роберт вукелиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Jul 2020 11:14:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роберт вукелиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Роберт Вукелиќ и Дејан Станковиќ во љубовен триаголник за летна жешка авантура – “Безобразно” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-vukelikj-i-dejan-stankovikj-vo-ljuboven-triagolnik-za-letna-zeshka-avantura-bezobrazno-video/ Mon, 27 Jul 2020 11:10:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160697

Со потенцијал за да биде вистинско летно музичко освежување на нашата домашна сцена , песната “Безобразно" конечно деновиве добива своја видеопромоција , во која се раскажува интересна приказна за една девојка како блефира и заведува паралелно две момчиња. Приказната има интересен заплет и убави моменти, а што е тоа што е безобразно, ќе дознаете кога ќе го погледнете видеото. „Спотот е сниман уште пред да започне корона епидемијата , но се се одложуваше и конечно се решивме да го пуштиме бидејки летото ќе ни помине . Се снимаше во Охрид во еден од најубавите и најатрактивни хотели - „Лаки“, во македонскиот езерски бисер“ - велат Роберт и Дејан. Текстот е на Дејан и Роберт , музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски.  За стајлингот на видеото се погрижи добро познатата Викторија Бурсаќ ,која веќе долг период се грижи за многу познати личности на естрадата и шоубизнисот како кај нас така и во соседството. Во видеото женската улога на заводничка и припадна на младата, убава, згодна и атрактивна манекенка, Елена Ѓорговска . „Наскоро може да очекувате и нешто ново, се надеваме дека ќе им се допадне нашата песна на луѓето низ насмевка“ - порачаа Wolf i Deks и ве канат премиерно да го погледнете видеото: https://www.youtube.com/watch?v=pIh7lzH78Zc&feature=share&fbclid=IwAR3sky14P3jhaZO9NygMzSxd1n_UOH1WtigkwyHichw_Z9EgVD0UciliQdo]]>

Шерифовиќ беше шокирана што Србија не доби поени од Македонија на „ESC“, а еден од членовите на нашето жири и возврати, но ги „помеша лончињата“ https://arhiva.vistina.com.mk/sherifovikj-beshe-shokirana-shto-srbija-ne-dobi-poeni-od-makedonija-na-esc-a-eden-od-chlenovite-na-nasheto-ziri-i-vozvati-no-gi-pomesha-lonchinjata/ Wed, 22 May 2019 08:14:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89122

На четири дена по годинешната Евровизија во Израел, еуфоријата и написите како во странските, така и во домашните и регионални медиуми, не стивнуваат. Една од најпренесуваните вести беше онаа дека поранешната српска претставничка на Евровизија и победничка – Марија Шрифовиќ беше шокирана што македонското жири годинава не и даде ниеден поен на сегашната српска претставничка Невена Божовиќ, па веднаш реагираше на социјалните мрежи:
-Македонија не и даде ниеден поен на Србија? Дали видов добро?, се прашуваше Марија Шерифовиќ, а подоцна исто така на Твитер побара од следбениците да најдат кои се членовите на македонско жири. Па така во еден од коменарите се најде името на поранешниот поп-пејач Роберт Вукелиќ.  Тој пак, не остана рамнодушен и имун на прозивката, па реши да и се објасни на Шерифовиќ.  
- Дали некој од тоа жири на Пинк размислило за исмејувањето на полно Македонски деца кои беа исмејувани, ругани и омаловажувани а тоа сите го гледаа во Македонија и пошироко? Дали некој за тоа пиша некаде или тоа е релативна ствар? – ова до тебе прашање драга Марија Ш.“ – напиша во коментар Роберт Вукелиќ, ама ги „помеша лончињата“ и наместо „Гранд“ каде Марија е во жири, тој го напиша „Пинк“.
Порталот coffeetime.mk ја пренесе изјавата на Вукелиќ кој гордо кажа и се изјасни дека е Македонец и пријател кој ги сака сите соседни земји, вклучувајќи ја и Србија.
Вукелуќ нагласува дека одлуката не е само од еден човек од жирито, туку кога се гласа се земаат во предвид гласовите од сите членови во жирито. Инаку, Роберт Вукелуиќ неколку години живееше во Германија, а неговата последна издадена песна која стои на Јутјуб е  „Време и невреме“ од 2016 година.
За потсетување, членовите на жирито ги одбира националниот сервис во секоја земја, така што кај нас изборот го прави МРТ. Нашето жири годинава го предводи претседателката Сузана Стефановска, музичка уредничка и водителка во МРТ – Радио 2, а заедно со неа своите гласови ќе ги дадат и виолончелистката и пејачка Фјола Исмаили, поп-пејачот Роберт Вукелиќ, диџејката Христина Мицковска и гитаристот, вокалист и автор Ристо Апостолов, познат како лидер на рок групата „Водолија“.]]>