родени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 Jan 2024 12:50:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png родени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шест фасцинантни факти за родените во јануари https://arhiva.vistina.com.mk/shest-fastsinantni-fakti-za-rodenite-vo-januari/ Thu, 04 Jan 2024 12:50:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333782

Во јануари се родени познати лица како Мухамед Али, Стивен Хокинг, Елвис Присли, Волфганг Амадеус Моцарт, Исак Њутн, Опра Винфри, Мишел Обама. Луѓето родени во јануари имаат поголема веројатност да станат познати ѕвезди, спортисти и лекари, а исто така се добродушни и романтични и сакаат да им помагаат на другите. Во јануари се родени познати лица како Мухамед Али, Стивен Хокинг, Елвис Присли, Волфганг Амадеус Моцарт, Исак Њутн, Опра Винфри, Мишел Обама. Ова се шест фасцинантни факти за родените во јануари. Тие се големи љубовници, но срамежливи Тие се родени лидери Имаат одлична смисла за хумор Тие се многу креативни Знаат да чуваат тајна Знаат како да се однесуваат во кризни моменти. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Овие убави карактеристики ги красат луѓето родени во ноември https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-ubavi-karakteristiki-gi-krasat-lugeto-rodeni-vo-noemvri/ Wed, 01 Nov 2023 12:39:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324959

Ноември важи за студен и тмурен месец, но сепак, луѓето родени во него не поседуваат баш такви карактеристики. Може да се каже дека се чиста спротивност на епитетот кој го опишува овој месец. Поточно овие 8 квалитети се заеднички на луѓето родени во ноември: 1. Посветеност Фокусираноста и посветеноста се две најпозитивни карактеристики на лицата родени во овој месец. Кога имаат цел на видик, тие можат да поминат часови, денови, месеци во нејзино остварување, несвесни за тоа што се случува околу нив. 2. Искреност Лицата родени во ноември слепо се држат до вистината, без оглед на сè. Имаат храброст да го кажат она што го мислат, без разлика на последиците. 3. Лојалност Не се лојални само во љубовта, туку и во пријателствата и сите останати врски кои ги градат низ животот. Секогаш остануваат до блиските кога имаат потреба од нив, без разлика дали се добри или лоши времиња. 4. Енергичност Луѓето родени во ноември никогаш не се изморени, напротив, секојдневно се полни со ентузијазам и жар за живот. Ретко се жалат на исцрпеност и се вистинско складиште за позитивна енергија. 5. Интуиција Интуицијата на овие лица им е најмоќен сојузник во конфузните времиња. Нивната изострена интуиција им помага да ги предвидат работите и да ги прочитаат луѓето. Речиси е невозможно да ги прелажете. 6. Храброст Секогаш се подготвени да се соочат со животните предизвици. Храбри се и сакаат другите да се огледуваат на нивната храброст. 7. Стратегија Луѓето родени во ноември голем дел од времето го вложуваат во планирање, пред конечно да делуваат. Токму затоа добри се како менаџери и шефови. 8. Независност Над сè што досега набројавме, најмногу си ја ценат независноста. Не сакаат кога други ги контролираат на било кој начин и не се плашат да се бунтуваат во случаите кога нивната слобода е повредена. извор:курир.мк]]>

Интересни факти за луѓето родени во август- лесно е да ги засакате https://arhiva.vistina.com.mk/interesni-fakti-za-lugeto-rodeni-vo-avgust-lesno-e-da-gi-zasakate/ Fri, 04 Aug 2023 12:35:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312716

Бебињата родени во август се или Лавови или Девици во хороскоп. Лесно е да ги засакате, имаат цврсти карактерни црти. Сигурно знаете некој што е роден во август или самите вие сте родени во август. Затоа Ви пренесуваме 10 интересни факти за луѓето родени во август. Луѓето кои се родени во август… … се цврсти, силни и организирани! Лавовите се и физички и умствено силни, горди и харизматични. Девиците се организирани, прецизни, практични и можете да се потпрете на нив. Тие исто така се харизматични, но на поинаков начин од Лавовите. … се природно силни лидери! Токму поради својата харизма и големата самодоверба, луѓето родени во август често имаат високи раководни функции. … се меѓусебно компатибилни! Со Лавовите владее сонцето и тие се страствени. Девиците, со кои владее Меркур, се одлични во комуникација и координација. Овие парови одлично се надополнуваат и создаваат една убава рамнотежа во врската. …најмалку се сложуваат со Водолии и Риби! Знакот кој се наоѓа точно наспроти вашиот е оној со кој најмалку ќе се сложувате. Па така, Лавовите и Девиците се најмалку компатибилни со Водолиите и Рибите. Нивните меѓусебни врски можат да бидат голем предизвик. … се многу паметни, но и тврдоглави деца! Лавовите и Девиците се многу паметни уште од мали нозе. Но, поради нивните силни карактери и интелигенција, знаат да бидат прилично тврдоглави деца. … често се во центарот на вниманието! Лавовите се тие кои обожаваат да се центар на внимание. Тие се многу креативни и не сакаат да се придржуваат до правилата. Многу уметници и глумци се родени во овој знак. Голем број Лавови работат во забавната индустрија токму поради тоа што се многу харизматични. … генерално се добри учители! И Лавовите и Девиците се добри учители. И во училницата и надвор од неа. Тие лесно можат да го привлечат вниманието на себе, па тоа може да им помогне во која било кариера за која ќе се одлучат. Исто така можат да бидат одлични учители затоа што имаат природен авторитет. … се поврзани со истиот камен на раѓање! Станува збор за перидот, драгоцен камен со зелена боја кој често го мешаат со смарагдот. … меѓусебно се поврзани со цветот на раѓање! Цветот на раѓање на луѓето родени во август е гладиолата. Овој цвет го претставува моралниот интегритет и силата на Лавовите и Девиците. … се последните летни бебиња! Август е последниот вистински летен месец, а Лавовите и Девиците се последните летни хороскопски знаци. извор:курир.мк]]>

Луѓето кои се родени во август се посеби, по овие необични карактеристики можете да ги препознаете https://arhiva.vistina.com.mk/lugeto-koi-se-rodeni-vo-avgust-se-posebi-po-ovie-neobichni-karakteristiki-mozhete-da-gi-prepoznaete/ Thu, 27 Jul 2023 11:23:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311791

Луѓето родени во август се полни со самодоверба, тие се силни личности и се добро организирани. Родени се во хороскопските знаци Лав или Девица, а ова се необичните карактеристики по кои можете да ги препознаете. Ја сакаат приватноста Иако на прв поглед се полни со самодоверба, ја ценат својата приватност и понекогаш не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Сакаат да имаат свој личен простор и внимателно избираат кому ќе веруваат. Ако сакате да им исполните некоја желба, оставете ги неколку часа да бидат сами и да го прават она што сакаат. Личностите родени во август сметаат дека неопходно им е времето што го поминуваат самостојно за да ги прочистат мислите и да се ослободат од непотребниот стрес. Имаат високи стандарди Ја ценат искреноста и автентичноста на секое поле. Паметно ги трошат парите Ретко ќе сретнете личност што има проблем со финансиски средства, затоа што августовските луѓе се внимателни со пари. Не се склони кон шопингот како форма на терапија. Одлични лидери Работат со сите сили, ги мотивираат сите околу себе затоа што се посветени на она што го прават, знаат што сакаат од животот и се трудат да го постигнат тоа. Не се распрааваат …но секогаш сакаат да се во право! Тешко дека ќе најдете личност која е родена во август и не сака нејзиниот збор да биде последен. Повлечени се Луѓето родени во август имаат повремени промени на расположението кои на околината може да делуваат збунувачки. Но, понекогаш, сакаат да ги кријат своите чувства и мисли. Смирено соопштете им дека може да разговарате за било кој проблем. Креативни се Интересно е дека личностите родени во август многу подобро ќе се изразат писмено, отколку усмено. Убаво пишуваат и ја сакаат уметноста како израз. Ги нервираат ситници Односно, секогаш кукаат дека ги нервираат ситниците. Со тоа прикриваат нешто поголемо што ги мачи, а непријатно им е јавно да го кажат тоа. извор:курир.мк]]>

Ги красат прекрасни карактеристики: Луѓето родени во јуни се посебни https://arhiva.vistina.com.mk/gi-krasat-prekrasni-karakteristiki-lugeto-rodeni-vo-juni-se-posebni/ Tue, 30 May 2023 11:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304287

Сите се разликуваме според месеците во кои сме родени, бидејќи самиот месец може да игра прилично голема улога во обликувањето на карактерните особини кај секој човек. Кои квалитети ги поседуваат луѓето коишто се родени во шестиот месец од годината? Луѓето родени во јуни се многу комуникативни лица. Поради овој квалитет скоро во секоја ситуација излегуваат како победници. Нивната вродена екстровертност им овозможува лесно да се снајдат на работното место и полека, но сигурно да се искачуваат на повисоки позиции, а ситуацијата е слична и во друштвените кругови. Духовити Со нив ретко кога ќе ви биде досадно. Луѓето родени во јуни се навистина многу духовити со одлична смисла за хумор. Секогаш се подготвени да дадат хумористичен одговор кога ситуацијата го налага тоа. Весели Бегаат од негативните и емоционалните вампири како „ѓавол од крст“. Ретко кога ќе успеете да им ја симнете насмевката од лицето, едноставно јунските деца се родени да се веселат. Сестрани Не се плашат да испробуваат нови работи. Многу ретко се држат до рутината и секогаш се спремни да ја напуштат зоната на удобност и комфор и да преземат нов ризик. Свесни се дека, во најдобар случај, тоа може само да им го направи животот подобар. Креативни Познати се по својата раскошна, бујна фантазија. Доколку ги замолите да ви раскажат приказна, во истата минута ќе слушнете нешто ново и креативно, излезено како од сликовница или книга. Умеат да раскажуваат фасцинантни приказни и лесно пронаоѓаат решение за секој проблем. Адаптибилни Луѓето родени во јуни се чувствуваат како дома каде и да се. Може да се приспособат буквално на секакви услови. Ова им помага да ги преживеат дури и најтешките ситуации во животот. Љубопитни Јунските деца се исклучително љубопитни луѓе. Постојано нешто истражуваат, длабоко и темелно ги проучуваат работите за коишто се заинтересирани и често пати одат на места каде што никој претходно не бил. Зборливи Се истакнуваат според начинот на кој размислуваат и како истото го артикулираат со зборови. Многу јасно им даваат до знаење на луѓето што точно сакаат во животот, па затоа не дозволуваат ситуации во кои вие мора да читате „меѓу редови“. извор:курир.мк]]>

Луѓето родени во мај се поделени во 4 групи: Еве кои особини ги красат и каков живот живеат https://arhiva.vistina.com.mk/lugeto-rodeni-vo-maj-se-podeleni-vo-4-grupi-eve-koi-osobini-gi-krasat-i-kakov-zhivot-zhiveat/ Tue, 02 May 2023 11:56:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300254

Луѓето кои се родени во мај се припадници на хороскопските знаци Бик и Близнаци. Тврдоглавоста е главна карактеристика на сите и колку да не го прифаќаат тоа. Ќе прават тоа што сакаат и кога сакаат. Психолошки и емоционално се многу стабилни, големи сонувачи се и мотиватори. Ги краси совршениот изглед и многу се паметни. Ова се 4 типови на луѓе кои се родени во мај: Група родена од 1-ви до 8-ми мај Многу се модерни и сестрани. Веруваат дека во животот е потребно во се да се пронајде баланс. Кога станува збор за нивното мислење и идеи тие се оптоваруваат со предрасудите. Овие луѓе се родени под среќна ѕвезда па доколку сакате да добиете на лотарија земете си некоја личност со вас која е родена во овој период од месец мај. Некогаш изгледаат на затворени затоа што често се уморни од бурниот друштвен живот. Кога станува збор за работата, на овие луѓе секоја работа им оди од рака. Група родена од 9-ти до 15-ти мај Личности кои постојано се во движење и сакаат да патуваат, затоа често го менуваат местото каде што се наоѓаат. Тие се личности со силен темперамент и некогаш се многу екстремни. Со променливо раположение се, полни со емоции и љубов кога станува збор за нивното семејство, а често се склони кон полигамија. На овие луѓе загарантиран им е просперитетот и богатството. Својот мир го наоѓаат во природа или на село. Многу се одговорни кон семејството, свртени кон културата и традицијата. Успешно ги завршуваат сите свои цели. Група родени од 16-ти до 22-ри мај Овие луѓе не се отворени за нови работи па често се среќаваат со неуспеси. Сепак ги следи добар живот затоа што имаат среќа која резултира со добри животни услови. Многу се емотивни и ќе направат сè за своето семејство. Обожаваат природа, планини, билки и зелена боја. На работа обично имаат позиции кои се покомплексни. Некогаш ќе ве изненади нивната сериозност и конкретност. Најмногу ги погодува губење на некој член од семејството. Група родени од 23-ти до 31-ви мај Тие дефинитивно се најдобри. Секогаш имаат насмевка на лицето. Зборлести се и имаат смисла за хумор. Имаат големо срце, некогаш знаат да имаат краток фитил и да бидат нервозни, но тоа се случува многу ретко. Во работата ги привлекува архитектура, дипломатија, банкарство. Размислуваат „сто на час“ и многу се паметни. Никој не може да им ја одземе титулата на популарност во друштвото. Во комуникација со другите се многу искрени. Жените родени во овој период се многу темпераментни. Некогаш се многу рационални, а некогаш емотивни. извор:kurir.mk]]>

Луѓето родени во јануари имаат нешто што кај другите е реткост, затоа се посебни https://arhiva.vistina.com.mk/lugjeto-rodeni-vo-januari-imaat-neshto-shto-kaj-drugite-e-retkost-zatoa-se-posebni/ Sat, 07 Jan 2023 07:50:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282634

Родените во јануари се вредни и упорни, ја ценат чесноста и добрината. По природа се родени лидери. Еве што ги краси луѓето родени во првиот месец од годината! * Иако се родени во најстудениот дел од годината, луѓето со роденден во јануари се топли и грижливи. Исто така, ќе го соблечат палтото за да му го дадат на оној кому му треба. Тие се многу сочувствителни. * Јануари означува и нов календарски почеток, па не е ни чудо што луѓето родени во овој месец се природни лидери. Луѓето сакаат да се потпрат на нив во стресни ситуации. * Тие се надарени со силна амбиција и сериозност. Тие поставуваат високи цели пред себе и ретко ќе дозволат нешто да им застане на патот. * Тие се вредни, па успеваат да ги постигнат повеќето зацртани цели. Тие секогаш се обидуваат да постигнат нешто повеќе во животот за себе и за своето семејство и најсреќни се кога можат да научат нешто ново. * Тие се одлични организатори – и за нивната работа и за слободното време. Тие се внимателни, детални и снаодливи и ретко ќе донесат лоша одлука. * Луѓето родени во јануари не очекуваат ништо да „падне од небото“. Тие не веруваат во брзи резултати и подготвени се да чекаат. Тие знаат да бидат трпеливи. * Познати се по својата енергија со која извршуваат задачи. Некои дури можат да добијат и нервоза од нивниот ентузијазам. * Иако пријателствата се остваруваат многу брзо, само неколку луѓе од нивниот најблизок круг се нарекуваат вистински пријатели. Пријателството им е многу важно, а оние што не ги познаваат ги сметаат за малку резервирани. * Тие ја ценат искреноста и љубезноста во другите, и тие самите се многу лојални и искрени. * Претпочитаат удобност, а не елеганција, но понекогаш не им е лесно да се опуштат. извор:курир.мк]]>

Ноне Неделковска славеше роденден откривајќи ја сопствената загатка за двата најважни дена во животот: Денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-nedelkovska-slaveshe-rodenden-otkrivajkji-ja-sopstvenata-zagatka-za-dvata-najvazni-dena-vo-zivotot-denot-koga-ste-rodeni-i-denot-koga-kje-sfatite-zoshto-ste-rodeni-foto-video/ Thu, 29 Sep 2022 10:21:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269278

Ноне Неделковска работата на брод и дружбата со колегите и пријателите од сите краеви на светот за момент ја остави, бидејќи „најшетаната велешанка“ однеодамна повторно е дома. Паузата до новите прекуморски патешествија максимално ја користи да се види и дружи и со другарките и пријателите во родниот Велес, но и со оние ширум Македонија, како што беше случајот кога Ноне неодамна беше „главна ѕведа“ во публиката на скопскиот плоштад „Макдонија“ додека се одржуваше една од музичките вечери на последниот „Пиволенд“. Сега, за нејзина среќа но и уште поголема радост на нејзините најблиски и пријатели, роденденот, 28 септември 2002-ра, Ноне ја затекна дома. Иако не ги крие, на дамите сепак не им се бројат годините, ама затоа им се бројат честитките. А нив ги имаше толку многу што не можеше да ги собере на неколку страници од нејзините профили на социјалните мрежи, па затоа Ноне на сите им се заблагодари со построденденско селфи во огледало и два-три убави збора.   Сите подеднакво драги, но најдрага меѓу драгите, нормално роденденската честитка од мама Мимоза! Со долга црвенкасто обоена коса, дискретна шминка, облечена ултрамодерно во дводелно комплетче во зелена комбинација од панталони и кошула со длабоко деколте, во кое кај Ноне вообичаено има што да се види, некогашната македонска пејачка блескаша за „денот што го чекаме цела година“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

Иако не е оддамна тинејџерка, македонската „џепна венера“ се' уште изгледакако слатка, малечка кукличка... Впрочем, многумина забележаа дека со годините таа изгледа се' поубаво. Времето за неа не да застанало, туку како да се враќа наназад, па на нејзиниот годинешен „едикојси“ роденден, Ноне изгледаше како убавица од бајките. Се разбира роденденот не се слави без роденденската торта, истото така мала и слатка како неа, на која  славеничката ја дувна свеќичката, па покрај споделените фотографии и видеоклипче, Ноне напиша: „ Двата најважни денови во вашиот живот се денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени“!  Ете така, „лесно е ко 2 и 2“... Денот кога сте родени на сите ваши најблиски им е познат, а оној вториот... За него сепак ќе морате „да најдете малку време“ и да се потрудите сами да откриете, прашувајќи се: „Зошто баш ти?“
 
Уште еднаш... Среќен роденден и од нас Ноне! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska  ]]>

Со нив не знаете на што сте: Мажите родени во овие четири знаци се тотална мистерија за жените https://arhiva.vistina.com.mk/so-niv-ne-znaete-na-shto-ste-mazite-rodeni-vo-ovie-chetiri-znaci-se-totalna-misterija-za-zenite/ Fri, 21 Jan 2022 14:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235783

За ситуацијата да биде потешка, поради ова се уште попривлечни! Има мажи кои никогаш не можеме да ги запознаеме доволно добро. Секогаш оставаат впечаток на личност на која не можете да и се приближите колку што сакате, туку само колку што таа дозволува, а тоа е обично многу малку. Тие обично се родени во овие четири хороскопски знаци.

Шкорпија

Ако има еден знак чија репутација на мистериозност ја „надминува вселената“, тоа е Шкорпијата. Овој маж никогаш нема да ви каже сè што мисли или верува. Секогаш чува тајни и секогаш има асови во ракавот што ќе ги изигра, кога и ако затреба. Тој не сака да знаете што се случува во неговиот ум и да манипулирате со тоа. Впрочем, тоа е негова сопствена тактика кон другите, па никогаш нема да дозволи сето ова да се сврти против него.

Вага

Постои причина зошто Вагите се сметаат за мистериозни маж, бидејќи иако се дружељубиви, многу зборуваат и се екстровертни, сè што кажуваат и прават е бесмислено и никогаш не се однесува на неговиот личен живот или на она што навистина го мисли.

Риби

Рибите се чувствителни, романтични и скромни. Тие се исто така доста таинствени. Делуваат главно врз основа на својата интуиција, која – верувајте – се натпреварува со интуицијата на Шкорпијата. Тој разбираат многу, но нема да ви кажат сè што ќе видат. Ретко се „отвараат“ и само доколку навистина сте ја стекнале неговата доверба може да ви открие дел од себе.

Јарец

Јарецот поради својот изглед има атмосфера на мистерија околу себе. Тоа не е знак кој сака да зборува за себе. Седи во аголот наместо да зборува за неважни работи. Ќе зборува само ако мисли дека пред себе има извонреден соговорник, но повторно нема да открива работи за себе. Тој „купува“ информации, а не ги „продава“. И токму тоа ги тера другите да се прашуваат за него и неговиот живот. извор: попара.мк]]>

Интересни факти за луѓето родени во ноември https://arhiva.vistina.com.mk/interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-noemvri/ Tue, 02 Nov 2021 14:53:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225637

Ноември е специфичен по многу работи, а месецот во кој сте родени открива многу и за вашиот карактер. Ако терминот за породување ви е ноември, еве што треба да знаете за децата родени во овој месец.

1. Многу се добри пријатели

Луѓето родени во ноември уживаат во искрени пријателства и знаат како да бидат најдобри пријатели.

2. Големи се шансите да бидат леваци

Момчињата родени во ноември имаат голема шанса да бидат леваци поради големата количина тестостерон. Според истражување во Австрија, децата родени меѓу ноември и јануари имаат голема веројатност да бидат леваци. Истражувањето е спроведено меѓу 13.000 луѓе од кои 7,5 проценти жени и 8,8 проценти мажи биле леваци. Кога научниците ги провериле датумите на раѓање, откриле дека повеќето се родени токму во тој период.

3. Веројатно ќе ги надживеат своите врсници

Според истражување на Универзитетот Чикаго, децата родени во овој период од годината имаат голема веројатност да доживеат стотка, за разлика од оние родени во останатите месеци. „Колку долго ќе живеете, колку сте високи, колку сте добри во училиште, колкав е индексот на телесна маса, дали сте утрински или ноќен тип и шансите за развој на одредени болести се поврзуваат со времето во годината кога сте родени“, изјави невро-истажувачот Расел Фостер од Универзитетот Оксфорд.

4. Имаат помал ризик од некои болести

Родените во месец ноември подоцна во животот помалку заболуваат од мултипла склероза, срцеви заболувања и рак на бели дробови. Имаат најмали шанси за депресија, за разлика од пролетните бебиња кои имаат најголеми шанси.

5. Привлекуваат луѓе околу себе

Има нешто во нивната личност што ги привлекува луѓето, нивната природа е привлечна.

6. Во хороскоп се или Скорпија или Стрелец

Родените на почетокот на ноември се до 21 ноември се страсни Скорпии. Од 21 ноември почнува Стрелецот кој се карактеризира со великодушност и смисла за хумор. И двата знаци се симболи на силен карактер.

7. Судено им е да бидат спортисти

Како и на другите есенски знаци, и на овие им е судено да бидат спортисти. Иако гените играат голема улога, високото ниво на витамин Д на кое се изложени во текот на бременоста влијае на нивниот физички развој, оние родени во октомври и ноември се многу брзи и физички се во подобра кондиција. извор: кајгана ]]>