рио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Jan 2022 13:28:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Карневалот во Рио и годинава е откажан поради коронапандемијата https://arhiva.vistina.com.mk/karnevalot-vo-rio-i-godinava-e-otkazan-poradi-koronapandemijata/ Wed, 05 Jan 2022 13:28:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233998

Карневал во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на коронавирусот. Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката вчера на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој рече дека практично не е изводливо да се одржи уличниот карневал додека важат ограничувањата за влез и другите мерки за коронавирус на уличната прослава на која се регистрирале стотици групи. Повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците во текот на четирите дена од последниот карневал што се одржа 2020 година, наведува весникот „Г1“. Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат. Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со коронавирус. Околу 618.000 луѓе починаа по компликации со Ковид-19. Само САД бележат поголем број на смртни случаи од оваа јужноамериканска земја. Како што напредуваше кампањата за вакцинација во Бразил, бројот на нови смртни случаи нагло се намали. Речиси 70 отсто од бразилското население сега е целосно вакцинирано. Откако на почетокот на декември беа откриени првите инфекции со новата варијанта Омикрон во земјата, бројот на позитивни случаи повторно порасна.
]]>

Победничката во „Ѕведите на Гранд“ не се двои од него: Џејла Рамовиќ бескрајно е вљубена во својот Рио (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pobednichkata-vo-dzvedite-na-grand-ne-se-dvoi-od-nego-dzejla-ramovikj-beskrajno-e-vljubena-vo-svojot-rio-foto/ Tue, 07 Sep 2021 10:55:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218272

Минатата година, Џејла Рамовиќ го доби најубавиот роденденски подарок од нејзините родители, кој стана и новит член на нивното семејството - машка малтешка пудла која ја нарече Рио. Оттогаш, кученцето стана миленик во домот на поранешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, па таа честопати споделува фотографии со својот миленик на социјалните мрежи. Така, сега ги разнежни своите следбеници со ново видео и уште еднаш покажа колку е голема нејзината љубов кон Рио. „Галење“ - напиша таа во описот на видеото во кое го бакнува своето милениче, што ги воодушеви корисниците на Инстаграм и заработи илјадници лајкови и кометари од типот:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic)

„Господе, каков е“, „Толку сте слатки“, „Ова е најубавото нешто“, „Колку сте медени“... се некои од коментарите под видеото споделено од Џејла, иако имаше и такви кои напишале: „Подобро ќе те чувам“ , „Јас лаам потивко“ или „Мене вака да ме бакнуваш, не би останал толку мирен“...! А кој би бил...? Освен Рио!]]>

И Карневалот во Рио откажан заради коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/i-karnevalot-vo-rio-otkazan-zaradi-koronavirusot/ Fri, 25 Sep 2020 12:57:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168749

Училиштата за Самба во Рио де Жанеиро, Бразил, одлучија да го одложат познатиот карневал, кој требаше да се одржи во февруари 2021 година, поради пандемијата на коронавирусот. Нов датум за одржување на фестивалот, не е објавен, но од училиштето Лиеса соопштија дека тоа зависи од вакцината. -Многу е тешко да се има карневал без вакцина. Нема шанси карневалот да се одржи во небезбедни услови… Сепак, свеченоста ќе може да се одложи најдоцна до јануари 2022 година, за да не се наруши следниот карневал, рече претседателот на Лиеса, Жорже Кастањеира. Вообичаено, 13 бразилски училишта за самба дефилираат за време на карневалот на Самбодром пред околу 90.000 жители на Рио, но и пред многу туристи од целиот свет. Датумот се менува секоја година во зависност од римокатоличките големи пости. Првиот случај на коронавирус во Бразил е регистриран на 26 февруари, ден по крајот на годинешниот карневал. Натпреварувачката традиција своите почетоци ги има во 1930-тите. До тогаш, карневалот се одржувал на улица. Последен пат свеченоста беше одложена за два месеци, во 1912 година поради смртта на тогашниот министер за надворешни работи. Во Втората светска војна, прославите беа откажани. (МИА)]]>

Алесандра Амбросио се разголе во Рио: Горе циркони, долу ланци, гаќички – нигде! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/alesandra-ambrosio-se-razgole-vo-rio-gore-cirkoni-dolu-lanci-gakjichki-nigde-foto/ Wed, 26 Feb 2020 12:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136312

Нејзиниот изглед привлече големо внимание на овој настан, но исто така и на Инстаграм, каде што фотографијата што ја објави направи вистински хаос.
Имено, за оваа пригода, таа избра костум со парчиња дијамантски ленти, многу оскудно како во пределот на градниот кош, така и во пределот на нозете, покажувајќи дека таа сè уште успева да ја задржи завидната фигура на супермодел.
„Ова е карневал“ - напишала кусо таа на овој пост, кој за еден ден и донесе речиси 280.000 лајкови и дури 1.300 коментари.
Подоцна, сепак, таа одлучи да ги покрие градите со црна лента, која ја носеше под овој фустан, а потоа следуваше уште пожешка и попровокативна комбинација на облека.
Амбросио со ова докажа дека дури и без „Викторија Сикрет“, каде беше речиси две децении, а ја напушти во 2017 година, таа може да направи вистински хаос.

(ФОТО) Многу жешки танчарки на карневалот во Рио, а меѓу нив и Адријана Лима! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-mnogu-zeshki-tancharki-na-karnevalot-vo-rio-a-megju-niv-i-adrijana-lima/ Fri, 16 Feb 2018 08:33:28 +0000 http://vistina.mk/?p=12994

Карневалот во Ри де Жанеиро е најмасовниот карневал во светот, каде повеќе од два милиони луѓе танцуваат во ритамот на самбата во шаренилото од костими.

Карневалот започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик. Оваа година ангелот на “Victoria’s Secret”, Андријана Лима, отпатва во Рио за да биде дел од Карневалот. Таа се одлично се забавуваше и танцуваше со своите колешки Лаис Рибеиро, Џасмин Тукс и Барбара Фиало. извор:среќа.мк]]>