родителство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 May 2023 08:12:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png родителство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Втората ќерка на Милена Антовска потпорасна: Малото бебенце сега е слатко девојченце кое личи на мама, долга косичка и преслатко лиценце (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vtorata-kerka-na-milena-antovska-potporasna-maloto-bebentse-sega-e-slatko-devojchentse-koe-lichi-na-mama-dolga-kosichka-i-preslatko-litsentse-foto/ Tue, 23 May 2023 07:17:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303249

Минатата година во месец јануари, поточно на ден Василица, ТВ водителката Милена Антовска-Станковска стана мајка по вторпат, побогата и дарена од Бога со уште еден ангел, ќеркичката Јоана. Оттогаш поминаа година и четири месеци, а бебето Јоана повеќе не е бебе, туку потпораснато девојченце кое веќе е проодено има долга косичка и преслатко лиценце. Во првите месеци од нејзиниот живот мама Милена почесто ја покажуваше на социјалните мрежи, извесен период објави од Јоана немаше, така што сега потпорасната едвај ја препознавме. Мала слатка убавица е тргната во истражување на светот околу себе и желба за љубов и вниманието на мама и тато. Розово фустанче, венче или „пипи“ опавчиња, Јоана е целата на мама Милена, а дада Лана Марија на тато, барем засега е така. Децата менуваат, растат, а луѓето веднаш сакаат да го препознаат ликот на родителот во оној на детето. Милена често знае да изјави дека Лана Марија е целата како тато Гордан, но сега Јоана повлекла повеќе од мама. Децата брзо растат, а животот со нив довива сосема поинаква смисла. Родителот секогаш тука за нив, независно дали се малечки или веќе самостојни индивидуи. Инаку, во месец јануари малата Јоана наполни една годинка, а во истиот ден мама и тато направија и крштевка. фото:Инстаграм принскрин/Милена Антовска - Станковска]]>

Калиопи искрено проговори за родителството: „Не постојат совршени родители, туку постои само една совршена работа, а тоа е љубовта“ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-iskreno-progovori-za-roditelstvoto-ne-postojat-sovrsheni-roditeli-tuku-postoi-samo-edna-sovrshena-rabota-a-toa-e-lubovta-foto/ Thu, 11 May 2023 08:14:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301487

Македонската поп  - ѕвезда Калиопи Букле на снимање на една емисија во Белград, во интервју за српските медиуми  откри како ја доживуваат и како реагираат белграѓани кога ќе ја сретнат на улица: „Природно, многу спонтано. Луѓето ми се обраќаат како на своја. Како да се познаваме и да сме стари познаници и тоа е она што најмногу ме импресионира“. Таа надополнила дека кога е во Белград нејзината дружба со Жељко Самарџиќ е неминовна: „Пред се, тој ми е пријател и се познававме уште пред да го снимаме дуетот. Поминуваме заедничко време секогаш кога е тоа  можно. Некако сме поврзани како семејство, јас со Самарџиќ, а тој со мене. Но, она што остави најголем впечаток е дека таа за нејзиниот син Пако потврдува дека е нејзиниот најголем критичар: „Пако е еден од главните критичари, некој кој е многу важен за мене и за неговиот татко во таа улога, затоа што иако одлучи да не се занимава со музика, многу добро умее да ја слушне“. А како како најважна работа во родителството Калиопи го издвои следново: „Не постојат совршени родители, туку постои само една совршена работа, а тоа е љубовта. Љубовта што се обидуваме да им ја дадеме на нашите деца и да ги научиме да ги сакаат луѓето“. Нејзиниот син живее заедно со татко му Ромео Грил во Швајцарија и ако еднаш таа изјави дека  не сака да го коментираат во изјавите, овој пат таа направи исклучок. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Курир ТВ/Инстаграм  ]]>

Раѓен откри интимни моменти од неговиот живот и зошто дошло до развод од Ана Кокиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ragjen-otkri-intimni-momenti-od-negoviot-zivot-i-zoshto-doshlo-do-razvod-od-ana-kokikj-foto/ Thu, 01 Dec 2022 10:52:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278188

Ватерполистот Никола Раѓен проговори за најинтимните моменти од својот живот, што не се случува често кај него. Никола сподели моменти од својот живот кои досега не и беа познати на јавноста, а ја засегаат Ана Кокиќ. - Во 2007 година тоа се случи сосема случајно, да не звучи како клише, на убедување на пријателка отидов на едно место во градот и таму сосема случајно и сосема неочекувано ја сретнав. Ми се допадна како изгледаше и ми се допадна времето што го поминавме заедно за да се видиме на вечера за неколку дена.Се сеќавам на нејзината порака: „Свесен ли си дека утре ќе се појавиш во весник ако одиш на вечера со Ана Кокиќ?“, на која и реков: „Не ми е гајле, што лошо може да се случи, да одиме на вечера. “– изјави Никола Раѓен и се пошегува: - Се заљубив преку стомакот. Во бракот со Ана Кокиќ, Никола имаше и две ќерки Нина и Тео, за кои вели дека и двете се грижат и се трудат да ги водат кон вистинскиот пат. Никола ја започна својата кариера во странство. На почетокот им било забавно на децата постојано да патуваат кај татко им, но подоцна тој признава дека тоа влијаело на тоа што тој и Ана повеќе не биле во брак. - Се што е нормално кога живеат двајца луѓе заедно не е нормално во оваа смисла на разделба бидејќи повеќе си на телефон отколку во реалниот живот. Некој вели, добро, не е толку страшно, верувајте ми, страшно е. Мојата кариера во странство беше повеќе од осум години. Ние сме, еве една груба изјава, на некој начин игравме родителство каде таа повеќе време поминуваше со ќерките, а јас помалку поради обврските во клубот, подоцна и во репрезентацијата. На прашањето како го доживеал разводот, Никола вели: - Многу тешко.Ниту најлошиот пораз во мојата кариера не бил во таква ситуација. Ниту најтешките ситуации во мојот живот не беа како тој период. Уште потешко е кога си сам. Јас сум во Русија и играм таму, тие се во Србија и некако морав сам да го обработам тоа, но беше доста тешко.Не се случи за еден месец... Барем мене не ми беше така, но пак кога се враќав, кога бев почесто со децата, бидејќи поради нашите деца почесто се гледавме, некако стивна и доведе до некакви рамки кои треба да ги почитуваме и кои и денес ги почитуваме. Ние сме разумни луѓе, добро комуницираме, се согласуваме, се за доброто на нашите ќерки. Не можевме како сопружници, можеме како пријатели и како родители. Фото:Инстгарам/Тв Пинк]]>

Петар Грашо проговори за родителството: Откри на што најмногу му замерува Тончи Хуљиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/petar-grasho-progovori-za-roditelstvoto-otkri-na-shto-najmnogu-mu-zameruva-tonchi-huljikj-foto/ Mon, 19 Sep 2022 07:17:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267431

Пејачот Петар Грашо и неговата 14 години помлада сопруга Хана Хуљиќ на 17 јули годинава станаа родители, со што нивната љубов ја крунисаа со најубав подарок. Пејачот и ќерката на неговиот долгогодишен колега Тончи Хуљиќ се венчаа неколку месеци претходно, но не сакаат да зборуваат за семејната приватност. Петар Грашо сега за прв пат призна како се снаоѓа во улогата на татко. - Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на сè, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат - низ насмевка изјавил Петар. Таткото на неговата сопруга, Тончи ,во еден момент му замерил што цело лето работи, речиси без слободен ден, а тој вели дека во иднина ќе поминува повеќе време со семејството бидејќи сега таква е ситуацијата. - Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу задачи или можности да се изразам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен. Се надевам дека ќе напредувам и во тоа прашање, со насмевка вели новопечениот татко, чие лице блеска, а очите му светкаат кога зборува за својата ќерка. Многу генерации пораснаа со песните на Грашо, па денес дури и некои од помладите ги знаат хитовите од пред две децении. На прашањето како ќерката Алба реагира на неговиот глас и дали и пее приспивни песни тој вели дека и потпевнува додека ја заспива и тоа и се допаѓа. Петар живее во градот со Хана и неговата ќерка, но се труди да помине многу време во природа за да ги наполни батериите и да се одмори од градската гужва. Тој вели дека не е од оние градски момци кои се отуѓиле од природата. - За мене пресудни се патувањата во природата за собирање енергија меѓу концертите, кои се доста исцрпувачки заедно со патувањето - открива пејачот, кој се обидува со својот пример да укаже на важноста од зачувување на природата: - Најпрво се трудам да не ја загадам на никаков начин. Фото:принтскрин/Инстаграм/Петар Грашо]]>

Клои Кардашијан пред еден месец доби син, дури сега го откри неговото име (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kloi-kardashijan-pred-eden-mesec-dobi-sin-duri-sega-go-otkri-negovoto-ime-foto/ Thu, 01 Sep 2022 08:00:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264957

Старлетата Клои Кардашијан на почетокот на август доби син со поранешниот партнер Тристан Томпсон, со помош на сурогат мајка. Момчето е нивното второ дете, а Клои само што дознала дека му дале име Тео. После тоа, таа откри како е да се биде самохрана мајка на две деца и како се справува со нив. „Да можеш да обликуваш мали луѓе во навистина неверојатни и одлични луѓе е чест, но и подарок. Знам дека е клише, но сакам сè, дури и тешките делови од родителството. Тоа може да биде страшно, но јас си ја преземам работата. многу сериозно“, рече таа за „Elle“. „Треба сериозно да ги сфатиме тие улоги, особено во денешно време, кога децата имаат пристап до толку многу содржини и се изложени на толку многу информации на толку млада возраст“, ​​додаде Клои. Да потсетиме, Клои и Тристан раскинаа во декември минатата година, откако таа дозна дека тој повторно ја изневерил и добил дете со друга жена. Нивниот син е зачнат само еден месец пред целиот скандал. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Клои Кардашијан/Мирослав Лелас]]>

Како да ја одржите партнерската интима откако ќе станете родители? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-ja-odrzite-partnerskata-intima-otkako-kje-stanete-roditeli/ Wed, 07 Jul 2021 12:15:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210112

Кога ќе станете родител, следуваат толку многу промени – се менува дневниот распоред, колку спиете, количината на енергија што ја имате... По долгите денови и ноќи со бебето, или работење цел ден и справување со паралелни обврски, понекогаш сме премногу исцрпени и за да размислуваме за блискост со партнерот. Од толку многу работи што треба да ги направиме во еден ден, интимната врска се чини паѓа на последно место. Џејми Ваксман, лиценциран советник за брак и семеен терапевт и едукатор за секс, сподели неколку корисни совети за тоа како да ја одржиме интимата жива откако ќе станеме родители. Забележувајте и разговарајте Многу е важно да забележите што се случува околу вас и да бидете свесни во каква ситуација сте во моментот. Охрабрете разговор за да му дадете до знаење на вашиот партнер дека поминало некое време од последниот пат кога сте биле интимни (тоа не мора да подразбира секс) и изјаснете се дека ви е жал што сте се оддалечиле. Разговарајте за тоа како би можеле да го промените тоа. Ваксман ја нагласува важноста на тоа партнерите да дејствуваат како тим, додавајќи дека нивните сопствени потреби се здрави и сосема нормални во умерени количини, но треба да се внимава другата страна да не се охрабрува да се чувствува отфрлена и непожелна. Бидете транспарентни Впуштањето во сексуални активности веднаш по породувањето не е препорачливо и лекарите советуваат да не го правите ова најмалку шест недели по раѓањето на бебето. Но, дури и во моментот кога жената ќе добие зелено светло, можеби нема да биде психички подготвена за тој чекор. Затоа, многу е важно и двајцата партнери да бидат многу транспарентни со своите чувства и желби и да имаат разбирање еден за друг. Подигнете ја самодовербата Голем процент од жените се чувствуваат несигурни во врска со своето тело по породувањето и затоа сметаат дека не се доволно привлечни за својот партнер. Драги жени, вие сте страшно привлечни за партнерот и вашиот маж ги посакува вашите допири и нежност. Обидете се да го смените начинот на кој се гледате самите себе, така што ќе се дотерате и ќе си бидете убави и привлечни прво за себе. Сексот и интимата почнуваат во главата. Ценете се еден со друг Многу е важно да го цените вашиот партнер и да му покажете колку се грижите за вашата врска и колку сте среќни што сте тука еден за друг. Дајте си бакнежи или прегратка за добро утро, добра ноќ или како поздрав пред работа. Покажете си едни на други колку уживате да бидете заедно. Покажете дека сте фокусирани на бракот исто колку и на вашето дете Најдете време да му се посветите само на вашиот партнер. Може да биде кратка масажа на нозете додека гледате филм или разговор за тоа како го поминавте денот 15 минути пред да одите во кревет или дури и краток повик додека сте на работа. Покажете му на партнерот дека неговото мислење е важно за вас и дека сакате тој да се чувствува сакан. извор: кајгана ]]>

Причини поради кои луѓето го одложуваат родителството https://arhiva.vistina.com.mk/prichini-poradi-koi-lugjeto-go-odlozuvaat-roditelstvoto/ Fri, 17 Jul 2020 13:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159233

Животот станува поскап Мајкл Херман, постар советник на Фондот за население на Обединетите нации, вели дека токму трошоците за започнување семејство може да ги одврати луѓето од тоа. Покрај облеката, обувките и храната, постојат многу различни начини на кои родителите треба да инвестираат во своите деца. На пример, во Кореја се зголемуваат трошоците за програми за високо образование и ова сочинува само една ставка што може да ги одврати луѓето од тоа да имаат деца. Денес жените живеат поинакви животи Жените денес имаат многу повеќе можности, особено кога станува збор за кариера, отколку што имале жените во претходните години. Во минатиот век, жените често работеа сè додека не започнат семејство и имаат деца. После тоа, тие ќе останеа дома и ќе ги одгледуваа децата, додека денес ситуацијата е поинаква и многу мајки се чувствуваат подготвени да се вратат на работа само неколку месеци по породувањето и тоа го прават. Сите бараат совршен партнер Првиот чекор за започнување семејство обично не е да се има дете, туку да се најде совршен партнер. Дури и луѓето кои планираат посвојување, честопати го прават тоа откако ќе пронајдат партнер со кого ќе го споделат животот. За жал, светот не е секогаш најпозитивното и најубаво место затоа и многу млади луѓе изјавуваат дека сега, во ерата на технологијата, се чувствуваат поосамени од кога и да било. Сè што сакаат, можат да нарачаат на интернет, кариерите се на нивните лаптопи, а луѓето имаат се помалку и помалку потреба да излезат и да се дружат и избираат да останат дома со телевизија или Интернет, и затоа започнувањето на семејство „трае подолго“. извор:попара.мк]]>

ДУНА го скрати работното време за новите мајки https://arhiva.vistina.com.mk/duna-go-skrati-rabotnoto-vreme-za-novite-majki/ Wed, 04 Dec 2019 09:56:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122170

По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство. Скратеното работно време ќе го користат сите нови мајки по 12 месеци, иако ќе добиваат цел месечен надомест и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време. Менаџерскиот тим на ДУНА, како семејно одговорна компанија, вели дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за вработените и за компанијата. Оваа одлука се базира на светските истражувања и трендови и е потврда дека продуктивноста кај лицата кои работат со пократок број работни часови или помалку денови во неделата е многу зголемена. На овој начин ДУНА уште еднаш ја потврдува својата долгогодишна заложба за континуирано подобрување на условите за работа и верувањето во идејата дека само среќни вработени даваат дополнителен придонес во секојдневното работење. Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии во Албанија и Србија и бројни проекти во Косово. ДУНА силно верува во општествено корисните акции кои се поддржани од компанијата и од нејзините вработени. Во оваа насока, „поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина. Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање“, велат од менаџментот на ДУНА.]]>

Сашко Коцев се плаши дека ќе добие пријава од соседите! https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kocev-se-plashi-deka-kje-dobie-prijava-od-sosedite/ Mon, 25 Nov 2019 08:18:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120240

Актерот Сако Коцев и неговата сопруга Смиљана во ноември 2017 година станаа родителите за првпат на нивната ќерка Јоана. Сашко оттогаш ужива во семејната идила, а досега неколку пати изјави дека татковството го променило. Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами,филмови има стендап-настапи... Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на Јоана и креативниот процес. „Го користам секој момент за творење и чување. Тоа е комбинација на нишање за заспивање и пишување некој текст во главата… потоа мавтање со играчката, истовремено поминување текст за вечерашната претстава или, пак, топлење млеко и правење план во главата за утрешната проба“, изјави Сашко во една прилика. Откако стана родител, зачестија и неговите духовити статуси на социјалните мрежи за родителството со кои редовно ги засмејува следбениците. „Кога ќе добиеш дете,да ти израсне трета,евентуално четврта рака.Еволуцијо,когааааа???!!“ Неодамна посака дека убаво би било еволуцијата да поработи на трета рака, а последно помисли дека ќе добие пријава од соседите поради чудните звуци кои се слушаат од неговиот дом. „Толку ја имам усовршено како прави кравата МУуу, што очекувам да ме пријават комшиите дека чувам вистинска!!!“- пишуива тато Сашко на што коментарите и лајковите се редеа до недоглед. Инаку, мама Смиљана и тато Сашко неодамна го прославија вториот роденден на нивната наследничка Јоана.]]>

„Драг мој мажу, еден ден ќе ни недостига ова“: Видео кое ќе допре до сите родители на мали деца https://arhiva.vistina.com.mk/drag-moj-mazu-eden-den-kje-ni-nedostiga-ova-video-koe-kje-dopre-do-site-roditeli-na-mali-deca/ Mon, 05 Nov 2018 13:25:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56007

Животот на брачните партнери целосно се менува кога во нивниот свет ќе пристигнат нивните малечки. Нова цел, нова смисла, нова одговорност, нова улога и целосно нов начин на живот. Постојано менување пелени и хранење, непреспани ноќи, уништени љубовни состаноци, пропуштени родендени, непрославени годишнини... Не е тешко да се претпостави зошто тие честопати се чувствуваат како љубовта меѓу нив да згаснала.
Но, тоа не е воопшто така. Откако децата ќе пораснат и ќе можат да се грижат сами за себе, искрата меѓу партнерите повторно се разгорува. Тие повторно ќе се имаат еден со друг. Потребно е само да издржат низ растењето на нивните деца заедно.
Motherly ги потсетува сите мажи дека не треба да се чувствуваат непосакувано само затоа што нивните сакани не им посветуваат време како претходно:
Драг мој мажу, Еден ден ќе ни недостига сето ова. Животот нема секогаш да биде на ова нивото на хаос како што е со мали деца. Ние нема секогаш да се будиме исцрпени. Да бидеме преуморени за љубовни состаноци навечер. Нема секогаш да се чувствуваме преоптоварени. Нема да биде секогаш вака. Нема секогаш да брзаме некаде… И вечно да доцниме. Еден ден, ќе имаме деца кои се пораснати, на кои ќе им бидеме помалку потребни, кои сами ќе ги извршуваат своите обврски. Нема да биде секогаш вака. И можеби тогаш ќе имаме повеќе време нас, за состаноци и за разговори со смисла. Со нетрпение чекам да дојде тоа. Но, во моментов: ГО ИМАМЕ СЕТО ОВА. Сета оваа УБАВИНА. Сето ова ЧУДО. Сета оваа РАДОСТ. Загрижена сум дека еден ден ЌЕ НИ НЕДОСТИГА ОВА ЛУДИЛО. Затоа, засега: Да се обидеме да се смееме и да крадеме бакнежи. Да останеме во ова ЗАЕДНО. Да продолжиме да вложуваме напори. Нема да биде секогаш вака. Бидејќи пред да ги имаме НИВ, бевме само НИЕ. И по НИВ, пак ќе бидеме НИЕ. А кога тие ќе заминат да ја пишуваат својата приказна, ЈАС сè уште ќе бидам тука. Подготвена да го напишам следното поглавје со ТЕБЕ. Нема да биде секогаш вака. Но, засега и ОВА е МАГИЧНО. Го можеш ти тоа.
]]>