роденденска честитка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Oct 2023 07:36:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роденденска честитка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јована Јеремиќ денеска го слави својот 33-ти роденден, а прв и честиташе поранешниот сопруг Воислав (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/jovana-jeremik-deneska-go-slavi-svojot-33-ti-rodenden-a-prv-i-chestitashe-poraneshniot-soprug-voislav-foto/ Wed, 25 Oct 2023 07:25:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323702

Водителката Јована Јеремиќ денеска го слави својот 33 роденден, а нејзиниот поранешен сопруг Воислав Милошевиќ со кој ја има ќерката Леа и упати љубовна честитка, а таа веднаш ја сподели нивната преписка. Тој и  испрати порака во која јасно стави до знаење дека и понатаму неизмерно ја цени и почитува. Покрај здравје, љубов и среќа, Воја за Јована имаше и други убави желби: - Лавице, среќен роденден! Стандардно, да ти посакам здравје, љубов, среќа, успех... Но Господ да ти даде доволно сила, мудрост, трпение да сонуваш големи соништа и да ги живееш тие големи соништа. Да не се откажуваш од се што си наумила и секогаш да правиш нов чекор напред, без разлика колку е тешко. Чекор кој ќе биде запишан, обележје на сите времиња по кое ќе бидеш запаметена. И ако луѓето понекогаш умираат, нивните дела траат вечно, запишани меѓу заслугите на оние кои имале храброст да ги живеат своите најголеми соништа во реалност. Да си жива за многу лета! - напиша Воја, а Јована веднаш му одговори:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

- Ти благодарам, мое добар мој лаву. Ти си мојата душа. Лавицата секогаш ќе те поддржува, го знаеш тоа. Додека е жива! – му напиша Јована на поранешниот сопруг кого го нарекува прв сопруг. Инаку, Јована и Воислав по разводот останаа во одлични односи. - Првиот сопруг го доживувам  како син. Ќе има жена и ако даде Господ ќе се ожени и ќе добие трето дете. Единствената непроменлива жена во животот на Воја е Јована Јеремиќ, а тоа мора да го знае и почитува секоја жена што е со него. Затоа што ако на Воја му недостасува влакно од главата, ќе го превртам целиот свет за да му помогнам. Заедно поминавме 4 години и никогаш не ме изневери. Ме поддржа и ми даде колку што можеше во дадениот момент. Секој што ќе се обиде да го допре ќе има проблем со мене. Кога нешто му недостига, правам се што треба - изјави неодамна Јеремица и додаде: - Воја ми беше пријател. За мене сите големи љубови се случија од пријателство. Ова е најискреното интервју што сум го дала. Не можам да водам љубов ако не чувствувам дека тоа е нешто реално и дека тој ме разбира по друга основа. Не ми беше тешко бидејќи претходно ми беше голем пријател – изјави тогаш таа за „Курир“. Фото: Принтскриб/Инстгарам/Јована Јеремиќ /Марко Џоковиќ]]>

На Марија Луиса Тодоровска се’ и се лепи: Од „влажни машки погледи“, до пијани гости и богат бакшиш што не може да го доброи и самата, но и уште нешто… пред сопствената врата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-marija-luisa-todorovska-se-i-se-lepi-od-vlazhni-mashki-pogledi-do-pijani-gosti-i-bogat-bakshish-shto-ne-mozhe-da-go-dobroi-i-samata-no-i-ushte-neshto-pred-sopstvenata-vrata-video/ Thu, 13 Jul 2023 08:57:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310053

Марија Луиса Тодоровска  се чини  ги живее  своите „пет минути слава“ и од животот и од кариерата. За брзо време откако се „прешлта“ да настапува во македонската престолнина инстантно стана позната без ниту една своја испеана песна. Ама  затоа Марија пее секоја вечер или речиси секоја и тоа не за ситна дневница туку за дебел бакшиш по што го доби прекарот „македонска кралица“... Која богато „го жнее“ бакшишот, додека некои други го делат едвај ситнишот! А како и не би кога на неа се' „се лепи“! Од „влажни машки погледи“ на нејзините разголени Инстаграм постови... ...Преку оние што со „очи ја пијат и соблекуваат“ на нејзините настапи, па се' до богатиот бакшиш новчаници од девизи и денари, кои после секој тезга пејачката не може да ги доброи. Арно ама, ако помисливте дека на Марија Луиса се лепат само пијани гости, евра, франци, денари или долари, верувајте дека сте во голема заблуда! Зашто на битолската убавица со скопска адреса на живеење деновиве и се случи и едно малку поинакво „лепење“! Имено, роденден е денот што го чекаме цела година... барем кога сме деца. А кога ќе потпораснаме, баш и не е сеедно, ама ако... Нека е само за арно и нека се множат годините, како што и се множеа на пејачката која го прослави својот роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, но затоа пак пејачката не ги ни крие. До душа, кој како го доживува она што го покажа, колку наполнила, ама... ајде! Роденден без убави желби, честититки, подароци и торта не бидува, па затоа покрај сето наведено Марија Луиса Тодоровска доби и торта... И тоа в лице! Онака залепена како шлаг од шампита, што всушност наместо торта и беше! Како роденденска шега наместо честитка или поточно во пакет со истата и тоа штом ја отвори влезна врата откако на истата и заѕвонија оние што ја „залепија“! Така што сега, откако  од „битолска“ стана  „скопска“ многу е појасно што се' и се лепи на Марија Луиса Тодоровска! Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska]]>

Лепа Брена на несекојдневен начин му го честиташе роденденот на Саша Поповиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-na-nesekojdneven-nachin-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-sasha-popovik-foto/ Mon, 24 Apr 2023 10:10:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299052

Лепа Брена на социјалната мрежа Инстаграм му го честиташе роденденот на Саша Поповиќ со несекојдневна слика на која тие двајца се прикажани како ликови од Симпсонови. На сликата Лепа Брена го јава Поповиќ, исто како што и самата пејачка своевремено му направила на својот пријател и колега од бендот на еден свој настап. - Додека Брена ме јаваше, јас заработував - изјави еднаш Саша Поповиќ. Имено, додека пееше со Саша Поповиќ и „Слатки грех“, Брена често се качуваше на рамениците на својот колега. - Во тоа време беше толку скандалозно што му се качував на рамениците на Саша Поповиќ и тој ме креваше, што подоцна го правивме тоа од инает за да се смееме на лажниот морал што тогаш владееше во нашата земја - раскажала еднаш Брена. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена  ]]>

Изостана честитката од Анастасија: Мајката на Ѓудељ за нејзиниот посебен ден доби честитка само од поранешната на нејзиниот син (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/izostana-chestitkata-od-anastasija-majkata-na-gudel-za-nejziniot-poseben-den-dobi-chestitka-samo-od-poraneshnata-na-nejziniot-sin-foto/ Tue, 31 Jan 2023 09:04:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286564

Мајката на Немања Гудељ, Оливера, минатата сабота го прослави роденденот, но честитката на Анастасија Ражнатовиќ изостана, додека на изненадување на сите порака испрати поранешната на фудбалерот. Иако сите мислеа дека Анастасија и нејзината идна свекрва Оливера се смириле, се чини дека тоа навистина не се случило, но затоа Сања Вучиќ и мајката на Немања се во најдобри можни односи, а доказ за тоа е пораката што ја испрати пејачката..  Според медиумите, Оливера и Вања Гудељ сѐуште се против врската на Немања со Анастасија и од срце го поддржуваат да се смири со поранешната девојка Сања Вучиќ, која ја обожаваат. Дека нивната врска сѐ уште е одлична, и покрај раскинувањето, можеше да се заклучи уште минатиот викенд, а повод беше роденденот на Оливера. Имено, Сања јавно и честиташе на мајката на своето поранешно момче и остави коментар под фотографијата на Вања на која и изрази љубов на мајка си по повод нејзиниот роденден. За разлика од Сања, изостана честитката на Анастасија, па на Инстаграм не можевме да видиме дека пејачката во саботата и испратила убави зборови на мајката на своето момче, што сите го очекуваа, со оглед на тоа што таа зборува за тоа како има фантастичен однос со неа. Иако таткото на Немања, Небојша неодамна се обиде да ги смири сопругата и ќерката со Анастасија, таа мисија се покажа како неуспешна, а уште еден доказ за тоа е фудбалскиот натпревар во Севиља, на кој токму на роденденот на Оливера присуствуваа Вања и Анастасија. Фото: Принтскрин/Срџан Стефановиќ/А. Јовановиќ/Инстаграм]]>

Мајката на Миа Костова на прагот од седмата деценија позира во бикини и остава без здив: „Од овој стомак излегов пред 36 години“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-na-mia-kostova-na-pragot-od-sedmata-decenija-pozira-vo-bikini-i-ostava-bez-zdiv-od-ovoj-stomak-izlegov-pred-36-godini-foto/ Sat, 06 Aug 2022 07:45:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173966

Миа Костова секоја година на Денот на вештерките 31-ви октомври има објава на социјалните мрежи која е страшно добра! Станува збор за роденденска честитка до нејзината мајка, за која редовно во прилог оди и фотографија од која многумина остануваат со подотворена уста од тоа како изгледа г-ѓа Оливера. Бидејќи ништо не е случајно и „крвта не е вода“, па и гените мораш да ги наследиш од некого, а со самото тоа и убавината, а Миа очигледно тоа го има наследено од нејзината мајка која е некогашна професионална балерина.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Olivera Dilindarski (@dilindarski_o) on

Без оглед на годините, мајка и на Миа изгледа како за неа времето да застанало, со става вредна за сите пофалби. -Сите имаат мајка, ја имам 59 годишна риба и сум и прва љубов. Чисто информативно, дупла шкорпија со месечина лав. Халоувин квин.Сликава е нова, од стомаков изглегов пред 36 години. Среќен мајка! Љуби те Миа, пишува во описот на роденденската честитка. Кој би рекол дека се мајка и ќерка, многу повеќе како да се сестри! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mia-kostova-ja-pokaza-13-godini-pomalata-sestra-sosema-sme-poinakvi-no-ena-mi-e-vistinska-sestra-foto/]]>

Сузана Гавазова со емотивна посвета јавно му го честиташе роденденот на човекот на нејзиниот живот: „Јас сум најсреќната сопруга на светот“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-so-emotivna-posveta-javno-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-chovekot-na-nejziniot-zivot-jas-sum-najsrekjnata-sopruga-na-svetot-foto/ Mon, 21 Mar 2022 09:53:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243684

Естрадната професија навидум изгледа лесна, и забавна, а во суштина зад насмеаните и ведри лица на распеаните уметници се кријата различни животни приказни, разно-разни судбини не секогаш со среќен крај. Природата на естрадната професија не само што нималку не е лесна заради икс околности, туку начинот на живоот на естрадните ѕвезди, особено дамите, носи безброј ризици, кои неретко се одразуваат и на нивната приватност. Токму заради тоа, многу од естрадните пејачки имаат зад себе и еден или неколку пропаднати бракови, несреден приватен живот, исполнет со љубомора, сцени, расправии, несогласувања, па дури и случаи на семејно насилство... да се опстане во љубовна врска или хармоничен брак со естрадна пејачка многумина велат дека е „научна фантастика“ или поточно - „невозможна мисија“! Но дека она што за многумина е „невозможно“ за македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова очигледно е секојдневна реалност, зашто атрактивната струмичанка и покрај сите ризици и предизвици на естрадната професија, живее во брачна чудесија! Во складен и хармоничен брак со својот сопруг Јасмин, кому до душа „од втора мајка“ среќата му се насмеала, но евидентно е дека „секирата му паднала во мед“ и нему, ама и очигледно и на пејачката. Да не е така, не би биле изразите на љубов толку големи и во форма на емоции и во вид на подароци за сите позначајни датуми и тоа од обете страни. Роденден е денот што го чекаме цела година - велат децата, а возрасните можеби и не му се радуваат толку иако... Какви се времињата во кои живееме, евидентно е дека сите им се радуваме на родендените, без оглед на возраста и годините кои ги полниме! Покрај она нематеријалното што Гавазова (ќе) му го дарува на својот сакан Јасмин и подарокот што му го купила или подготвила, пејачката својата љубов јавно му ја искажала со роденденска честитка на  сопругот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

„На овој прекрасен прв ден од пролетта е роден мојата љубов, мојот сопруг и татко на моите деца. Личност која секогаш стоеше со мене до крај и никогаш не се сомневаше во ниту една одлука. Човек со храброст, човек со искреност, добар сопруг, добар татко, совршен придружник. Јас сум најсреќната сопруга на светот! Те сакам и среќен роденден, да си жив и здрав, Јасмин Курузовиќ“ - јавно му порача од срце и душа во искрената честитка Сузана на својот сакан! И после некој нека каже, дека ова е не е љубов? Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova]]>

Весна – Бејби со роденденска исповед од детството и стара фотографија како честитка за „Happy birthday“ на сестра и (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-so-rodendenska-ispoved-kako-chestitka-za-happy-birthday-na-sestra-i-foto/ Fri, 26 Nov 2021 09:04:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59886

Македонската актерка и водителка Весна Бејби Петрушевска е навистина уникатна по многу нешта. И таман ќе помислите дека за неа се' се знае, Бејби ќе изненади со нова случка, приказна, фотографија, пост на социјалните мрежи...
Така и овој пат, кога на нејзината постара сестра Маја  и го честитатше роденденот, на многу необичен налчин - со роденденска исповед и фотографија од детството како роденденска честитка за сестричката!
Инаку, Маја е новинар по вокација и оддамна не живее во Македонија. Живее во Велика Британија... во Лондон и работи во една од редакциите на Би - Би - Си! Не се гледаат премногу често, ама кога ќе се видат... мора да е вистинска „лудница“!
До душа, „лудница“ е секогаш кога сте во друштво на Бејби, а и кога не сте баш толку близу до неа. Конечно таа не го заборави роденденот на сестричката, ама не заборави и да ја потсети и неа и себе си и сите други што ги познаваат и не ги познаваат какви биле како деца. Со постирана фотографија и исповед на „хулиганот“:
„Маја е навистина повеќе од сестра. Денес Маја имаш роденден и сакам да ти кажам дека си најпрекрасното суштество во мојот живот. Таа љубов не се мери и не се брои. Знаеш дека ми недостасуваш како вода и воздух, но знам дека си совршена мајка на Јана и Ема и супер грл на Џоле. Те љубам до најмалите ѕвезди. Среќен роденден! “ „Маја е постара од мене цели две и пол години. Мене ми е повеќе од сестра. Кога бевме многу малечки сами се чувавме, оти нашите родители беа постојано на рабо-та. Имав само 4 години кога уредно ѝ го местев столчето на Маја за да може да се поткачи и да ги измие садовите. Тоа беше еден однос како калфа и чирак. Во мојот млад живот, од четиригодишна возраст па сè до 10 години, ѝ бев вреден чирак на Маја. Ја прашував за сè, дали може да станам, да седнам, да трчам, да избришам прашина. Беше трпелива со мене. Само еднаш, веројатно многу сум ја изнервирала, се сеќавам дека ми го акна малото сино тенџерче од глава. Во првите пет минути бев во шок и го слушав одѕвонувањето на тенџерето во моите уши како најлоша музика, а потоа сакав да ѝ вратам, но Маја цел живот беше повисока 10 сантиметри од мене. Ми се гледаше како џин, како да ѝ вратам кога е голема, можев евентуално да ја сопнам” - јавно се исповеда Бејби на својот Инстаграм профил покрај роденденската честитка до дада и Маја! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/vesnapetrushevska]]>

Срце од ајвар: Ноне доби најнеобична роденденска честитка од најсаканата личност! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srce-od-ajvar-none-dobi-najneobichna-rodendenska-chestitka-od-najsakanata-lichnost-foto/ Tue, 28 Sep 2021 06:37:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220784

Роденден е денот што го чекаме цела година... Само што некои го чекаат дома, некои но бекој локал, кафеана, кафетерија, клуб, дискотека, игротека... Зависи од возраста, желбите. замислите и можностите. Но, има некои што роденденот ќе го дочекаат далеку од дома, а сепак опкружеени со најблиските, најмилите, најдрагите личности во мислите... Некогаш ним роденденот на далечина им го честитавме со писма и телеграми, денес за среќа сето тоа оди многу побргу или за миг, преку современите можности на денешната технологија, интернетот и социјалните мрежи. Роденден славиме сите, секако и познатите личности, или барем оние кои некогаш тоа биле... А денес се токму далеку од дома, живеат и работат некаде таму по белиот свет, како што е случајот со некогашната македонска поп ѕвезда, пејачката Нона Неделковска или само Ноне. Токму денес, 28 септември на македонската „џепна венера“ и е роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, особено не на Ноне, зашто според нејзиниот младешки „бејби фејс“  изглед, ако не и ги знаете и да сакате не можете да и ги изброите. „Најшетаната велешанка“ во моментов повторно не е дома... Крстари преку седум мориња и океани, работејќи веќе со години на прекуокеанските крузери. Но тоа не значи дека роденденот не го слави...Или пак случајно најблиските и пријателите и го заборавиле. Напротив, уште од рано изутрина на нејзиниот Фејсбук почнаа да пристигаат роденденски честитки во вид на бројни пораки... Со најубави „желби рој“, емотикини на љубов, среќа и радост..., со по понекоја фотографија! Нај печатлива, но и науникатни, најкреативна и веројатно најмногу полна со љубов роденденската честитка од мама Мимоза! Цвеќе, бомбони, балони, емотикони, чоколади, пијалак... сето тоа веќе сме го виделе безброј пати во роденденските честитки и е очекувано да се сподели покрај убавите зорови. Но, она што мајка и на Ноне и го „спакува“ како фотографија со роденденска честитка, навистина ретко се гледа. Или поточно - се гледа за прв пат и затоа е ем оригинално, ем уникатно, ем „златно“! Две недели претходно ќерката и го честиташе роденденот на мајката, а сега мама и возврати на себесвојствен начин: Две срценца од тазе подготвено ајварче, со свеќички што горат во нив, два пати по три парченца сирење, едно варено јајце и чаша свежо цеден овошен сок. Сето тоа прекрасно гарнирано со свежи цветчиња и сервирано во чинија на масата како роденденска појадок честитка за својата ќерка. Да се стопиш од среќа, а и прсти да излижеш... Секако во првата прилика кога „форевер јанг“  Нона ќе се врати дома. Роденденот нека и е среќен, најсреќен... честитка и од редакцијата на Вистина.ком.мк! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska
 ]]>

Познатите за да заработат во време на корона почнаа да наплаќат роденденски честитки: Eве колку треба да платите ако сакате да ви честитаат роденден https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-za-da-zarabotat-vo-vreme-na-korona-pochnaa-da-naplakjat-rodendenski-chestitki-eve-kolku-treba-da-platite-ako-sakate-da-vi-chestitaat-rodenden/ Wed, 25 Nov 2020 10:56:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177969

Постои страница што ја нуди услугата „познатите честитаат роденден“. Замислите личност од јавниот свет која ви е идол, да ви го честита роденденот. Па ова би било идеален подарок! Како и да е, пред да ви падне на памет да побарате честитка за другар или другарка од згодните пејачи, добро распрашајте се за цената бидејќи некои наплатуваат 500 евра за оваа услуга. Круната влијаеше на многу занимања, особено на јавните - актерите останаа без театар, снимања и премиери, а пејачите немаат концерти, промоции, па дури и „тезги“.Многумина одлучија да снимаат видеа за YouTube, за да можат да заработат неколку динари од прегледот. Похрабрите одлучија силно да ја „исплатат“ својата популарност со наплата на честитки за роденденот. Младата пејачка Теодора Џехверовиќ бара 500 евра за да каже само „среќен роденден“. Ако треба да ја отпее песната „Данас нам је диван дан“ или да исполни музичка желба, цената ќе се зголеми. Иако многумина го осудија овој нејзин ценовник, пејачката изјави: „Целиот проект беше моделиран на светскиот пазар. Да бидам тука каде што сум, вложени се многу пари и напор. Луѓето не ме сакаат затоа што само се појавив, но затоа што снимав песни и музички спотови. Потребни се многу пари за да се направи такво нешто. Сосема е нормално некој да наплаќа за тоа што го сторил и вложил. Проблемот е кога пеам, проблемот е кога рекламирам работи, проблемот е кога ќе се согласам со ваков проект, и што мислите oд што да живеам? “ Раперот Девито, колега на Теодора со кого има дури и дуетска песна, е исто така во овој проект. Неговата честитка е малку поевтина од онаа на Теодора, тој бара 300 евра. Актерот Драган Маринковиќ Маца може да ви го честита и роденденот, само за многу помала сума пари. Наводно, неговата честитка чини 100 евра, иако актерот не зборуваше јавно за тоа. Популарната актерка Лидија Вукичевиќ наводно наплатува 100 евра за да ви го честита роденденот. Сепак, колку е ова точно не знаеме, бидејќи актерката изјави спротивно: „ Ме поканија и јас да учествувам. Луѓето ако ме прашаат и приватно им го честитам роденденот, без да наплаќам. Луѓето користат сè и сешто. Во ова тешко време, страшно е да им земате пари на луѓето“. Овој тренд стана популатен по примерот на сајтот cameo.com на кој се наоѓаат познати личности од различни области и ги наплаќаат роденденските честитки. Цената на нивните честитки не изнесува ни приближно до 500 евра. На пример, честитка од раперот Соул Бој чини 150 долари, а ако актерката Дреа Де Матео ви го честита роденденот, тоа ќе ве чини 225 долари.]]>