резултати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Mar 2023 01:16:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png резултати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Неколку работи кои нѐ прават среќни… https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-raboti-koi-n-pravat-srekni/ Mon, 20 Mar 2023 12:50:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294064

Среќата е во малите работи, само што ние понекогаш тоа го забораваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија не потсетува кои ситници можат да ни го разубават денот и да не направат среќни. Запомнете ги овие работи и бидете среќни! Доколку во последно време тешко пронаоѓате причина за да бидете среќни, завртете се околу себе затоа што среќата е во малите работи кои ви го пораваат расположението во истиот момент. Ако ја пронајдете ташната која што не сте ај носеле подолго време ќе ви се разлее насмевка на лицето, а истиот ефект ќе го има и песната која долго време не сте ја слушнале, а баш сега ја пуштаат на радио. Резултатите од истражувањето спроведено во Велика Британија на 3.000 возрасни испитаници открило неколку ситници кои се клучни за среќа: Пронаоѓање на заборавени пари во џебот од фармерките Одење на годишен одмор Убава СМС порака од партнерот Чиста постелнина на креветот Галење…. Пливање во море/езеро Изненадување во облик на подарок или цвеќе Романтична ноќ Порака за благодарност за нешто што сте направиле Чоколаден колач Покрај овие 10 работи тука се и моментите на самотија, средбата со стари пријатели, гледањето на стари фотографии, купување на добро парче облека на попуст… Статистиката вели дека сме среќни три дена во неделата, а на вас останува тоа да го свртите во своја корист! извор:курир.мк

Повеќе на vistina.mk]]>

Среќата е во малите работи, само што ние понекогаш тоа го забораваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија не потсетува кои ситници можат да ни го разубават денот и да не направат среќни. Запомнете ги овие работи и бидете среќни! Доколку во последно време тешко пронаоѓате причина за да бидете среќни, завртете се околу себе затоа што среќата е во малите работи кои ви го пораваат расположението во истиот момент. Ако ја пронајдете ташната која што не сте ај носеле подолго време ќе ви се разлее насмевка на лицето, а истиот ефект ќе го има и песната која долго време не сте ја слушнале, а баш сега ја пуштаат на радио. Резултатите од истражувањето спроведено во Велика Британија на 3.000 возрасни испитаници открило неколку ситници кои се клучни за среќа: Пронаоѓање на заборавени пари во џебот од фармерките Одење на годишен одмор Убава СМС порака од партнерот Чиста постелнина на креветот Галење…. Пливање во море/езеро Изненадување во облик на подарок или цвеќе Романтична ноќ Порака за благодарност за нешто што сте направиле Чоколаден колач Покрај овие 10 работи тука се и моментите на самотија, средбата со стари пријатели, гледањето на стари фотографии, купување на добро парче облека на попуст… Статистиката вели дека сме среќни три дена во неделата, а на вас останува тоа да го свртите во своја корист! извор:курир.мк]]>
Елеонора Миљковиќ ги покажа „резултатите од љубовта“… оние другите, допрва следуваат (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eleonora-milkovik-gi-pokazha-rezultatite-od-lubovta-onie-drugite-doprva-sleduvaat-foto/ Mon, 16 Jan 2023 10:26:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284313

Македонската ријалити ѕвезда  инфлуернсерка  и топ модел Елеонора Миљковиќ откако последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски, се помалку и поретко е присутна на социјалните мрежи. И додека нејзиниот Инстаграм секојдневно го красеа нови фотографии, неретко доволно жешки за нејзините следбеници долго да ги лепат своите „влажни погледи“ за нејзините провокативни пози, сега на нејзниот профил споменатата социјална мрежа ниту една слика не е веќе така свежа. Најчесто доминираат фотомоментите од нејзината свадба од која минаа три месеци, а само понекоја нова фотографија може да се види едвај на нејзините Инстаграм приказни и тоа е се'! Дали раскошната убавица сега повеќе е вредна домаќинка па нема толку време за себе и самофотографирање или сега веќе нема потреба од толкаво (само)рекламирање, ќе мора убавата Нора само да ви одговори? Она што е евидентно дека покрај сопругот таа и понатаму се грижи за уште некого кој уште од претходно е член на семејството... Само малку поинаков, иако е неизоставен во ниту една ситуација. Така нејзиниот мал,  четвороножен куќен миленик, бушавиот пес од расата Бишон по име Болт, како што вели самата сопственичка, „можеби  не е целиот нејзин живот, но тој го прави нејзиниот живот целосен“. Затоа дури и на нејзината свадба, на тој свечен и радосен ден, домашниот миленик беше неизоставен! Инаку Нора од него е нераздвојна и зиме и лете... И кога е слободна, за заедничко селфи фотографирање... И кога е зафатена или ќе легне да одмара, тој е секогаш тука до неа... Со испружено јазиче да ја лизне каде што не треба... Или да и се качи на глава! Па дури и кога тазе сопружниците ќе останат сами да споделат љубов, секогаш е тука некој трет да упадне во нивниот „интимен свет“. Сепак,  на малиот „натрапник“ никој не му се лути, зашто двајца или тројца, среќата е иста  – емотикон на детелина… со четири листа! Арно ама, затоа „бушавиот“ и тоа како знае да се налути... До душа само во игра, особено кога го задевате таму кај што не треба, може да ви се случи откако ќе покаже заби, од истите да ви остави и тоа како видливи траги. Впрочем, како што самата Елеонора споделила: „Љубовта со Болт некогаш изгледа и вака“... Останува само уште да видиме како изгледа љубовта со новопечениот сопруг... Или поточно резултатите од истата... Белким е време?! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__    

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската ријалити ѕвезда  инфлуернсерка  и топ модел Елеонора Миљковиќ откако последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски, се помалку и поретко е присутна на социјалните мрежи. И додека нејзиниот Инстаграм секојдневно го красеа нови фотографии, неретко доволно жешки за нејзините следбеници долго да ги лепат своите „влажни погледи“ за нејзините провокативни пози, сега на нејзниот профил споменатата социјална мрежа ниту една слика не е веќе така свежа. Најчесто доминираат фотомоментите од нејзината свадба од која минаа три месеци, а само понекоја нова фотографија може да се види едвај на нејзините Инстаграм приказни и тоа е се'! Дали раскошната убавица сега повеќе е вредна домаќинка па нема толку време за себе и самофотографирање или сега веќе нема потреба од толкаво (само)рекламирање, ќе мора убавата Нора само да ви одговори? Она што е евидентно дека покрај сопругот таа и понатаму се грижи за уште некого кој уште од претходно е член на семејството... Само малку поинаков, иако е неизоставен во ниту една ситуација. Така нејзиниот мал,  четвороножен куќен миленик, бушавиот пес од расата Бишон по име Болт, како што вели самата сопственичка, „можеби  не е целиот нејзин живот, но тој го прави нејзиниот живот целосен“. Затоа дури и на нејзината свадба, на тој свечен и радосен ден, домашниот миленик беше неизоставен! Инаку Нора од него е нераздвојна и зиме и лете... И кога е слободна, за заедничко селфи фотографирање... И кога е зафатена или ќе легне да одмара, тој е секогаш тука до неа... Со испружено јазиче да ја лизне каде што не треба... Или да и се качи на глава! Па дури и кога тазе сопружниците ќе останат сами да споделат љубов, секогаш е тука некој трет да упадне во нивниот „интимен свет“. Сепак,  на малиот „натрапник“ никој не му се лути, зашто двајца или тројца, среќата е иста  – емотикон на детелина… со четири листа! Арно ама, затоа „бушавиот“ и тоа како знае да се налути... До душа само во игра, особено кога го задевате таму кај што не треба, може да ви се случи откако ќе покаже заби, од истите да ви остави и тоа како видливи траги. Впрочем, како што самата Елеонора споделила: „Љубовта со Болт некогаш изгледа и вака“... Останува само уште да видиме како изгледа љубовта со новопечениот сопруг... Или поточно резултатите од истата... Белким е време?! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__    ]]>
Снеже Велков се фати за секирата, па бргу сфати кај кого е силата: Женските мускули, по женски памет (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-se-fati-za-sekirata-pa-brgu-sfati-kaj-kogo-e-silata-zhenskite-muskuli-po-zhenski-pamet-foto/ Wed, 11 Jan 2023 08:42:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283556

Македонската ТВ водителка Снеже Велков секојдневно вежба,  се храни здраво, постојано го јача телото... Pокажува јавно разни финти што ги практикува на социјалните мрежи, но овој пат таа решила и  практично да го проба нејзиното тело за да го покаже резултатот од вежбањето. Снеже реши „да покаже мускули“, па да го види исходот од вежбањето и од секојдневно вложениот напор дали е ефикасен и  дава ли резултати? Иако водителката потајно веруваше дека мажите се  физички поспремни, сепак се облече во сини тренерки и ја зеде секирата. „Ти си ќерко татин син“ - гласно кажа Снеже па тргна да цепи дрва, за да се стопли во студената зима, веројатно во старата куќа во роднота Каменица. Но, некако цепењето не и тргна баш најдобро, па, мудрата водителка веднаш најде решение и сфати во што е штосот.  Таа вешто откри каде лежи зајакот, па следниот пат ќе знае каде да ја побара, од каде да ја црпи силата. „Во сукњата е силата, значи следен пат сукња да облечам“ - го напиша таа умниот одговор... Или само изговор ќе да беше? Таа неодамна сними и видео каде повторно го тестираше своето тело во „грч студена“ вода да провери колку е издржливо и какви сѐ резултати дава вежбањето. Храбрата водителка  за време на Бадник се фрли во мраз ладната вода и за прв пат успеа да се искапе среде зима. Оти... така и текна!
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Блесаво Будалесто Боже,Боже.. Бегај ма! Болест жива! Бог да чува! Браво! Блазеси ти! Блескај си! Брррр.. Прв пат во животот се бањав во зима😀 Оти? Така ми текна“ - напиша во објавата. Или  ова зимско капење не беше туку така случајно, зашто Снеже можеби се подготвува да се фрла  по крстот на претстојниот христијански празник „Водици“? Фото:Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската ТВ водителка Снеже Велков секојдневно вежба,  се храни здраво, постојано го јача телото... Pокажува јавно разни финти што ги практикува на социјалните мрежи, но овој пат таа решила и  практично да го проба нејзиното тело за да го покаже резултатот од вежбањето. Снеже реши „да покаже мускули“, па да го види исходот од вежбањето и од секојдневно вложениот напор дали е ефикасен и  дава ли резултати? Иако водителката потајно веруваше дека мажите се  физички поспремни, сепак се облече во сини тренерки и ја зеде секирата. „Ти си ќерко татин син“ - гласно кажа Снеже па тргна да цепи дрва, за да се стопли во студената зима, веројатно во старата куќа во роднота Каменица. Но, некако цепењето не и тргна баш најдобро, па, мудрата водителка веднаш најде решение и сфати во што е штосот.  Таа вешто откри каде лежи зајакот, па следниот пат ќе знае каде да ја побара, од каде да ја црпи силата. „Во сукњата е силата, значи следен пат сукња да облечам“ - го напиша таа умниот одговор... Или само изговор ќе да беше? Таа неодамна сними и видео каде повторно го тестираше своето тело во „грч студена“ вода да провери колку е издржливо и какви сѐ резултати дава вежбањето. Храбрата водителка  за време на Бадник се фрли во мраз ладната вода и за прв пат успеа да се искапе среде зима. Оти... така и текна!
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Блесаво Будалесто Боже,Боже.. Бегај ма! Болест жива! Бог да чува! Браво! Блазеси ти! Блескај си! Брррр.. Прв пат во животот се бањав во зима😀 Оти? Така ми текна“ - напиша во објавата. Или  ова зимско капење не беше туку така случајно, зашто Снеже можеби се подготвува да се фрла  по крстот на претстојниот христијански празник „Водици“? Фото:Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков]]>
Колку стомачни треба да направите на дневна база за да видиме резултати? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-stomachni-treba-da-napravite-na-dnevna-baza-za-da-vidime-rezultati/ Thu, 22 Sep 2022 12:01:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268266

Иако знаеме многу за видот на храната што е пожелно да се јаде, помалку е познато колку стомачни треба да правиме во текот на денот за да имаме извајан стомак? Познато е дека стомачните се одличен начин да се изгради сила и да се зголеми кондицијата, но всушност не постои точен број пати кога треба да ги правиме. Но, грубо, комбинирањето на три серии стомачни со 25 до 50 повторувања е бројката што ви е потребна за убаво да ги обликувате вашите стомачни. Или, уште подобро, стомачни треба да правите само три пати неделно ако ги комбинирате со кардио и вежби за сила, советуваат експертите. Која е најдобрата техника Прво, легнете на подот и проверете дали колената се подалеку од колковите. Потоа ставете ги рацете зад вашата глава, каде што се спојуваат главата и вратот и проверете дали лактите се насочени кон двете страни од собата. Повлечете го папокот кон ‘рбетот и полека подигнете го торзото. Избегнувајте го искушението да го кренете вратот и обидете се да не работите премногу брзо. Правењето крцкање што е можно побрзо се потпира на моментумот, а не на мускулната сила. Што јадете е важно Како што и самите знаете, за да ги изгубите вишокот килограми, вашата исхрана мора да биде здрава. Ова значи јадење хранливи состојки, здрави масти, како што се авокадо и јаткасти плодови, овошје и зеленчук, протеини, како пилешко и риба. Нискокалоричната храна, како што се јогуртот со малку маснотии и леќата, исто така може да поттикне губење на тежината. Прочитајте повеќе: Најдобрите бои за просторот околу бирото според дисциплината ФЕНГ ШУИ: ЗЕЛЕНАТА дава енергија, а еве што значи ЦРНО Треба да се избегнуваат транс масти и додадени шеќери. Тоа значи дека се советува да се ограничи внесот на грицки и колачи. извор:popara.mk

Повеќе на vistina.mk]]>

Иако знаеме многу за видот на храната што е пожелно да се јаде, помалку е познато колку стомачни треба да правиме во текот на денот за да имаме извајан стомак? Познато е дека стомачните се одличен начин да се изгради сила и да се зголеми кондицијата, но всушност не постои точен број пати кога треба да ги правиме. Но, грубо, комбинирањето на три серии стомачни со 25 до 50 повторувања е бројката што ви е потребна за убаво да ги обликувате вашите стомачни. Или, уште подобро, стомачни треба да правите само три пати неделно ако ги комбинирате со кардио и вежби за сила, советуваат експертите. Која е најдобрата техника Прво, легнете на подот и проверете дали колената се подалеку од колковите. Потоа ставете ги рацете зад вашата глава, каде што се спојуваат главата и вратот и проверете дали лактите се насочени кон двете страни од собата. Повлечете го папокот кон ‘рбетот и полека подигнете го торзото. Избегнувајте го искушението да го кренете вратот и обидете се да не работите премногу брзо. Правењето крцкање што е можно побрзо се потпира на моментумот, а не на мускулната сила. Што јадете е важно Како што и самите знаете, за да ги изгубите вишокот килограми, вашата исхрана мора да биде здрава. Ова значи јадење хранливи состојки, здрави масти, како што се авокадо и јаткасти плодови, овошје и зеленчук, протеини, како пилешко и риба. Нискокалоричната храна, како што се јогуртот со малку маснотии и леќата, исто така може да поттикне губење на тежината. Прочитајте повеќе: Најдобрите бои за просторот околу бирото според дисциплината ФЕНГ ШУИ: ЗЕЛЕНАТА дава енергија, а еве што значи ЦРНО Треба да се избегнуваат транс масти и додадени шеќери. Тоа значи дека се советува да се ограничи внесот на грицки и колачи. извор:popara.mk]]>
Полугодишни резултати за шест месеци заклучно со 30 септември 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/polugodishni-rezultati-za-shest-meseci-zakluchno-so-30-septemvri-2021/ Sat, 27 Nov 2021 10:06:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229073

Силни перформанси во првото полугодие Основни перформанси
  • Продажба од 1,9 милијарди фунти, зголемена за 21% и е поттикната од силното закрепнување на „Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси“
  • Основен оперативен профит од 293 милиони фунти, зголемен за 102% и се наоѓа на нивоата пред пандемијата, поттикнат од силниот раст на продажбата и повисоките просечни цени на благородните метали
  • Основна заработувачка по акција од 114.8 пени, како одраз на повисока основна оперативна добивка и пониски нето финансиски трошоци
  • Слободен готовински тек од 189 милиони фунти, стекнат од континуираното силно управување со обртните средства (1П 2020/21: 256 милиони фунти)
  • Силен биланс на состојба со нето долг од околу 700 милиони фунти, бидејќи од помалата побарувачка за автомобили корист има обртниот капитал; нето долг кон EBITDA од 0,9 пати
  • Поврат на вложениот капитал (ROIC) од 17,7%, што е зголемување од 10,4% во претходната година, поттикнат од повисока основна оперативна добивка
Пријавени резултати
  • Приходите се зголемени за 23% примарно поттикнати од повисоките просечни цени на благородните метали
  • По објавување на нашата намера да излеземе од Battery Materials, средствата се оштетени за 314 милиони фунти
  • Оперативна добивка од 20 милиони фунти, како одраз на еднократното оштетување од Battery Materials
  • Загуба пред оданочување од 9 милиони фунти, поттикната од помалата оперативна добивка
  • Пријавена загуба по акција од 14,8 пени
  • Готовински прилив од оперативни активности од 412 милиони фунти (1 П 2020/21: 482 милиони фунти)
  • Рана дивиденда од 22,0 пени по акција, зголемена за 10%
  • Откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти, почнувајќи во Новата Година
Клучни случувања
  • Силни перформанси на тргување, со силен раст на продажбата поттикната од закрепнувањето на Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси
  • Промени на портфолиото – договорена продажба на Advanced Glass Technologies за 178 милиони фунти и се водат разговори за потенцијална продажба на “Health“
  • Најавена намера за излез од Battery Materials
  • Добар моментум во нашите бизниси со водород на Fuel Cells и Green Hydrogen (Горивни Ќелии и Зелен Водород)
  • Нов петгодишен рамковен договор со EKPO (ElringKlinger Plastic Omnium JV) за снабдување со компоненти на горивни ќелии за примена во комерцијални возила
  • По завршување на проширување на капацитетот на нашите водородни технологии, во Обединетото Кралство и Кина, планираме понатамошно проширување низ овие региони
  • Зголемување на системот на можности со синиот водород - сега над 20 проекти - вклучувајќи го и HyNet кој продолжува да се движи кон комерцијализација во 2025 година
  • Во Clean Air сме на пат за силно генерирање готовина во 2021/22 година
  • Испорачани £ 42 милиони заштеда на трошоци, од нашата вкупна програма од £ 110 милиони годишно до 2023/24
Коментар на Роберт Меклеод, Главен Извршен Директор: Испорачавме издржливи перформанси за тргување во она што беше предизвикувачко опкружување, со оглед на нестабилноста на синџирот на снабдување што влијаеше на голем број наши крајни пазари. Гледајќи напред, променливиот свет околу нас значи дека Џонсон Мети никогаш не бил порелевантен. Нашата метална експертиза и технологии за процесирање се клучни за многу нови пазари фокусирани на решенија за климатски промени кои ни даваат силна конкурентска предност. Имаме силни основи во Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси и возбудливи можности да го поттикнеме нашиот иден раст во циркуларноста, водородот и декарбонизацијата. За да се осигураме дека ги фокусираме нашите ресурси на овие основни можности за раст, донесовме некои стратешки одлуки околу нашето портфолио. Конкретно, ја објавивме нашата намера да излеземе од Battery Materials бидејќи заклучивме дека овој бизнис нема да генерира соодветен принос за нас. Дополнително, денеска објавуваме дека договоривме продажба на Advanced Glass Technologies и разговараме за потенцијалната продажба на нашиот Здравствен бизнис. По осум години во оваа улога, ќе се повлечам од функцијата Главен Извршен Директор, а Лиам Кондон ќе се приклучи како мој наследник од 1 март 2022 година и му посакувам добро во водењето на Џонсон Мети во следната фаза од неговата еволуција. Изгледи за годината што завршува на 31 март 2022 година Нашите очекувања за насоките за годината што завршува на 31 март 2022 година се непроменети од нашето ажурирање за тргување од 11ти ноември. Побарувачката останува силна во многу од нашите крајни пазари. Сепак, нестабилноста на синџирот на снабдување, особено недостатокот на полупроводници, влијае на производството на голем број наши клиенти за автомобили и камиони. Глобалното производство на автомобили сега се предвидува да се намали за 5% за нашата фискална година, што е намалување за 14% од нашето ажурирање на тргувањето во јули4. Следствено, се намалија и цените на благородните метали, најмногу поради помалата побарувачка од автомобилската индустрија. Ние, исто така, доживуваме акутен привремен недостиг на работна сила во САД што негативно влијае на нашиот здравствен бизнис. За 2021/22 година очекуваме растот на основните оперативни перформанси да биде низок едноцифрен при постојани цени на благородни метали5 и константна валута. Доколку цените на благородните метали останат на нивното сегашно ниво6 до крајот на оваа година, би очекувале нето корист за цела година од околу 45 милиони фунти. Според тековните девизни курсеви⁷, преводните девизни движења за годината што завршува на 31 март 2022 година се очекува негативно да влијаат на основната оперативна добивка за околу 15 милиони фунти. Нашите капитални расходи сега се очекуваат да бидат околу £450 милиони за годината8, со оглед на нашето планирано излегување од Battery Materials. Дивиденда и откуп на сопствени акции Одборот одобри рана дивиденда од 22,0 пени по акција, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната година (1 H 2020/21: 20,0 пени по акција). Раната дивиденда ќе биде исплатена на 1 февруари 2022 година на акционерите во регистарот на 3 декември 2021 година. Одборот, исто така, одобри откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти што ќе започне во Новата година. Објава на Главниот Извршен Директор Како што беше претходно најавено, Роберт Меклеод ќе се повлече од функцијата Главен Извршен Директор и од одборот на 28 февруари 2022 година. Роберт ќе остане да го поддржува процесот на транзиција до Годишното генерално собрание на компанијата на 21 јули 2022 година, кога потоа ќе се повлече од Џонсон Мети. Лијам Кондон ќе го наследи Роберт Меклеод, приклучувајќи се како Главен Извршен Директор на 1 март 2022 година. Промена на Одборот за управување со групата Џоан Брака, Главен Извршен Директор на Clean Air, одлучи да го напушти Џонсон Мети. Последниот ден на Џоан ќе биде на 31 декември 2021 година. Подетални информации за полугодишните резултати за минатите шест месеци, завршно со 30 септември 2021 година, може да добиете на нашата интернет страница на следниот линк: https://matthey.com/en/news/2021/hy-21-22 *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот

Повеќе на vistina.mk]]>

Силни перформанси во првото полугодие Основни перформанси
  • Продажба од 1,9 милијарди фунти, зголемена за 21% и е поттикната од силното закрепнување на „Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси“
  • Основен оперативен профит од 293 милиони фунти, зголемен за 102% и се наоѓа на нивоата пред пандемијата, поттикнат од силниот раст на продажбата и повисоките просечни цени на благородните метали
  • Основна заработувачка по акција од 114.8 пени, како одраз на повисока основна оперативна добивка и пониски нето финансиски трошоци
  • Слободен готовински тек од 189 милиони фунти, стекнат од континуираното силно управување со обртните средства (1П 2020/21: 256 милиони фунти)
  • Силен биланс на состојба со нето долг од околу 700 милиони фунти, бидејќи од помалата побарувачка за автомобили корист има обртниот капитал; нето долг кон EBITDA од 0,9 пати
  • Поврат на вложениот капитал (ROIC) од 17,7%, што е зголемување од 10,4% во претходната година, поттикнат од повисока основна оперативна добивка
Пријавени резултати
  • Приходите се зголемени за 23% примарно поттикнати од повисоките просечни цени на благородните метали
  • По објавување на нашата намера да излеземе од Battery Materials, средствата се оштетени за 314 милиони фунти
  • Оперативна добивка од 20 милиони фунти, како одраз на еднократното оштетување од Battery Materials
  • Загуба пред оданочување од 9 милиони фунти, поттикната од помалата оперативна добивка
  • Пријавена загуба по акција од 14,8 пени
  • Готовински прилив од оперативни активности од 412 милиони фунти (1 П 2020/21: 482 милиони фунти)
  • Рана дивиденда од 22,0 пени по акција, зголемена за 10%
  • Откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти, почнувајќи во Новата Година
Клучни случувања
  • Силни перформанси на тргување, со силен раст на продажбата поттикната од закрепнувањето на Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси
  • Промени на портфолиото – договорена продажба на Advanced Glass Technologies за 178 милиони фунти и се водат разговори за потенцијална продажба на “Health“
  • Најавена намера за излез од Battery Materials
  • Добар моментум во нашите бизниси со водород на Fuel Cells и Green Hydrogen (Горивни Ќелии и Зелен Водород)
  • Нов петгодишен рамковен договор со EKPO (ElringKlinger Plastic Omnium JV) за снабдување со компоненти на горивни ќелии за примена во комерцијални возила
  • По завршување на проширување на капацитетот на нашите водородни технологии, во Обединетото Кралство и Кина, планираме понатамошно проширување низ овие региони
  • Зголемување на системот на можности со синиот водород - сега над 20 проекти - вклучувајќи го и HyNet кој продолжува да се движи кон комерцијализација во 2025 година
  • Во Clean Air сме на пат за силно генерирање готовина во 2021/22 година
  • Испорачани £ 42 милиони заштеда на трошоци, од нашата вкупна програма од £ 110 милиони годишно до 2023/24
Коментар на Роберт Меклеод, Главен Извршен Директор: Испорачавме издржливи перформанси за тргување во она што беше предизвикувачко опкружување, со оглед на нестабилноста на синџирот на снабдување што влијаеше на голем број наши крајни пазари. Гледајќи напред, променливиот свет околу нас значи дека Џонсон Мети никогаш не бил порелевантен. Нашата метална експертиза и технологии за процесирање се клучни за многу нови пазари фокусирани на решенија за климатски промени кои ни даваат силна конкурентска предност. Имаме силни основи во Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси и возбудливи можности да го поттикнеме нашиот иден раст во циркуларноста, водородот и декарбонизацијата. За да се осигураме дека ги фокусираме нашите ресурси на овие основни можности за раст, донесовме некои стратешки одлуки околу нашето портфолио. Конкретно, ја објавивме нашата намера да излеземе од Battery Materials бидејќи заклучивме дека овој бизнис нема да генерира соодветен принос за нас. Дополнително, денеска објавуваме дека договоривме продажба на Advanced Glass Technologies и разговараме за потенцијалната продажба на нашиот Здравствен бизнис. По осум години во оваа улога, ќе се повлечам од функцијата Главен Извршен Директор, а Лиам Кондон ќе се приклучи како мој наследник од 1 март 2022 година и му посакувам добро во водењето на Џонсон Мети во следната фаза од неговата еволуција. Изгледи за годината што завршува на 31 март 2022 година Нашите очекувања за насоките за годината што завршува на 31 март 2022 година се непроменети од нашето ажурирање за тргување од 11ти ноември. Побарувачката останува силна во многу од нашите крајни пазари. Сепак, нестабилноста на синџирот на снабдување, особено недостатокот на полупроводници, влијае на производството на голем број наши клиенти за автомобили и камиони. Глобалното производство на автомобили сега се предвидува да се намали за 5% за нашата фискална година, што е намалување за 14% од нашето ажурирање на тргувањето во јули4. Следствено, се намалија и цените на благородните метали, најмногу поради помалата побарувачка од автомобилската индустрија. Ние, исто така, доживуваме акутен привремен недостиг на работна сила во САД што негативно влијае на нашиот здравствен бизнис. За 2021/22 година очекуваме растот на основните оперативни перформанси да биде низок едноцифрен при постојани цени на благородни метали5 и константна валута. Доколку цените на благородните метали останат на нивното сегашно ниво6 до крајот на оваа година, би очекувале нето корист за цела година од околу 45 милиони фунти. Според тековните девизни курсеви⁷, преводните девизни движења за годината што завршува на 31 март 2022 година се очекува негативно да влијаат на основната оперативна добивка за околу 15 милиони фунти. Нашите капитални расходи сега се очекуваат да бидат околу £450 милиони за годината8, со оглед на нашето планирано излегување од Battery Materials. Дивиденда и откуп на сопствени акции Одборот одобри рана дивиденда од 22,0 пени по акција, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната година (1 H 2020/21: 20,0 пени по акција). Раната дивиденда ќе биде исплатена на 1 февруари 2022 година на акционерите во регистарот на 3 декември 2021 година. Одборот, исто така, одобри откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти што ќе започне во Новата година. Објава на Главниот Извршен Директор Како што беше претходно најавено, Роберт Меклеод ќе се повлече од функцијата Главен Извршен Директор и од одборот на 28 февруари 2022 година. Роберт ќе остане да го поддржува процесот на транзиција до Годишното генерално собрание на компанијата на 21 јули 2022 година, кога потоа ќе се повлече од Џонсон Мети. Лијам Кондон ќе го наследи Роберт Меклеод, приклучувајќи се како Главен Извршен Директор на 1 март 2022 година. Промена на Одборот за управување со групата Џоан Брака, Главен Извршен Директор на Clean Air, одлучи да го напушти Џонсон Мети. Последниот ден на Џоан ќе биде на 31 декември 2021 година. Подетални информации за полугодишните резултати за минатите шест месеци, завршно со 30 септември 2021 година, може да добиете на нашата интернет страница на следниот линк: https://matthey.com/en/news/2021/hy-21-22 *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот]]>
Кија Коцкар минала низ вистинска агонија: „Ми идеше да излезам од кожа“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kkja-kockar-minala-niz-vistinska-agonija-mi-ideshe-da-izlezam-od-koza-foto/ Fri, 20 Nov 2020 09:20:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177103

Пред една недела, Кија Коцкар објави дека е болна, по што ја снема и воопшто не се огласи на социјалните мрежи, а сега откри дека поминала низ вистинска агонија. Кија напиша дека со денови се чувствувала многу лошо, како и дека била тестирана на коронавирусот, но дека тестот покажал негативен резултат. „Им благодарам на сите што беа со мене и на сите што ме извлекоа од оваа агонија на некаков грип, поради кој сакав да излезам од кожа. Бев сама во станот, се' додека не ги добив резултатите дека немам Корона. Со големи маки и помош успеав да ги снимам белите дробови  бидејќи едвај дишев, но сè е во ред“ -  напишала Коцкар. „Морам да се одморам и ги молам сите, дури и моите пријатели, да ме разберат, затоа што не им одговорив, затоа што не можев да ја кренам главата (да не навлегувам во детали). Но, тоа не е сè, најдобрата другарка ми откри денес дека има Ковид 19... зошто животот да биде лесен?“ -  ќе заклучи Кристина.

Повеќе на vistina.mk]]>

Пред една недела, Кија Коцкар објави дека е болна, по што ја снема и воопшто не се огласи на социјалните мрежи, а сега откри дека поминала низ вистинска агонија. Кија напиша дека со денови се чувствувала многу лошо, како и дека била тестирана на коронавирусот, но дека тестот покажал негативен резултат. „Им благодарам на сите што беа со мене и на сите што ме извлекоа од оваа агонија на некаков грип, поради кој сакав да излезам од кожа. Бев сама во станот, се' додека не ги добив резултатите дека немам Корона. Со големи маки и помош успеав да ги снимам белите дробови  бидејќи едвај дишев, но сè е во ред“ -  напишала Коцкар. „Морам да се одморам и ги молам сите, дури и моите пријатели, да ме разберат, затоа што не им одговорив, затоа што не можев да ја кренам главата (да не навлегувам во детали). Но, тоа не е сè, најдобрата другарка ми откри денес дека има Ковид 19... зошто животот да биде лесен?“ -  ќе заклучи Кристина.]]>
Бубе Јаневска решена да стигне до целта: Македонската водителка ги покажа новите резултати од слабеењето https://arhiva.vistina.com.mk/bube-janevska-reshena-da-stigne-do-celta-makedonskata-voditelka-gi-pokaza-novite-rezultati-od-slabeenjeto/ Tue, 25 Aug 2020 07:32:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164573

Македонската водителка Бубе Јаневска пред повеќе од еден месец откри дека откако пробала разни диети за слабеење и се откажала, сега започнала да работи со програма на нутриционист. Тогаш на социјалните мрежи таа сподели фотографија истакнувајќи дека по фотките се уште можеби не се познава, но дека за еден месец успеала да ослаби 4 килограми. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bube-janevska-oslabe-i-e-reshena-da-stigne-do-posakuvaniot-rezultat-nevozmoznosto-stanuva-vozmozno/ Бубе истакна дека ќе продолжи со целта својата линија да доведе до совршенство. Водителката сега на социјалните мрежи повторно се пофали од резултатот од слабеењето потенцирајќи дека овој пат и на фотографии може да се забележи разлика во килограмите. „Пред месец и нешто напишав дека на фотографиите нема да забележите драстична разлика, освен бројките што покажуваат намалување во обем. Е сега... и фотките си покажуваат, нели? А богами и мојата гардероба што веќе на подолго време ја испратив во зимски сон и се откажав од неа. Многу омилени парчиња повторно можам да ги облечам јухууу... Сега веќе нема затскривање зад некого и нешто, нема барање идеална поза при сликање за да се скрие вишокот килограми... Тие сами си отидоа Не можеа веќе со Емилија Спасовска Мојсовска и нејзината програма. Ако баш ве интересираат бројките 69.6 на 2 јуни, 62.5 на 22 август (признавам на одморот од 15 дена ,,фаќав,, кривини со исхрана ама тоа не смени ништо“, напиша водителката во описот на фотографијата. Инаку, во последно време многу јавни личности се хранат според програмата на нутриционист,  а меѓу нив се и Тијана Дапчевиќ, Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Марија Шерифовиќ….

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската водителка Бубе Јаневска пред повеќе од еден месец откри дека откако пробала разни диети за слабеење и се откажала, сега започнала да работи со програма на нутриционист. Тогаш на социјалните мрежи таа сподели фотографија истакнувајќи дека по фотките се уште можеби не се познава, но дека за еден месец успеала да ослаби 4 килограми. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bube-janevska-oslabe-i-e-reshena-da-stigne-do-posakuvaniot-rezultat-nevozmoznosto-stanuva-vozmozno/ Бубе истакна дека ќе продолжи со целта својата линија да доведе до совршенство. Водителката сега на социјалните мрежи повторно се пофали од резултатот од слабеењето потенцирајќи дека овој пат и на фотографии може да се забележи разлика во килограмите. „Пред месец и нешто напишав дека на фотографиите нема да забележите драстична разлика, освен бројките што покажуваат намалување во обем. Е сега... и фотките си покажуваат, нели? А богами и мојата гардероба што веќе на подолго време ја испратив во зимски сон и се откажав од неа. Многу омилени парчиња повторно можам да ги облечам јухууу... Сега веќе нема затскривање зад некого и нешто, нема барање идеална поза при сликање за да се скрие вишокот килограми... Тие сами си отидоа Не можеа веќе со Емилија Спасовска Мојсовска и нејзината програма. Ако баш ве интересираат бројките 69.6 на 2 јуни, 62.5 на 22 август (признавам на одморот од 15 дена ,,фаќав,, кривини со исхрана ама тоа не смени ништо“, напиша водителката во описот на фотографијата. Инаку, во последно време многу јавни личности се хранат според програмата на нутриционист,  а меѓу нив се и Тијана Дапчевиќ, Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Марија Шерифовиќ….]]>
Гоца Тржан ги чека резултатите од вештачко оплодување: „Ќе останам со Раша дури и ако никогаш немаме деца“ https://arhiva.vistina.com.mk/goca-trzan-gi-cheka-rezultatite-od-veshtachko-oploduvanje-kje-ostanam-so-rasha-duri-i-ako-nikogash-nemame-deca/ Wed, 19 Aug 2020 11:00:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164001

Гоца Тржан ужива во повеќегодишниот брак со Радомир Новаковиќ, но единствено нешто што ја „уништува“ семејната идила е тоа што парот неколку години не може да добие дете. Моментално, таа е во процес на вештачко оплодување и се надева дека конечно ќе добие заеднички наслединк или наследничка: „Раша и јас добро го поднесуваме процесот на вештачко оплодување, психички сме силни, но физички не ми е лесно поради хормонската терапија. Ние жените сме во состојба да поместиме ридови и планини за да ја оствариме својата цел, а мојата цел е да родам дете на Раша“ вели пејачката за „Информер“. Таа вели дека нејзиниот сопруг ќерката од бракот со Иван Маринковиќ ја гледа како свое дете, но сепак таа сака да добие едно заедничко дете со Раша. „Раша и јас веќе 10 години ја воспитуваме Лена. Тој ја прифати како да е негова. Родители се оние кои те воспитуваат, а не оние кои ќе те направат. Без оглед на тоа, јас имам голема потреба да имам дете со човекот кој го сакам. Има препреки, но ние сме тука да ги надминеме“ вели пејачката. Додека ги чекаат резултатите од вештачкото оплодување, Раша и Гоца се сигурно во едно – дека до крајот на животот ќе останат заедно. „Знам дека вакви борби ги уништуваат паровите, но ние не сме меѓу нив. Ќе останам со Раша дури и ако никогаш немаме деца. И сега ако не сум бремена нема да го оставам“ вели Тржан.

Повеќе на vistina.mk]]>

Гоца Тржан ужива во повеќегодишниот брак со Радомир Новаковиќ, но единствено нешто што ја „уништува“ семејната идила е тоа што парот неколку години не може да добие дете. Моментално, таа е во процес на вештачко оплодување и се надева дека конечно ќе добие заеднички наслединк или наследничка: „Раша и јас добро го поднесуваме процесот на вештачко оплодување, психички сме силни, но физички не ми е лесно поради хормонската терапија. Ние жените сме во состојба да поместиме ридови и планини за да ја оствариме својата цел, а мојата цел е да родам дете на Раша“ вели пејачката за „Информер“. Таа вели дека нејзиниот сопруг ќерката од бракот со Иван Маринковиќ ја гледа како свое дете, но сепак таа сака да добие едно заедничко дете со Раша. „Раша и јас веќе 10 години ја воспитуваме Лена. Тој ја прифати како да е негова. Родители се оние кои те воспитуваат, а не оние кои ќе те направат. Без оглед на тоа, јас имам голема потреба да имам дете со човекот кој го сакам. Има препреки, но ние сме тука да ги надминеме“ вели пејачката. Додека ги чекаат резултатите од вештачкото оплодување, Раша и Гоца се сигурно во едно – дека до крајот на животот ќе останат заедно. „Знам дека вакви борби ги уништуваат паровите, но ние не сме меѓу нив. Ќе останам со Раша дури и ако никогаш немаме деца. И сега ако не сум бремена нема да го оставам“ вели Тржан.]]>
По 21 ден, Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш повторно се тестираа на корона – еве ги резултатите https://arhiva.vistina.com.mk/po-21-den-milica-todorovikj-i-slavica-chukterash-povtorno-se-testiraa-na-korona-eve-gi-rezultatite/ Fri, 17 Jul 2020 10:42:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159247

Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш откако беа заразени со корона, заедно го поминуваа времето во самоизолација. По 21 ден самоизолација, тие го повторија тестот, а сега и пристигнаа резултатите. Во кусите приказни на „Инстаграм“, Тодоровиќ откри дали се уште се заразени со Ковид 19. „Иииииии конечно феноменални вести. По 21 ден нашите резултати се негативни“, објавија колешките.

Повеќе на vistina.mk]]>

Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш откако беа заразени со корона, заедно го поминуваа времето во самоизолација. По 21 ден самоизолација, тие го повторија тестот, а сега и пристигнаа резултатите. Во кусите приказни на „Инстаграм“, Тодоровиќ откри дали се уште се заразени со Ковид 19. „Иииииии конечно феноменални вести. По 21 ден нашите резултати се негативни“, објавија колешките. ]]>
Соопштени резултатите oд обдукцијата на холивудската актерка која се удави пред 4- годишниот син https://arhiva.vistina.com.mk/soopshteni-rezultatite-od-obdukcijata-na-holivudskata-akterka-koja-se-udavi-pred-4-godishniot-sin/ Wed, 15 Jul 2020 08:18:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158848

Актерката Наја Ривера (33) исчезна на 8 јули во езерото Пир, а нејзиното безживотно тело беше извлечено од езерото на 13 јули, потврдуваат од локалната полиција. По обдукцијата, официјално е соопштена причината и начинот на смртта. „Причина за смртта е давење во вода, а начинот е несреќен случај“, вели докторот од Вентур. Во изјавата на Твитер, докторот напиша дека е направена потполна обдукција. Тој истакна дека потпеното тело на актерката одговора на времето кое го поминала под вода. „Не се утврдени трауматски повреди, ниту пак некоја болест. Нема знаци дека дрогата или алкохолот играле улога во оваа смрт, а примероците од крв ќе бидат доставени на понатамошни токсиколошки испитувања“, се наведува во соопштението. Потсетуваме, полицијата откри дека Наја имала доволно сила да го качи синчето на чамецот и да го спаси, но немала доволно време да се спаси себеси.

Повеќе на vistina.mk]]>

Актерката Наја Ривера (33) исчезна на 8 јули во езерото Пир, а нејзиното безживотно тело беше извлечено од езерото на 13 јули, потврдуваат од локалната полиција. По обдукцијата, официјално е соопштена причината и начинот на смртта. „Причина за смртта е давење во вода, а начинот е несреќен случај“, вели докторот од Вентур. Во изјавата на Твитер, докторот напиша дека е направена потполна обдукција. Тој истакна дека потпеното тело на актерката одговора на времето кое го поминала под вода. „Не се утврдени трауматски повреди, ниту пак некоја болест. Нема знаци дека дрогата или алкохолот играле улога во оваа смрт, а примероците од крв ќе бидат доставени на понатамошни токсиколошки испитувања“, се наведува во соопштението. Потсетуваме, полицијата откри дека Наја имала доволно сила да го качи синчето на чамецот и да го спаси, но немала доволно време да се спаси себеси.]]>