резерва – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Mar 2023 13:22:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png резерва – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Автобиографијата на принцот Хари објавена на македонски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/avtobiografijata-na-printsot-hari-objavena-na-makedonski-jazik/ Wed, 22 Mar 2023 13:22:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294614

Автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“ (Spare), излезе на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Мемоарите на војводата од Сасекс беа објавени на почетокот на оваа година и за кратко време станаа еден од најбараните наслови. Според Гинисова книга на рекорди, „Резерва“ е најбрзо продаваната книга од областа на нефикција на сите времиња. Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби генерално позитивни оценки од критичарите. Досега е преведена на повеќе од 15 јазици, меѓу кои и македонски. Во книгата, Хари пишува за неговото детство, длабокиот ефект од смртта на мајка му Дијана, проблематичните тинејџерски години, службата во британската армија во Авганистан и за односите со семејството. Книгата првично беше објавена на англиски јазик, на 10-ти јануари оваа година, во издание на „Пингвин рандом хаус“. Покрај печатената, има и 15-часовна аудиокнига, во која зборува самиот Хари.    ]]>

Социјалните мрежи преплавени од коментари: Објавена насловната страница на мемоарите на принцот Хари (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/socijalnite-mrezi-preplaveni-od-komentari-objavena-naslovnata-stranica-na-memoarite-na-princot-hari-foto/ Fri, 28 Oct 2022 08:50:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273245

Веста дека принцот Хари пишува мемоари се појави во средината на 2021 година. Иако прво кажаа дека ќе биде објавена во ноември годинава, сепак беше одложено поради смртта на кралицата Елизабета. Издавачката куќа „Penguin Random House“ ја објави насловната страница на долгоочекуваните мемоари на принцот Хари (38). – Мемоарите ќе бидат објавени глобално на 10 јануари 2023 година – напишаа на официјалниот профил на Инстаграм. - Возбудени сме да им ја пренесеме на читателите извонредно личната и емотивно моќна приказна за принцот Хари, војводата од Сасекс. За Хари, ова е неговата приказна – додале тие.
Издавачот рече дека „книгата ги враќа читателите на една од најнезаборавните слики на 20 век: две момчиња, двајца принца, шетаат зад ковчегот на својата мајка додека светот гледа со тага - и ужас“. На насловната страница, Хари позира гледајќи сериозно во камерата. Книгата ја нарече „Spare“ (Резервна). Од насловот на книгата е јасно дека резервниот се однесува на изразот „наследникот и резервниот“, односно „наследник и резерва“ или „резервен наследник“, за позицијата на принцот Хари во кралското семејство од моментот на неговото раѓање. Патем, тој термин се користеше во време кога смртноста беше многу поголема, па владејачкиот монарх мораше да обезбеди резерва што ќе влезе во случај главниот наследник да умре. Oбјавата предизвика бурни реакции на Твитер, особено поради името на книгата. „Spare“ е погрдно име за помладиот син на британскиот крал, а терминот го користат многу непријатели на Хари, особено откако тој се повлече од кралските должности во јануари 2020 година. Сепак, дел од тимот на Интернет смета дека името на книгата е фантастично. Некои, пак, сметаат дека насловот е одраз на неговото самосожалување. „Дали Хари само така ја нарече својата книга резерва? Ова ќе биде добро“, пишуваат тие. Корисниците на социјалните мрежи набрзо ја преплавија објавата со коментари, а некои од нив напишаа дека воопшто не ги интересира што има да каже и дека треба да престанат со драмата и „да ги остават луѓето на мир“. Некои од нив отидоа дотаму што кажаа дека сето тоа е режирано од сопругата Меган Маркл (41) и дека тоа е уште една нејзина подлост. Книгата ќе биде објавена на 16 јазици ширум светот, а истиот ден ќе биде објавена и аудио книга што ја чита лично принцот Хари. Додека приходите од книгата ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Фото:Принтскрин/Твитер/Профимедиа]]>