роденденска торта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Feb 2023 09:17:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роденденска торта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сакајте го оној кој ви подарува повеќе…“Александар Белов го прослави роденденот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sakajte-go-onoj-koj-vi-podaruva-poveke-aleksandar-belov-go-proslavi-rodendenot-foto/ Wed, 08 Feb 2023 08:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287846

Роденденот е ден кој го чекаме цела година. Некои му се радуваат повеќе, некои помалку без разлика на возраста но, кај сите буди убаво чувство дека токму тој е наш посебен ден. Честитките со убави зборови и желби, прегратки и бакнежи се дел од роденденската атмосфера кои славеникот ги доживува. А на славеникот на тој убав посебен ден меѓу другото му следуваат и подароци. Повеќе или помалку вредни најважни се оние кои се искрени и од срце. По тој повод македонскиот поп пејач Александра Белов вчера позираше пред роденденската торта заедно со неговата ќеркичка и неговата сопруга. Дека пејачот ужива во семејниот живот и  е најгорд татко потврдува и фактот од минатата година кога токму на неговиот роденден ја објави првата фотографија и ја покажа неговата најсакана, која тогаш ја именуваше како најубавиот животен подарок. Иако пејачот до денот кога стана татко не откри дека очекува принова, ниту дека неговата сопруга е бремена. Овој пат пејачот на социјалните мрежи објави фотографија со наследничката како ја држи во раце и позира пред тортата на која има принт со суперхерој и свеќичка со број 36. Додека пак  на објавата пишуваше  „Сакајте го оној кој ви подарува повеќе од самиот подарок“ - искрен, емотивен и задоволен со насмевка и полна прегратка изјави Белов на неговиот „Инстаграм“ профил. Македонскиот пејач Александар Белов  живее и работи во Србија поточно во Крагуевац, а со неговата сопруга Јелена минатата година се остварија во улогата на родители и ја добија нивната наследничка Мина. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александар Белов  ]]>

Журка за паметење: Еве каде Лепа Брена го прослави 57-от роденден (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zurka-za-pametenje-eve-kade-lepa-brena-go-proslavi-57-ot-rodenden-foto/ Sat, 21 Oct 2017 08:12:23 +0000 http://vistina.mk/?p=868

Лепа Брена го прослави 57-от роденден на свадба со своите колеги Горан Бабиќ и Марко Гачиќ, но точно на полноќ семејството на младоженците и пријателите, организира изненадување за пејачката. Всушност, по што и официјално започна 20. октомври на датумот кој е роден Брена, машките членови на семејството Живоиновиќ  предводени од младенците донесоа  огромна роденденска торта со слика на Лепа Брена и заедно сите и  ја испејаа  роденденската песна. Допрена од овој гест, пејачката им се заблагодари на гостите и младенците со кус говор, а потоа го зеде микрофонот и запеа неколку од своите најголеми хитови.
„Не можам да најдам вистински зборови да ви се заблагодарам. Одамна престанав да ги славам моите родендени, бидејќи паднаа во втор план заради оние на моите деца“ - рече таа. Поважно за мене е да се омажат и оженат  вакви прекрасни луѓе.  Сепак, сакам да ви се заблагодарам што се сетивте на мојот родонден и ме ставивте во вашата приказна. Имам само едно нешто да Ви кажам... Ги молам музичарите за Ц -дур “ -  ќе рече Брена, по што на младенците , но и за сите гости ја запеа песната „Јас немам друг дом“!
Меѓутоа, тоа не беше се од неа, бидејќи веднаш потоа ги пееше и старите хитови како "Ситније Циле, ситније", "Имам песму да вам певам"... со што  атмосферата на свадбата ја вжешти до точка на вриење. Нејзиниот син  Виктор беше еден од најрасположените, бидејќи имаше двојна причина за славење. Освен тоа да се весели на свадбата на еден од  најдобрите пријатели, Виктор не можеше да ја сокрие својата радост заради успешното изненадувања што и го приредија домаќините на мајка му.
Инаку, покрај Брена, за микрофонот во вечерните часови се фатија и Надица Адемовиќ  и Злата Петровиќ, додека гостите од самиот  почетокот на прославата ги забавуваше Андреана Чекиќ.]]>