ризик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 12:12:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ризик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пет болести кои можете да ги наследите од родителите https://arhiva.vistina.com.mk/pet-bolesti-koi-mozhete-da-gi-nasledite-od-roditelite/ Mon, 11 Sep 2023 12:12:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317427

Генетиката игра голема улога во наследувањето на одредени карактеристики од родителите. Бојата на очите, косата или обликот на носот што ќе го наследите зависи од ДНК-хромозомот, а освен физичките карактеристики, одредени гени се одговорни за наследни болести и нарушувања. Еве некои од најчестите наследни здравствени состојби според Националниот центар за биотехнолошки информации на Националната медицинска библиотека на САД. Срцева болест Не е изненадувачки што срцевите заболувања се дел од листата, имајќи предвид дека тие се водечка причина за смрт во САД. Најчестите типови на наследни срцеви заболувања се коронарна артериска болест (CAD) и хипертензија или висок крвен притисок. CAD е предизвикана од таложење на наслаги и холестерол на внатрешните ѕидови на артериите. Тоа влијае на протокот на крв и кислород до срцето. CAD се влошува со текот на времето и е една од водечките причини за срцев удар во САД. Од друга страна, висок крвен притисок се јавува кога вашето срце работи премногу напорно за да ја турка крвта низ вашите артерии. Како да се намали ризикот Ако имате родители со срцеви заболувања, може да имате зголемен ризик од развој на срцеви заболувања, но можете да го намалите ризикот или барем правилно да управувате со симптомите. Некои промени во животниот стил кои можат да помогнат вклучуваат здрава исхрана, редовно вежбање, одржување здрава телесна тежина, ограничување на консумирањето алкохол, избегнување пушење и редовни прегледи кај лекар. Астма Астмата е белодробна болест предизвикана од предизвикувачи како што се алергии, загадувачи на воздухот, чад, мувла, прашина, животни… Луѓето кои имаат астма може да страдаат од епизоди на стегање во градите, кашлање, проблеми со дишењето и отежнато дишење. Како да се намали ризикот Ограничувањето на изложеноста на предизвикувачи е најдобриот начин да се избегнат симптомите на астма. Исто така, треба да имате при рака лекови во случај да се појават симптоми. Дијабетес Еден од 13 луѓе во САД има дијабетес. Тоа може да биде предизвикано од генетски фактори, фактори на животната средина и начин на живот. Без разлика дали станува збор за дијабетес тип 1 или тип 2, тоа е хронична болест која мора да се открие и лекува рано бидејќи може да доведе до сериозни компликации како што се слепило, ампутација, срцеви заболувања и откажување на бубрезите. Како да се намали ризикот Децата на луѓето со дијабетес имаат поголема веројатност да ја добијат болеста. Сепак, можете да го намалите ризикот или подобро да управувате со симптомите со јадење помалку шеќер и маснотии, одржување здрава тежина, редовно вежбање, избегнување стрес и консултирање со вашиот лекар за соодветен третман. Депресија Дури и денес, во 21 век, научниците продолжуваат да ги истражуваат наследните фактори на менталните состојби и нарушувања. Само затоа што некој во вашето семејство има депресија не значи дека и вие ќе ја имате, но поголема е веројатноста дека ќе ја имате ако таа се појави низ вашето семејство. Рак Ракот доаѓа во многу форми. Тоа е предизвикано од неконтролиран раст и ширење на абнормални клетки во одредени делови од телото. Покрај изборот на животниот стил, гените и факторите на околината исто така придонесуваат за појава на рак. Некои од најчестите видови на рак вклучуваат рак на белите дробови, дојката и простатата. Ракот на белите дробови води до најголем број смртни случаи од рак и кај мажите и кај жените во САД. Како да се намали ризикот Ризиците и симптомите варираат во зависност од видот на ракот. Општо земено, можете да помогнете во намалувањето на ризикот со следење здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување пушење, ограничување на потрошувачката на алкохол и рутински здравствени проверки. извор:курир.мк]]>

Го ризикуваа животот поради изгледот: Овие познати го оперираа желудникот и едвај спасија глава (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/go-rizikuvaa-zhivotot-poradi-izgledot-ovie-poznati-go-operiraa-zheludnikot-i-edvaj-spasija-glava-foto/ Sat, 29 Jul 2023 07:25:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306762

Операцијата за намалување на желудникот стана многу популарен начин за губење на вишокот килограми за кратко време, а познатите личности кои се под будното око на јавноста лесно се одлучуваат за ова само за да престане да се коментира нивната дебелина.
Миљана Кулиќ беше многу лошо по операцијата за намалување на желудникот во Турција и и е отстранета слезината. Недолго по операцијата и се слошило и итно била пренесена во Ургентниот центар во Ниш, каде лекарите се бореле за нејзиниот живот. Била отстранета слезината, а има и низа други компликации кои го загрозуваат нејзиното здравје и живот. Кулиќ не е единствената на јавната сцена која ја направи оваа операција. Дарко Лазиќ ослабе 109 килограми
 
View this post on Instagram
 
A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

Меѓу првите што го направи тоа беше Дарко Лазиќ, кој помина седум месеци во инвалидска количка по сообраќајна несреќа, а се здебели со нездрава храна. - Најдобро и најефикасно решение беше операцијата. Кога излегов од болницата, првите пет-шест дена се чувствував како стомачните мускули да ми се воспалени. Се здебелив затоа што седум месеци бев во инвалидска количка, физичката активност беше нула, не е дека не јадев, јадев, не се здебелив од воздух, туку јадев помалку - изјави пејачот за „ Премиера“, кој по операцијата ослабе дури 109 килограми. Дејан Миличевиќ ослабе 20 килограми
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic)

И фотографот Дејан Милиќевиќ го намали стомакот и успеа да се ослободи од вишокот килограми кои ги носеше речиси две децении. Ослабе повеќе од 20 килограми за само неколку недели и сега јаде многу помалку храна. Инди ја преживеа драмата по операцијата
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 𝐈𝐍𝐃𝐘 (@indy_ara_indira)

Пејачката Индира Арадиновиќ Инди помина низ вистинска драма кога реши да направи операција на стомакот. Имено, таа поминала низ сериозни компликации и морала да се бори за живот. Решив да го решам мојот проблем брзо и лесно, со одење под нож и, за жал, се случи уште од првата операција сè да почне да се комплицира. Поминав низ сериозен вид на борба за живот - започна таа. - Имаше повреда на панкреасот. Почнал да прави проблеми во телото, да ја обесува слезината, која се воспалила и морала да биде отстранета при втората операција. Значи не ми „остана“ ниту еден орган во мене! Што се однесува до желудникот, јас веќе немам гастричен бајпас, туку комбинација од бајпас и бајпас... а бајпас прават само луѓе кои се екстремно дебели и на кои очајно им треба да ослабат, па единствено важно е да се спасам во тој момент - рече таа истакнувајќи дека опција била и трета операција. Анета ослабе 13 килограми за 6 месеци
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Aneta Ivanovic (@aneta.ivanovic)

Водителката Анета Ивановиќ дваесет години водеше битка со килограмите, а битката ја заврши кога отиде на хируршка интервенција за намалување на стомакот. Пробала се, од апчиња за слабеење, диети, вештачка храна од кесички, до бројни тренинзи, а сега за првпат зборува во јавноста како изгледала целата процедура, како и зошто решила да оди под ножот. - Од операцијата и во следните шест месеци ослабев триесет килограми. Тоа не е наивна операција, тоа е сериозна хируршка процедура. Не се плашев, едвај чекав да се случи. Во болница остануваш еден ден, тешко е да се навикнеш на сето тоа една недела. Добивате точни инструкции, што и колку можете да земете“, откри водителката. Саша Поповиќ ја плати операцијата на Крстиња Тодоровиќ „Ѕвезда Гранда“ Крстиња Тодоровиќ за време на учеството на натпреварот, по советот на жирито дека треба да поработи на килограмите, тргна да го „стегне“ стомакот и ослабе 60 килограми за девет месеци, а потоа отиде на хируршко отстранување на вишокот кожа, кое го платил Саша Поповиќ.
Боки 13 со денови постојано повраќаше
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, меѓу првите реши да го намали стомакот. По операцијата брзо „падна“ на половина, но се се искомплицира бидејќи недолго по операцијата беше уапсен за аферата „Рекет“, а во затворот сопстојбата му стана уште полоша што и неодамна му состјбата му беше живото загрозувачка. Ана Николиќ стана друг човек
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Пејачката Ана Николиќ се одлучи на ваков чекор. Ризикот беше голема како и за другите, но таа премина преку се’ за да биде она што е денес. фото: Инстаграм принтскрин/Јутјуб]]>

Дара Бубамара е тотално несовесна мајка: Му дозволи на својот 13 годишен син да ја вози на квад – мотор со 4 тркала (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-e-totalno-nesovesna-majka-mu-dozvoli-na-svojot-13-godishen-sin-da-ja-vozi-na-kvad-motor-so-4-trkala-video/ Thu, 22 Jun 2023 12:09:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307300

Дара Бубамара е позната по љубовта кон скапите автомобили и брзото возење.  Фолкерката која баш и не сака да ги следи правилата, сега предизвика многу коментари кога на Инстаграм кога објави неколку кадри  на кои со малолетниот син Коста (13 ) му дозволи да ја воз на мотор со четири тркала, таканаречен квад. Пејачката седнала зад нејзиниот наследник, кој од видеото се гледа дека возел доста брзо, додека во позадина се слуша како Дара воодушевено се смее. Бубамара снимале се',  додека момчето неколку пати се сврте кон неа. Многу луѓе го коментираа  ова видео, но никој не остана рамнодушен нарекувајќи ја пејачката неодговорна мајка. Дозволувањето на малолетно дете да вози предизвика лавина од негативни коментари и осуди за фолкерката, која на ризик го изложила не само своето дете, туку и таа самата, како и животите на останатите учесници во сообраќајот вклучувајќи ги и пешаците. Инаку, Дара го добила синот Коста со поранешниот сопруг Милан, со кој се' уште е во многу пријателски односи.Поврзани се' пред се поради нивниот син, на кој и двајцата се многу горди, а потоа и како пријатели. Фото и видео: Инстаграм/darabubamara_official
]]>

Маја Маринковиќ потрошила 20.000 евра на операции, а за ова планира да плати пет илјади евра веднаш штом ќе излезе од реалното шоу (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/maja-marinkovikj-potroshila-20-000-evra-na-operacii-a-za-ova-planira-da-plati-pet-iljadi-evra-vednash-shtom-kje-izleze-od-realnoto-shou-foto/ Wed, 21 Dec 2022 09:03:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281022

Учесничката во реалното шоу Маја Маринковиќ е една од старлетите со најмногу естетски корекции. Старлетата вложила над 20.000 евра во својот физички изглед, се со цел со пластичните операција да го доведе своето тело до сегашниот изглед. Усни, нос, вилица, гради и мачкини очи се само дел од операциите кои Маринковиќ ги направи на своето тело. Сепак, Маја планира повторно да го посети пластичниот хирург штом ќе го напушти реалното шоу, за да направи уште една интервенција, а тоа се силиконските импланти во задникот. - Маја ми кажа дека влегла во „Задруга“ за да заработи, за потоа да оди кај докторот да и го поправи задникот. Свесна е дека нема голем задник, а отсекогаш сакала, па решила да оди да го реши. Се обидов да и одговорам, бидејќи сите сме свесни што и се случи на Тамара Ѓуриќ со таа операција, дури и таа и го кажа сето тоа, но дали ќе продолжи со тоа ќе видиме понатаму - изјави пријателката на Маја за „Република.рс“. - Дефинитивно ќе треба да одвои 5.000 евра за целиот процес, но не разбира колку е тешко да се опорави после тоа и колку е се ризично - заврши пријателката. Тоа го потврди дури и Маја, која за време на престојот во реалното шоу истакна дека единственото нешто што сè уште планира да промени кај себе е задникот по излегувањето од  „Задруга“. Фото:Принтскрин/Инстаграм]]>

Аца Лукас го откажа илинденскиот концерт во Охрид, па прозва дел од македонските медиуми и продукцијата која во ист ден организира концерт на Петар Грашо: „Зошто мојот го ставивте во многу лош контекст, а концертот на уважениот колега никој не го спомна?“ https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-go-otkaza-ilindenskiot-koncert-vo-ohrid-pa-prozva-del-od-makedonskite-mediumi-i-produkcijata-koja-vo-ist-den-organizira-koncert-na-petar-grasho-zoshto-mojot-go-stavivte-vo-mnogu-losh-konteks/ Tue, 28 Jul 2020 06:58:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160744

Илинден е на прагот, следува споен викенд од три неработни дена, во кои традиционално македонскиот езерски бисер Охрид секоја година е полн како око. Сместувачките капацитети распродадени, кафеаните однапред резервирани, на плажите нема игла каде да фрлиш... И сето ова годинава ќе биде мултиплицирано неколку пати, заради корона епидемијата и неможноста да се патува надвор од границите на Македонија, па Господ нека ни е напомош по „Илинденскиот корона кластер“ кој допрва ќе следува. Но, тоа е друга тема на приказната, за жал, грдата страна на убавото. За Илинденските празници во Охрид токму заради препосетеноста со туристи, години наназад традиционално се организирале и случувале десетици културни и музички манифестации, концерти, настапи на познати естрадни ѕвезди... Така требаше да биде и годинава, арано ама... По најавените концерти на неколку музички ѕвезди, меѓу кои и концертот на српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас засилен со неговат колешка Сандра Африка, јавноста се крена на нозе заради ризикот од корона зараза при таквите масовни собирања. Уште повеќе заради тоа што нивните пакет настапи во соседна Србија беа забранети или откажани сеедно, заради корона епидемијата, а кај нас... Социјалните мрежи зовреа од негативни коментари, дел од македонските медиуми ја потенцираа и мултуплицираа приказната, па Аца Лукас и неговиот охридски, илинденски концерт завршија дури и во централниот дневник на некои од најгледаните македонски телевизии, како ТВ Сител, на пример. Сфаќајќи ја сериозноста и ризикот од настанатата ситуација, а можеби уште повеќе  и ризикот по сопствената кариера и популарност, српската поп-фолк ѕвезда се огласи со свој статус на социјалните мрежи го откажа концертот. Од хумани или бизнис причини, или можеби од двете, само Аца Лукас знае, но, како и да е, концерт нема да има! „Почитувана публико, драги мои фанови и сите луѓе во Македонија, мислам дека е соодветно да се обратам до сите Вас, како и на целата македонска јавност, преку мојот Инстаграм и да разјаснам некои работи поврзани со мојот настап што требаше да се случина  1 - ви август оваа година. Моите концерти не ги закажувам јас, туку мојот менаџмент и тоа таму, каде што ќе не повикаат. За овој концерт бев информиран само пред неколку дена и веднаш побарав  гаранции дека концертот ќе биде регулиран и одобрен од сите соодветни инстиуции, зашто токму јас бев запрепастен кога дознав дека ми е закажан настап! Но, до ден денес, добив само усмени гаранции од организаторот, што за мене не беше доволно. Со извинување до македонските музичари, пејачи и музички уметници кои се принудени да седат дома и не работат и морална обврска утре некој да каже дека се заразил на мојот концерт и извинување на оние кои му се радуваа на тој концерт, ве информирам дека концертот на Александар Вуксановиќ - Аца Лукас на 1-август во Охрид е ОТКАЖАН и НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ“ - меѓудругото напиша Лукас, лично откажувајќи го концертот. Но, не помина долго, само неколку часа кога Аца Лукас одново се огласи на својот Инстаграм профил со нова статус. Овој пат српската турбо фолк ѕвезда, очигледно нервозен, лут и навреден, прозва дел од македонските медиуми, како и организаторите на другите, конкурентски концерти како оној на Петар Грашо, на пример, кој истиот ден во Охрид треба да се одржво организација на „Прагма продукција“ зад која стои менаџерот Кристијан Стефановски, концерт кој никој не го спомна. Ниту на социјалните мрежи, ниту во медиумите иако  датумот ( 1-ви август), локацијата (Охрид) и секако ризиците од можна зараза заради масовно собирање се исти, како и на концертот на Лукас!? Токму испровоциран од ова, српскиот поп-фолкер одново се огласи, па прозва дел од македонските медиуми и организторот - „Прагма продукција“: „Со должна почит кон мојот колега и еден од моите омилени пејачи и со верба дека во ваква ситуација за својот настап секој одлучува според сопствената совест, само би поставил прашање до одредени медиуми како што се: Фокус, Лидер магазин, Охридски новини, итн...Од една страна, тие со право го кренаа својот глас против мојот настап и не беа нималку пријатни. Јас би ги прашал само една работа: По кој основ е направена разлика меѓу овие два концерти,  па мојот е споменуван во многу лош контекст, а концертот на мојот уважен колега никој не го спомна иако се одржува во ист ден? Јас стојам зад мојата одлука и нема да ја менувам, но би ги замолил споменатите медиуми да ми одговорат кој е факторот на ризик на мојот, а кој на овој, другиот концерт, па него го испуштија од вид кога мене ме нападнаа? (И честитам на оваа, некоја  „Прагма продукција“ на успешен концерт, однапред. Бидејќи сега можат да бидат сигурни дека ќе им биде успешен)“ - напишал Лукас коментирајќи го селективниот третман и уште поселективната медиумска осуда за двата настани кои треба(а) да се одржат во исто време, на исто место со ист фактор на ризик.  ]]>

Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција https://arhiva.vistina.com.mk/istrazuvanje-lugjeto-koi-odat-pobrzo-imaat-pomal-rizik-od-infekcija/ Thu, 16 Jul 2020 12:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159085

Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од развој на потежок облик на ковид-19, според истражувањето на британскиот „Биобанк“, регистар што го следи здравјето на испитаниците. Научниците анализирале податоци од над 400.000 луѓе вклучени во истражувањето. Од сите испитаници, 973 од нив развиле тешка форма на ковид-19 откако биле заразени со коронавирусот, поради што морале да бидат хоспитализирани. Луѓето што се движеле бавно имале најголем ризик да добијат ковид-19, без оглед дали се слаби или имаат вишок килограми. Луѓето со нормална тежина кои оделе бавно – помалку од 4,8 километри на час, имале двојно поголема веројатност да развијат тежок облик на ковид-19 во споредба со лицата со нормална тежина кои оделе со брзина поголема од 6,4 километри на час. Личностите што одат бавно честопати имаа и други здравствени нарушувања. Брзината на движењето често се користи за да се тестира физичкиот капацитет кај возрасните луѓе и да се предвидат ризиците од заболување, инвалидитет и смрт. Исто така, споредено со луѓето со нормална физичка тежина, оние со вишок килограми имале 49% поголем ризик за развој на тежок облик на ковид-19. иѕвор: кафепауза]]>

Не го оставајте телефонот на овие 8 места: Во џеб, под глава… https://arhiva.vistina.com.mk/ne-go-ostavajte-telefonot-na-ovie-8-mesta-vo-dzeb-pod-glava/ Thu, 26 Sep 2019 13:20:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109257

Иако сè уште не знаеме доволно за влијаението на мобилните телефони врз нашето здравје, постојат истражувања кои укажуваат на тоа дека се потенцијално штетни, па со нив треба да ракуваме вниматлно. Во 2011-та година, Меѓународната агенција за истражување на рак, зрачењето од мобилните телефони го класифицирала како „потенцијално канцерогено“, а знаеме дека мобилните телефони испуштаат радиофрекфенциско зрачење кое може да се апсорбира во деловите на телото кои се во близина. 1. Никогаш не го носете мобилниот телефон во џеб Иако многумина го ставаат телефонот во џебот од панталоните, немојте да го правите тоа ако ви е вклучен мобилниот. Имено, зголеменото зрачење може да влијае на здравјето на репродуктивните органи. Постојат истражувања кои укажуваат дека тоа може да влијае на машката плодност, како и такви кои укажуваат дека тоа може да биде поврзано и со болки во грбот. 2. Подалеку од градите Постојат и студии кои укажуваат дека зрачењето од мобилниот телефон може да го поврзете со поголем ризик од тумор на дојка. Иако не постојат цврсти докази, подобро е да го носите во чанта, подалеку од телото. Тоа посебно се однесува на пациентите кои имаат вградени електронски уреди кои служат за подобра работа на срцето. 3. Не спијте со мобилниот телефон Не го држете мобилниот телефон во кревет или под перница за време на ноќта, особено ако го полните, првично поради тоа што може да се случи уредот да експлодита и да настане сериозна штета. Светлото од екранот може да ви го поремети сонот, што е уште една причина зошто да не спиете со него. Ако во текот на денот е неопходно негово користење, не важи истото и за ноќта. 4. Нека не се полни кога нема потреба Не го полнете предолго вашиот мобилен телефон, првично бидејќи може да ја оштетите батеријата. Секако не го оставајте во фиока или под перница, бидејќи тоа може да доведе до прегревање на апаратот. 5. Не го држете блиску до лицето Допирањето на мобилниот телефон на лицето не е проблем само поради тоа што екранот е многу чувствителен на допир, па може да го прекине разговорот, туку на тој начин може да пренесете еден куп бактерии кои се наоѓаат на вашиот телефон. Тоа може да предизвика акни и да ја изиритира кожата. 6. Никако во касетата на автомобилот Мобилниот генерално не е добро да го оставате во автомобил, а особено не на некои места каде може да дојде до претерано загревање, како што е касетата. Прегревањето на апаратот може да резултира со експлозија, додека оние помалите проблеми се поврзани со трошоци за поправка. 7. Не со мобилниот телефон на сонце Од истата причина, мобилниот телефон никако немојте да го изложувате на сонце, на пример на плажа. Тоа може да предизвика оштетување на екранот, на батеријата... 8. Не излегувајте со него од тоалет Многу истражувања укажуваат на тоа дека мобилните телефони се право место за зарази, а тоалетот е еден од оние места каде што ќе соберете најмногу бактерии. Дури и ако не го држите додека седите на школка, кога ќе пуштите вода, капките може да стигнат до телефонот - и ете извори на зараза.]]>