рк вардар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Oct 2019 12:30:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рк вардар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каде јадат шампионите на РК Вардар? https://arhiva.vistina.com.mk/kade-jadat-shampionite-na-rk-vardar/ Wed, 09 Oct 2019 12:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111814

Долгогодишните пријатели Бистро бар Барбакан и Ракометниот клуб Вардар отвораат ново заедничко поглавје во клупската историја на препознатливиот гурмански бренд и македонскиот ракометен гигант. Барбакан не е само едно од најпознатите скопски места каде сладокусците уживаат во вкусната храна, туку овој бистро бар во изминатите години е место каде Вардарците можат да се опуштат и во пријатната атмосфера. „Нашето пријателство со актуелниот шампион Вардар е долгогодишно. Со ракометарите имаме прославено многу победи против познати европски клубови, како и бројни титули, а со нашите гости заеднички навиваме и даваме поддршка на секој натпревар. Затоа, сезонава се одлучивме да ја продлабочиме нашата соработка. Барбакан ќе биде присутен на сите натпревари во ЕХФ и СЕХА лигата. Во суштина, Вардарци секогаш се добредојдени во Барбакан затоа што нашата храна е храна за шампиони.“, вели Дарко Савовски од Барбакан. Во новата сезона, Барбакан ќе го поддржи својот пријател за, по трет пат, да го освои тронот на Европа. На позадината на дресот на Вардар, може да се забележи и препознатливото лого на Барбакан, како им дава ветар во грбот на своите омилени ракометари. Интересно е да споделиме дека Вардар пред 6-7 години го препозна Барбакан како пријател на ракометот. Првата прес-конференција на која Вардар ги најави сериозните засилувања на екипите во машка и женска конкуренција беше одржана токму во Барбакан. А што денес велат Вардарци за Барбакан? Вардарци го препорачуваат Барбакан како место каде сакаат да ручаат со семејството, но и да се напијат кафе со пријателите. За нив Барбакан е бистро каде има добра музика, каде се организираат топ „афтерворк“ забави и каде бургерот е вистинска храна за шампиони. „Како спортист многу внимавам оброкот добро да е избалансиран и да содржи квалитетни состојки и токму ова го наоѓам во Барбакан. Честопати доаѓам во Барбакан со семејството, пријателите, како и со ракометарите на Вардар затоа што атмосферата е одлична, храната е шампионска а услугата е првокласна. Според мене, сите кои сакаат во добро друштво да ги следат натпреварите на Вардар, тоа можат да го сторат не само на трибините, туку и во Барбакан“, вели шампионот Тимур Дибиров од Вардар. Вардар со победите во првите натпревари од ЕХФ и СЕХА лигата се наметна како тим кој и сезонава повторно цели кон врвот. Црвено – црното семејство по втората титула освоена во јуни годинава, прераснува во црвено – црн свет на вардарови поддржувачи, меѓу кои сега се вбројува и Барбакан.]]>

Нова кампања на РСБСП и РК Вардар „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“! https://arhiva.vistina.com.mk/nova-kampanja-na-rsbsp-i-rk-vardar-dobredojdovte-vo-zemjata-na-shampionite-vozi-odgovorno/ Fri, 20 Oct 2017 08:12:07 +0000 http://vistina.mk/?p=3142

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и европскиот ракометен првак „Вардар“, преку заедничка соработка, во наредниот период ќе ја реализираат кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози одговорно“! Кампањата ќе промовира внимателно и одговорно учество во сообраќајот, ќе едуцира за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Со оваа кампања, ракометниот клуб Вардар, како општествено одговорен бренд ќе даде придонес за подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.
 Кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – #Вози одговорно“ со јавноста ќе комуницира и преку слоганите:
„Шампионите возат одговорно“, „Црвен картон за некултурата во сообраќајот“, „Биди тимски играч – дај им предност на пешаците“ „Тајм аут – закочи пред да биде предоцна“. Кампањата која ќе биде присутна во печатените, електронските и социјалните медиуми, ќе биде промовирана и во спортските центри во кои настапуваат нашите европски шампиони. Предвидено е на граничните премини за влез во Македонија да бидат поставени едукативни постери на англиски јазик, наменети за информирање и едуцирање на странските возачи кои влегуваат во Република Македонија. -Особено значаен е придонесот што РК Вардар го дава во реализацијата на оваа кампања.  Шампионите играат одговорно на терен и постигнуваат резултати, но за да постигнеме добри резултати во сообраќајот, мора да возиме одговорно и да се однесуваме шампионски во него, вели Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП. -За нас преставува привилегија и задоволство што имаме можност да дадеме придонес за подигнување на сообраќајната свест и култура. Јас, сите ракометари на Вардар и сите вработени во клубот сме дел до сообраќајот и од тие причини со задоволство прифативме да  дадеме поддршка на оваа кампања и ќе ја поддржиме во целост, истакна Давор Стојаноски, директор на ракометниот клуб Вардар. РСБСП и РК Вардар апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат безбедно и одговорно, да се однесуваат тимски на патиштата и да бидат шампиони со своето позитивно и одговорно однесување во сообраќајот. Кампањата ќе се реализира во две фази. Првата фаза започнува денес и ќе трае шест месеци.  
]]>