роден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Sep 2023 10:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Немања Гудељ со повод објави никогаш видени моменти со татка си, а се огласи и Анастасија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nemana-gudel-so-povod-objavi-nikogash-videni-momenti-so-tatka-si-a-se-oglasi-i-anastasija-foto/ Tue, 26 Sep 2023 10:53:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319766

Прославениот фудбалер и сега тренер Небојша Гудељ го прослави роденденот, а оваа прилика ја објави и неговиот син Немања на својот Инстаграм профил. Немања Гудељ посака да му го честита роденденот на својот татко и објави серија фотографии со со кои му го честита овој прекрасен ден, а истото го направи и снаата Анастасија. - Среќен роденден шефе - напиша Немања со досега невидена фотографија од неговото детство.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Инаку, Небојша неодамна проговори за тоа колку страдало семејството поради неговата кариера, а сега дава се’ од себе да го надомести тоа и да биде што повеќе со синовите: - Животот на еден фудбалер е тежок и вклучува многу жртви од семејството, децата и патувањата. Некое време професионално бев во Кина, Немања остана сам во Шпанија, помалиот син Драгиша сам во Португалија, а сопругата Оливера сама со нашата ќерка Вања во Холандија. Одделени од целиот свет, но секогаш врзани со срце. Тоа беше период од животот кој имаше своја тежина и во кој стекнавме големо искуство и воедно не зајакна уште повеќе како семејство. Имањето и одржувањето семејство е најскапоценото достигнување. За семејството, исто така, за бракот секогаш треба да се бори и за да го одржиш треба да бидеш силен, да имаш голема душа, чист ум и срце верно. Семејството е свето, а бракот е света заедница на двајца луѓе - истакна тој за Курир.рс фото:Инстаграм принтскрин/Немања Гудељ]]>

151 година од раѓањето на Гоце Делчев: Хероите имаат само датум на раѓање https://arhiva.vistina.com.mk/151-godina-od-raganeto-na-gotse-delchev-heroite-imaat-samo-datum-na-ragane/ Sat, 04 Feb 2023 08:15:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287353

Македонците во Македонија и низ светот денеска одбележуваат 151 година од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кој ослободувањето на Македонија го гледал само од самите Македонци. Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви. Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбра светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“. Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на ЦК на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата во Македонија. Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата. Делчев учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Убиен е на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Гоце бил против прераното започнување на востанието. "Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите." "Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите" "...Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија..." "Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот". ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ]]>