роамтичар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Sep 2023 11:26:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роамтичар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Препознајте го навреме: Голем романтичар или опасен манипулатор? https://arhiva.vistina.com.mk/prepoznajte-go-navreme-golem-romantichar-ili-opasen-manipulator/ Tue, 19 Sep 2023 12:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318641

Понекогаш во врската сите аларми се вклучени и сите ги гледаат и слушаат, се чини само вие сте слепи и глуви, во име на љубовта. Бидејќи сме заљубени и сакаме врската да опстои, тешко и е да ги видиме и прифатиме овие предупредувачки знаци. Прочитајте ги овие знаци на чиста манипулација што партнерите кои се вешти манипулатори ги претставуваат како невидена романтика и љубов. Овие партнери се токсични и не се добри за вас, без разлика колку добри и романтични работи прават за вас. Секогаш мора да знае каде си Сосема е ок партнерот да биде известен за твоите планови, но ако го следи твојот дневен распоред до минута и сака да знае точно каде си, со кого и што правиш, тоа е веќе знак на опсесивност и параноја, а не љубов. Ти не си нечија сопственост, а со постојана контрола не се гради доверба, туку златен кафез. Постојано се јавува и праќа пораки Комуникацијата е клучна во секоја врска. Јавувањето и праќањето пораки обично е поинтензивно на почетокот на врската и е разбирливо дека сакате да ја чуете саканата личност. Но, кога тие повици и пораки почнуваат да стануваат алатка за контрола и следење, тоа е знак за обид за манупулација, а не љубов базирана на доверба. Ако се наоѓаш во позиција постојано да се објаснуваш зошто не си одговорила веднаш на порака или не си кренала по првото ѕвонење, време е за сериозен разговор, а можеби и прекинување на врската. Наметнува теми на разговор Секој има свои граници и конфор зона. Ако партнерот те притиска да му кажеш работи кои ти не сакаш да ги споделиш, тоа е јасен знак на емоционално малтретирање. Овие манипулатори најчесто сакаат да извлечат информации за тебе или за твоите блиски, за да може подоцна да ги злоупотреби против вас. Ова е далеку од романтично однесување. Овој човек не те сака тебе, сака да поседува некој кој ќе му се плаши. Само вие двајца Убаво е чувството да знаеш дека си нечиј приоритет и дека сака да поминува време со тебе. Но, се раѓа сомнеж кога ќе сфатиш дека тој нема пријатели, не е близок со семејството, не го сакаат колегите… Другата крајност може да биде дека не сака да те запознае со нив. Јасен знак за неговата посесивност, а не љубов, е инсистирањето поретко да се гледаш со твоите пријатели, членови на семејството, колеги и колешки, додека тоа не се сведе на само на официјални средби на кои по можност и тој ќе присуствува. Те „прогонува“ на социјалните мрежи Неговата „љубопитност“ не застанува на испрашување каде си и со кого си. Тој го анализира секој твој чекор на социјалните мрежи, кои ти се пријатели на Facebook, чија фотографија си лајкнала на Instagram, што си напишала на Twitter… И потоа следат долги дискусии по секоја точка за твојата активност на социјалните мрежи. Што е следно? Да побара лозинка за твоите профили? извор:курир.мк]]>