Роберт Билбилов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 13:47:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Роберт Билбилов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панче Касапски ја визуелизираше макфестовската балада која не само што одлично помина, туку и ќе остане – „Помини“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-ja-vizuelizirashe-makfestovskata-balada-koja-ne-samo-shto-odlichno-pomina-tuku-ke-ostane-pomini-video/ Fri, 10 Nov 2023 13:46:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326454

Еден од најперспективните македонски композитори и изведувачи од новата поп генерација, пејачот Панче Касапски го претстави својот нов видео запис за баладата „Помини“ која премиерно ја изведе годинава на Фестивалот за забавни мелодии Макфест 2023 во Штип. Спотот е направен на познати локации во Стокхолм, Шведска, изработен под директна палка на Мерт Арслани. Композитор и аранжер на оваа прекрасна балада е самиот Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, младата пејачка Лара Иванова ги пее пратечките вокали, а миксот и мастерингот е на Роберт Билбилов. „Помини види колку те сакам, помини види колку се лажам дека без тебе сѐ уште можам, а добро знам дека ти си ми под кожа“ е дел од текстот на баладата што ги освои срцата и симпатиите на публиката. Касапски за првпат на македонската музичка сцена се појави на Макфест во 2013 година и оттогаш бележи голем успех со бројни хитови, како „Наивно“, „Намини ноќва“, „Уште си ми ти“, каде Касапски се потпишува како композитор. Значаен успех Панче Касапски постигна со авторската композиција во соработка со Лара Иванова во дуетот „Само сврти се“. Оваа песна беше на врвот на сите топ листи во Македонија. Тандемот Касапски-Иванова ја продолжуваат традицијата на создавање автентичен македонски поп сензибилитет, преточен во современ светски звук актуелен на денешното време и светската поп продукција и композиција. Во продолжение погледнете го видео спотот за макфестовската „Помини“: ]]>

Лејла и Билбилов се „асинхроно компатибилни“: Тој неа ја натера да пропее, а таа нему му го преврте животот наопаку! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lejla-i-bilbilov-se-asinhrono-kompatibilni-toj-nea-ja-natera-da-propee-a-taa-nemu-mu-go-prevrte-zhivotot-naopaku-foto/ Tue, 22 Aug 2023 09:22:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314693

„Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“ - беше изјавата со која  јога инструкторката Лејла Рамковска „ја призна“ љубовта со музичарот, композитор, пејач и продуцент - Роберт Билбилов. Иако се познаваат уште многу оддамна, од времето на „А1“ телевизија во сопственост на нејзиниот татко Велија Рамковски, љубовната искра дури сега го запали оганот на љубовта и страста. Обајцата со по еден пропаднат брак зад себе но и горди родители, откако Роберт по пет години брак се разведе од манекенката Ана во 2018 година и од бракот го имаат синот Давид, додека Лејла беше во брак со Сефер Цановски со кого имаат две деца, а се разделија пред пет години. Дали токму ваквиот статус го подгреа стариот оган кој можеби тлеел уште од времето на А1 телевизија или случајната средба, близината и сличните животни судбини  направиле пријателството да заврши со повеќе од тоа што дотогаш било, јавноста ќе знае само откако некој од обајцата прв ќе ја овори душата. Засега она што може да се види е дека две сосема различни души со различни сфери на интерес, сепак одлично функиционираат како „асинхроно компатибилни“. Таа поборник на здрав живот и балансирана исхрана, на хармонија помеѓу телото и духот, не само како инструктор туку и како десетгодишен јога практикувач на себе. Во скалд и соработка со природата, баланс на материјалното и духовното кое води до совршено здравје и самостојно просветлување... Зен!? Сепак со мала, скриена уметничка жичка во себе - страста кон цртањето. Тој уметник, боем во душа, емотивец во срцето, музички од Бога надарен генијалец, чии гени за оваа уметност му ги пренел неговиот татко, познатиот композитор и музичар, покојниот Хилми Билбил. Човекот кој ја напиша македонската „новосоздадена народна ода на патриотизмот“, песната „Бисер Балкански“. И сега ако се запрашате колку е тој по јогата или спортот, а таа по музиката, колку е Билбилов по здравиот живот кога мора со часови, неретко и по цели ноќи да седи во студио или кога настапува по ноќните клубови и дискотеки, а колку е Лејла по музиката и пеењето, тоа би изгледало како „неспоив спој“. Е, арно ама, изгледа дека не е баш така... Понекогаш токму дијаметрално различните карактери со дијаметрално различни навики, сфаќања и интереси, можат да бидат сродни души и како плус и минус да се привлекуваат... Да се залепат еден за друг како магнет, а потоа... Потоа полека едниот од другиот да почне да поприма, како сунѓер да апсорбира и впива од она што дотогаш можеби му било незамисливо. Впрочем, погледнете ги фотографиите на вљубените гулапчиња и многу тоа ќе ви стане појасно како функционираат Билбилов и Лејла. Ако убаво ја заслушате најновата песна на Билбилов насловена „Тебе“, ќе можете да ги слушнете и придружните вокали во неа. Е токму оној женскиот, го пее никој друг туку таа - Лејла Рамковска. Ако ви е чудно, прочитајте што пишува под видеото за песната.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction)

А, Билбилов повеќе нема да го видите само како јури низ град со автомобилот... Руралните патишта во скопската околина сега се негови друмови на љубовта. Лејла е девојката со точакот, а оној другиот што ѕирка на фотографијата е токму тој... Шарените „убавици“  во позадината се само рурален фолклор што го надополнува кадарот на фото - композицијата. Конечно, тој неа ја натера да пропее, а таа нему му го преврте животот наопаку! Сега музичарот и покрај сета слава, прифати и да дуби на глава! И тоа од прва...! Фото: Инстаграм/justrbproduction/lejlaramkovska    ]]>

Роберт Билбилов и диџеј Никифор има заеднички проект: Концертната промоција на „Drunk cut“ закажана за 19 мај во „Станица 26“ https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-i-didhej-nikifor-ima-zaednichki-proekt-kontsertnata-promotsija-na-drunk-cut-zakazhana-za-19-maj-vo-stanitsa-26/ Wed, 17 May 2023 11:10:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302494

Ако досега името на Роберт Билбилов се врзуваше само за најголемите хитови на домашната сцена, кога станува збор за комерцијалната музика, сега од неговата работилница излегува нешто сосема поразлично. Имено, Билбилов заедно со диџеј Никифор има нов проект на кој, вели, е многу горд зашто истиот не е само своевиден музички експеримент, туку и парче кое значи нова опција за сите оние кои велат дека имаме само турбофолк забави и иста таква музика.   Еве поинаква можност. Токму тоа и ни беше идејата – да му дадеме нешто ново на урбаниот народ“, вели Билбилов и признава дека идејата за ваквиот материјал насловен Drunk cut се родила сосема случајно, откако бил на една журка на која Никифор пуштал музика. Од сосема обична идеја до реалност, така некако е роден проектот за кој првично спакувале 28 траки, но финалниот производ содржи 20 нумери. „Бев на настап на Никифор, а самата енергија која ја доживеав ме инспирираше да размислам зошто да не се обидеме да направиме нешто слично заедно. Од едно обично кафе кое го испивме следниот ден, дојдовме до албум. Идејата не ни беше да направиме тежок мејнстрим, туку едно наше видување, наш вајб, впрочем тоа е хаус музиката. Сакавме да поработиме на кревање на денс-сцената, затоа што сметаме дека тоа недостастува“, вели Билбилов, кој е главниот „виновник“ за целиот материјал и во чие студио е правен миксот и мастерингот на албумот, за кој омотот го спакува Љубан Стаменик. Eдна од траките всушност е ремикс на хитот на Арилена Ара со наслов „Дашуриа име“, за која автор на музиката е долгогодишниот пријател и соработник на Билбилов, Дарко Димитров. Уште еден „златен глас“ кој може да се чуе во склоп на материјалот е оној на Мр. Мајк, голема ѕвезда од светската денс сцена. Неколку траки ќе бидат издадени и за други светски лејбови, а на 19 мај официјалното издание на албумот излегува и на сите музички платформи. Половина од песните на кои е работено со месеци веќе се пуштени во етерот, благодарение на Јутјуб-каналот на Билбилов: (https://www.youtube.com/playlist?list=PLatKGnE-c9n0kJQSy32RpmXCFA4Xs6uAt), а останатите јавноста ќе може да ги слушне по концертната промоција закажана в петок (19. мај 2023) во клубот Станица 26. Настанот почнува во 20:30 часот. И не заборавајте, ова е добра можност за сите кои велат дека Скопје нуди само турбофолк журки. Еве одлична опција за одлична забава и Скопје конечно да добие нешто ново, а урбаниот народ забава каква што заслужува. Во меѓувреме како илустрација преслушајте еден од последните пилот синглови од овој проект, насловен „Drop The Bass“ (КЛИКНИ ТУКА):    ]]>

„Ај Кју“ ја преработија во поп манир антологиската фолк балада на Виолета Томовска – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/296407-2/ Mon, 03 Apr 2023 12:25:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296407

Македонскиот бенд „Ај Кју“ кој по нивната евровизиска авантура живее и работи на релација Скопје - Лондон се реши на смел чекор да ја препеат антологиската песна „Молитва“ испеана од македонската  фолк пејачка, легендарната Виолета Томовска. Музиката и текстот се авторско дело на братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, додека аранжманот за оваа верзија го потпишува Роберт Билбилов, во чие студио Бојан и Марија и ја снимија песната. „Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на „Молитва“, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“ - рекоа Марија и Бојан од „Ај Кју“. Како звучи нивната преработка и поп верзија на антологиската „Молитва“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, ама татковците им се македонски музички легенди: Едниот е автор на „Не кани ме“, другот ја напиша „Бисер Балкански“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mozhebi-stefan-lazarov-i-robert-bilbilov-se-poznati-detsa-ama-tatkovtsite-im-se-makedonski-muzichki-legendi-edniot-e-avtor-na-ne-kani-me-drugot-ja-napisha-biser-balkanski-video/ Mon, 03 Apr 2023 07:50:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296182

Последиве ндели, па и мсесеци околу младиот јутјубер Стефан Лазаров се крена голема прашина. особено по серијата подкасти во која уште при првиот со Драган Павловиќ Латас, некој процени дека обајцата треба да завршат на суд. И завршија иако судењето уште непочнато беше одложено... Во меѓувреме, деновиве медиумите открија уште една прикзана поврзана за семејството на најпознатиот јутјубер. Иако не е ниту нова, ниту пак некој открил „топла вода во бојлер“, сепак можеби е добро да се обнови четивото за кое ние Македонците некако по дифолт како да имаме кусо паметење. Имено, Стефан Лазаров потекнува од музичко семејство и то не било кое, туку е син на еден од најпознатите македонски музичари и музички автори, а при тоа и музички педагог, Орце Лазаров. Професор по музичко образование, но и долги години член на фолк групата „Академци“. Патем искусен инструменталист и композитор, кој како автор или изведувач во разни постави учествувал на речиси сите музички фестивали во Македонија, а напишал и грст песни од кои некои станале познати хитови, но една од нив е вистинска „химна на љубовта“... И тоа онаа посакуваната, неостварената, скриената, најслатката... Фолк баладата која Миле Кузмановски маестрално ја испеа уште пред повеќе од една и пол деценија и оттогаш стана вечен евергрин. Една од оние песни што остануваат засекогаш! Токму таа е можеби неговото животно остварување во музиката... Барем засега. Песна каква се пишува еднаш во животот, а таквата тешко дека некоја друга ќе ја надмаши. Токму затоа и медиумите можеби „неканети“ одново се потсетија на маестралниот евергрин на големиот автор, кого како и песната  заслужува наместо „да премолчиме“, уште днаш да ги потсетиме повозрасните, а едуцираме помладите дека Македонија има фантастични автори и уште поубави песни во вид на нивни дела... Како што е таткото на Стефан - Орце Лазаров и неговата „Не кани ме“! Од друга страна пак Роберт Билбилов важи за еден од најдобрите и најплодните сега веќе зрели музички автори и секако еден од најголемите хитмејкери кога е поп и ар ен би музиката во Македонија во прашање. И самиот пејач, но пред се композитор кој напишал, аранжирал, продуцирал... мноштво хитови за најголемите, најпознатите и најпопуларни македонски изведувачи, како и за себе. Музиката му е во вените, но пред се во гените, зашто и тој доаѓа од музичко семејство, а „жичката за уметност“ ја наследил од татко му. Впрочем, повозрасните го паметат, а помладите само во кафеаните, на разни семејни прослави, свадби, а најмногу на патриотски собирања му ја пеат песната... Онаа вечната, неофицајално втора македонска химна и прогласена за најслушана песна на векот во Македонија... Легендарната „Бисер Балкански“, чиј автор е токму татко му на Билбилов јуниор, сега покојниот Хилми Билбил. Музичар, виолончелист и член на тогашните оркестри при МРТ, кој ја напиша „втората македонска химна“, која сега исто така покојниот пејач Гоце Николовски во 1990 година на  „Фолк фест Валандово“ фантастично ја испеа и однесе победата. Оттогаш „Бисер Балкански“ стана не само хит или фолк евергрин, туку и симбол на единство и пркост на Македонците во трите раздвоени дела на Македонија: Егејскиот, Пиринскиот и Вардарскиот... Нитка што ги спојува, паметник што ги потсетува, музичко четиво што младите генерации ги учи и воспитува... Песна - „песниште“ на гордоста и маката, вечната борба, тагата и радоста, на желбата и надежта, еден ден сите Македонци да бидат едно... Сплотени како во песната со „бистри води вардарски“ во еден единствен... „Бисер Балкански“! „Имав 15 години кога почина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото. Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми почине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството. Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека починал, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, ќе изјави своевремено Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ. Затоа можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, обајцата уметници, изведувачи, едниот композитор, другиот јутјубер, водител... И секоја чест ним, ама сепак... Генетскиот код им го пренеле татковците кои се во едно нешто единствени... Македонски музички легенди! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/_lazarovv/justrbproduction/Orce Lazarov/Vistina - архива]]>

Тамара Грујеска сака да види и да биде нешто што сега го нема, а за тоа вели – „Имам сила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-grujeska-saka-da-vidi-i-da-bide-neshto-shto-sega-go-nema-a-za-toa-veli-imam-sila-video/ Sat, 31 Dec 2022 07:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282344

Тамара Грујеска за повеќето релативно ново име на домашната сцена, но за оние помладите веќе добро познат вокал. 12-годишната Тамара преку детските фестивали, тетовскиот „Јаболчиња“, „Златно славејче“, „Езерски бисери“ во Струга, прилепскиот „Ѕвездички“, „Шкољкице“ во Нови Сад, „Golden Stars Rain” во Русија... сега влезе во работилницата на хитмејкерот Роберт Билбилов, кој ѝ спакува одлична нумера наменета за тинејџерите, но и сите оние кои веруваат во љубовта бидејќи неа и емоциите кон сѐ што е околу нас ги доживува секој без оглед на возраста. Темата носи наслов „Имам сила“ и автор на музиката и аранжманот е Роберт Билбилов, додека текстот, што во себе носи една убава порака го потпишува Тања Соколовска. Песната има модерен поп звук, со малку етно елементи и претставува убав спој на младост и квалитет. „Текстот е сериозен и има смисла и поента, а во себе носи една една убава порака. Срцата на децата се чисти и тие заслужуваат да сонуваат за својата иднина, токму таква е и пораката која е насочена до сите деца, но и повозрасните бидејќи токму љубовта и емоциите се она што го доживуваме сите. Тамара покажува дека има сила да види и да биде нешто што сега го нема, но има многу нешто што ќе го даде во иднина, со искрена верба во љубовта на сите околу неа ќе успее во светот на музиката“, вели Дејан Грујески, таткото на Тамара, кој е презадоволен од соработката со Билбилов. Роберт, вели, успеал на да направи посебна песна, која одговара на возраста на Тамара и во себе носи порака дека секое дете треба да се бори за своите соништа. Јавноста освен што може да ја чуе „Имам сила“, веќе може да го види и видеото за кое се погрижи Дарио Јанковиќ и неговата Генерал продукција. Во видеото Јанковиќ ја прикажува Тамара во едно поинакво светло, во еден поширок временски период, како од некој посебен универзум. Тамара со својот посебен стајлинг, дело на дизајнерот Златко Јованоски, е претставена како зрак на надеж и знак за вистинскиот пат на секое дете. Студиото BACKSTAGE од Гостивар и Среќко Ѓорѓиевски, кои секогаш се тука за Тамара, и овој пат се погрижија за нејзината коса и комплетен изглед. Тамара, инаку е шестоодделенка во основното училиште „Гоце Делчев“ од Гостивар, но, исто така, е и ученичка во основното музичко училиште „Енвер Стафаи” и свири пијано. Својот глас го усовршува во музичкото училиште на Андријана Јаневска, отсек соло пеење популарни светски жанрови, а има и online часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Шерил Портер од САД. Уживајте во „Имам сила“ на младата Тамара и верувајте во себе, своите соништа и, секако, љубовта, затоа што само со верба и силна желба може да дојдете до целта. Во продолжение проследете го видеото за темата „Имам сила“ на Тамара Грујеска (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Ангел Спасов со приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање во – „Сам продолжувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/angel-spasov-so-prikazna-koja-nudi-povekje-gledishta-za-edno-ljubovno-nedorazbiranje-vo-sam-prodolzuvam-video/ Mon, 26 Dec 2022 06:12:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281556

По одличната „Ме изгуби ти“, Ангел Спасов, младиот средношколец од Струмица, на јавноста ѝ ја претставува својата нова, втора песна со наслов „Сам продолжувам“. Се вели, тимот што победува не се менува, па воден од оваа мисла Ангел повторно работи со истиот тим. „Мојата прва песна наиде на одлични реакции кај публиката, па тоа ме мотивираше да ја објавам и оваа тема, дури и побрзо од планираното. Луѓето кои работеа на „Ме изгуби ти“ се покажаа како добитен тим, па затоа екипата која работеше и сега не само што останува иста, туку е и проширена со Тања Соколовска која придонесе многу за врвната музика направена од хитмејкерот Роберт Билбилов да зазвучи така како што во моментов може да чуе публиката – полна со емоции“, вели Ангел и признава дека кога прв пат ја слушнал„Сам продолжувам“ знаел дека тоа е тоа, песна во која може да се пронајде, песна во негов стил и песна која може да ја отпее така што таа ќе допре до публиката. Видеото е работено со Зоран Зонде Стојановски, а во кадрите освен Ангел една од главните улоги ѝ припадна на Јована Ѓо, која, како што вели тој, со својата харизма дополнително придонела видеото да изгледа светски. „Спотот е приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање, а главната улога ѝ припадна на Јована. Тука се и Симона Спиркоска и, кои играат на хип-хоп делот, потоа Гала Поњавиц, Миа Гирауд и Трајче Манчевски, а при реализацијата на видеото во голем дел помогна и Александар Мижимаков“, вели Ангел и додава дека верува во тимот со кој работи и не само што нема да го менува, туку најавува и уште многу убави соработки. Ова младо момче со сериозни амбиции си остана на зборот кога станува збор за досегашните музички планови, па затоа нема зошто да се сомневаме дека со исто темпо ќе продолжи и во иднина. Уживајте во „Сам продолжувам“, слушајте македонска музика и поддржете ги новите имиња како што е Ангел Спасов, кои носат нова свежина и енергија на домашната сцена (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за – „Само ти ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-snimi-duet-so-tamara-todevska-a-snimashe-spot-bez-nea-za-samo-ti-mi-falish-video/ Fri, 09 Dec 2022 11:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279310

Поп-пејачот Александар Тарабунов дефинитивно  е вредно момче, односно еден од најконстантните автори и  изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… И за себе и за дуги или заедно со некои други колеги и колешки, како штое и случајот со најновата тема насловена: „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска. Жанровски овој пат обајцата отстапуваат од својот препознатлив стил, Тара од латино фазонот кој во последно време обилно го практикуваше, а Тамара од својата ар ен би и баладачна приказна која ја турка последниве години.  Едноставно, обајцата заедно овој пат завршиле во старите добро познати и проверени жарови - фанк и диско, што е добредојдено за песна што излегува пред Нова Година. Впрочем, целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски - Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи. Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас.... ...Или Калина Велковска,  Полина Тасева, Лаура Крлиу... како придружни вокали на пример. Но и уште многу други, помалку или повеќе познати музичари и изведувачи, но не и онаа најпозната, која е дел од дуетот и пее во рефренот - Тамара Тодевска!? Впрочем, како што гласи и самиот наслов на песната, односно кога истиот би го парафразирале... „Само ТАА фали“! Музиката и текстот се заедничко дело на Тара и Билбилов, односно Тара и Зонде, кога се стиховите во прашање. Како звучи кога Тара пее во дует со Тамара, а како потоа изгледа кога на истата песна (сн)има видео без неа, проследете во продолжение во „Само ти ми фалиш“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Тамара на „Макфест“ пееше за за сите кои треба да продолжат напред, исправени пред нови животни предизвици во – „Замижи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-na-makfest-peeshe-za-za-site-koi-treba-da-prodolzat-napred-ispraveni-pred-novi-zivotni-predizvici-vo-zamizi-video/ Wed, 26 Oct 2022 09:01:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272888

Во рамки на 37-то издание на „Макфест“, во Штип, Тамара Тодевска ја промовираше својата нова песна насловена како „Замижи“. Станува збор за музичка приказна, чиј текст е напишан од Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов.   На втората, ревијална вечер, во Домот на култура „Ацо Шопов“, Тамара го претстави нејзиниот нов сингл по нешто повеќе од една година. „На „Макфест“ ја започнав својата кариера, во далечната 91' со Маријана и Росана. Победивме со Врчак, со „Седмо небо“, а после следуваа: „Немирна“, „Готово е“, „Тажна љубов, среќна песна“... Знам дека и „Замижи“ ќе биде дел од низата на успешни музички приказни.  Штип, фала Ви од срце, но фала и на сите кои ми праќате пораки за новата песна. Ве сакам!“ - сподели Тамара на својот Инстаграм претставувајќи ја песната чие аудио можете да го слушнете ако (КЛИКНЕТЕ ТУКА). „Станува збор за една нова музичка приказна која особено ми е драга и некако одма ми легна при срце. Се мислев за моментот кога да ја објавиме „Замижи“, но среќна сум што тоа го сторив токму на „Макфест“. Затоа што сакам да дадам поддршка на овој фестивал – меѓу единствените кој сѐ уште овозможува афирмација на македонската музика и на домашните изведувачи. „Замижи“ е за сите кои треба да продолжат напред, кои можеби жалат за минатото, за изгубеното, за одредени моменти, но сега се исправени пред нови животни предизвици. Убав е овој живот и вреди да се бориме“, вели Тамара за својата нова песна.   Тодевска го истакна и своето задоволство од соработката со Џамбазов и Билбилов, кои се децениски нејзини соработници и пријатели. „Со Џамбаз и Роберт веќе исто „дишеме“ и одлично се согласуваме. Го знаат мојот вкус, енергија, стил и кога нешто добро функционира не би го менувала“, истакна Тамара, канејќи ги сите уште еднаш убаво да ја преслушаат „Замижи“ и погледнат премиерната промоција на нејзиниот  макфестовски настап во видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА): Фото и видео: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/tamaratodevska]]>

И се смешка блескава кариера: Марија Спасовска имаше одличен настап на „Макфест“ со нејзината песна – „Омилен“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-se-smeshka-bleskava-kariera-marija-spasovska-imashe-odlichen-nastap-na-makfest-so-nejzinata-pesna-omilen-video/ Tue, 25 Oct 2022 10:34:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272708

Дефинитивно младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“, кој се одржа викендот во Штип. Нема сомнеж дека Марија ги освои срцата на публиката, а доказ за тоа се позитивните коментари кои не престануваат да пристигнуваат на нејзина адреса. Таа имаше одличен настап со нејзината песна „Омилен“ уште во првата вечер од фестивалот, а тоа го потврди нејзиниот пласман во втората вечер, каде настапи со веќе докажаните музички ѕвезди од македонската естрада. Веднаш по завршувањето на фестивалот, односно наредниот ден младата пејачка го објави и својот видеоспот за макфестовската песна, кое го изработија момците од „Урбан Рекордс“. „Презадоволна сум од песната, настапот реакциите на публиката, задоволна сум од себе како се претставив на фестивалот. Добивам по десетици пораки дневно на социјалните мрежи од луѓе кои не ги познавам дека им се допаднал мојот настап, а тоа посебно ме радува и ме мотивира во исто време. Се надевам дека песната ќе биде слушана во иднина“ - вели младата пејачка. Марија се потпишува како автор на оваа песна, односно нејзини се музиката и текстот, а прсти замеша и познатиот продуцент Роберт Билбилов кој го направи аранжманот. Инаку Марија во својата фиока има веќе неколку готови песни, па следната ќе биде објавена за само неколку месеци или неколку недели од сега... До тогаш погледнете го спотот за „Омилен“ (КЛИКНИ ТУКА), а доколку ви се допадне, лајкнете и споделете... ]]>