рибља чорба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Dec 2023 10:45:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рибља чорба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бора Чорба директен и искрен пред камера: „Јас ќе умрам на сцена!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bora-chorba-direkten-i-iskren-pred-kamera-jas-ke-umram-na-stsena-video/ Fri, 22 Dec 2023 08:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332091

Легендарните „Рибља чорба“, неодамна имаа концерт во „Арена Борис Трајковски“. „Во текот на сите овие долги години постоење, одржаа безброј сјајни концерти низ кои поминаа многу генерации, генерации кои и ден денес се верни на нивниот звук така беше и овој пат. После толку продадени влезници, Бора и пријателите ги донесоа сите хитови во „Арена Борис Трајковски“. Ако некому му прилега зборот легенда, тогаш тоа со сигурност е Бора Чорба – човекот кој својата рок филозофија веќе со денеции ја спроведува како свој животен стил. Уште од најрана младост предизвикуваше контрадикторни емоции кај публиката и додека едни ја оспоруваа неговата работа, другите уживаа во неговите песни и музика. Во својот богат живот, Бора имаше многу убави, но и тешки моменти, но при секој пад успеваше да покаже дека ништо не може да го сруши. И после толку време, гитарите звучат исто, а песните останаа запаметени. Долг е патот позади нив, пат со многу победи и порази, но и покрај се „Рибља чорба“ успееа да ја зачуваат својата автентичност. Отсекогаш претставуваа единствен спој на енергии, слобода и добра музика од кои произлегоа песни кои се за сечие време. Фронтменот на култниот бенд Бора, беше гостин во единствениот естраден магазин “Бекстејџ”, а што се тој кажа погледнете во видеото: фото/video:You Tube printscreen/ Backstage Media]]>

Оливер Мандиќ требаше да биде клавијатурист на „Рибља чорба“, дури снимија и албум, но… кавгата со Бора ја растури работата, а песните никогаш не се појавија https://arhiva.vistina.com.mk/oliver-mandik-trebashe-da-bide-klavijaturist-na-ribla-chorba-duri-snimija-i-album-no-kavgata-so-bora-ja-rasturi-rabotata-a-pesnite-nikogash-ne-se-pojavija/ Mon, 05 Jun 2023 11:03:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304913

Оливер Мандиќ е роден во Ужице на 13 јули 1953 година. Тој е познат српски пејач и композитор на поп музика. Беше една од најистакнатите ѕвезди на белградскиот нов бран од првата половина на осумдесеттите. И покрај мегауспешната соло кариера, во 1991 година, Оливер Мандиќ требаше да стане или подобро речено накратко беше член на белградската рок група „Рибља чорба“. Идејата беше Оливер Мандиќ да стане клавијатурист на бендот, а требаше и креативно да учествува во создавањето на песните за албумот „Лебедова песна“ во половина од нумерите.   Оливер Мандиќ и „Рибља чорба“  дури и го снимија целиот материјал за оваа плоча во Виена на крајот на 1991 година (вклучувајќи ги и песните со музика на Мандиќ, на кои вокалите ги пееше Бора Ѓорѓевиќ), но непосредно пред објавувањето на албумот, Оливер Мандиќ и Бора Ѓорѓевиќ смртно се скараа така што соработката нагло била прекината. Албумот на „Рибља чорба“ - „Лебедова песна“ навистина се појави на пазарот во 1992 година, но не ги содржеше нумерите чија музика ја напиша Оливер Мандиќ поради судската забрана (ова скратено издание на албумот имаше вкупно осум песни, половина од планираниот број) . Песните на Оливер снимени со „Рибља чорба“ денес се достапни само во форма на пиратски снимки, а поради нивниот квалитет и уникатен звук (невообичаена комбинација на клавијатурите на Оливер и гласот на Бора), тие се високо ценети меѓу колекционерите. Оливер Мандиќ во текот на деведесеттите (а и нешто подоцна) ќе пишува музика и аранжмани и за познатите српски турбо-фолк ѕвезди... Од нешто мораше да се живее! Фото: Фаејсбук принтскрин/Oliver Mandić]]>

„Рибља Чорба“ оди на турнеја по Америка https://arhiva.vistina.com.mk/riblja-chorba-odi-na-turneja-po-amerika/ Wed, 17 Aug 2022 12:59:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263119

„За прв пат одиме на турнеја без Миша. Не можам да зборувам за тоа, толку е шокантно што си замина за десет дена“ – изјави Бора. Фронтменот на групата „Рибља Чорба“ Бора Ѓорѓевиќ живее меѓу Словенија и Србија. Неговиот бенд сними нов албум за време на короната. -Да, 11 песни и сингл со две песни, ги одвоив затоа што се различни. Проблемот со издавачите е што веќе никој не купува ЦД-а. Само она што се појавува на YouTube и на интернет може да донесе одредена корист за издавачите, вели тој. Најголемо “полнење на батериите“ за него е дружењето со публиката и настапите, па така ќе биде и во наредниот период, а се подготвуваат и за турнеја во Америка. -Кон крајот на септември одиме во Америка. Малку сме стари, не можеме да го обиколиме источниот и западниот брег, па ќе настапиме само во Торонто и Чикаго, вели тој. Бора се присети и на својот покоен колега, басистот Миша Алексиќ. Тој вели дека се уште не може да прифати дека го нема. -Неговата песна ќе се најде на новиот албум. Тој е претставен. За прв пат одиме на турнеја без Миша. Не можам да зборувам за тоа, толку е шокантно.  Се договоривме да “умреме“ заедно на сцената, ние двајца, но не вака рано. Верувам дека и тој би сакал да продолжиме да работиме, вели тој.]]>

„Рибља чорба“ претстави шест нови песни од претстојниот албум (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/riblja-chorba-pretstavi-shest-novi-pesni-od-prestojniot-album-video/ Wed, 05 Jan 2022 13:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234003

На почетокот на 2022 година, рок групата „Рибља чорба“ во своето студио во Белград, пред екипата на „Спутњик“ претстави дел од песните што треба да се најдат на претстојниот, сè уште неименуван 21-ви студиски албум. Тоа ќе биде првиот што ќе излезе по смртта на басистот Миша Алексиќ. Станува збор за шест песни: „Две гитаре“, „Очи малог пса“, „Дубока држава“, „Кад бих се родио опет“, „Парада“ и „Заиста не волим што старим“. Според фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, албумот требало да се вика „Dance Macabre“ („Танц на смртта“) или „Смрт во 10 лекции“. „Се откажав од спомнувањето на смртта, иако албумот е тежок и црн како времето во кое живееме. Би можело да се нарече „Две гитаре“, по песната за која музиката ја направи Миша.Во текстот ги споменувам Синиот воз, Советот и Љубљана, асоцијации со болеста и смртта на Јосип Броз Тито. Во еден стих пеам: „Испрати го моје тело испратите у чачак, у србији, у Љубљани оставите срце, да буде ту“. Напишав црн текст, му го испратив на Миша на кој му се допадна и тој ја напиша музиката. – вели бора. Песната „Две гитаре“ беше премиерно изведена во живо на концертот „Рибља чорба“ на стадионот „Ташмајдан“, на 16-ти август 2021 година, посветен на ко-основачот на бендот Алексиќ, одржан на денот на неговото раѓање. На „Таш“ беше пуштена и песната „Очи малог пса“, но за албумот се планира поинтимна верзија, со пијано, акустична гитара и жици. Музиката за „Дубока држава“ ја компонираше тапанарот на „Чорба“, Вицко Милатовиќ, а Бора меѓу другото го споменува и банкарот Рокфелер, кој почина на сто и неколку години, а претходно имаше девет трансплантации на срце. „Кад бих се родио опет“ е песна со средно темпо, на музика на клавијатуристот Никола Зориќ, во која Бора, во тажен осврт на својот минат живот, признава дека „пак би газел, но би внимавал да не повреди некого“. За трогателната љубовна песна „Заиста не волим што старим“, Ѓорѓевиќ изјави дека сите плачат кога ќе ја слушнат. Бора најави и дека новиот албум  ќе биде придружуван од уште еден наречен „И тако даље“, на кој ќе се најдат некои песни на кои нема место и концептуално не одговараат на моментално неименуваното главно издание. Една од песните што веројатно ќе се најде на албумот е антивоената „Парада“. Извор: Спутник.ср/24 музика]]>

Ретко кој знае дека оваа позната пејачка му е братучетка на Бора – „Чорба“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/retko-koj-znae-deka-ovaa-poznata-pejachka-mu-e-bratuchetka-na-bora-chorba-foto/ Thu, 11 Nov 2021 12:31:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226930

Иако Бора Ѓорѓевиќ е на естрадата веќе 40 години, често се појавуваат нови, интересни информации за неговиот живот. За многумина  сосема непознат е фактот дека неговата братучетка е позната дама од нашата естрада. Станува збор за Биља Крстиќ со која Бора неколкупати успешно соработуваше. Тоа го откри уште во 2004 година, кога се појави на промоцијата на албумот на Чорба „Овде“, на кој гостуваше во воведната песна „Мобилен“. „Да ви кажам една тајна, можеби не знаете. Јас и Бора сме роднини. Ние сме братучеди. Затоа навивам за него и по таа линија, но и на пријателска“, изјави тогаш Биља. Нивната соработка датира од 1975 година. Во тоа време тие двајца беа членови на легендарната акустична група „Сунцокрет“.]]>

„Рибља чорба“ ќе одржат концерт под ведро небо во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/riblja-chorba-kje-odrzat-koncert-pod-vedro-nebo-vo-skopje/ Wed, 09 Jun 2021 12:59:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206364

Авалон продукција го најавува првиот концерт за 2021 година –  „Рибља чорба“ во Скопје на 27-ми јуни, на платото пред А1 Арена.Судбината сакаше после девет месеци од нашиот последен одржан концерт, концертот на „Бајага и Инструктори“ во септември минатата година, првиот нареден концерт да биде  токму со бендот во кој Бајага созреа и се изгради себеси како артист- „Рибља Чорба“, сигурно еден од најголемите рокенрол состави на Балканот на сите времиња. „Многу сме среќни што ја отворaме сезоната на концерти во Скопје. Отсекогаш сме се радувале на свирки во Македонија, меѓу другото, затоа што Македонците знаат да ценат добар рокенрол и затоа што секој има уво и пее како славејче. Во исто време, ние сме тажни затоа што короната го зеде Миша Алексиќ од нас. Неговиот дух ќе биде со нас на 27-ми јуни во Скопје, пред салата Борис Трајковски. Ќе дадеме се од себе да ги израдуваме сите со концертот. Ве сака „Рибља чорба“ – вели Бора во најавата за концертот.
Старите љубители на рокенролот, а Рибља Чорба како природен феномен на концертите има и неверојатно млада па дури и малолетна публика, паметат дека големата југословенска турнеја за легендарниот албум „Мртва природа“ (на којшто се наоѓаат хитовите „Волим жене“, „Неќу да испаднем животиња“, „Пекар, Лекар, Апотекар“, „На западу ништа ново“….), се викаше „Кој ќе преживее, ќе раскажува“.
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во четврток, 10 јуни 2021 во 21:00 часот.
]]>

Бора Ѓорѓевиќ не може да ја преболи смртта на неговиот другар од бендот: „Починал Џеј, а јас земам телефон да му вртам на Миша, дали е вистина?“ https://arhiva.vistina.com.mk/bora-gjorgjevikj-ne-moze-da-ja-preboli-smrtta-na-negoviot-drugar-od-bendot-basistot-na-riblja-chorba-pochinal-dzej-jas-zemam-telefon-da-mu-vrtam-na-misho-dali-e-vistina/ Thu, 10 Dec 2020 13:12:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180216

Бора Ѓорѓевиќ, пејач и фронтмен на рок групата „Рибљ чорба“, не може да прифати дека го нема веќе неговиот пријател и колега од бендот, Миша Алексиќ, Џеј Рамадановски, Тихомир Тика Арсиќ...
„Гледав во весникот утрово и со олеснување констатирав дека денас никој близок не умрел“ - очајно изјави Бора.
„Беше невозможно Џеј да не се сака. Чорба за првпат замина на австралиска турнеја во 1990 година со тогаш младиот Џеј. Тој беше на почетокот на својата кариера, љубезен и симпатичен“ - се присети Бора.
Прославениот бенд и починатиот пејач се поврзани со духовитата песна „Гастарбејтерска 2“, снимена на албумот на „Рибља чорба“  - „Ноевата арка“ во 1999 година. Набројувањето на народните пејачи што оди на тезга „преку границаа“ за време на викендите во секоја строфа завршува со познатиот стих: „... и секако Џеј“. Било планирано, на крајот од песната, како гостин,Џеј да рече: „И секако јас“, но тоа не се случило, бидејќи тој не бил во Белград за време на снимањето на песната.
„Кога ја снимивме таа песна, некои од споменатите пејачи ни беа лути, некои не, а Џеки беше воодушевен“ - се сеќава Бора. Тој ми велеше: „Брат, ти благодарам. Ми ја качи цената, сите ми бараат“. Последен пат се сретнавме на бензинската пумпа, по свирките за Стара Нова 2017 година. Падна и пеење и плачење. Потоа дојде 2020 година...“ - воздивнува  Бора, собирајќи сила да додаде.
„Сето ова е толку болно. Го слушам концертот на Бајага на 'Синиот воз' и двапати кревам телефон за да разговарам со Миша за концертот. Џеј починал, а јас го земам телефонот за да му се јавам на Миша, да го прашам дали е вистина. Сите во бендот сме скршерни...“ - со жал констатира Бора.
Фото: Инстаграм принтскрин/riblja_corba_do_groba_fan_

Бора Чорба реагираше на написите дека е тешко болен https://arhiva.vistina.com.mk/bora-chorba-reagirashe-na-napisite-deka-e-teshko-bolen/ Sun, 20 Oct 2019 08:25:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113496

Естрадниот магазин „Свет“ пишува дека фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ е тешко болен и дека наскоро оди на лечење, а оваа вест ја пренесоа домашните и регионалните медиуми. „Бора неодамна дозна дека е болен.Единствено решение е операцијата“ вели извор за „Свет“. По овие пишувања, Бора Чорба реагираше со соопштение во кое ги демантира овие пишувања. „Рибља Чорба не ги откажа концертите, ниту ќе откаже еден настап. Напротив, 7 декември сме во Минхен, а во подготовка е голема турнеја. Се закажуваат и датуми за Америка. Веста за откажување на концертите е злонамерна, со намера да ни го обезвредни албумот „Да тебе није“ и да внесе несигурност кај нашите фанови, но и да ги обесхрабри организаторите“ вели Бора и додава: „Исто така злонамерно е напишано дека бараме некои пари. Им благодарам на оние кои понудија финансиска помош, но пари не ни требаат. Сите во бендот сме осигурани“. На крајот, Ѓорѓевиќ се огласи и за написите дека е тешко болен. „Не сум тешко болен, а тоа се виде на успешаната турнеја во 25 градови, а посебно на последните два – 13 септември во Љубљана и 5 октомври во Виена. Свириме и пееме подобро од кога и да било. Веруваме дека ваквите информации се саботажа на лоши луѓе. Во име на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ“.]]>