режија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 11:35:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png режија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српската пејачка измамена и „ограбена“: Платила грдни пари за видеоспот, па истите кадри си ги пронашла уште во шест други видеа направени од истиот човек за други пејачи! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-pejachka-izmamena-i-ograbena-platila-grdni-pari-za-videospot-pa-istite-kadri-si-gi-pronashla-ushte-vo-shest-drugi-videa-napraveni-od-istiot-chovek-za-drugi-pejachi/ Tue, 05 Mar 2024 11:35:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341141

Денес, видео клиповите се еден од најскапите сегменти во кариерата на секој пејач, а најмногу пари се издвојуваат токму за визуелни решенија, кои се најдобрата форма на презентација на секоја нова песна.Цената на еден комплетен проект кога станува збор за спот може да биде и до неколку стотици илјади евра, во зависност од технологијата, идејата, локацијата... Секое музичко видео е авторско дело на оној кој стои зад него како креаторот на идејата и пејачите многу често не штедат пари за добар спот, па се' што заработиле го даваат на продукции во кои имаат доверба. Така Наташа Алимпиќ му го довери на Дејан Марковиќ своето деби, песната „Идила“ и плати за визуелно решение кое требаше да ја покаже во најдобро можно светло на самиот почеток на нејзината кариера. Пејачката тврди дека кадри од нејзиниот спот пронашла во шест други екранизации на песни на колегите, а за сроски Курир вели дека е разочарана и шокирана од потегот на режисерот кој неколку пати ја продал истата идеја. Наташа ги проследи и сите снимки што ги нашла, а кои изгледаат идентично. „Вчера видов дека е направен спот за песната „Исти играчи“ на Мина Костиќ и Горан Вукошиќ и очекував да видам нешто необично бидејќи еден ваков хит  заслужува големо внимание.Истиот човек ми направи спот и секако ме интересираше да го видам.И имав што да видам“ - ​​започна пејачката: „Не можев да поверувам дека буквално се е копирано освен некои други сцени кои се поинакви.Истата гаража, истата локација. Секако, гледав до крај и видов дека на истото место во Белград на вода е направен уште еден спот. Полудев затоа што едноставно ми е невозможно таков хит да има исти кадри како и моето првенче. За почетник не  е ни мала цифрата што ја платив,  во износ на еден просечен автомобил.Разбирам дека се работи за нискобуџетно видео, но да не се лажеме, не е единствената гаража во Белград на вода каде што можеш да снимаш.На тој човек му ја дадов довербата на почетокот кога ми кажа дека тоа ќе биде нешто необично и поинакво.На крајот испадна вака“ - додаде Наташа и откри: „После тоа ги пребарав видеата на речиси сите пејачи на кои се сетив дека соработувале со истиот човек за да ги видам нивните спотови и насекаде наидов на истите кадри.Буквално шестмина од нас имаат исти кадри во видеата“ - изјави Наташа.Ќе му се јавам и ќе му ги испратам „црно на бело“ доказите, па ќе размислам за тужбата.Се чувствувам измамено, верувам дека сите други се уште не го виделе ова - заклучила Наташа.
Фото: Инстаграм/natasa_alimpic_official
]]>

78 години од првата премиера на Македонскиот народен театар https://arhiva.vistina.com.mk/78-godini-od-prvata-premiera-na-makedonskiot-naroden-teatar/ Mon, 03 Apr 2023 12:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296421

На денешен ден, пред 78 години е прикажана првата целовечерна драмска претстава на сцената на Македонски народен театар (МНТ) формиран во 1945 година – „Платон Кречет“ од Александар Е. Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод на Блаже Конески.

Празник на македонскиот тетатар! „Во свечената тишина прозвучи првата реплика на артистката Вера Вучкова: ’Колку е блиску сонцето’. Македонскиот јазик ја доби битката и на тетарската сцена“ – забележано е во сеќавањата на Илија Милчин.
Првата критика уште во почетокот има нагласено дека „денот на првата премиера во Македонскиот народен театар, денот на раѓањето на нашиот тетатар е важен датум, голем настан во културната историја на македонскиот народ. Со оваа значајна културна манифестација ние, Македонците, како нација им задаваме на сите наши непријатели еден удар на културното поле… …И кога веќе зборуеме за убавиот успех, што при тие условиа и возможности го постигна нашиот народен тетатар, тоа тогај преди сè треба да оддадеме признание на огромните напори и љубов што нашите млади артисти ја вложија во својата работа. Само по таков начин, излегуејќи пред нас за прв пат со оваа драма, тие упеаја наполно да дадат доста добар тетатар.“
Информации за ансамблот на МНТ во првата претстава на неговата сцена: https://mnt.mk/pretstavi…/arhiva/platon-krechet-03-04-1945 Секогаш, сонцето нека биде блиску до македонската тетарска сцена.

Режијата „му го смести“ на уредникот и водител на ТВ дневникот на Сител: Валентин Николовски сите го знаат како Тино, освен кога не е… Цаци! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rezijata-mu-go-smesti-na-urednikot-i-voditel-na-tv-dnevnikot-na-sitel-valentin-nikolovski-site-go-znaat-kako-tino-osven-koga-ne-e-caci-foto/ Wed, 13 Apr 2022 08:16:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246167

Валентин Николовски, новинар, водител и уртедник на ТВ дневникот на најгледаната телевизија во македонија, ТВ Сител е ТВ лице кое сите добро го познаваат. И од ТВ екраните, а многумина и приватно, зашто Тино, како што сите го викаат е човек измислен за дружба. Спонтан, комуникативен, речиси секогаш расположен, неретко хуморен и забавен, Тино е и другар и колега каков што секој би посакал. Но, кога е телевизијата во прашање, особено ТВ дневникот на многумина не им е јасно, зошто водителите, односно ТВ лицата кои сите добро ги познаваме, секојдневно, со секое ново појавување самите одново се преставуваат, кога под нив режијата со кајрон го потпишува нивното име. Причини има повеќе, што заради професионалните стандарди, што од оние таканаречени - „за секој случај“!  Дека е тоа така потврди една од оние ситуации кои „случајно“ се случуваат на секоја телевизија. Или таканаречени гафови, кои овој пат не беа дело на ТВ лицето, во случајов Валентин Николовскио, туку на режијата. Имено во еден од ТВ дневниците, Валентин Николовски беше потпишан како... Славица Арсова! Неговата колешка - уредничка од информативнмата редакција и исто така уредник и водител на Дневникот на ТВ Сител. Среќа што Тино како и секогаш прво се претстави, апотоа почна да ги води содржините во централниот информативен блок, зашто да беше поинаку... Кој знае дали некој ќе можеше да го „препознае“? Патем, среќа што Цаци, како што ја викаат Славица Арсова, веќе е мажена, а и нејзиниот сопруг и колега и нејзин и на Тино, новинарот Александар Спасовски добро си ја познава својата сопруга чија рака јавно ја побара пред неколку години, токму во еден од ТВ дневниците на Сител. Зашто ако Александар се водеше по кајронот од режијата... ќе беше „ баеги голема забуната“! Шегата настрана, грешките се составен дел од работата на телевизијата, па и на режијата. Затоа се тука и кога ќе се случат, да не насмеат и расположат. Единствено остана нејасно... Кој од  режијата „му го смести“ на уредникот и водител на ТВ дневникот на Сител, Валентин Николовски, кого сите го знаат како Тино, освен кога не е... Цаци?! Фото: Фејсбук принтскрин/Принтскрин/ТВ Сител /    ]]>

Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/dina-duma-nagradena-za-najdobra-rezija-za-sestri-na-belgradski-fest/ Mon, 07 Mar 2022 13:42:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242060

Режисерка Дина Дума ја освои награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, за својот дебитантски филм „Сестри“. Меѓународнотo жири во состав Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ, ја награди Дума за вештото водење на младите актери и фантастичното раскажување преку објективот. Во експликацијата на жирито се наведува: „Филмот успеа да прераскаже приказна за многу важна општествена тема од нашето време и да отвори дијалог“. „Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Светската премиера на „Сeстри“ беше минатата година во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. „Сестри“ беше национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм. Досега „Сестри“ е прикажан на повеќе од 30 интернационални фестивали, и има освоено 2 дополнителни награди, и тоа награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден, Германија и награда од публиката на фестивалот Панорама на европски филм во Атина, Грција. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска. „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.]]>

Ова се децата на Неле Карајлиќ од „Забрането пушење“: Синот е студент по режија, а ќерката вистинска убавица со сериозна диплома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-decata-na-nele-karajlikj-od-zabraneto-pushenje-sinot-e-student-po-rezija-a-kjerkata-vistinska-ubavica-so-seriozna-diploma-foto/ Thu, 18 Nov 2021 11:57:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227856

Иако е ќерка на човек кој важи за еден од најпрепознатливите симболи на актерската и рок сцената на поранешна Југославија, ќерката на Неле Карајлиќ, фронтменот на легендарната група „Забрањено пушење“ намерно  ја заобиколи можноста да стане јавна личност. „Ќерка ми е лекар, ветеринар, таа е научник. Многу ги сака животните. Синот досега беше фудбалер, но, бидејќи крвта не е вода, сега замина на магистерски студии по режија во Берлин“ - открила за „Премиера“ Сања Јанковиќ, сопругата на музичарот.   Јана Јанковиќ, ќерката на Неле, како помал тргнала по стапките на својот татко за да ја негува и продолжи уметничката особина која ја наследила од него. Заедно со основното и средното училиште посетувала и балетско училиште, па дури играла и во неколку претстави во Народниот театар. Меѓутоа, љубовта кон животните конечно преовладала, па Јана се запишала на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград, а по завршувањето на студиите се вработила во Германија. Јана Јанковиќ која е вистинска убавица со сериозна диплома, денес живее и работи како ветеринар во Швајцарија. Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Се снима серија за ѕверски убиената пејачка Јелена Марјановиќ: Прија се мисли дали да ја прифати главната улога – стравува од нејзината судбина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-snima-serija-za-dzverski-ubienata-pejachka-jelena-marjanovikj-prija-se-misli-dali-da-ja-prifati-glavnata-uloga-se-plashi-da-ne-ja-zadesi-istata-sudbina/ Wed, 17 Jun 2020 09:22:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154094

Александра Пријовиќ е една од пејачките од сцената која би можела да ја добие главната улога во серијалот „Пејачка“ во режија на Предраг Гага Антонијевиќ. Серијата е инспирирана и посветена на фолк пејачката Јелена Марјановиќ, која беше брутално сверски убиена на 2 април 2016 година на насипот во Борча. Премиерата на серијата инспирирана од овој настан најверојатно ќе се случи на есен 2020 година. Како што се дознава, снаатa на Брена била на кастингот за овој проект, но не е сигурна дали е ментално подготвена за таква улога. Александра им се доверила на пријателите и им рекла дека е психички тешко таа да издржи откако ќе влезе во ликот на колешката која беше брутално убиена, а нејзиното дете остана без мајка. Пријовиќ е добро запознаена со сите детали поврзани со серијата, па тешко и паѓа судбината што ја доживеала нејзината колешка, иако лично не ја познаваше. Не дека таа не сака да ја игра и ја одбива улогата, но не може емотивно да ја издржи трагедијата што и ’се случила. Сè уште не е сигурна дали  ќе се согласи или не со условите што режисерот ги бара од неа. Серијата уште сега предизвикува голем интерес, но режисерот не сака да ја открие актерската екипа. „Работиме на „Пејачка“. Тоа е трагичен настан што ја окупира целата нација. Тоа е серија која за прв пат ќе влезе во тој жанр на нашите простори. Ќе го истражуваме полето на црната магија, парапсихологијата, маѓепсничките, белатате и црната магија. Ќе се обидеме да откриеме што се случило на насипот. Тоа е многу голем предизвик и веќе имаме интерес во странство за серијата. Ќе го донесеме нашиот иследник од Америка, мора да влеземе во целата истрага. Мислам дека е тема што ќе продолжи да нè окупира и што сме подалеку од настанот, подалеку сме и од вистината. Ќе има многу документарно присуство, доминантна тема ќе биде магијата. Учествуваат многу луѓе од естрадата“ - изјави режисерот Антонијевиќ за медиумите. Да потсетиме дека сопругот на пејачката  Зоран Марјановиќ е осомничен за убиството на Јелена, против кого повеќе пати е е подигнато и обвинение, а судењето е во тек.]]>

Евровизија е лага, се знаеше кој ќе биде победник: Вака е режирана целата драма во Тел Авив https://arhiva.vistina.com.mk/evrovizija-e-laga-se-znaeshe-koj-kje-bide-pobednik-vaka-e-rezirana-celata-drama-vo-tel-aviv/ Mon, 20 May 2019 11:19:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88829

Инфаркт завршницата на Евровизија ги збуни речиси околу 200 милиони гледачи во последните минути од завршницата на Евровизија, Холандија води, Македонија и Шведска ги чекаат гласовите од публиката. Тамара Тодевска е пред вистински инфаркт, шведскиот претставник грицка нокти, Холанѓанецот ги крцка рацете, вистинска тензија… Ако сето ова го гледавте, без потреба се нервирате како и останатите милиони луѓе пред малите екрани,а најмногу од Македонија и Шведска. Тие што ги знаат правилата на Евровизија откако Холандија ги доби гласовите од публиката и изби на првото место веднаш знаеја дека Македонија и Шведска немаат никакви шанси за да го престигнат, бидејќи веќе се било одлучено- еве и како:
Што се случи навистина ќе ни открие нашиот волшебен број 2.378 кој ја создаде целата лажна еуфорија, запомнете го овој број! ПРВ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ЖИРИТО Сите знаеме дека натпреварувачите прво добиваат гласови од стручното жири од 41 земја кои учествуваат и гласаат. Секое жири доделува 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 поени, односно 58 вкупно, или вкупно 2.378 поени (тоа е нашиот таен пријател, волшебниот број 2.378! Дали го запомнивте?) Еве како изгледаше табелата по гласањето на жирито: Шведска 239 поени од жирито Македонија 237 Холандија 231 Италија 212 Азербејџан 197 Австралија 154 Чешка 150 Швајцарија 148 Русија 125 Малта 75 Данска 69 Кипар 69 Франција 67 Исланд 48 Норвешка 47 Грција 47 Словенија 46 Албанија 43 Србија 38 Естонија 38 Германија 32 Белорусија 18 Сан Марино 16 Британија 13 Израел 12 Шпанија 7 ВТОРИОТ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ПУБЛИКАТА Е сега доаѓа делот кој е многумина очигледно не го сфатија, гласовите од публиката или така наречениот телеволтинг. Гласовите од публиката се собираат на ниво на секоја држава која гласа, а потоа на учесниците им се доделуваат поени по принципот 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 како и кај гласовите од жирито. Во случај гласовите од Македонија на пример за она песна која освоила најмногу гласови добива 12 поени, па се така до најмалку освоените гласови, 1 или неосвоени 0 гласови. Така од публиката од секоја земја ќе бидат доделени вкупно 58 поени (1+2+3+4+5+6+7+8+10+12) што значи дека во делот на гласањето на публиката во игра се уште 2.378 поени, односно 58 бодови по пат на публиката од 41 земја. Со гласовите од публиката притоа се постигнува поголема тензија и возбуда кај гледачите на шоуто, па така се соопштува претставникот со најмалку бодови, па се до победникот. Во првото гласање и бодовите од жирито Шпанија на пример беше последна на табелата и доби само 7 бода, а кога дојде гласањето од публиката тие наместо да им ги соопштат на Шпанија гласовите добиени од телеволтингот, тие бодови се собираат и пресметуваат во поени, (во случајов 53) бода од сите држави. Што значи дека Шпанија вкупно освои 60 бодови, 7 од стручното жири и 53 од публиката од сите држави. ТРЕТ ДЕЛ: РАСТЕ ВОЗБУДАТА Натпреварувањето продолжи со тензии, па така во еден момент Русија доби одлични 244 поени од публиката и избива на првото место со вкупно 369 поени. Наскоро ја престигнува Италија која добива 253 бодови од публиката и со гласовите од жирито 212 сега има вкупно 465 бодови. Останаа само да ги доделат гласовите на Холандија, Македонија и Шведска. И тука доаѓа големата завршница која организаторите на Евровизија не го одведоа во најдобро светло. МАГИЧНИОТ БРОЈ 2.378 Тука повикуваме помош од нашиот таен пријател, бројот 2.378, што ли ќе се случи сега? Тоа што не го размислиле убаво организаторите на Евровизија е дека со редот на соопштување на гласовите од публиката од најслабиот од најдобро рангираниот, ние во секој момент можеме да пресметаме колку бодови останале да се поделат на преостанатите учесници. Така во саботата пред Холандија, Македонија и Шведска 23 земји учеснички веќе ги добија своите поени или вкупно 1.966 бодови од публиката, Шпанија 53, Израел 35, Британија3 и така натаму. Бидејќи вкупниот број од публиката е 2.378, ни бод повеќе, ни бод помалку, тоа значи дека за распоредот на Холандија, Македонија и Шведска останаа точно 2.378-1.966=412. Ни бод повеќе, ни бод помалку. Во тој момент се распоредуваат овие бодови, па така: Италија 456 бодови, (212 од жирито и 253 од публиката) Шведска 239 поени од жирито Македонија 237 поени од жирито Холандија 231 поен од жирито Потоа Холандија следна дознава колку бодови добила од публиката, драмата и тензијата во Тел Авив врие! ПРОСЛАВАТА МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ, НО НЕ ПОЧНУВА? Математиката сега е јасна. На Холандија и се потребни најмалку 235 бодови од публиката за да се издигне на првото место пред Италија. Ако најмалку добие толку поени, се е јасно, Холандија е победник на Евровизија, бидејќи за Македонија и Шведска остануваат да се поделат помалку бодови од публиката со што нема да се искачат на првата позиција. Потоа водителите открија дека Холандија доби дури 261 поен што ја искачи на врвот со недостижни 492 поени! Холандија 492 поени (231 од жирито + 261 од публиката) Италија 465 (212 од жирито+253 од публиката) Шведска 239 од Жирито Македонија 237 Сега остана на Шведска и на Македонија да им се доделат само 151 поен кои се непрестижни за Холандија на која никој не и кажува се уште дека е победник!
Гласањето продолжи и на ред е нашата земја и Тамара Тодевска да ги сознае поените. Возбудата расте за 2 милиони Македонци и за 10 милиони Швеѓани, но и за 17 милиони Холанѓани. Дали Тамара ќе освои 501 поен за да избие на првото место? И приреди најголемо историско изненадување на Евровизија? Секако веќе знаеме дека останаа само 151 поен, но публиката уште повеќе ја држи во неизвесност публиката! Чудо, Тамара доби 58 поени од публиката, видно разочарана го призна поразот од публиката. Лажната драма доживува уште поголема атмосфера, на Шведска и требаат 254 поени од публиката за да избие на првото место, дали е тоа возможно? НЕ. Веќе е јасно Шведска ќе добие само 93 поени кои преостанаа, Швеѓаните во неверување, Холанѓаните предизвикаа ерупција во салата. Лажната атмосфера не очекува и следната година во Холандија. Запомнете: Учете ги децата на математика, па дури и да ја користат само на Евровизија! извор:курир]]>

Скандал во „Задруга 2“: Брендон се соблече гол среде бел ден, па тргна да мавта со „патлакот“, а режијата ги исклучи камерите! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/skandal-vo-zadruga-2-brendon-se-sobleche-gol-srede-bel-den-pa-trgna-da-mavta-so-patlakot-a-rezijata-gi-iskluchi-kamerite-foto/ Mon, 17 Sep 2018 08:13:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48267

Бранислав Радониќ Брендон е познат по својот егзибиционизам, истиот овој пат го повтори во „Задруга 2“. Како бањата беше зафатена, а неговата долна облека беше мокра, а тој не можеше да влезе, одлучи да се соблече гол и го покри со раката најинтимниот дел од неговото тело. Цимерите останаа во шок и неверување, па дури и Станија, која подоцна изјави дека Брендон е подготвен на се' само да го има во кадар.
Останатите „задругари“  бурно реагираа, извикуваа и коментираа, а гласините за егзебиционизмот на Брендон брзо се проширија во дворот на каде настана хаос меѓу насобраните учесници во шоуто. Како што пренесува Ало.рс, љубопитните „задругарки“ се стрчале внатре за да го видат Брендон гол, а режисерот ја исклучил камерата пред која парадирал голиот учесник.]]>