роберт орданоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Mar 2021 08:57:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роберт орданоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Иако разделени, Роберт никако не ја испушта од око, па будно го следи секој чекор на Агнеса: „Абе женче, тебе само мажи ти се вртат во главата, мисли малку на ќерките за промена“ https://arhiva.vistina.com.mk/iako-razdeleni-robert-nikako-ne-ispushta-od-oko-pa-budno-go-sledi-sekoj-chekor-na-agnesa-abe-zenche-tebe-samo-mazi-ti-se-vrtat-vo-glavata-misli-malku-na-kjerkite-za-promena/ Thu, 11 Mar 2021 08:51:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193594

Сагата за екс дитекторот на АЕК  и неговата „захтевна“ ( се' уште на хартија) сопруга таман мислевме дека заврши, кога протагонистите не потсетија дека „бурата“ се' уште не минала. На тоа одвреме-навреме не потсетува и понекоја нова (вон)брачна турболенција. И додека траеше привременото затишје во „разводот“ на годината помеѓу Роберт Орданоски  и Агнеса (сега одново Органџиева), понежната половина откако се спакува и се исели од заедничкиот дом, покрај работните обврски во „АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за РМ“, му се врати на моминскиот живот. И тоа интензивно... Кафулиња, кафеани, кафиња, ручеци, дружба... како утеха за болната ситуација или надополнување на „изгубеното“ сите претходно изминати години во бракот, сеедно... Мотивот само Агнеса си го знае. Во меѓувреме „оставениот“ сопруг тврди дека многу повеќе им се посветил на децата. Така барем покажуваат бројните заеднички фотографии на неговиот Фејсбук профил со двете ќерки од прошетките и посетите на различни локации, места, културни збиднувања...Онолку, колку што дозволуваат условите во рамки на протоколите од коронапандемијата. Агнеса не само што стана популарна по „брачниот бродолом“ па стана интересна за медиумите, туку најде  време дополнително да си ја зголеми популарноста со своите изјави и интервјуа, но не само на тема „брак“!  Нејзината појава влета во модниот фокус на рубриките за убавина, па од пред огледало, Агнеса се пресели пред фотообјективот и за читателите на „Женски магазин“ ги откри и своите тајни ритуали за убавина. Но, она што е за едната страна инспирација, за другата очигледно е провокација... Па, неможејќи да додржи, „повредениот“ ( се' уште на хартија) сопруг, чепнат кај што најмногу боли, возврати со свој коментар на социјалните мрежи. Роберт Орданоски објави статус во кој ја обвини својата поранешна сопруга Агнеса дека „само мажи ѝ се вртат во главата“, алудирајќи на нејзините одговори во интервјуто за „Женски магазин“. Тој подоцна се испишмани и го избриша статусот, арно ама... Интернетот има „долго“ паметење, па некои работи тешко се бришат. „Абе женче, се' уште формално не си се развела, тебе само мажите ти се во глава. Многу е важно дали ќе се сетат на парфемот кој си го користела во дружбата со нив. Мисли малку на ќерките , за промена“ - и порача Роберт на својата „одметната сопруга“ во својот коментар. Набргу потоа сфатил дека „избрзал или претерал“ или... што и да е, па се премислил и ја избришал напишаната порака. Брачната двојка која барем според кажаното е во фаза на развод, и стана позната на пошироката јавност по скандалозните препукувања на социјалните мрежи поради нивните брачни несогласувања, а сагата на „Ор(даноски) - Ор(ганџиева)“ очигледно не е завршена. А, таман мислевме толку е...!? Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Robert Bobi Ordanoski/agnesaorgandzieva  ]]>

Агнеса си го врати моминското презиме и замина од домот, а Роберт побара брачен совет, а свадбената фотографија ја стави за главна на својот Фејсбук! https://arhiva.vistina.com.mk/agnesa-si-go-vrati-mominskoto-prezime-i-zamina-od-domot-a-robert-pobara-brachen-sovet-a-svadbenata-fotografija-ja-stavi-za-glavna-na-svojot-fejsbuk/ Mon, 18 Jan 2021 08:33:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185536

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Орданоски повторно е во центарот на вниманието по скандалот кој ја разбранува македонската јавност. Очигледно сагата за „разводот на годината“ допрва почнува да се развива, така што епилогот е сосема неизвесен... како во латиноамериканска сапуница или турска серија во поново време сеедно, но сепак едно е сигурно: Никому не му е лесно од двајцата,  формално-правно се' уште брачните другари. Сепак, се чини дека повеќе пати Роберт, кој последно нешто што направил по најдолгата ноќ во животот за него, како што самиот вели, посегнал по приватната фото-архива, па ја сподели свадбената фотографија со Агнеса, ставајќи ја за главна на својот Фејсбук профил. Очајнички или покајнички потег на извинување според едни, обид да се прати порака дека се' не е готово и брачниот бродолом може да се спаси, а на заедничката љубов треба да и се даде уште една шанса според други, влегување од една во друга глупост, според трети... Што и да е, барем е искрено и отворено од негова страна, иако можеби е задоцнето покажување на емоциите кое нема многу да му помогне, зашто според онаа народната: После „онадуење“ - нема каење“! Но, екс-директорот на пат да стане бивш сопруг, сепак решил да проба тоа да не му се случи! Додека Роберт со децата беше на Пелистер од каде и тргна во јавноста целата брачана циркузијада на социјалните мрежи, Агнеса најпрвин се огласи во медиумите со својата страна на приказната, која можеби и не беше баш најубедлива, иако за едно беше сто насто во право: Брачните проблеми не се решшаваат преку социјалните мрежи, а „валканиот брачен веш“ не се вади на виделина, на увид на јавноста! Во меѓувреме русокосата „барбика“ го смени презимето, поточно од Орданоска, си го врати своето, моминското, Органџиева... Барем за во јавноста, на социјалните мрежи, покажувајќи пркос и решителност дека „капката ја прелила чашата“?! Враќајќи се кон дома од Пелистер, Роберт се огласи со нов статус на својот Фејсбук... Некаде од некој паркинг покрај Велес... Барајќи јавно брачен совет што понатаму?  „Што од правен аспект значи оваа циркузијада?“ - како што самиот напишал: Во меѓувреме додека тој и децата неколку дена зимуваа на Пелистер, неговата се' уште законска сопруга Агнеса го напуштила заедничкиот дом, собирајќи ги сите свои работи и работите на децата и заминала кај своите родители. Засекогаш или привремено, ќе покаже времето. Орданоски и покрај дилемата, решил да ги однесе децата кај нивната мајка која не ги видела цела седммица, а во ваква ситуација нивната блискост многу ќе им значи. Потврда за тоа  е нејзината заедничка фотографија на социјалните мрежи, која веднаш ја споделила пишувајќи: „Моите се... Моите ангели“! Дали токму заради „тие ангели“ брачната сага ќе заврши така што сопружниците сепак ќе најдат заеднички компромис, давајќи им на љубовта и заедничкиот живот уште една шанса или ќе преовладува првичната одлука на сопругата, сега дополнително зачинета со револт, суета, лутина... заради тоа што нивната приватност, очајниот сопруг направи да стане јавна? Разводот на годината ќе добие пресврт со „хепи енд“ или правна завршница, набргу времето ќе покаже?!]]>

По Фејсбук објавата за разводот на екс директорот на АЕК, неговата сопруга Агнеса јавно реагираше, па Роберт Ордановски отвори душа: „Агнеса ме уби без испукан куршум“! https://arhiva.vistina.com.mk/po-fejsbuk-objavata-za-razvodot-na-eks-direktorot-na-aek-i-negovata-sopruga-agnesa-javno-reagirashe-pa-robert-ordanovski-otvori-dusha-agnesa-me-ubi-bez-ispukan-kurshum/ Fri, 15 Jan 2021 07:59:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185275

Целата јавност наголемо зборува за  објавата на Фејсбук на Роберт Орданоски, поранешниот директор  на АЕК, кој јавно раскажа дека неговата сопруга Агнеса решила да стави крај на нивниот брак оти „се оладила од него откако веќе не е директор“ и ја нарече фотошоп барбика. Агнеса Орданоска реагираше на Фејсбук објавата на својот соруг за нивниот развод во најава и рече дека во моментов чека нејзините деца да си дојдат од Битола, каде што се со својот татко веќе неколку дена. Агнеса не крие дека е растревожена од тоа што ѝ се случува и вели дека во целата ситуација најголема жртва се децата, заради тоа што ќе читаат и слушаат невистини за својата мајка, па а нејзината  огореченост ја изнесе за „Фокус“. „Многу е лесно да се нападне жена што се грижи за себе, да ѝ се припишат разни афери, да се кажат лаги и невистини. Знам дека после ова многу луѓе ќе ми се ситат, ќе ме исмеваат, ќе велат дека сум заслужила, но и покрај тоа мене ми се најважни чувствата на моите деца и ќе направам сè за да ги заштитам. Ги чекам децата да се вратат од Молика, Битола, таму ги однесе татко им пред пет дена, се обидувам да се смирам. Кога приватноста на едно семејство се става на тањир пред целата јавност, на ваков начин, што да се очекува повеќе? “, кажа Агнеса. Таа е лута што во јавноста почнале да се објавуваат и слики од нејзините деца. Вели дека сето ова е голема траума за нив, особено што нивниот татко ја наведи во објавата и ја нарече „фотошопирана барбика“. Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат. Нивни другарчиња ја читаат објавата, стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација. Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број на жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот. Многу пораки добив, во кои ја гледам женската солидарност на дело и тоа ми даде утеха во овој лош период. Жената е најлесно да ја нападнеш, да ја омаловажиш во средина во која уште владеат предрасудите, но за среќа помеѓу нас има совесни луѓе на кои им е јасно дека оваа постапка е за секоја осуда“ – вели Орданоска за „Фокус“, која  е дипломиран правник и работи во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Орданоски кој е сега вработен како инженер во МЕПСО, во моментов е на зимување со двете ќерки на Пелистер, за кои вели дека се центар на неговиот свет, одново се огласи, па за „Женски магазин“ зборуваше за разделбата од сопругата која одлучила да му стане бивша, одлука која како што вели, дошла одненадеж и тој се' уште е во шок од нејзината одлука. Но тој ја раскажал и љубовната приказна со мајката на неговите ќерки од која е постар 15 години. Разликата во години, вели тој се трудел успешно да ја менаџира. „Вчера, на 13 Јануари, беше 17-тиот роденден на постарата ќерка, Вивиен. Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа  емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општество, а тоа е семејството. Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство. Уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви“, вели Орданоски за Женски магазин. Екс директорот на АЕК нагласува во интервјуто дека потекнува од семејство на интелектуалци. Вели дека татко му бил правник - судија, а мајка му професор по книжевност, брат му инжинер по информатика. „Секогаш сме живееле скромно и сме ги негувале семејните вредности пред сè. Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: ‚Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш. Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука. Одамна планиравме да отидеме неколку дена на некоја планина, децата поради онлајн наставата се постојано дома, сакав да ги изнесам малку на воздух, затоа и земав годишен одмор од компанијата во која работам. Планиравме да одиме во понеделник, на 11 јануари, сепак после разговорот во неделата вечер испадна дека во хотел ‚Молика‚ на Пелистер ќе одам сам со ќерките и дека роденденот на постарата ќе го славиме без нејзината мајка“, раскажува емотивно Орданоски за Женски магазин.
Во Агнеса, како што се присетува, се вљубил на прв поглед во јуни 2002 година, истиот месец започнале врска, а во април 2003 ја носел на неговото наградно патување за менаџер на годината од „Т-Мобиле“ во Рим, од каде што се вратиле со најубавата вест што човек може да ја добие - Агнеса била бремена со ќерка ни Вивиен. „Во септември истата година се земавме, во јануари се роди Вивиен. Тој период бев директор во Т-Мобиле, со исклучително добри резултати во работата, за што постојано бев наградуван од странскиот и нашиот менаџмент на компанијата. Во 2010 година станав директор на АЕК, во март во 2012 се роди втората ќерка Тифани, мојот живот ја доби најдобрата содржина што еден маж и татко може да ја има. Минатиот септември правевме 17 години брак, во декември Агнеса наполни 37 години, големата разлика во години, 15, се обидував да ја менаџирам на начин да и јас се однесував како да имам 37 години, излегувавме и се дружевме со нејзини другари и другарки. Сè до кобната недела, што се случи и зошто, искрено, не знам, мислев дека имам идеален брак, а така мислеа и сите што не познаваа“, објаснува Орданоски.
Од ова искуство тој се' уште е во шок:
„Не знам сè уште што ќе научам, знам само дека Агнеса ме уби без испукан куршум, ќе се обидам барем децата да не страдаст и да имаат два функционални родители ... Но, едностраната одлука на Агнеса и неоставањето простор за разговор, компромис, не ми остава многу надеж за тоа .. Знам дека нема спогодбено да се разведам, ќе се борам за децата до последниот атом сила во мене ...“, раскажува Орданоски за Женски магазин, а  целото интервју можете да го прочитате на овој линк. ]]>

Екс директорот на АЕК се разведува од сопругата… на Фејсбук: Фотошоп барбиката се оладила, зашто маж и не е повеќе директор!? https://arhiva.vistina.com.mk/eks-direktorot-na-aek-se-razveduva-od-soprugata-na-fejsbuk-fotoshop-barbikata-se-oladila-zashto-maz-i-ne-e-povekje-direktor/ Thu, 14 Jan 2021 08:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185032

Во оваа наша чудесна земја Македонија годиниве се изнагледавме разно разни чуда... Афери, скандали, трачеви, вистини, грабежи, корупција, рекет, полтронство, несопиви „спојки“... Нема што нема!  Дно-дна од секој вид и секаков калибар! Но, ако мислите дека се' сте виделе - дебело сте се излажале, зашто вашата имагинација ниту оддалеку не може да стигне до оние длабочини до кои допираат „расипаните мечти и валканите страсти“ на поедини политичари и ним подредените партиско-институционални полтрони од разни ешалони! Она што се случува во политичките кругови и кулоари е многу повеќе „естрада“ и од самата естрада, која е „мало бебе“ за онаа - политичката! Нашите естрадни ѕведи можат „вода да им носат“ на овие - политичките, чии „дешавки“, од обични будалаштини до најдолни гнасотии, се еквивалент на она што се случува во најбизарните релни шоуа! Ниту во „Задруга“, „Парови“ или „Фарма“ го нема она што може да се види во нашата Влада, Парламентот, разни министерства, државни институции... Ма, во ниту едно ријалити нема такви ликови, како овие, овдешниве... Најновата случка е само уште еден пример, уште „една цигла во ѕидот“ на срамот, која го го потврдува непишаното правило дека  во нашата политика и нејзиниот кадровски кастинг, ликовите се извадени како од... реално шоу! Имено, Роберт Боби Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комунации (АЕК) објави пост на Фејсбук со две важни нешта: Во исто време и го честиташе роденденот на својата постара ќерка и најави дека се разведува од сопругата Агнеса Орданоска, која ја нарекува „фотошоп барбика“. Тој обjaви дека разводот го бара неговата сопруга, според него, со чудно образложение: Затоа што тој повеќе не е директор, а со тоа не е ниту во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби! Орданоски ова го соопшти објавувајќи ја честитката за 17-от роденден на постарата ќерка, критикувајќи ја нејзината мајка што не нашла време да присуствува на роденденот. „Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“ - напишал меѓудругото Орданоски на Фејсбук. Инаку (се' уште) брачните сопружници од нивниот 17 и кусур годишен „директорски“ брак имаат две деца. Орданоски беше на неколку високи  директорски функции во Телеком, МЕПСО, АЕК... Објавата експресно осамна во јавноста, откако ја преносоа голем дел македонски портали и медиуми, а постот за разводот на екс-директорот на АЕК, стана хит и на социјалните мрежи! Фото: Фејсбук принтскрин/Robert Bobi Ordanoski  ]]>