роберт спасенцовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Oct 2023 09:30:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роберт спасенцовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џокер на „Макфест 2023“ ја имаше Антониа Гиговска во публика и „Кошула бела“ на сцената (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhoker-na-makfest-2023-ja-imashe-antonia-gigovska-vo-publika-i-koshula-bela-na-stsenata-video/ Fri, 27 Oct 2023 09:25:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324234

На 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според новинарската критика, а и коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции. Една од нив дефинитивно беше и  „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, музичарот и пејач Роберт Спасенцовски кој се крие зад уметничкиот прекар Џокер, кого јавноста подобро го запозна откако и стана момче, а потоа и сопруг на поп пејачката Антониа Гиговска. Џокер настапи за првпат на овој фестивал, на првата фестивалска вечер, а иако „за влакно“ не успеа да обезбеди пласман за во втората, онаа ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“. „Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната“ – изјави Џокер“ кого неговата соруга и колешка Антониа Гиговска сесрдно го бодреше од публиката за време на неговиот макфестовски настап на сцената на домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти... како сето звучи и изгледа проследете во продолжение: ]]>

Сопругот на Антониа Гиговска отвори душа за бракот, улогата на татко, коментарите од јавноста… „Страшно ме вади од памет, стварно не капирам!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/soprugot-na-antonia-gigovska-otvori-dusha-za-brakot-ulogata-na-tatko-komentarite-na-javnosta-strashno-me-vadi-od-pamet-stvarno-ne-kapiram-foto/ Wed, 11 Oct 2023 07:17:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321326

Роберт Спасенцовски, име кое доколку му се додаде префиксот „сопругот на Антониа“, веројатно за повеќето би било појасно за кого станува збор. Сепак, тоа на Роберт не му пречи, бидејќи тој реално и е сопругот на нашата позната пејачка со која неодамна се оставија во улогата на родители. Роберт е дипломиран музичар, негов прв инструмент е хармониката, постојано активен на сцена, но и во создавањето музика за себе која ја претставува под уметничкиот превдонимот Џокер. Изминатите месеци откако се заедно со Антониа, како сопружници и родители на наследникот Киан, за брачната двојка редовно осамнуваат наслови во медиумите, особено за нивната приватност. Токму за ова, Роберт проговори и откри дека во денешно време ретко кој би останал резервиран за социјални мрежи, па и тој, но најчесто останува без реакција дури и кога нешто не му се допаѓа. - Искрено не реагирам никако. Почитувам секакви мислења и секакви ставови –зборувам за искрени. Обично не читам, ама нормално на Фејсбук сум исто така активен и кога ќе налетам на некоја објава со 150 коментари, секој ќе ке погледне нели? Но, страшно ме вади од памет кога ќе прочитам, вулгарни коментари полни со омраза и толку погрдни зборови од некои возрасни жени, да не речам тетки, со фотографии со деца на нивните профилни и кавери.Си велам: „ Добро бе, па стварно не капирам?!“ Ама, небитно, на крајот од денот пак се смеам, и ќе продолжам да се смеам, вели Роберт во интервју за „Женски магазин“. Неодамна го прослави својот роденден, кажа дека подготвува нова песна која ќе биде изненадување за публиката, а откри и како се снаоѓа во улогата на татко. Повеќе прочитајте на линкот...]]>

Се пиеше и пееше во кафеана: Сопругот на Антониа Гиговска честеше мекици за бебето Киан (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/se-pieshe-i-peeshe-vo-kafeana-soprugot-na-antonia-gigovska-chesteshe-mekitsi-za-bebeto-kian-foto/ Tue, 18 Jul 2023 09:01:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310590

Музичарот Роберт Спасенцовски, сопругот на македонската пејачка Антониа Гиговска, честеше мекици по повод  раѓањето на нивниото синче Киан. Сношти ( понеделник, 17 јули 2023) музичарот направи прослава во една скопска кафеана, каде  со жива музика, ора и песни славеше заедно со семејството,  пријателите и роднините. Во еден момент тој на тазе породената Антониа ѝ ја посвети песната „Ја без тебе не могу да живим“ од Халид Бешлиќ. Среќниот татко, пееше цела вечер, а на социјланата мрежа постојано објавуваше видеа и фотографии од веселбата. А со песна славеше и свекорот на Антониа, фолк пејачот Боби Спасенцовски. Гостин беше и долгогодишниот соработник на пејачката Антониа, шминкерот Даниел Николовски, кој исто така објави фотографија од мекиците. Па, додека нејзините најблиски споделуваа фотографии од веселата вечер, мама Антониа објави фотографија од приватната болница каде што се породи, каде е нашминкана и средена  и веќе  се подготвува  секој момент да си замине дома. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска/Џокер93]]>

Се породи Антониа Гиговска: „Фала ти господе за оваа среќа!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-antonia-gigovska-fala-ti-gospode-za-ovaa-sreka-foto/ Fri, 14 Jul 2023 11:38:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310330

Пејачка Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски станаа родители за прв пат. Синоќешната тишина на профилот на социјалните мрежи кој остана без ниту едно ново „стори“ како да ја наговести денешната голема  радост на естрадно - брачната двојка и новните семејства. Македонската пејачка Антониа Гиговска денеска на свет донесе машко бебе, а  убавата вест веднаш ја сподели избраникот на Антониа, Роберт Спасенцовски кој со возбуда   напиша: - Станав татко. Фала ти господе за оваа среќа. Под неговата објава се нижеа честитките од следбениците, пријателите и колегите  кои беа во исчекување. Младата пејачка Антониа, во текот целата бременост беше активна трудница, а во јавноста го споделуваше секој момент од почетокот на бременоста. Породувањето се случи во една приватна болница во Скопје, а Антониа Гиговска уште неодамна откри дека очекува машко бебе. Честитки, да е жив и здрав! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејзбук]]>

„Априлилили“ – Антониа Гиговска и Џокер се маскираа за Денот на шегата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aprililili-antonia-gigovska-i-dhoker-se-maskiraa-za-denot-na-shegata-foto/ Sat, 01 Apr 2023 14:10:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296169

Младата пејачка Антониа Гиговска неодамна на социјалните мрежи, заедно со нејзиниот избраник Роберт Спасенцоски попознат по уметничкото име „Џокер“, по бурниот почеток на нивната врска ги израдуваа најблиските откако ја соопштија среќната вест дека ќе станат родители. Идната мама пред неколку дена на нејзиниот „Инстаграм“ најави дека за фановите подготвува изненадување токму за Први април - Денот на шегата. „Уф, какви фотографии ви подготвувам за Априлилили“ - напиша таа во објавата. Иако сите помислија дека конечно планира да го открие полот на бебето, што ја прашаа и во кометарите, таа објави уникатни фотографии на кои гордо позираше со нараснатиот стомак без ниту едно парче облека на него, а се останато беше во стилот на познатиот филм „Самоубиствениот одред“ , со Џокер и Харли Квин. Свршеникот на пејачката Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски „Џокер“ кој пред извесен период ја објави песната „Такси“,  сега токму на 1-ви Април ја искористи истата маска од спотот на неговата нова песна. „Јас сум Харли Квин на Џокер“  - напиша Антониа покрај објавата која за кратко време доби лавина лајкови и позитивни кометари.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Џокер би таа да дојде кај него, ама сама да си викне – „Такси“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhoker-bi-taa-da-dojde-kaj-nego-ama-sama-da-si-vikne-taksi-video/ Mon, 20 Mar 2023 06:40:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294151

Македонскиот рапер кој се крие зад уметничкиот псевдоним Џокер  на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Такси“ и веднаш предизвика бура од коментари... Колку што  предизвика бура и неговата љубовна авантура, која прерасна во афера, а подоцна и во љубовна врска со Антониа Гиговска, по објавата за нејзината бременост, на која Џокер (Роберт Спасенцовски) потсети и на една од фотографиите симната од кадрите на овој видеоспот... Онаа - со тестот за трудници в уста! Инаку, сцените од видеото буквално наликуваат на филмски, во која главната улога ја има токму Џокер. Но, од каде идејата за „Такси“, објаснува лично Џокер „Склоп на секојдневни ситуации: 'Викни такси, дојди кај мене, сам сум'. Сигурен сум дека ќе се пронајдат многумина. Од таму ми дојде идејата, не дека е лично моја приказна“ - накусо изјави Џокер. Тој ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една нова песна, за која како што вели, ќе биде нешто ново и нетипично за нашата музичка сцена. Инаку токму Џокер се потпишува како комплетен автор на неговата песна, а исто така негова беше и идејата за видеоспотот, кој го снимаше младиот режисер Дарко Јовановски. Мастерот и миксот на „Такси“ ги потпишува Иван Јованов - Ивајо. Како тоа изгледа кога Џокер ќе ти спакува приказна во која тој би таа да дојде кај него, ама сама да си викне „Такси“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

По Антониа Гиговска уште една млада пејачка ќе биде снашка во фолк фамилијата Спасенцовски: На повидок дупла свадба? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-antonia-gigovska-ushte-edna-mlada-pejachka-ke-bide-snashka-vo-folk-familijata-spasentsovski-na-povidok-dupla-svadba-foto/ Tue, 21 Feb 2023 09:27:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289768

Антониа Гиговска ја изненади јавноста со серијата случувања во приватниот живот. По првиот шок дека не е повеќе во врска со пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов, следуваше и оној вториот - афтершок, кога се дозна со дека го изневерила со еден од неговите (нај)добри другари, музичарот Роберт Спасенцовски. Не помина долго време, пејачката кулминираше  со веста дека е во блажена состојба и наскоро ќе се оствари во улогата на мајка. За Роберт Спасенцовски, алиас Џокер, се знае дека покрај тоа што влета во љубовна врска со младата пејачка, дека е и дел и од нејзиниот придружен бенд. Инаку младиот хармоникаш и сајзерист е постариот син на фолк пејачот и музички педагог Бобан Спасенцовски. Она што е помалку познато е дека музичкото семејство Спасенцовски има уште еден член кој е во музико-естрадните води! Имено,  помалиот брат на Роберт и син на Бобан, Александар Спасенцовски е исто така музичар, одосно пејач. До душа не така познат и медиумски експониран, иако јавноста она што прво поконкретно можеше да го слушне и види од него на пример, се неговата прва авторска песна и видеото за истата насловени „Лавиринт“, кои се појавија кон средината на месец септември минатата, 2022 година.   Но, за естрадно-семејната приказна кај Спасенцоски да биде до крај заплеткана како лавиринт, се погрижил и најмалиот Александар, кој исто така „ќарил” пејачка и тоа онаа од неговиот бенд. Информациите велат дека во прашање е Јана Спирковска, која настапува заедно со Александар во истата музичка група, односно акустичното трио. Инаку, Спирковска за брзо време ја освои публиката со нејзиниот убав глас, лик и стас на кој по се изгледа не останало рамнодушно и имуно и срцето на нејзиниот колега Александар Спасенцовски. Таа остави силен впечаток со својот забележителен настап на последниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип со изведбата на песната „Дел од себе“. Така, покрај Антониа Гиговска и новата несудена „снашка”  во семејството Спасенцовски е повторно пејачка. Или што би се рекло, двајцата браќа, Роберт и Александар случајно или намерно се погрижија  семејството Спасенцовски да биде 100 % комплетно музичко. Како потврда на естрадната љубов со колегата, Јана објави и фотографии со Александар на која двајцата изгледаат заљубени до уши. Можеби насловот на макфестовската песна на Спирковска - „Дел од себе“ се однесуваше токму на него? Александар пак, непосредно пред Нова Година  објави своја песна визуелизирана со лирик видео посветена на Јана, која носи наслов: „Желба новогодишна“. Засега љубовните желби на двајцата браќа се остваруваат, а да веруваме дека остварувањата во семејството Спасенцовски и вечно ќе траат. Останува да видиме дали можеби почетокот на ваквата двојна естрадно-љубовна семејна сага, ќе биде крунисана и со дупла свадба во фамилијата Спасенцовски!? Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм/Фејсбук  ]]>

Проструи причината за раскинувањето на Иван Јованов и Антониа Гиговска: Женско неверство и прељуба со колега по што „Џокерот“ заврши во женски раце? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prostrui-prichinata-za-raskinuvanjeto-na-ivan-jovanov-i-antonia-gigovska-zensko-neverstvo-i-preljuba-so-kolega-po-shto-dzokerot-zavrshi-vo-zenski-race-foto/ Fri, 07 Oct 2022 10:08:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270503

Заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“. Парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели. Ова беа написите кои деновиве осамнаа на порталите и во дел од електронските медиуми кои ги изненадија сите оние на кои љубовната бајка на двете македонски музички имиња им изгледаше како да ќе трае довека. Сепак, оние подобро упатените и поблиските од нивното приватно и професионално опкружување, уште летоска почнаа „да шушкаат“, а јавноста да шпекулира за нивното раскинување кога двајцата престанаа да споделуваат нивни заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи, но потоа двајцата сето тоа го демантираа  со нивниот заеднички одмор во Турција. Кризата во љубовта очигледно тлеела, но како и кај многумина се мислеше дека со заедничкиот одмор кризата е надмината, па двете распеани гулапчиња ќе продолжат меѓусебно да си гугаат. Арно ама... Не помина долго време, за љубовната рана, очигледно недоволно зацелена одново да се отвори, а врската на двајаца естрадни уметници да „испука по сите шавови“ и конечно да заврши. И можеби нема ништо чудно ниту необично во сето тоа, доколку само неколку дена откако се обзнани дека „љубовната бајка“ помеѓу Антониа и Иван заврши, не почна второто полувреме од нивната „неостварена сага“. Имено, чаршијата веднаш почна со шпекулира со причините за раскинувањето на пејачот и пејачката. Шушкањата полека прераснаа во гласни муабети, а кога за нешто гласно се зборува тоа бргу стигнува и во јавноста. Така, гласините дека Антониа и Иван не се разделиле туку така зашто љубовта наводно избледела, а емоциите меѓу нив преку ноќ исчезнале, дојдоа до новинарите, односно медиумите. Извори блиски до доскорешните вљубени естрадни уметници почнаа да раскажуваат дека во заднина на крајот на љубовта се крие неверство! Поточно, причината за крајот на љубовната романса е прељуба... И тоа женска, од страна на Антониа? Имено, пејачката наводно во последно време станала забележително блиска со еден од своите колеги-музичари од придружната група која ја следи на настапите. Добро информираните велат дека се работи за сајзеристот Роберт Спaсенцовски, инаку син на познатиот фолк пејач Боби Спасенцовски. Дури и самата пејачка неодамна објави видео во кое насмеани, сами во соба вежбаат... песна за настап?!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

И тука нема ништо чудно доколку нема вистина во тоа дека Антониа и младиот музичар станале повеќе од само колеги и поблиски од само пријатели? Прашањето е дали? Ако е вистина, тогаш за прељубата да биде поболна, а неверството пожестоко, треба да се знее дека машкиот учесник во прељубата е всушност добар пријател и на доскорешното момче на Антониа, Иван. Веруваме дека се сеќавате на проектот „Џокер“ кој токму Иван Јованов го промовираше некаде во април месец годинава (2022), презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“. „Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов. А всушност зад ликот на „Џокер“ се криеше токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски. Проектот мина како што мина, без којзане каков особен фидбек ниту меѓу публиката, ниту во медиумите, ама затоа доколку она што се случуваше потоа е вистина, може да се каже дека се граничи со „иронија на судбината!“ Дотолку повеќе што добро упатените велат дека Иван на својот пријател му помогнал и приватно кога наводно сите бегале од него, во моментите кога се нашол во една тешка животна ситуација. За подоцна овој да му врати вака како што му вратил, секако, доколку во сето тоа има вистина, па „Џокерот“ да заврши во женски раце... Или поточно, доскорешниот пријател во прегратките на неговата девојка? Конечно дали „коцкичките на мозаикот полека се склопуваат“ па целата слика наскоро јасно ќе видат сите, останува набргу да дознаеме. Особено доклку новата музичко - љубовна двојка реши и јавно да се покаже во јавноста, се разбира, ако воопшто такво нешто има? Или ако и го имало, можеби било само „излив на блискост проследена со размена на нежности во мигови на моментална слабост“? Други пак велат дека ниту Иван не бил баш  „цвеќе за мирисање“ и најверен во врската, па прељубата се случила уште претходно од негова страна, наводно со една млада сфаќа на една свадба каде што тој со својот „Либеро бенд“ свиреле, а Антониа потоа за случката и самата дознала? Што и да е, нашиот медиум останува отворен да ги слушне и едната и другата страна... Или поточно сите, односно, трите страни! Во меѓувреме, не сакаме да тврдиме дека бевме пророци, ама уште пред две години, наговестивме со веќе познати примери дека врската е тешко одржлива кога љубовта и славата ќе се измешаат...?! [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/dali-antonia-gigovska-i-ivan-jovanov-od-libero-bend-se-isto-kako-shto-bea-none-i-riste-tevdoski-od-bravo-bend-foto/[/embed] Фото: Инстаграм принтскрин/jokerdam93/jovanov_ivan/antoniagigovskaa        ]]>