роберт спасенцоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 09:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роберт спасенцоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Задоцнета, ама уште послатка: Свадбата на Антониа и Роберт ја собра естрадата која за младите славеше во име на љубовта – еве ги најинтересните моменти (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zadotsneta-ama-ushte-poslatka-svadbata-na-antonia-i-robert-ja-sobra-estradata-koja-za-mladite-slaveshe-vo-ime-na-lubovta-eve-gi-najinteresnite-momenti-foto/ Mon, 11 Mar 2024 09:34:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341804

Од содржините на Вистина неодамна имавте прилика први да дознаете дека естрадната брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцоски ќе прават свадба, а информацијата од прва рака ја добивме од младоженецот. Па така, како најавија, така и направија. Првите објави на Инстаграм осамнаа кај зетот, кој уште во еден напладне заедно со својата машка дружина и семејството почна да слави. Тргнаа по старите обичаи, викнаа музика за по невеста и откако удри тапанот и чукна првата здравица, еуфоријата и возбудата започна уште повеќе. Иако свадбата не им се случува по ред, зашто склучија граѓански брак минатата година, а веќе имаат и плод на љубовта, малиот Киан, свадбата можеби е временски задоцнета, ама уште послатка. Редот тргна со одењето по невеста, која за портебата се врати кај мама и тато,  па откако завршија со сите планирани свадбени адети, младите тргнаа да си ветат љубов и пред Бога, а со тоа со тоа да завршат комплетно како со граѓански, така и со црковен брак. Откако бидна и тоа со светиот чин, следеше она највозбудливото – свадбата во еден познат скопски ресторан. Антониа и Роберт ништо не заобиколија, па сакаа се’ да изгледа како во бајка. Декорацијата од црвени природни ружи го красеше комплетниот амбиент уште од влезот на салата, па се' до главната маса на младите обиколена со стоптици црвени цветови. Првото поздравување со гостите на влезот беше уникатно и посебно емотивно затоа што во рацете на младоженецот беше нивното синче Киан. Дотерано во свечена бебешка облека што го правеше уште посладок за да им го украде шоуто на мама и тато. Секој во свој филм, невестата во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, а пак младоженецот лежерен во тренди кежуал парчиња  несвојствени за свеченост од ваков тип. Очигледно и очекувано дека невестата била таа што посветила повеќе внимание на себе, па во текот на вечерта облече уште една венчаница, овој пат куса и повторно од тантела, но со долги ракави, а на нозете носеше патики за да биде што поопуштена за полесно играње и стоење на нозе до крајот на ноќта. Како што претходно најави младоженецот, на сбадбата присутни беа околу 300 гости, а покрај роднините и пријателите на семејствата Гиговски и Спасенцоски, најголем дел од беа соработниците од естрадните кругови, како на невестата, така и на младоженецот. Па така, меѓу оние кои славеа за љубовта и бракот на Антониа и Робет беа: Композиторите Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов и саканата Лејла Рамковска, колешките Лина Пејовска, дизајнерката Ива Спасовска, стилистот Даниел Николовски, Александар Дадар и многу други... Камерите од мобилните беа вклучени кај сите кога младите го заиграа првиот танц, а невстата на крајот заврши во рацете на саканиот. За се’ да биде на ниво, а атмосферата плафон, особено за музичкиот дел, беа задолжени група „Арија“ на кои младите им ја препуштија довербата. Социјалните мрежи вриеја од фотографии и видеа од големиот ден на Анониа и Роберт, а во продолжение погледнете ја галеријата од најинтересните моменти. Честитки до младите на кои им посакуваме цел живот да си бидат совршено надополнување еден на друг! фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ jokerdam93]]>

ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-ekskluzivno-otkriva-brakot-na-antonia-i-robert-nema-da-ostane-samo-na-potpis-vo-matichno-vikendov-se-sprema-svadba-golema-imame-pozitivna-trema-i-vozbuda-foto/ Fri, 08 Mar 2024 09:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341573

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покани во естрадните кругови. Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба. -Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се' како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема: - Хмм голема, мала... Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт. Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење. -Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера. А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи... фото:instagram printscreen/jokerdam93]]>

Сопругот на Антониа Гиговска се покажа на дело: Еве колку вистина имаше во коментарите на новопечената мајка што кренаа прашина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/soprugot-na-antonia-gigovska-se-pokazha-na-delo-eve-kolku-vistina-imashe-vo-komentarite-na-novopechenata-majka-shto-krenaa-prashina-foto/ Sat, 02 Sep 2023 07:03:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313693

Неодамна во јавноста и на социјалните мрежи се „крена прашина“ околу тоа дека тазе бракот на пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спаценцоски е на „стаклени нозе“, а се’ тоа поттикнато од еден статус на Антониа кој секој го протолкува слично, само таа „не“. Имено, естрадната тазе мајка сподели еден цитат кој вели: „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“! Логично, оттука мислата прво падна на тоа дека бракот на Тониа и Џокер не штима. Но, демантот следеше набрзо, па новопечената сопруга и мајка реши да се исправи и да им каже на сите душегрижници дека се’ си е на место. Како тазе мајка времето на Антониа е целосно ограничено и насочено само кон едно – бебето Киан. Време за себе има или е сосема малку и тоа ако се добие екстра рака помош, а во случајот прва разбирливо треба да биде од сопругот. Дека тоа е така, тој се покажа на дело држејќи го на гради заспаното бебе, а мама си даде издишка и време за себе со прошетка низ град. Сето ова го документираа за на Инстаграм за убаво да се види и да се знае како стојат нештата за после да нема вака или онака. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Џокерот на Антониа е „Сам“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dhokerot-na-antonia-e-sam-video/ Wed, 14 Jun 2023 06:46:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306156

„Сам, ме срони до грам. На стори нов блам, до зори во стан“ - овие се првите зборови од најновата песна на македонскиот Џокер, која носи наслов „Сам“. По одличната „Такси“, Џокер овој пат повторно „удира“ со уште една контроверзна песна која веќе на големо се коментира на социјалните мрежи... Автор на музиката е Џокер во соработка со Чеис, кој го напиша и текстот. Микс и мастеринг направи добро познатиот Ивајо, а режисер на видеото е младиот и одличен Дарко Јовановски. „Песната е одлична, мене многу ми се допаѓа. Позитивни критики добив и од најблиските луѓе околу мене, а гледам дека и на останатите им се допаѓа. За разлика од претходната песна „Такси“, ова е нешто сосема друго и поразлично од мене“ - накусо изјави Џокер. Инаку како што повеќето знаете, Џокер всушност е Роберт Спасенцовски, сопругот на музичката ѕвезда Антониа Гиговска. Да не должиме многу, погледнете, слушнете, а доколку ви се допаѓа тогаш и споделете: ]]>