рок фест 2018 – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
Се друго е...Tue, 01 May 2018 09:02:12 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.6.1https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.pngрок фест 2018 – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
3232„Метаноја“ се најдобар бенд, Виктор Захариев е најдобар гитарист
https://arhiva.vistina.com.mk/metanoja-se-najdobar-bend-viktor-zahariev-e-najdobar-gitarist/
Tue, 01 May 2018 08:59:04 +0000https://vistina.com.mk/?p=24294Скопскиот прогресив-метал состав „Метаноја“ , е победник на годинешново издание на „Рок-фест“, а Виктор Захариев, гитаристот на групата „Фикшн“ од Скопје, е прогласен за најдобар инструменталист. Веднаш по завршувањето на свирката, на Захариев му беше врачена нова електрична гитара „Јамаха – Пацифика“ од музичкиот салон „До-ре-ми“.
Натпреварувачката вечер на „Рок-фест 2018“, се одржа во петокот во Младинскиот културен центар во Скопје, каде силите ги одмерија петте бендови: „Саундвејвс“ од Битола и скопските „Фикшн“, „Антарт“, „Конспираси“ и „Метаноја“. Додека траеше пребројувањето на гласовите, на сцената свиреше групата „Гаргојлс“.
Сите пет бенда кои беа во натпреварувачкиот дел, покажаа одлични квалитети, а за изборот за победник влијаеја само мали нијанси. Речиси сите групи и музичари кои вчеравечер настапија, не се разликуваа драстично во квалитетот, што е одличен показател дека оваа генерација на бендови навистина има што да понуди. Единствената разлика беше во стилот на музиката, што исто така е доказ дека андерграундот не треба секогаш да се поврзува со хеви-металот, туку и со останатите музички правци.
„Саундвејвс“ и „Фикшн“ презентираа одлична свирка, а нивната музика е во рамките на моќниот рокенрол со големи примеси на инди и добри гитарски делници. Токму гитаристот на „Фикшн“, Виктор Захариев, беше највпечатлив, и со полно право беше прогласен за најдобар инструменталист. Групата „Антиарт“ во која членуваат музичари кои веќе имат подолго искуство, сепак реши промоцијата на својот нов бенд да ја направат на „Рок фест“. Тие прикажаа голем професионализам од музичка гледна точка. По нивниот настап, следуваше блок од два бенд, кои свират малку помоќна музика, односо музика која е во рамките на металот. „Конспираси“ очигледно е новиот бенд од кој во иднина се очекува многу повеќе. Момците имаат јасна визија за тоа како треба да звучи еден метал состав. Со сличен музички стил се претстави и „Метаноја“, чија музикa се базира на прогресивниот метал. Групата имаше одличен сценски настап, а неколкуте песни што ги отсвиреја оставија најголем впечаток кај публиката.
За победникот на „Рок-фест“ одлучија збирот на гласовите од публиката и од жирито, а токму „Метаноја“ добија најмногу гласови и од двете страни.
Покрај свирката, публиката имаше можност да го погледне и документарниот филм „Рокенролер борн лузер“, по сценарио и режија на Аљоша Симјановски, како и ретроспективната изложба на фотографии, која беше отворена до крајот на фестивалот.
„Рок-фест“ продолжи и во текот на викендот со концертите од ревијален карактер. Во саботата на сцената настапија домашните состави „Визија“ и „Стил темпл“, како и гостите од соседството, „Резистанс“ од Грција и „Патријас“ од Србија. Во неделата пак, свиреа три македонски бендови, „Морфеј“ од Куманово, како и скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.
Извор: Нова Македонија / Фотографии: Зденко Петровски]]>Скопскиот прогресив-метал состав „Метаноја“ , е победник на годинешново издание на „Рок-фест“, а Виктор Захариев, гитаристот на групата „Фикшн“ од Скопје, е прогласен за најдобар инструменталист. Веднаш по завршувањето на свирката, на Захариев му беше врачена нова електрична гитара „Јамаха – Пацифика“ од музичкиот салон „До-ре-ми“.
Натпреварувачката вечер на „Рок-фест 2018“, се одржа во петокот во Младинскиот културен центар во Скопје, каде силите ги одмерија петте бендови: „Саундвејвс“ од Битола и скопските „Фикшн“, „Антарт“, „Конспираси“ и „Метаноја“. Додека траеше пребројувањето на гласовите, на сцената свиреше групата „Гаргојлс“.
Сите пет бенда кои беа во натпреварувачкиот дел, покажаа одлични квалитети, а за изборот за победник влијаеја само мали нијанси. Речиси сите групи и музичари кои вчеравечер настапија, не се разликуваа драстично во квалитетот, што е одличен показател дека оваа генерација на бендови навистина има што да понуди. Единствената разлика беше во стилот на музиката, што исто така е доказ дека андерграундот не треба секогаш да се поврзува со хеви-металот, туку и со останатите музички правци.
„Саундвејвс“ и „Фикшн“ презентираа одлична свирка, а нивната музика е во рамките на моќниот рокенрол со големи примеси на инди и добри гитарски делници. Токму гитаристот на „Фикшн“, Виктор Захариев, беше највпечатлив, и со полно право беше прогласен за најдобар инструменталист. Групата „Антиарт“ во која членуваат музичари кои веќе имат подолго искуство, сепак реши промоцијата на својот нов бенд да ја направат на „Рок фест“. Тие прикажаа голем професионализам од музичка гледна точка. По нивниот настап, следуваше блок од два бенд, кои свират малку помоќна музика, односо музика која е во рамките на металот. „Конспираси“ очигледно е новиот бенд од кој во иднина се очекува многу повеќе. Момците имаат јасна визија за тоа како треба да звучи еден метал состав. Со сличен музички стил се претстави и „Метаноја“, чија музикa се базира на прогресивниот метал. Групата имаше одличен сценски настап, а неколкуте песни што ги отсвиреја оставија најголем впечаток кај публиката.
За победникот на „Рок-фест“ одлучија збирот на гласовите од публиката и од жирито, а токму „Метаноја“ добија најмногу гласови и од двете страни.
Покрај свирката, публиката имаше можност да го погледне и документарниот филм „Рокенролер борн лузер“, по сценарио и режија на Аљоша Симјановски, како и ретроспективната изложба на фотографии, која беше отворена до крајот на фестивалот.
„Рок-фест“ продолжи и во текот на викендот со концертите од ревијален карактер. Во саботата на сцената настапија домашните состави „Визија“ и „Стил темпл“, како и гостите од соседството, „Резистанс“ од Грција и „Патријас“ од Србија. Во неделата пак, свиреа три македонски бендови, „Морфеј“ од Куманово, како и скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.
Извор: Нова Македонија / Фотографии: Зденко Петровски]]>Комплетирана програмата за „Рок-фест 2018“
https://arhiva.vistina.com.mk/kompletirana-programata-za-rok-fest-2018/
Fri, 13 Apr 2018 10:20:17 +0000https://vistina.com.mk/?p=20742Хевиметал-бендот „Патриас“ од Србија и металците „Резистенс“ од Грција, ќе бидат гости на првата ревијална вечер на годинашното издание на „Рок-фест“. Тие ќе свират на 28 април, заедно со нашите „Визија“ и „Стил темпл“, со што оваа вечер се конципира како металска каде што во преден план ќе бидат бучните и гитарски делници и убиствени ритам-секции.
„Патриас“ (фотографија: Филип Миќовиќ)
Групата „Патриас“ доаѓа од Смедерево, соседна Србија, и зад себе има голем број настапи. Групата ја сочинуваат пејачот и басист Саша Ѓорѓиевиќ, гитаристот Дарије Дејановиќ и тапанарот Ненад Јовановиќ. Бендот досега има снимено еден албум насловен „Пут“, кој излезе под етикетата на издавачката куќа „Мајнер рекордс“. Нивната музика плови на брановите на хеви-металот и хард-рокот, но тројцата момци внесуваат и многу новини и сопствен музички потпис. Во моментов „Патриас“ го снима својот втор албум, а дел од тој материјал ќе биде концертно промовиран во Скопје на „Рок-фест“.
„Резистенс“ (фотографија: Фејсбук)
Нивните музички колеги од Грција, момците од групата „Резистенс“, доаѓаат како претставници на новата метал-сцена од Солун. Бендот во моментов го снима својот деби-албум во кој може да се почувствува влијание од големите светски бендов што свират хеви, прогресив и пауер-метал. Групата ја сочинуваат пејачот Стаматис Теологу, гитаристот Костас Лурмпакис, басистот Бил Нтанос и тапанарот Вангелис Канавицадос. Групата „Резистенс“, веќе има настапувано во Скопје во клупска атмосфера, но ова ќе биде првпат да свири на поголема сцена каде што ќе може да се чуе и почувствува одлична атмосфера.
Покрај ова, веќе е комплетирана и листата на учесниците во натпреварувачкиот дел на „Рок-фест“, кои ќе настапат на 27 април. Од големиот број пријавени бендови од цела Македонија, кои рака на срце сите се доста квалитетни, сепак во натпреварувачкиот дел ќе се појават само пет состави и тоа скопските „Фикшн“, „Антиарт“, „Метаноја“, „Конспираси“ како и битолскиот рок-состав „Саунд уејвс“.
Како гости на финалето, ќе се појави скопскиот експериментален индустријал состав „КННТ“, кои со својот настап ќе ја збогатат програмата и ќе ја зовријат атмосферата на почетокот на „Рок-фест“. Од групите што ќе свират во натпреварувачкиот дел има два состава што свират метал-музика, „Метаноја“ и „Конспираси“. За разлика од нив музиката на „Фикшн“ е во рамките на инди и рок-манир, „Саунд уејвс“е рокерски бенд, додека, пак, музиката на „Антиарт“, кој е составен од искусни музичари, е интересна комбинација на повеќе различни музички стилови.
На последната фестивалска вечер, која исто така е од ревијален карактер, ќе свират три групи, кои имаат поголем музички стаж на домашната рокенрол-сцена и зад себе имаат албумски изданија. Вечерта ќе ја отвори кумановскиот состав „Морфеј“, по што следуваат скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.
Извор: Нова Македонија]]>Хевиметал-бендот „Патриас“ од Србија и металците „Резистенс“ од Грција, ќе бидат гости на првата ревијална вечер на годинашното издание на „Рок-фест“. Тие ќе свират на 28 април, заедно со нашите „Визија“ и „Стил темпл“, со што оваа вечер се конципира како металска каде што во преден план ќе бидат бучните и гитарски делници и убиствени ритам-секции.
„Патриас“ (фотографија: Филип Миќовиќ)
Групата „Патриас“ доаѓа од Смедерево, соседна Србија, и зад себе има голем број настапи. Групата ја сочинуваат пејачот и басист Саша Ѓорѓиевиќ, гитаристот Дарије Дејановиќ и тапанарот Ненад Јовановиќ. Бендот досега има снимено еден албум насловен „Пут“, кој излезе под етикетата на издавачката куќа „Мајнер рекордс“. Нивната музика плови на брановите на хеви-металот и хард-рокот, но тројцата момци внесуваат и многу новини и сопствен музички потпис. Во моментов „Патриас“ го снима својот втор албум, а дел од тој материјал ќе биде концертно промовиран во Скопје на „Рок-фест“.
„Резистенс“ (фотографија: Фејсбук)
Нивните музички колеги од Грција, момците од групата „Резистенс“, доаѓаат како претставници на новата метал-сцена од Солун. Бендот во моментов го снима својот деби-албум во кој може да се почувствува влијание од големите светски бендов што свират хеви, прогресив и пауер-метал. Групата ја сочинуваат пејачот Стаматис Теологу, гитаристот Костас Лурмпакис, басистот Бил Нтанос и тапанарот Вангелис Канавицадос. Групата „Резистенс“, веќе има настапувано во Скопје во клупска атмосфера, но ова ќе биде првпат да свири на поголема сцена каде што ќе може да се чуе и почувствува одлична атмосфера.
Покрај ова, веќе е комплетирана и листата на учесниците во натпреварувачкиот дел на „Рок-фест“, кои ќе настапат на 27 април. Од големиот број пријавени бендови од цела Македонија, кои рака на срце сите се доста квалитетни, сепак во натпреварувачкиот дел ќе се појават само пет состави и тоа скопските „Фикшн“, „Антиарт“, „Метаноја“, „Конспираси“ како и битолскиот рок-состав „Саунд уејвс“.
Како гости на финалето, ќе се појави скопскиот експериментален индустријал состав „КННТ“, кои со својот настап ќе ја збогатат програмата и ќе ја зовријат атмосферата на почетокот на „Рок-фест“. Од групите што ќе свират во натпреварувачкиот дел има два состава што свират метал-музика, „Метаноја“ и „Конспираси“. За разлика од нив музиката на „Фикшн“ е во рамките на инди и рок-манир, „Саунд уејвс“е рокерски бенд, додека, пак, музиката на „Антиарт“, кој е составен од искусни музичари, е интересна комбинација на повеќе различни музички стилови.
На последната фестивалска вечер, која исто така е од ревијален карактер, ќе свират три групи, кои имаат поголем музички стаж на домашната рокенрол-сцена и зад себе имаат албумски изданија. Вечерта ќе ја отвори кумановскиот состав „Морфеј“, по што следуваат скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.
Извор: Нова Македонија]]>Специјални гости на „Рок Фест 2018“: „Стил темпл“ со концертна промоција на албумот
https://arhiva.vistina.com.mk/specijalni-gosti-na-rok-fest-2018-stil-templ-so-koncertna-promocija-na-albumot/
Tue, 13 Mar 2018 13:04:38 +0000https://vistina.com.mk/?p=15943Скопската хевиметал-група „Стил Темпл“ е првиот потврден изведувач што ќе настапи на 31-то издание на „Рок-фест“, кое ќе се одржи кон крајот на април во Младинскиот културен центар во Скопје. Бендот ќе свири на 28 април, во ревијалниот дел од фестивалот, каде што, освен нив, ќе има уште неколку групи што ќе придонесат за зголемување на возбудата на втората вечер на „Рок-фест“.
„Стил темпл“ во оваа пригода концертно ќе го промовира својот втор албум, насловен „Nobody’s Slaves“. Иако албумот е објавен поодамна, сепак ова ќе биде официјална промоција, но не само на музиката туку и на винилното издание на „Nobody’s Slaves“, кое излегува под етикетата на швајцарско-српската издавачка куќа „Мајнер рекордс“. Со ова „Стил темпл“ ќе добие втор носач на звук за овој албум, откако првенствено тој излезе на цеде.
Настапот на „Стил темпл“ практично ќе биде целовечерен концерт, кој ќе трае повеќе од еден час, каде што, покрај песните од „Nobody’s Slaves“, тие ќе отсвират и некои од нивниот прв албум, а не е исклучена можноста и за дополнителни изненадувања на сцената.
Групата „Стил темпл“ е оформена во 2000 година, а својот деби-албум, насловен „Барајќи го спасот“, го објави во 2004 година. Во текот на годините бендот претрпе неколку персонални промени, но сега групата ја сочинуваат пејачот Филип Филиповски, клавијатуристот Дарко Поповски, басистот Маријан Петровски, тапанарот Урош Вељковиќ и гитаристот Адриан Петров, кој дојде на местото на оригиналниот гитарист Дениз Адил, кој ги снимаше гитарските делници и на двата албума на групата. Во својата кариера, „Стил темпл“ има одржано голем број концерти и клупски свирки, а ја има делено сцената и со повеќе славни светски бендови, како „Вајтснејк“, „Џудаст прист“, „Халовин“ и други.
Извор:Нова Македонија]]>Скопската хевиметал-група „Стил Темпл“ е првиот потврден изведувач што ќе настапи на 31-то издание на „Рок-фест“, кое ќе се одржи кон крајот на април во Младинскиот културен центар во Скопје. Бендот ќе свири на 28 април, во ревијалниот дел од фестивалот, каде што, освен нив, ќе има уште неколку групи што ќе придонесат за зголемување на возбудата на втората вечер на „Рок-фест“.
„Стил темпл“ во оваа пригода концертно ќе го промовира својот втор албум, насловен „Nobody’s Slaves“. Иако албумот е објавен поодамна, сепак ова ќе биде официјална промоција, но не само на музиката туку и на винилното издание на „Nobody’s Slaves“, кое излегува под етикетата на швајцарско-српската издавачка куќа „Мајнер рекордс“. Со ова „Стил темпл“ ќе добие втор носач на звук за овој албум, откако првенствено тој излезе на цеде.
Настапот на „Стил темпл“ практично ќе биде целовечерен концерт, кој ќе трае повеќе од еден час, каде што, покрај песните од „Nobody’s Slaves“, тие ќе отсвират и некои од нивниот прв албум, а не е исклучена можноста и за дополнителни изненадувања на сцената.
Групата „Стил темпл“ е оформена во 2000 година, а својот деби-албум, насловен „Барајќи го спасот“, го објави во 2004 година. Во текот на годините бендот претрпе неколку персонални промени, но сега групата ја сочинуваат пејачот Филип Филиповски, клавијатуристот Дарко Поповски, басистот Маријан Петровски, тапанарот Урош Вељковиќ и гитаристот Адриан Петров, кој дојде на местото на оригиналниот гитарист Дениз Адил, кој ги снимаше гитарските делници и на двата албума на групата. Во својата кариера, „Стил темпл“ има одржано голем број концерти и клупски свирки, а ја има делено сцената и со повеќе славни светски бендови, како „Вајтснејк“, „Џудаст прист“, „Халовин“ и други.
Извор:Нова Македонија]]>Манифестација „Рок-фест“ годинава повторно ќе заживее
https://arhiva.vistina.com.mk/manifestacija-rok-fest-godinava-povtorno-kje-zazivee/
Mon, 19 Feb 2018 16:23:17 +0000http://vistina.mk/?p=13234Една од најстарите организирани музички манифестации во земјава „Рок-фест“, по неколкугодишна пауза, повторно се враќа. Оваа година фестивалот ќе се одржи на 27, 28 и 29 април, во концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје. Со ова „Рок-фест“ се враќа на старите патеки, овозможувајќи им на младите и неафирмирани бендови од Македонија да ја искусат „големата“ сцена и да го почувствуваат рокенрол-амбиентот што го носи манифестацијата.
Конкурсот за пријавување веќе е отворен и ќе трае до 1 април. Сите заинтересирани групи, без разлика на музичкиот стил што го свират, може да се пријават на е-адресата - [email protected]. Пријавата треба да содржи име на бендот, стил на музиката што ја свири, кратка биографија на групата, имиња на членовите, фотографија, контакт-телефон, адреса на е-пошта, фејсбук-страница или веб-страница, и секако снимки од најмалку три авторски песни. Не е задолжително снимката да биде професионална, таа може да биде и демо-снимка.
Како и во изминатите години, и оваа, победникот ќе го одбере публика, а за најдобрите се обезбедени и вредни награди. На победникот ќе му биде овозможено снимање на неколку песни. Освен групната награда, ќе има и поединечна, за најдобар гитарист на фестивалот, за кој ќе одлучува жири составено до познати македонски гитаристи. Најдобриот гитарист како награда ќе добие професионална гитара „јамаха“, која ја доделува продавницата за музички инструменти „До-ре-ми“ од Скопје.
Годинава, „Рок-фест“, ќе има три фестивалски вечери од кои една е натпреварувачка, а другите две се од ревијален карактер, во кои ќе настапуваат групи, кои веќе се етаблирани и реномирани на домашната рокенрол-сцена.
Покрај концертните настани, во рамките на фестивалот ќе има и голем број придружни содржини со што ќе се збогати целокупната програма.
„Рок-фест“ е најстарата организирана рок-манифестација во Македонија, низ која во изминативе повеќе од три децении, продефилирале повеќе од 1.000 рок-дружини од земјава. Востановена е во далечната 1981 година, како „Македонски рок-фестивал“, односно „Рок-фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп-рок фест“. Конечно во 1999 година, повторно да се врати на своето изворно име „Рок-фест“. Востановувачите на оваа манифестација, некогашниот неделник „Екран“ и Младинскиот културен центар од Скопје, пред сѐ ја имале и сѐ уште ја имаат идејата за откривање и поттикнување на младите музичари од македонскиот музички простор. Сето тоа низ еден вонинституционален, младински и неформален образец. „Рок-фест“, е замислен како манифестација на непрофатибилни и некомерцијални основи, како алтернатива на музичкиот естаблишмент. Но ни од далеку не дава само аматерски или супкултурни групи.
Низ оваа манифестација, афирмацијата ја стекнале или барем како отскочна штица ја имале многу групи, што подоцна ќе бидат фактор во македонската музичка продукција. Меѓу нив се и „Автограм“, „Цилиндер“, „Сарацени“, „Бадмингтонс“, „Мизар“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Санаториум“, „Зијан“, „Ареа“, „Октавијан“, „Далтонс“, „Културно уметнички работници“, „Смат“, „Сињак“,„Верка“ и многу други. Некои од членовите на овие музички групи што своите први јавни музички чекори ги направиле токму на „Рок-фест“, подоцна станаа значајни и афирмирани музичари, а меѓу нив може да се набројат Мики Јовановски-Џафер, Ристо Самарџиев, Петар Ренџов, Ристо Вртев, Сашо Гигов-Гиш, Горан Трајкоски, Владимир Петровски-Картер, Петар Георгиевски-Камиказа, Валентино Скендеровски и многу други.
Меѓу овие имиња мора да се спомене и Бубо Каров, познат од хумористичната емисија К-15, кој своевремено свиреше бас-гитара во кавадаречката рок-група „Токму така“, која е единствена група што победила двапати на „Рок-фест“, во 1983 и во 1985 година. Самата листа покажува дека практично денес во Македонија, нема етаблирано музичко име што не поминало по скалилата на „Рок-фест“.
Извор:Нова Македонија]]>Една од најстарите организирани музички манифестации во земјава „Рок-фест“, по неколкугодишна пауза, повторно се враќа. Оваа година фестивалот ќе се одржи на 27, 28 и 29 април, во концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје. Со ова „Рок-фест“ се враќа на старите патеки, овозможувајќи им на младите и неафирмирани бендови од Македонија да ја искусат „големата“ сцена и да го почувствуваат рокенрол-амбиентот што го носи манифестацијата.
Конкурсот за пријавување веќе е отворен и ќе трае до 1 април. Сите заинтересирани групи, без разлика на музичкиот стил што го свират, може да се пријават на е-адресата - [email protected]. Пријавата треба да содржи име на бендот, стил на музиката што ја свири, кратка биографија на групата, имиња на членовите, фотографија, контакт-телефон, адреса на е-пошта, фејсбук-страница или веб-страница, и секако снимки од најмалку три авторски песни. Не е задолжително снимката да биде професионална, таа може да биде и демо-снимка.
Како и во изминатите години, и оваа, победникот ќе го одбере публика, а за најдобрите се обезбедени и вредни награди. На победникот ќе му биде овозможено снимање на неколку песни. Освен групната награда, ќе има и поединечна, за најдобар гитарист на фестивалот, за кој ќе одлучува жири составено до познати македонски гитаристи. Најдобриот гитарист како награда ќе добие професионална гитара „јамаха“, која ја доделува продавницата за музички инструменти „До-ре-ми“ од Скопје.
Годинава, „Рок-фест“, ќе има три фестивалски вечери од кои една е натпреварувачка, а другите две се од ревијален карактер, во кои ќе настапуваат групи, кои веќе се етаблирани и реномирани на домашната рокенрол-сцена.
Покрај концертните настани, во рамките на фестивалот ќе има и голем број придружни содржини со што ќе се збогати целокупната програма.
„Рок-фест“ е најстарата организирана рок-манифестација во Македонија, низ која во изминативе повеќе од три децении, продефилирале повеќе од 1.000 рок-дружини од земјава. Востановена е во далечната 1981 година, како „Македонски рок-фестивал“, односно „Рок-фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп-рок фест“. Конечно во 1999 година, повторно да се врати на своето изворно име „Рок-фест“. Востановувачите на оваа манифестација, некогашниот неделник „Екран“ и Младинскиот културен центар од Скопје, пред сѐ ја имале и сѐ уште ја имаат идејата за откривање и поттикнување на младите музичари од македонскиот музички простор. Сето тоа низ еден вонинституционален, младински и неформален образец. „Рок-фест“, е замислен како манифестација на непрофатибилни и некомерцијални основи, како алтернатива на музичкиот естаблишмент. Но ни од далеку не дава само аматерски или супкултурни групи.
Низ оваа манифестација, афирмацијата ја стекнале или барем како отскочна штица ја имале многу групи, што подоцна ќе бидат фактор во македонската музичка продукција. Меѓу нив се и „Автограм“, „Цилиндер“, „Сарацени“, „Бадмингтонс“, „Мизар“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Санаториум“, „Зијан“, „Ареа“, „Октавијан“, „Далтонс“, „Културно уметнички работници“, „Смат“, „Сињак“,„Верка“ и многу други. Некои од членовите на овие музички групи што своите први јавни музички чекори ги направиле токму на „Рок-фест“, подоцна станаа значајни и афирмирани музичари, а меѓу нив може да се набројат Мики Јовановски-Џафер, Ристо Самарџиев, Петар Ренџов, Ристо Вртев, Сашо Гигов-Гиш, Горан Трајкоски, Владимир Петровски-Картер, Петар Георгиевски-Камиказа, Валентино Скендеровски и многу други.
Меѓу овие имиња мора да се спомене и Бубо Каров, познат од хумористичната емисија К-15, кој своевремено свиреше бас-гитара во кавадаречката рок-група „Токму така“, која е единствена група што победила двапати на „Рок-фест“, во 1983 и во 1985 година. Самата листа покажува дека практично денес во Македонија, нема етаблирано музичко име што не поминало по скалилата на „Рок-фест“.
Извор:Нова Македонија]]>