ристо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 09:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ристо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Двајца познати македонски музичари останаа без еден од своите родители: Почина мајката на Пере од „Нокаут“ и татко му на Перо – „Камиказа“ од „Меморија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dvajtsa-poznati-makedonski-muzichari-ostanaa-bez-eden-svoite-roditeli-pochina-majkata-na-pere-od-nokaut-i-tatko-mu-na-pero-kamikaza-od-memorija-foto/ Mon, 05 Feb 2024 08:16:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337388

Овој викенд беше навистина тажен за две од најголемите македонски музички имиња и нивните семејства. Двајца познати музичари, двајца лидери на едни од најпознатите и најголеми македонски поп-рок бендови  остаа без еден од своите родители. Имено,основачот и лидер  на култната македонска рок група „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо - „Камиказа“остана без својот татко Ристо, кој почина во сон, во длабока страост на 97 годишна возраст. Но родител е родител, без оглед на возраста и разделбата со најсаканите, со оние кои ни дале живот, не подигнале, растеле, воспитувале, се радувале и тагувале со нашите успеси и недаќи е секогаш тешка и болна. Перо веста за заминувањето на својот татко  јавно ја објави на својот Фејсбук подолг статус, опишувајќи го во дузина реченици животот на неговиот татко.
„Даскалот
На 97 годишна возраст денес во сон замина мојот татко и животен учител.Беше човек кој растеше без татко, бидејќи по усмртувањето на попот Ѓорги(нивниот дедо) од страна на грчките андарти, баба Лена(нивната мајка) сама се бореше и подигаше три сина, бидејќи дедо ми Спасо,бега во непознат правец.Брат му Петре ја превзема на себе сета одговорност, но и тој гине во Егејска Македонија како командант на воената област во Леринско, предаден и запален до темел со првата напалм бомба фрлена во село Сорович, заедно со останатите команданти на ДАГ. Од него не остана ниту прашина! Татко ми ја преживеа втората светска војна како командант на воената полиција, па како најмлад заедно со баба ми Лена со цело политбиро од Егејска Македонија се префрла во денешна Македонија. Завршува учителска школа, па педагошка академија.Се вработува во основното училиште “Јане Сандански“како педагог и учител.По неколку години станува директор на ова мултинационално училиште, инаку најголемо по ученици во тогашна Македонија каде што го помина целиот свој работен век се до пензионирањето.Човек кој си немаше речено еден лош збор со никого, но строг како педагог подигна на иљадници деца, вкључувајки ме и мене, како најпалав и немирен.Секогаш знаеше заедно со мајка ми да го направат правиот потег, бидејќи беше навистина предизвик да се справат со “фуријата“наречена Перо Камиказа.Можам со фермани да пишувам за него и за љубовта што ја имаа со мајка ми, но тоа ви го оставам вам, мои и негови блиски, ученици, роднини и пријатели.И да, станот во кој живеевме во карпош 3 , го отплаќаше цели 30 години(никогаш не зема ништо од државата со зборовите:(нема да правам покрив над главата со коските на брат ми, можам сам да си заработам ). Ете таков беше Ристаки“ - напишал Перо објавувајќи го и времето и местото на последното збогување и испраќање во вечниот дом на својот починат родител, по што  додал:
П.С. Причека вчера да го прославам мојот 63 роденден, па потоа почина!Сполај ти татко за се, и горе меѓу ангелите со сигурност ќе го најдеш својот мир“ - напишал Перо во прошталниот статус на својот Фејсбук.
За жал викендот беше тажен и за уште еден познат македонски поп-рок музичар. Ден претходно почина Жане, мајката на предводникот на групата „Нокаут“, пејачот Никола Перевски - Пере.  Тажната вест Пере исто така јавно ја обзнани, споделувајќи потресен статус на својот Фејсбук профил покрај семејната фотографија со својата мајка, по нејзиното заминување од овој свет. „Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената што ме научи на вистинското значење на љубовта. Мамо, додека не се сретнеме повторно, го носам твоето срце во моето, секогаш и засекогаш. Слава ти… Твојот син Никола со семејството“ - напиша Пере простувајќи се мајка си. Нека почиваат во мир, а редакцијата на Вистина.ком.мк  изразува искрено и длабоко сочувство за ненадоместливите загуби до Перо и Пере и нивните семејства. Фото: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza/Nikola Perevski]]>

Перо – „Камиказа“ има вистинско семејно богатство: Три генерации на едно место, повеќе од причина за славје и еден тон радост (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pero-kamikaza-ima-vistinsko-semejno-bogatstvo-tri-generacii-na-edno-mesto-povekje-od-prichina-za-slavje-i-eden-ton-radost-foto/ Mon, 26 Oct 2020 08:08:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172809

Петар Георгиевски - Камиказа, жива легенда... во секој поглед. Од урбана скопска фаца, актерски лик, дел од македонската музичка историја, а последниве години и од спортската, поточно  маратноската атлетска фела. Од времето кога го добил прекарот, преку „Трст виа Скопје“, продукцијата на МРТ и театарот на легендарниот Љубиша Ристиќ во Суботица, рок ен рол сцената и „Меморија“, „КЛС“ и ивент индустријата, па се' до тркачките маратони... Сегде битен човек, важeн штраф, замаец, движечка оска што ги задвижува нештата, кои резултираат со остварувања и резултати. Професионално, но и приватно, како посветен сопруг на неговата животна сопатничка, актерката Даница Георгиевска, среќен татко на две веќе возрасни деца - Христна и Христијан, однеодамна и свекор, белким наскоро, дај Боже и дедо Перо... Но, сите тие професионални достигнувања и остварувања, сета таа семејна хармонија не ќе беше можна и остварлива, да не биле неговите родители, кои и денес се „старите“ или поточно, основните столбови на семејството Георгиевски.  Семејно богатство, со кое ретко кој може да се пофали дека се' уште го има. Чичко Ристо, таткото на Перо славеше роденден, 93-тиот... Повеќе од повод и добра причина, три генерации на семејството да се соберат на едно место... За славје на „денот што го чекаме цела година“  на некогашниот просветен работник и долгогодишен директор на едно скопско основно училиште и за еден тон радост на целото семејство, кое се собра за да му го честита роденденот. Сопругата Христина, со која се близу 70 години заедно, ќерката Мира, синот Перо со снаата Даница, внукот Христијан со сопругата... Недостасуваше само „оправдано отсутната“ внука  Христина. „Богатство... Денес, татко ми наполни 93 години, а со мајка ми се близу 70 заедно. Исклучително горд на тоа што на скоро 60 години,  се' уште сум дете за тато и и мама. Во услови на пандемија, само скромен семеен албум, малку пита, торта и радост еден тон. Да даде  Господ уште долго време да се радуваме на нивната љубов.  И да, за историја не ми требаат разно-разни комисии. Имам жива македонска енциклопедија со бистар ум како на момче“ - напиша Перо во славеничкиот статус на својот Фејсбук профил покрај споделените семејни фотографии  на трите генерации од нивното семејство на прославата на татковиот роденден... ...Со пита, торта, еден тон радост и безброј сеќавања и убави спомени на годините... Дај Боже, нека се множат! ]]>

Честит именден Христо, Христина, Божин, Ристо, Ристана… https://arhiva.vistina.com.mk/chestit-imenden-hristo-hristina-bozin-risto-ristana/ Sun, 07 Jan 2018 08:28:51 +0000 http://vistina.mk/?p=9024

Денеска е Рождество Христово – Божиќ, празник на радоста и надежта. Именден празнуваат Христо, Христина, Божин, Ристо, Ристана, Ристовка… Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам. За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи. Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем. Во тоа мало гратче во Јудеја, денешен Израел, се роди Исус, наречен Христос, т.е. Помазаник, и тој беше исполнување на пророштвата. Подоцна се откри и стана позната низ целиот свет надумната тајна на неговата богочовечка личност. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа Христа го нарекуваме спасител. Уште повеќе, влегувањето на Бога во историјата значеше почеток на откривањето на сите тајни и на радоста на вечниот живот.
]]>