рибизли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Aug 2022 11:14:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рибизли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трик како да ги одржувате малините и капините сочни и цели кога ќе ги извадите од замрзнувач https://arhiva.vistina.com.mk/trik-kako-da-gi-odrzuvate-malinite-i-kapinite-sochni-i-celi-koga-kje-gi-izvadite-od-zamrznuvach/ Wed, 03 Aug 2022 11:14:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261358

Во сезоната на малини и капини, многу домаќинки одлучуваат да ги подготват за замрзнување и да ги користат од есен до следното лето за правење колачи и торти. Но, бидејќи овие плодови се многу чувствителни и нежни, често се случува да се претворат во каша кога ќе се одмрзнат. За да не ви се случи тоа, треба на посебен начин да ги подготвите за замрзнување. Свежите малини и капини измијте ги, наредете ги на пластичен плех и ставете ги во замрзнувач преку ноќ. Внимавајте плодовите да не се допираат за да може секое да замрзне поединечно. Следниот ден извадете го пластичниот плех со замрзнатите малини и капини и префрлете ги во садови за еднократна употреба, пластични шишиња или кеси со широки усти и ставете ги во замрзнувач. Вака замрзнатите бобинки нема да се претворат во каша кога ќе ги одмрзнете, а плодовите ќе останат сочни. На ист начин можете да подготвите и боровинки и рибизли. извор:kurir.mk]]>

Моќни бобинки од црвена и црна рибизла: Овошје што ги освежува летните денови https://arhiva.vistina.com.mk/mokjni-bobinki-od-crvena-i-crna-ribizla-ovoshje-shto-gi-osvezuva-letnite-denovi/ Thu, 14 Jul 2022 12:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258671

Бобинките од црвена рибизла растат ниско на грмушката, висат од гранките како низи од минијатурни накит. Имаат висока содржина на витамин Ц, а одлично се комбинираат и со други бобинки, како малини, капини, јагоди и дињи, како и во преливи со разни видови месо (гуска, дивеч, јагнешко). Може да се користат и како декорација за пудинзи или коктели. Бидејќи е богат со калиум, кој придонесува за здрава работа на срцето, црвената рибизла може да се користи за спречување на хипертензија и за регулирање на крвниот притисок. Исто така, неагресивното дејство на плодот на ова овошно дрво ги прави рибизлите корисни за луѓето кои страдаат од нервозни црева и придонесува за подобро варење. Црната рибизла има вкусни, црни плодови кои се богати со витамин Ц и антоцијанин, што е поволна комбинација за луѓе кои боледуваат од проширени вени или имаат чувствителни капилари. Семките од црна рибизла се богати со гама-линоленска киселина, која има антиинфламаторно дејство. Покрај многуте хранливи материи кои се поволни за здравјето, Webmd.com известува дека рибизлите се добри и за надминување на симптомите на грип. Познавачите на хербалните лекови и нивните лековити дејства велат и дека листот од црна рибизла е неправедно запоставен и малку познат, но многу ефикасен како помагало во решавањето на проблемите со ревматизам и ревматоиден артритис.]]>