светот платил за направените неправди кон жената и сè уште ќе  плаќа. Во романот претставени се и општествените уредувања на државите низ вековите како и нивниот менталитет, еволутивниот развој на свеста на човештвото, но и застранувањето на човечкото општество кое што наместо да ги развива сопствените вродени природни дарби, таленти и вештини дадени од Бога, тоа се ориентирало кон лажни вредности и на тој начин  самото ја создало својата судбина, карма... Идејата за реинкарнација и за претходни животи што постои со векови, во ова дело успешно е претставена и преку многу докази и научни метафизичи факти. Преселувајќи се од тело во тело  во душата остануваат сеќавањата на своите претходни животи, иако умот не го памети тоа. А во секој нареден продолжува оттаму од каде што застанала со нејзиниот духовен развој, од претходниот живот. Во секој нареден таа открива нови животни искуства, учи нови лекции и со тоа доживува еволутивен развој и духовно просветлување што е и крајната цел – човекот да се спознае самиот себе си и својата Божја природа и да се приближе кон Бог.]]>

По автобиографијата „Мојот потпис“ на Киа Коцкар, се појави и книга за Луна Ѓогани: Еве која е нејзината авторка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-avtobiografijata-mojot-potpis-na-kia-kockar-se-pojavi-i-kniga-za-luna-gjogani-eve-koja-e-nejzinata-avtorka-foto/ Fri, 09 Nov 2018 11:40:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57213

Кратко време по Кристина Киа Коцкар која на Саемот на книгата оваа година се прослави до таа мера што дури и заврши во националниот ТВ дневник, дојде најавата за објавување на книгата за Луна Ѓогани.
Авторката  овој роман  го нарече "Игра на судбината" инспирирана од првиот соло албум на мајката на Луна - Анабела Атијас, на кој таа соработувала со Мирко Гавриќ. Иако оваа четиво се' уште не се најде во продажба, предизвика голем интерес кај фановите на реалните ѕвезди,  на социјалните мрежи.
Емина Смајиќ, кој ја напиша книгата објасни дека нејзината работа нема никаква врска со Слободан радановиќ, Киа Коцкар или некој од  останатите од "Задруга", туку дека тоа е првенствено нејзина визија  на Луна, како што изјави, како жртва на медиумскиот линч кој го преживеа бидејќи таа дозволи да ја водат чувствата.  Читателите преку  оваа љубовна приказна ќе можат да се приспитаат себе си и своите животни постапки.
Покрај коментари за пофалби и поддршка, па дури и од Анабела, Емина се соочи и со негативни реакции и критики за книгата, а поединци дури и ја обвинија дека во овој роман, всушност пишува за самата себе, бидејќи наводно била во љубовна врска со женет човек, што Смајиќ остро го негираше.
Емина на социјалните мрежи, претставувајќи се како ПР менаџер, комуниколог и новинар,  судејќи по претходните објави подолг временски период и ја давала својата  поддршка на Луна.]]>