режирано самоубиство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Sep 2018 12:56:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png режирано самоубиство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кампања за „режирано самоубиство“ https://arhiva.vistina.com.mk/kampanja-za-rezirano-samoubistvo/ Wed, 05 Sep 2018 12:56:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46438

СДС е во кампања. За, „ЗА“ за Референдумот! Заедно со се’ што е на располагање од меѓународната заедница. Не кампања, офанзива е тоа. Поголема отколку оние, изборните. Убедувања, ветувања, лажни аргументи, закани, плашења, апсења... Сите можни средства и оружја што им се на располагање се користат во име на „подобар живот и посветла иднина“ која треба божем да дојде од историскиот момент – натаму! Во меѓувреме, ги темпираат настаните, како да се на тајмер. Судски процеси, пресуди, одлуки... точно тогаш и токму такви, какви што ним им се од полза. За да го одвлечат вниманието на народот, да ја дефокусираат јавноста и уште повеќе да му ја заматат свеста за она што е реалност и вистина: дека на 30–септември на истиот тој народ му подготвуваат „режирано самоубиство“! Со виртуелен „хепи енд“! Министерката за одбрана го убедува народот со пропаднати примери од соседството од типот: откако влегоа во ЕУ и НАТО на Бугарите два пати им скокнаа платите, Хрватска процвета, Романците и Унгарците живеат во изобилство, Црна Гора после НАТО е Монако... Е моја Радо, радо би биле и тие тоа за што ги претставуваш, ама ниту оддалеку не е така. Зашто на сите им е јасно дека и покрај „влезот во европскиот рај“ и друштвото на „северноатланските набилдани браќа“, грото од граѓаните на споменатите „соседи за пример“, ја живеат својата „имитицаја на животот“ во однос на оние кои ги примија во нивно друштво! Конечно глобализацијата ја голта цивилизацијата, па поголемите риби ги јадат помалите, а оние најмалите како нас... го јадат стапот! Само што, ако веќе е дојдено „нож до коска“, можевме очигледно подобро да се испазариме. Премиерот, насмеан „од седмица до седмица“ мафта со Викиликс документи од 2008-ма, а не  ни прочитал што точно пишува внатре. И да бил прифатлив сличен компромис, не би бил прифатен ваков, срамен, понижувачки, и предавнички договор со владата на земјата на која парчето од „Јужна Македонија“ и припаѓа. Тогаш немаше да прифатиме да си извршиме „харикири дома на сопствено задоволство“. Зашто барем дома ќе си бевме она што отсекогаш сме биле – свои! Ако веќе надвор мора да бидеме некои други, прекрстени, разнебитени и туѓи! Зашто таквиот договор немаше да биде капитулантски, а работите ќе беа многу поинакви, со поразличен развој на настаните и сосема поинаква разврска! Конечно и самиот Никола Груевски како што кажа на последниот прес: „ Ако се согласев на се што сакаа Грците, ќе се согласите дека друга песна ќе беше денес, но јас сум човек со принципи, пред се и со достоинство– мислејќи на ситуацијата во која сега се наоѓа. Затоа пак, принципите и достоинството не се баш одличје на оние што преговараа во наше име за нашето име и не само за него, па истите едно мислат, друго зборувааа, а трето прават! Како и да е, нивната кампања за успешен Референдум е во полн ек. Ја тераат и познато и непознато и нивните и странците... И тоа бетер од избори! Последниот претседателски кандидат на СДС дури и го прекори народот, велејќи дека би било крајно недолично и неодговорно на 30 септември да се седи дома?! Само што според истражувањата и анкетите, за поголемиот дел од народот очигледно успешен Референдум е доколку тој не успее. Затоа и нема да седат дома. За на 30 септември, ден недела, веќе има огромен број најави за патување и букинг аражмани. Па, кој на нива, кој на полјана, кој на излет, кој на шопинг во Солун, кој на викендичка, кој на викенд на Халкидики, кој каде... Како „патриотите“ за време на конфликтот 2001-ва! За луѓето да не бидат неодговорни и да седат дома!]]>