роберт зимбаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Jun 2022 13:09:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роберт зимбаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лара Иванова има ново – „Ремек дело“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-ima-novo-remek-delo-video/ Tue, 07 Jun 2022 13:09:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253393

Со брз ритам за играње и сцени како од најубавиот холивудски филм, новиот проект „Ремек дело“ на младата пејачка Лара Иванова е дефинитивно моќна порака до публиката дека треба да се вложува во македонската модерна музика. Масовна продукција и интригантното сценарио во кое младата пејачка ги покажува и своите танчерски способности заедно со членовите од училиштето за хип хоп и модерни танци „Break a leg “, кореографија на Миа Ристевска, зборуваат за нешто сосема различно и нешто ново на македонската музичка сцена кое може да се мери со светските музички проекти. Фузијата на сексапил и уметност, преку брзата промена на кадри и секогаш присутниот фактор на изненадување, го карактеризира овој видео-спот како Светски продукт, а во кој ЛАРА уште еднаш го потврди статусот на една од идните македонски поп ѕвезди. На почетокот и на крајот на песната, со јасна порака до младата публика, водителката Сандра Јовановска апелира сѐ почесто да се слуша македонска музика. Спотот за песната со филмски сцени – дело на Ѓорѓи Вацев, е нешто сосема поразлично од сѐ што сме можеле да видеме до сега. Песната има моќ ве подигне, да ве натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците. Текстот, како и досега во песните на Лара, е збир од стихови кои креираат содржина достојна за паметење навек, а овојпат и зачинет со нејзин удел. „Ремек дело” е создадено од Лара, македонскиот музички продуцент Дарко Димитров и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека македонската музика има иднина. Дали е тоа така, проследете, па проценете сами во од новото „Ремек дело“ на Лара: ]]>

Роберт Билбилов најде роденденски подарок за публиката – „Нигде не те наоѓам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-najde-rodendenski-podarok-za-publikata-nigde-ne-te-naogjam-video/ Tue, 11 May 2021 06:59:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201953

 Додека светот стагнира(ше) заради корона пандемијата, Роберт Билбилов  работеше и сега откако почна да се наѕира крајот на опаката зараза, а работите полека почнуваат да се придвижуваат, познатиот македонски продуцент, музичар, автор и пејач продолжува таму каде што застана - да “вади“ хитови. Рефренот на новата песна  ќе ве освои на прво спушање: „Мугри без нас, слика без глас, чудно е, ти си дел од мене, а пак си празнина...“, се дел од стиховите од новиот музички производ на Роберт Билбилов кој го носи името „Нигде не те наоѓам“. После мала пауза, на својот роденден (09 мај 2021), Билбилов го промовираше видеото заедно со темата на својот Јутјуб канал. Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува неговиот стар соработник Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт. „Пандемијата со коронавирус ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио , па така и се роди „Нигде не те наоѓам“, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата се случи на мојот роденден и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека „Нигде не те наоѓам“ ќе се најде на вашата плеј музичка листа ова лето“-  порача Билбилов. Кадрите за видеото се снимени на неколки локации, а зад режисерската палка стои „Motion Emotion Film Production“. Во спотот се појавува манекенката Ирина Кузевска, а задолжени за изгледот на актерите – протагности во оваа мала музичка филмска приказна на Билбилов беа Даниел Николовски , Викторија Бурсаќ и модниот дизајнер Мите Занов. Во продолжение слушнете ја „Нигде не те наоѓам“, погледнете го видеото  и доколку ви се допаѓа, споделете го на вашите профили на социјалните мрежи и поддржете ја македонската музика! https://www.youtube.com/watch?v=C7pVkkTkMRk]]>

На Лара Иванова не и е важно – „Кој е сега крив“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-lara-ivanova-ne-i-e-vazno-koj-e-sega-kriv-video/ Mon, 22 Mar 2021 13:35:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195374

Новата музичка надеж во Македонија, Лара Иванова пред помалку од три месеци ја промовираше песната „Некогаш ќе помине“ кој оттогаш, па се до денес е при врвот на топ листите  на речиси сите радиостаници. На Јутјуб оваа песна на Лара брои половина милион прегледи, што навистина е бројка за почит и на неа може да подзавидат повеќето нејзини поискусни колеги. Но, сега е време за нешто ново од младата Лара. Таа вчера, недела 21 март 2021 год.  на социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Кој е сега крив“? Станува збор за уште една нумера во сличниот „вајб“ како и нејзината претпоследна композиција, но сепак нешто ново и интересно. Се разбира, тимот кој победува не се менува, па така и овојпат како автор на музиката и аранжманот се потпишува Иле Спасев, додека текстот е дело на Робин Зимбаков. Лара вели дека е презадоволна од соработката со Иле и Робин и дека ќе продолжи и понатаму. „По промовирањето на песната ,,Некогаш ќе помине” и прекрасните реакции и пофалби од публиката и медиумите, нѐ обзеде креактивна енергија која ја искористивме да создадеме нови композиции, меѓу кои е и ,,Кој е сега крив’’. Се надевам дека публиката ќе ужива и во оваа нумера и дека ќе ни испрати повторно енергија за да продолжиме да работиме со истото темпо“ - вели младата пејачка. Инаку Лара и за оваа нумера соработуваше со младиот режисер Горан Симјаноски, кој успеа да создаде уште една интересна видеоприказна. Лара и нејзиниот тим уште отсега го најавуваат и следниот проект и тоа повторно за само неколку месеци, а дотогаш слушнете ја и уживајте во нејзината најнова песна и видеото за истата насловени „Кој е сега крив“? https://www.youtube.com/watch?v=KvPqyJbMCEY]]>

Лара Иванова јавно објави дека е – „Полудена по тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-javno-objavi-deka-e-poludena-po-tebe-video/ Tue, 20 Oct 2020 12:22:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172303

Младата пејачка Лара Иванова само ден-два откако прку „Промостејџ“  ја најави, денес, 20 октомври 2020 година точно напладне ја промовираше и новата песна насловена „Полудена по тебе“. Ова е нејзина трета композиција, по претходната тема „За нас“ со која се претстави на последното издание на „Макфест“ со која го привлече вниманието на јавноста. За новата песна „Полудена по тебе“, Лара изјави: „Оваа песна е уште едно остварување на моите соништа и морам да признаам дека сум многу возбудена. Впрочем, секое ново музичко парче кое ќе излезе од студио прави да се чувствувам така. Се надевам ќе уживате во неа, исто колку што уживам и јас“ -  вели младата Лара, која како ново лице полека ја освојува домашната естрада. „Полудена по тебе“ има и англиска верзија на песната насловена како “Crazy about you”. Музиката на „Полудена по тебе“ ја потпишува композиторот Иле Спасев, а за текстот се погрижил Робин Зимбаков, додека свој печат со сценариото за видео записот ставил режисерот Горан Симјаноски. Локациите каде што е снимен спотот се  околу објектот на ГТЦ и скопската населба Аеродром. Имено, младата пејачка постојано е во студиото на продуцентот Иле Спасев, со кого веќе работат на нова песна која би требало да биде готова до Нова Година. Во меѓувреме, погледнете го видеото и уживајте во звуците на... „Полудена по тебе“: ]]>

На Полина Тасева, најдобриот дебитант на „Макфест 2020“ многумина ќе и гледаат во грб по – „Се се врти во круг“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-polina-taseva-najdobriot-debitant-na-makfest-2020-mnogumina-kje-i-gledaat-vo-grb-po-se-se-vrti-vo-krug-video/ Tue, 22 Sep 2020 11:44:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168105

Пејачката Полина Тасева е релативно ново име на македонската естрада.  По неодамнешната промоција на на нејзината втора песна во кариерата насловена „Игра“, Полина  зеде учество и на 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ во Штип. Таму талентираната и атрактивна пејачка ја изведе композицијата „Се' се врти во круг“ и за неа се закити со наградата за најдобар дебитант на фестивалот. Овој пат младата пејачка се потпре врз креативноста, знаењето, умеењето и искуството на веќе проверен авторски тим, па музиката и аранжманот за песната се на Роберт Билбилов, а за текстот се погрижи Робин Зимбаков. Производот очекувано, повеќе од добар и заради мајсторството на искусните музички волци, но и заради вокалните квалитети, енергијата, експресијата и душата која Полина и ја вдахнала на песната. Во текот на фестивалскиот викенд,  песната  на Полина „Се' се врти во круг“  доживеа и премиера на видеозаписот за истата, зад кој се потпишува режисерот Владимир Гавриловски. Видеоспот кој на музичката тема и дава поинаква мистика, друга димензија, еротско-психолошки набој кој  созадава амбиент кој апсолутно кореспондира како со музиката, така и со стиховите, а камерата, монтажата и самата режија на видеото уште повеќе ја доловуваат суштината на приказната. Во неа секако Полина не само вокално, туку и со своите естетско-телесни квалитети, природен сексапил и вродена дарба за актерство, брилијантно ја одиграла ролјата која ги спојува двата света: минатото и сегашноста, музиката и сликата. Како сето ова спакувано звучи изгледа, проследете во видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=qG0wVEr4fqA              ]]>

Диви кози на Водно… само што овие не блеат, туку музицираат и пеат! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/divi-kozi-na-vodno-samo-shto-ovie-ne-bleat-tuku-muziciraat-i-peat-foto/ Thu, 21 May 2020 08:08:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150684

Коронавирусот за жал, се' уште царува, речиси секоја втора професија е принудена да мирува! Многу дејности се ставени „во лер“ и чекаат подобри денови да тргнат од „паркингот“, каде пандемијата принудно ги „паркираше“, на одредено време. Во меѓувреме, додека поголемиот дел од луѓето се повлекоа во своите прибежишта за да се заштитат од опасниот „невидлив непријател“, она што е повеќе од видливо е дека природата се разбуди. нејзиниот главен „непријател“ е во „дефанзива“, па таа сос ета своја сила тргна во офанзива, во обнова на своите ресурси, кои ние луѓето свесно или несвесно, слчучајно или намерно се' повеќе и ги уништуваме. Делфини во Венеција, китови во Јадранот, мечки на автопат, ретки птици по езерата, срни по викендичките... се само некои од многуте забележани, дотогаш невообичаени појави. Најновата и овде кај нас во македонската престолнина или попточно нејзината најблиска околина. Дивокози на Водно!?  Ма, не е можно?! - зачудено ќе рече некој. Можно е... и тоа како е можно! Диви кози тоа необични... Овие не блеат, туку музицираат и пеат! Ако се' уште не ви се верува, тука е фотографијата како „крунски доказ“. „Ако коза лаже - рог не лаже“ - така велат, нели? Епа на фотографијата е добар дел од македонската естрадна елита. И авторска и изведувачка, зашто Александар Тарабунов, Роберт Билбилов, Дарко Димитров, Огнен Здравковски, Роберт Зимбаков, Зоран Стојановски - Зонде... не се било кои! Едни од најпознатите македонски музичко, текстуално-визуелни автори, кој композитор, продуцент, музичар, пејач... кој текстописец или уметнички фотограф и режисер, се собраа на купче, па решија дејноста да ја заменат со малку спорт или поточно колективна прошетка во природа! Па како крдо диви кози, како што напишал самиот Тарабунов под фотографијата, правец искачување на врвот на Водно! Ем корисно, ем забавно, ем здраво, ем социјална дружба и размена на искуства, а можеби и по некој договор за нова соработка... Во секој случај, убаво и полезно! Овој пат друштвото „естрадни дивокози“ беше машко - „прч до прч“! Колешките под естрадата останаа во подножјето на Водно. Која по дома, „љубоморна“ што не ја викнале со нив, како Елена Ристевска на пример, која „лута“ што тие шетаат, а не ја оставиле да ги чека во студио, ко „утка“... како Тамара Тодевска!? Како и да е, многу талент на една фотографија, како што напишал еден нивни пријател, покрај споделената слика. Можеби следниот пат талентот на фотографијата ќе биде уште поголем, зашто двете распени дами  веднаш добија понуда следниот пат да и се придружат на естрадно - планинарската екипа... За, заедно да се потат!        ]]>

Барбара Поповиќ добро знае дека ти… „Мирисаш“… на неа! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-popovikj-dobro-znae-deka-ti-mirisash-na-nea-video/ Mon, 23 Mar 2020 08:57:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140877

Пејачката Барбара Поповиќ по одличните дует  изведби со Александар Тарабунов во макфестовската „Би те одбрал само тебе“ или верзиите на латино преработките на старите хитови на Роберт Билбилов: „Избриши ги ти солзите“ и „Сега јас сум на ред“, ја промовираше новата песна насловена „Мирисаш“, за која сними и видеозапис. Станува збор за тема чија што музика, аранжман и продукција ја потпишува Роберт Билбилов, а текстот е заедничко дело на Робин Зимбаков и Роберт Билбилов. Видеото е снимено во Скопје и е работено под режисерската палка на познатиот уметнички и моден фотограф и видеорежисер, Зоран Стојановски – Зонде. Во кадрите покрај Барбара се појавуваат и Роберт Билбилов, самиот Зоран Зонде Стојановски, Александар Тарабунов, нејзината сестра и многу пријателки на Барбара, па веројатно и затоа спотот зрачи со позитивна енергија и спонтаност. „Долго време работевме на оваа тема и размислувавме кога би било најдобро да излезе во етер и конечно се решивме. Се надевам ќе им се допадне на слушателите и ќе измамиме насмевка во овој тежок период во кои се наоѓаме сите. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној кој сум го пеела  до сега, малку експериментиравме со  нов призвук. Мислам дека „Мирисаш“ е само почеток на она што допрва ќе следи“ -  вели Барбара. Во продолжение погледнете го видеото за „Мирисаш“ кое Барбара официјално го претстави на Youtube каналот: ]]>