рок балада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Feb 2023 11:48:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рок балада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сале – СРВ за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“ во рок баладата – „Зошто да ти верувам?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-za-skrshenite-srtsa-na-zalubenite-chij-svet-se-uriva-pred-dvete-litsa-na-lubovta-vo-rok-baladata-zoshto-da-ti-veruvam-video/ Thu, 16 Feb 2023 06:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289187

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар ја промовира својата рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“ Останувајќи доследен на својата музичка определба, македонскиот рокер овој пат лириката во љубовните стихови напишани заеднички со стариот проверен лиричар Огнен Неделковски ја преточил во балада за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“. Аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски во чие студио е и снимена песната. Продолжувајќ ја старата традиција дел од големите музички ѕвезди со кои како менаџер Сале -Рокер работи при договарање и организација на нивните настапи низ Македонија, тие да му гостуваат на неговите песни и овој пат уште едно големо музичко име од регионот се појавува како дел од овој проект. Имено, легендарниот лидер и гитарист на култната хард рок група „Дивље Јагоде“, Зеле Липовача ги свири гитарските делници на песната, во која неговата препознатлива гитарска боја и начин на свирење оставаат дополнителен личен печат.  Песната, покрај македонската има и српска верзија, насловена како „Кад су речи ратници“   чиј српски текст е дело на Сефо Дуративиќ, инаку член на придружниот бенд на Ален Исламовиќ. Песната е визуелизирана со едноставно студиско видео прошаранао со инсерти на прошетката на една љубовна двојка во Градскиот парк во Скопје, а неговата реализација повторно ја потпишува ДРД студио, односно Драган Ристовски како камерман и монтажер на спотот. Како сето ова спакувано звучи и изгледа во рок баладата „Зошто да ти верувам“ на Сале-СРВ, проследете од видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Сале – Рокер ја пушти во етер баладата „Остани“ од последниот „Охрид фест 2018“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-roker-ja-pushti-vo-eter-baladata-ostani-od-posledniot-ohrid-fest-2018-video/ Thu, 01 Nov 2018 09:20:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55623

Македонскиот пејач и музички менаџер Сашко Андриески попознат како Сале - Рокер во етер ја пушти баладата „Остани“ со која настапи на  последниот „Охрид Фест - Охридски трубадури 2018“.
По досега неговата комерцијално најуспешна тема и видеото за неа насловена „Мост“  која се појави во текот на летото, оваа песна води во малку помирни води, но секако не отстапува од неговиот препознатлив стил, кој Сале - Рокер грижливо го гради и негува - базичниот, полнокрвен рок ен рол. Токму затоа и за „Остани“ може да се каже дека е рок балада, без оглед што е изведена на еден фестивал како „Охрид фест 2018“, кој Сале го искористи за медиумска промоција на своето ново остварување.
Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Андриески, додека аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски, која Сале овој пат ја изведува сам, без својата придружна група „СРВ“. Како звучи „Остани“ и како изгледаше нејзината фестивалска изведба на „Охрид фест 2018“ од нејзиниот автор и изведувач Сале - Рокер проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=WHTmi-OyRXk&feature=share]]>