робин зимбаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 13:47:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png робин зимбаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панче Касапски ја визуелизираше макфестовската балада која не само што одлично помина, туку и ќе остане – „Помини“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-ja-vizuelizirashe-makfestovskata-balada-koja-ne-samo-shto-odlichno-pomina-tuku-ke-ostane-pomini-video/ Fri, 10 Nov 2023 13:46:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326454

Еден од најперспективните македонски композитори и изведувачи од новата поп генерација, пејачот Панче Касапски го претстави својот нов видео запис за баладата „Помини“ која премиерно ја изведе годинава на Фестивалот за забавни мелодии Макфест 2023 во Штип. Спотот е направен на познати локации во Стокхолм, Шведска, изработен под директна палка на Мерт Арслани. Композитор и аранжер на оваа прекрасна балада е самиот Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, младата пејачка Лара Иванова ги пее пратечките вокали, а миксот и мастерингот е на Роберт Билбилов. „Помини види колку те сакам, помини види колку се лажам дека без тебе сѐ уште можам, а добро знам дека ти си ми под кожа“ е дел од текстот на баладата што ги освои срцата и симпатиите на публиката. Касапски за првпат на македонската музичка сцена се појави на Макфест во 2013 година и оттогаш бележи голем успех со бројни хитови, како „Наивно“, „Намини ноќва“, „Уште си ми ти“, каде Касапски се потпишува како композитор. Значаен успех Панче Касапски постигна со авторската композиција во соработка со Лара Иванова во дуетот „Само сврти се“. Оваа песна беше на врвот на сите топ листи во Македонија. Тандемот Касапски-Иванова ја продолжуваат традицијата на создавање автентичен македонски поп сензибилитет, преточен во современ светски звук актуелен на денешното време и светската поп продукција и композиција. Во продолжение погледнете го видео спотот за макфестовската „Помини“: ]]>

„Урбан ФМ“ – генерален покровител и медиумски поддржувач на „Макфест“: “Урбан ФМ е радио за млади, убави и ‘будали’ во душата… останатите и остарените слободно можат да сменат станица” https://arhiva.vistina.com.mk/urban-fm-generalen-pokrovitel-i-mediumski-poddrzhuvach-na-makfest-urban-fm-e-radio-za-mladi-ubavi-i-budali-vo-dushata-ostanatite-i-ostarenite-slobodno-mozhat-da-smenat-stanitsa/ Fri, 20 Oct 2023 06:30:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323088

1. Урбан ФМ покрај новата сопственичка структура однеодамна и музички и содржински се ребрендираше... Што ја наметна потребата од менување на дотогашната концепција? - Секоја промена неминовно и по дефиниција носи нешто ново со себе, а во случајот на Урбан ФМ ,тоа се рефлектираше како во програмската содржина и музичката уредничка политика, така и во кадровското проширување на тимот, просторно проширување со ново радиско и подкаст hey студио и технолошко и просторно модернизирање, трансформирајки се во она што би требало да претставува модерно радио кое го прати времето, како прво радио во Македонија кое се издигнува и програмски и технолошки и содржински на нивото на водечките светски радио станици. 2. Зошто токму изборот падна да се емитува македонска музика во изобилство, многу повеќе од останатата конкуренција: потребата за поразличност од останатите, видовте можност и празен простор кој може да се освои и пополни во радиоетерот или националното чувство и патриотскиот дух за зачувување на сопствената музика и музичконаледство, јазикот, културата... преовладаа?

-Одговорот би бил веројатно комбинација од двете влијанија, дополнето со чувството дека останатите медуими целосно ја запоставија својата законска обврска и улога во исполнувањето на јавниот интерес за промоција и развој на домашната култура и уметност ,вклучително и домашната музика која би требало да биде основна компонента на секоја медиумска програма. Урбан ФМ ќе се обиде низ својата програма да ги врати нештата во некоја нормална состојба, од онаа изместена реалност и улога во која останатите  радиодифузери намерно или ненамерно застранија.

3. Колку е проблем да се дојде до музички материјал со постарите македонски евергрини, песни, хитови... а колку со она што денешните „нови деца“ го работат и издавбаат како песна, албум, носач на звук? -Воопшто не е тешко да се дојде и до постарата продукција, како и до поновата и да се каже дека е тешко би било само изговор. Во денешното време на технологија ако се сака и работи, има начини да се наполни солидна дури и целосна антолигиска база со македонска музика,а артистите од сите периоди на творење,со задоволство соработуваат и испраќаат своја музика во Урбан ФМ, препознавајќи ја и подржувајќи ја нашата мисија. 4. Каде во моментов се позиционирате себеси како медиум меѓу скопските и радиостаниците во Македонија воопшто и какви се плановите за што подобро место во радиооетерот, а со самото тоа и поголема слушаност и блискост до слушателите? -Имаме кристално чиста визија околу тоа,а тоа е деха Урбан ФМ е единствениот радиодифузер во моментов наменет за младата публика. Тргнувајќи од премисата и реалноста дека сите останати медиуми се остарени како по сопственичка структура, така и по кадровската структура и содржинско - технолошки и уредувачка и музичка програма застанати во некој минат век и времиња, Урбан ФМ создава млада програма, со млади луѓе и модерна технологија и со доминантно млада македонска и светска музика и содржини наменети исклучиво за младата публика, како и повозрасната публика која музички и духувно младо се чувствува во душата. Односно како што гласи нашето мото кое допрва ќе го комуницираме со јавноста: “Урбан ФМ е радио за млади, убави и “будали” во душата… останатите и остарените слободно можат да сменат станица”!   5. Како гледате на сите превирања во ЗАМП и каква е вашата соработка со оние кои треба да ги штитат правата на авторите, но и да бидат кооперативни соелектронските медиуми? -Од аспект на медиум, не е наше да ги коментираме превирањата и аферите околу состојбите со поделбата на средствата помеѓу авторите и тоа останува да го решаваат меѓусебно членовите на ЗАМП. Нас како медуими ниту не засега, ниту имаме легална основа да одлучуваме околу тоа. Медуимите, сите радио и ТВ станици, преку софтверот кој треба да ги доставува сите податоци за користена музика до ЗАМП, би требало да бидат базата на информации по која би требало автоматски да ги респредулуваат средствата собрани само од радиодифузерите, зависно од тоа чија мизика колку е користена. Зошто тој софтвер намерно и целосно не е ставен во функција и зошто средствата од сите медиуми, хорека сегментот и сите музички настани, се' уште се дели по рачно доставени листи од само еден радиодифузер, е прашање на кое треба да одговорат од ЗАМП? Она што ЗАМП во последниве години негативно започна да делува врз медиумите е еден премолчен факт кој тивко незаконски започна да се одвива во сенка, а тоа е дека некој во ЗАМП се досетил незаконски да наплаќа “радиодифузна такса” од трговски субјекти кои пуштаат радио на своите работни места и услужно продажни локации, подметнувајќи им го слушањето радио како користење на “фонограми со авторска музика од членови на ЗАМП”. И тоа испраќајки неовластени квази “инспектори” - инаку обични музички и правно необразувани луѓе за паушален надоместок од ЗАМП, да пополнуваат некакви фиктивни записници за користење “фонограми” од страна на трговски продажни места, преку кои со асистенција на една адвокатска канцеларија и подобни судии, носат извршни решенија за присилна наплата за слушање радио  од бензински пумпи, трговски и услужни субјекти,  директно плашејќи ги дека слишањето радио треба да се плаќа во ЗАМП. Ограничувајки ја слободата на медиумите и ставајки се над Уставот и законите кои пред десетина години ја укинаа радиодифузната такса во Македонија. Дополнително во ЗАМП не членуваат фонограмски продуценти ниту изведувачи на кои им следува надоместок за користење фонограм, согласно Законот за авторски и сродни права, па самата дубиоза станува поголема и понелогична во чие име ЗАМП ја злоупотребува оваа материја. Тоа е сериозен проблем за нас како радија,а сериозен проблем на измама за незаконско извлекување средства од  стопанството од преку 70.000 трговски друштва во Македонија од  страна на некој во ЗАМП, кој измислил  непостоечки основ да собира средства  и да го ограничува уставно загарантираното право на слобода на медиумите, меѓу кое и слушање радио програма. Ние како радија плаќаме во ЗАМП за користењето  музика и никој нема право да го ограничува или наплаќа двојно и  од било кого што ја слуша нашата програма. Во оваа прилика љубезно би ги замолиле да ни го остават слушателита на мира, да им понудиме правна помош да ги средат незаконските правилници за наплата кои можеби ги наследиле од некоја поранешна гарнитури, како и да гостуваат во нашата програма и да ја објаснат таквата ситуација. 6. Стариот хит „Video killed the radio star“ своевремено му претскажуваше брзо згаснување на радиото, кое сепак и покрај тоа опстана. Колку сега новите технологии, видоплатформи, Интернет канали , социјалните мрежи ве плашат и ви се сериозна конкуренција или пак истите ги ползувате за што подобро, побргу и поблиску да допрете до вашите слушатели? -Никој и ништо и никогаш нема да може да го уништи или замени радиото и тоа однови ке се јавува во нова форма и со нова сила и улога.Новите технологии и социјални мрежи отварат бескрајнни можности за еволуција и напредок на радијата и зајакнување на нивната улога во општеството. Урбан ФМ од 1-ви ноември започнува со 12 радио подкаст емисии кои ке ги водат млади музичари и уметници, кои публиката ќе може да ги слуша на нашата фреквенција,но ќе може и да ги гледа во живо на социјалните мрежи во вид на видео подкаст и тоа не само во МК туку во целиот свет, како радио кое е достапно на онлајн радиските платформи и социјални мрежи на секоја точка на планетата каде има пристоен интернет. Урбан ФМ веќе ги надмина границите и досегот на фрекфенцијата и не е повеќе  регионално радио,туку светски радио дифузер,токму благодарение на новите социјални трендови и технологии. 7. Урбан ФМ како поддржувач на македонската музика годинава е е и генерален поддржувач и спонзор на најугледниот македонски фестивал на забавна музика – Макфест 2023 во Штип. Во што ќе се огледа, во кои се сегменти, вашата поддршка и соработка со фестивалот? -Макфест би требало да биде еден од столбовите за развој на македонската музика и ние во Урбан ФМ ја имаме истата мисија,така што соработката е природно условена и наметната.Со овој чекор сакавме да го поздравиме започнатиот процес на ослободување и реформирање на Макфест, финансиски да го поддржиме  за што подобра организација  и заеднички да го направиме актуелен и достапен Фестивалот до што поширока публика со заедничка маркетинг поддршка, со директен пренос и отворено студио од Штип на програмата на Урбан ФМ.

Веруваме дека е дојдено време кога сите треба да почнеме да вложуваме во развојот на македонската музика,наместо само да грабаме од неа, како што досега беше пракса.

8. Како генерални поддржувачи на Макфест 2023 што очекувате годинешното фестивалско издание да понуди? -Почит кон вложувањата,очекувањата и достоинството на артистите на сцената, авторите зад сцената и кон публиката пред екраните и радио предавателите. Ништо помалку од тоа.

 Робин Зимбаков во име на „Урбан ФМ“ 

]]>

Лара Иванова е убедена дека ова лето е нејзино – „Нека гори“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-e-ubedena-deka-ova-leto-e-nejzino-neka-gori-video/ Mon, 17 Jul 2023 06:41:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310464

Лара Иванова, девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка поп сцена пред две години, продолжува со засилено темпо и ова лето. Нејзиниот талент, амбициозност и желба уште еднаш покажаа дека нештата кои се работат со посветеност и многу љубов вродуваат со плод. Нејзината нова тема „Нека гори“ ја има моќта да ве подигне и натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците и енергичниот бит, кој наговестува уште еден музички летен хит. „Нега гори” е дело создадено од македонскиот музички продуцент Иван Јованов – Ивајо и Робин Зимбаков. Како важен дел од музичката кариера на Лара Иванова е дуетот со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна „Bella“, која стана регионален балкански хит и достигна над 22 милиони прегледи на Јутјуб. Тие минатата година се претставија со овој хит на најголемиот музички македонски фестивал „Макфест“. Овој дует е најсериозниот кандидат за добивање на наградата најслушана песна помеѓу две изданија на фестивалот. Покрај настапот на „Макфест“, минатата есен Лара беше номинирана за регионалните Mac награди во две категории со песните „Ремек дело“ и „Јас против целиот свет“ кои се во соработка со македонскиот пејач, продуцент и композитор Роберт Билбилов. За каков музички талент зборуваме, Лара го покажа со добивање на наградата за „Најперспективен артист“ на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“. Се надеваме дека овој нов музички производ ќе биде уште еден нејзин хит кој ќе го продолжи патот на нејзината успешна музичка кариера. ]]>

Роберт Билбилов и Лара Иванова снимија светски дует – „Јас против целиот свет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-i-lara-ivanova-snimija-svetski-duet-jas-protiv-celiot-svet-video/ Thu, 28 Jul 2022 10:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260742

Роберт Билбилов по кој знае кој пат потврди дека е вистински хитмејкер, мајстор на современиот звук и модерната продукција. Новата песна овој пат не ја зачува за себе, туку несебечино ја сподели во дуте со младата и мошне талентирана пејачка од новата генерација, Лара Иванова. Иако ова не му е прв дует, Билбилов подеднакво покажува дека е мултиталентиран автор и изведувач. Дует темата на која Билбилов е комплетен музички автор кој ги потпишува композицијата, аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот и е снимена во неговот студио (Just RB Production),  носи наслов  „Јас против целиот свет“. Стиховите на неговиот во последно време постојан соработник Роберт Зимбаков совршено се вклопиле во целата проекција, како и вокалните делници на двајцата пејачи. Музички повеќе од издржана, песната звучи како музичко парче откинато од она што го диктираат новите музички трендови, па да не е испеана на македонски туку на англиски и да не знаете дека се работи за македонски изведувачи, слободно ќе помислите дека е симната од некоја од светските топ листи. Билбилов едноставно е човек кој не само што ги следи модерните музички трендови, туку и самиот подеднакво совршено се вклопува во нив, користејќи ги последните плагини, модерните бои, следејќи го начинот на последните трендови во светската продукција... Затоа и се' што ќе помине низ неговите раце, уши, воопшто низ неговата креативна работилница и студио, звучи светски. Песната „Јас против целиот свет“ е визуелизирана со едноставно, нискобуџетно, но доволно креатино видео кое овој пат го потпишува Ѓорѓи Вацев, чија визуелизација е сосема солидна поткрепа за приказната и пораката која ја носат во себе стиховите и атмосферата на песната. Како звучи и изгледа  „Јас против целиот свет“ на Роберт Билбилов и Лара Иванова проследете во продолжение:  ]]>

Лара Иванова и Панче Касапски заедно во баладата – „Само сврти се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-i-panche-kasapski-zaedno-vo-baladata-samo-svrti-se-video/ Thu, 30 Dec 2021 07:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233127

Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видеозаписот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, темелена на емоциите и уметноста. Во видео спотот Лара е претставена како сликар, што е целосно нејзина идеја како начин за визуелизирање на тематиката на песната, а драматичноста на испеаните стихови е преточена во секој кадар од новото видео. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Видео записот го режирал  Ѓорги Вацев, а зад уникатното сценарио за видеото стои целиот тим. Стајлингот на пејачите во видеото за „Само сврти се“ се должи на Викторија Бурсак која креирала модерен микс од брендови. Шминката и фризурата се на Даниел Николовски. „Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Како мој прв дует со македонски артист, моите очекувања се дефинитивно надминати, а снимањето на песната во студиото на Лазар Цветкоски секако делумно допринесе за истото. Со помош на музиката и желбата да креираме нешто сосема поинакво и оригинално, и со моќните стихови, кои што Робин Зимбаков совршено ги вклопи во оваа песна и кои што пренесуваат автентична емоција, – заеднички успеавме да создадеме оригинално уметничко дело“ - ќе изјави Лара по објавувањето на песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение. ]]>

Лара Иванова во магична изведба опиша како изгледа кога во љубовен неповрат заминува една – „Душа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-vo-magichna-izvedba-opisha-kako-izgleda-koga-vo-ljuboven-nepovrat-zaminuva-edna-dusha-video/ Fri, 24 Sep 2021 12:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220578

Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на годишниот фестивал "Макфест 2021", кој неодамна се одржа во Штип. Лара буквално ја "разнесе" сцената во Штип со нејзината изведба на песната "Душа" и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација. Инаку "Душа" е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем. "Душа" доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. - "Душа" мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика“ - вели Лара. Како изгледа аудиовизуелниот пакет на нејзиното макфестовско остварување, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=hrPVumNqcYw[/embed]]]>

Роберт Билбилов прашува со „Кој отров“ ја смируваш совеста? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-prashuva-so-koj-otrov-ja-smiruvash-sovesta-video/ Mon, 26 Jul 2021 12:51:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212651

Роберт Билбилов е неуморен! После одличното видео за темата „Нигде не те наоѓам“ познатиот пејач и композитор со ново музичко парче. Овојпат станува збор за синглот кој го носи името „Кој отров“, а премиерата на спотот за истиот беше вчера. На официјалниот канал на Јутјуб веќе можете да го најдете и погледнете, а тимот кој се погрижи за ова ново хитовско остварување се самиот Роберт ( музика и аранжман) и Робин Зимбаков кој го потпишува текстот. „Ова е проект на кој што сум особено горд и мислам дека е еден од подобрите. Текстот го напиша мојот долгогодишен пријател и соработник Робин и сигурен сум дека имаме хит во најава. „Кој отров“, како и „Нигде не те наоѓам“ се само најава за она што допрва следува, а тоа е албум, мислам дека и должам на публиката нов носач на звук, откри Билбилов.   "Кадрите за видеото за снимени во Охрид, а за нив задолжен беше Даниел Јовевски кој приказната од песната ја долови визуелно на совршен начин, со помош на убавата Елена Гугоска, додека, пак, за целокупниот изглед на Елена и Роберт се погрижија Даниел Николовски, Цеце Николовска и Викторија Бурсаќ Петров. „Тоа е таа емоција која што ја носиш, посебна е!“, „ Секоја песна емоција, како ѕвезди на небо ги редиш“, „ Совршено, делот со виолината фантазија“, „ Се што Роберт ќе скоцка е незаменливо и единствено, побогати сме за уште еден летен хит“... се само дел од коментарите од страна на фановите испишани под видеото.   Во продолжение погледнете го спотот за „Кој отров“ и доколку ви се допаѓа споделете го на социјалните мрежи. Македонската музика повторно се враќа на голема врата, Роберт и се она што го сработи изминатиов период се доказ за тоа!   Во продолжение погледнете го видеото за „Кој отров“: ]]>

Тара за сечија љубовна болка има – „Лек на рана“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tara-za-sechija-ljubovna-bolka-ima-lek-na-rana-video/ Mon, 21 Jun 2021 12:51:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207744

Македонски пејач Александар Тарабунов е неуморен. Додека многумина среде корона пандемијата мируваа, тој и тогаш работеше и снимаше, па зошто не би го правел тоа и сега, кога жестината на вирусот полека стивнува. Деновиве популарниот Тара ја промовираше неговата најнова песна „Лек на рана”, за која многумина велат дека ќе биде летен хит. Музиката за оваа песна е повторно негово авторско дело, текстот на Робин Зимбаков, додека аранжманот созаеднички сили го направиле  Тарабунов и Роберт Билбилов, а овој вториов разбирливо е и музички продуцент на песната. Инаку темата е модерно спакувана во поп продукт со латино примеси во кои провејува шпанска гитара, одлично вклопени во моќната продукција на Билбилов и сугестивниот вокал на Тара, кој ги допира чувствата и милува емоциите, уште на прво слушање. Кога на тоа ќе се додаде одличниот текст на Зимбаков, вткаената лирика во емоцијата со која зрачи песната, јасно е дека ова еден од подобрите годинешни  домашни поп прозиводи. Модерен, можен, а при тоа во себе има и душа! Видео спотот го реализирал веќе постојаниот соработник на екипата, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови,  Зоран Зонде Стојановски, чија визуелизација во рамките на буџетот, сосема солидно ја надополнува звучната слика на „Лек на рана“. Во продолжение ви предлагаме преслушајте ја и погледнете го видео спотот. ]]>

Лара Иванова само во стиховите на новата песна е – „Осамена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-samo-vo-stihovite-na-novata-pesna-e-osamena-video/ Wed, 16 Jun 2021 13:13:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207355

Oваа 2021 година е  е дефинитивно успешна за младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, таа веќе ги освои симпатиите на публиката. Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите. Таа сега на социјалните мрежи  и „Јутјуб“ каналот, ја промовираше нејзината најнова песна. „Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев ги напишал музиката и аранжманот, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков. Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка. „Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни „Некогаш ќе помине“ и „Кој е сега крив“ кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки“ – вели младата Лара. Режисер на овој видеоспот за „Осамена“ е Владимир Митревски – Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, а идејата за истиот била заедничка. „Спотот за 'Осамена' е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен“ - истакнала Лара. Инаку Лара не планира да го намали темпото на работа, затоа  во иднина од неа, очекувајте само квалитетна музика. ]]>

Панче Касапски и неговиот нов проект воопшто не звучат и не изгледаат – „Наивно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-i-negoviot-nov-proekt-voopshto-ne-zvuchat-i-ne-izgledaat-naivno-video/ Sat, 15 May 2021 07:31:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202517

Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нов звук, од нешто модерно и светско. А, токму еден таков звук овојпат ни подарува младиот штипјанец Панче Касапски преку неговата песна со наслов „Наивно“. Станува збор за асид-џез тема, односно комбинација од диско, фанк, џез и сол, нешто што навистина е реткост да се слушне на овие простори. За музиката и аранжманот се потпишува токму Панче, додека текстот е дело на Робин Зимбаков. Песната е снимена во студиото на Роберт Билбилов. Инаку Панче за новата песна сними и доста интересен видеоспот и тоа на неколку локации во Белград. Видеото е снимено од Дарко Митев во соработка со Сергеј Смилков. Покрај Касапски, во спотот се појавува и еден од нашите најдобри модели со интернационална кариера, Вера Хаган. Погледнете, пресчушајте и уживајте онака... „Наивно“: https://www.youtube.com/watch?v=TXhowz2MxTY]]>