роберто поп димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Jul 2021 12:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роберто поп димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова во новата песна не прошетаа – „Од Бекирлија до Битола“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-turundzieva-i-atidze-muratova-vo-novata-pesna-ne-proshetaa-od-bekirlija-do-bitola-video/ Thu, 08 Jul 2021 12:49:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210331

Сузана Турунџиева и хероината на оскаровскиот документарец „Медена земја“, Атиџе Муратова ја промовираа својата нова, втора по ред песна. Насловена „Од Бекирлија до Битола“, песната  е дело на Сузана Турунџиева, која ги напишала музиката и текстот. Аранжманот го направил штипскиот музичар Роберто Поп Димитров, познат како вокал на некогашната група „Кентаур“. Песната е исто така визуелизирана и со видеоспот сниман на различни локации во Бекирлија и Битола. Локациите за спотот се избрани со идеја да се прикажат убавините на родните мести на двете пријателки, а со тоа и убавините на нашата прекрасната природа на нашата земја, Македонија. Видеото го потпишува видеопродукцијата „Венов медиа видео“. Турунџиеваа најавува дека имаат големи планови со Атиџе, меѓу кои и настапи, но и снимање на комплетен материјал за албум. ]]>

Двојна промоција: „Иста судбина“ и „Смртник“ https://arhiva.vistina.com.mk/dvojna-promocija-ista-sudbina-i-smrtnik/ Thu, 25 Mar 2021 13:48:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196037

Оваа сабота, на 27 март 2021 година со почеток во 18.00часот,  закажана е промоцијата  на заедничката песна „Иста Судбина“ на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова. Истата ќе се одвива во рамките на промоција на  новиот албум на штипскиот рокер, Роберто Поп Димитров, насловен како „Смртник. Настанот ќе се одржи во  просториите на „Дом на млади“  во Штип, каде пред новинарите и јавноста ќе бидат претставени обата проекта. ]]>

Роберто Поп Димитров се обидува да ја разбуди нејзината љубов во – „Разбуди се во мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/roberto-pop-dimitrov-se-obiduva-da-ja-razbudi-nejzinata-ljubov-vo-razbudi-se-vo-mene-video/ Mon, 22 Feb 2021 13:41:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190869

Штипскиот рокер и пејач  Роберто Поп Димитров, некогашниот вокал на штипската група „Кентаур“ станува се поактивен. Така по темата „Живот ко филм“, за која веќе напишавме дека беше едно од ретките музички освежувања што позитивно можат да ве изненадат во минатата 2020 година, еве го одново со нова песна, овој пат многу попрофесионално визуелизирана. „Разбуди се во мене“ во основа е поп-рок балада со гитарски призвук, по теркот на песните од старите добри времиња, без експериментирање со електрониката и сајзерските звуци. Едноставна, емотивна, тема кој на прво слушање нуди просторна ширина и мелодичност како во самиот звук, така и во сигурната вокална изведба, во која искусниот пејач сопствената експресија и одличните стихови на Огнен Неделковски знаел како да ги спои во единствена хармонична прегратка. Впрочем, убавината отсекогаш била во едноставноста, но никогаш не било едноставно да се најде начин таа убавина да се сподели на приемчив начин со слушателот, што на штипскиот Кентаур и вокално и музички и аранжмански, па и продукциски му оди со неподнослива леснотија. Видеото кое го потпишува Кокан Палашев и во кое покрај пејачот женската актерска улога ја има Весна Дуева само визуелно ја дополнува звучната слика, како одраз на емотивната состојбата на, за љубов жедната душа, која ја опишуваат стиховите, но ја доловува и целата атмосфера на темата  „Разбуди се во мене“, која буди трперливи емоции кај секој што ќе ја слушне и ќе го погледне спотот. „Песната е само дел, парче албумот со наслов 'Смртник'  кој е снимен во 2020/2021 година во моето студио Кентаур Продукција, каде работам повеќе од 10 години и во кое издадов повеќе албуми и песни од различни стилови: од  рок и хеви метал, рнб, хип хоп... со различни уметници од Македонија, Грција, Словенија, Бугарија“ - вели Роберто и додава:  „Конкретно на целиот албум има мало експериментирање и аранжмански и стилско со нојот матичен гранџ стил и модерен хип хоп, рнб звук... Направив мешавина што може ќе и се допадне напубликата, која сепак го има последниот збор. Во моментов, иако во ситуацијата на коронапандемија работам на неколку проекти“ - порачува Поп Димитров канејќи ве да го проследите и ова негово музичко парче. https://www.youtube.com/watch?v=dYxyvf-OzCM]]>

Роберто Поп Димитров ви го преставува својот – „Живот ко филм“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/roberto-pop-dimitrov-vi-go-prestavuva-svojot-zivot-ko-film-video/ Mon, 11 Jan 2021 12:56:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184631

Роберто Поп Димитров не е ниту ново, ниту непознато има на македонската поп рок сцена. Некогашниот вокален солист на штипската група „Кентаур“ по нејзиното распаѓање заплива во соло водите, иако рака на срце не така често беше активен на естрадната сцена. Штипјанецот се појавуваше и на негов терен, настапувајќи на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип, но и надвор од фестивалската сцена одвреме - навреме исфрлајќи понекоја песна како што е случајот и овој пат. Дека е „стар рокер во душата“, Роберто покажа со најновата песна насловена „Живот ко филм“ која е негово авторско дело кога се музиката и аранжманот во прашање, додека стиховите се на стариот проверен мајстор, непоправливиот лиричар кога се текстовите за естрадата во прашање, прекалениот Огнен Неделковски, кој напишал уште едно текстуално ремек дело. Музички песната потсетува на најблескавите моменти на еден Џибони да речеме, хармоничен поп - рок во кој доминираат одличниот вокал на Роберто и гитарските хармоски рифови кои на темата и даваат мелодичност, простор и хармонска ширина. Како што едни „U2“  да речеме тоа најдобро знаат да го направат. Песната се појави во етерот и на Интернет, поточно на Јутјуб каналот во последнните денови пред Новата 2021 година, а  ја потпишува неговата „Кентаур продукција“. За жал, песната е визуелизирана со прилично едноставно, ниско буџетно „пет пари“ видео, иако заслужува многу подобар спот, но очигледно и финансиските и сите други познати околности биле какави што биле, па видеозаписот е сведен на она - колку да го има. Сепак, тоа не ја намалува вредноста и квалитетот на темата „Живот ко филм“, едно од ретките музички освежувања што позитивно можат да ве изненадат, се рабира, доколку сте оној вистинскиот познавач или барем вљубеник во реалните вредности на поп-рок музиката. Особено онаа што се создава кај нас последниве години. Проследете во продолжение како звучи и изгледа „Живот ко филм“ на штипскиот „Кентаур“, Роберто Поп Димитров: https://www.youtube.com/watch?v=cgb4RQU0U8w]]>