ристо шишков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Sep 2020 12:18:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ристо шишков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Отворен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ https://arhiva.vistina.com.mk/otvoren-festivalot-na-kameren-teatar-risto-shishkov/ Wed, 09 Sep 2020 12:18:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166362

Со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај во режија на Кире Ѓоргиев, а во продукција на струмичкиот театар „Антон Панов“, актерите Танкица Стојанова, Ѓорги Трајков и Никола Костадинов, ја кренаа завесата на дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ на сцена на отворено во Градскиот парк во Струмица. Фестивалот традиционално започна на 8 Септември, Денот на независноста, а за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. „Актерот над актерите, големиот Ристо Шишков, повторно не собра на едно исто место, и покрај неговото долгогодишно физичко отсуство. Но неговата духовна присутнот останува во спомените за него и за неговата раскошна актерска оставнина, но и во постоењето на фестивалот кој гордо го носи неговото име“ – изјави Јаневски. Со видео порака почетокот на фестивалот го поздрави и ланскиот лауерат, хрватскиот актер, Драшко Зидар, кој годинава е претседател на фестивалската жири комисија, а претставите ќе ги следи онлајн. „Очекувам фестивалот да биде успешен, а публиката ќе ужива во одлични претстави. Се надевам дека жирито нема да има лесна работа“ изјави Зидар. До 13 септември, кога завршува Фестивалот, ќе се одиграат осум претстави исклучиво од земјава. На ФКТ „Ристо Шишков“ се доделува само една награда за најдобро актерско остварување. Таа се состои од парична награда во износ од 1.500 евра, ланче и златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот, Ристо Шишков.
]]>

Педесетина актери од десет претстави во трка за наградата „Ристо Шишков“ https://arhiva.vistina.com.mk/pedesetina-akteri-od-deset-pretstavi-vo-trka-za-nagradata-risto-shishkov/ Wed, 05 Sep 2018 11:38:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46422

Педесетина актери од десет претстави од Македонија и странство ќе се натпреваруваат на 26. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за единствената награда за високо актерско остварување. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот-актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра. Традиционално фестивалот почнува на 8 септември и ќе трае до 12. Директорот на ФКТ „Ристо Шишков“, Ванчо Ристов Патриков денеска ја соопшти програмата за годинашното издание. – Селектирани се претставите за фестивалот и во конкуренција имаме десет претстави од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија. На свеченото отворање ја имаме најдобрата претстава за оваа година-„Клетници“ од Виктор Иго во изведба на прилепскиот театар. И на ова фестивалско издание нудиме богата програма, интересни театарски постановки, а жирито ќе има навистина тешка задача кому да му ја додели единствената фестивалска награда – рече директорот на ФКТ „Ристо Шишков“, Ванчо Ристов Патриков. Додаде дека ќе има и богата оф фестивалска програма со промоција на повеќе дела, како и средба на поети од Македонија и Бугарија. Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланската лауератка, српската актерка Тања Бошковиќ, а членови се професорката Василка Кортенска од Бугарија и македонската актерка, Јоана Поповска. Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и општина Струмица. извор:република]]>