ревијален дел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ревијален дел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љупчо Соколовски – уметнички директор на фолк вечерта на „Охрид фест 2023“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди, а ревијалниот дел резервиран за Сузана Спасовска https://arhiva.vistina.com.mk/lupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecherta-na-ohrid-fest-2023-jubilej-vo-znak-na-golemi-zvezdi-a-revijalniot-del-rezerviran-za-suzana-spasovska/ Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315020

Големиот јубилеј, 30 години „Охрид фест“ го дочекувате како и минатата година, на позиција - уметнички директор на Фолк вечер. Претпоставувам, продолжува вашата заложба на фестивалот да се чуе старатата охридска песна, да доминираат мандолина, тамбура, кларинет... -Да, како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 1 септември се во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап. По што ова издание ќе биде посебно? Како е замислена Фолк вечер, ќе има ли ревијален дел, ги откривате ли сите адути?  Како што спомнав, ќе видиме доста познати пеачи што ќе изведат нови 20 песни . Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување. Kолку е тешко да се обезбеди квалитетно пејачко име на фестивал? И, дали со добри песни може да се „одбрани“ фолкот кај нас? - Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, година ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест  2023“ на МТВ.]]>

Цела сала пееше заедно со Тамара на „Макфест“, а таа со солзи во очите! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/cela-sala-peeshe-zaedno-so-tamara-na-makfest-a-taa-so-solzi-vo-ochite-foto/ Sun, 13 Oct 2019 08:17:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112245

Тамара Тодевска беше ѕвездата на вечерта на 34-то издание на „Макфест“. Таа ниту се натпреваруваше, ниту пак победни во вистинска смисла на зборот, но затоа буквано ја крена атмосферата на фестивалот во ревијалниот дел. Публиката ја пречека со громогласен аплаус, а ја испрати на ист начин само со поголем интензитет и возбуда од приредениот мини концерт кој таа заедно со својот бенд го имаше пред присутните во Домот на културата во Штип. Но, публиката која беше непосреден сведок како индиректно да и порача на Тамара дека заборавиле, простиле или пак преминале преку скандалите кои ја следеа периодов, а за тоа заслужни беа нејзините хитови, емотивната изведба и секако маестралниот вокал. Тоа се чувствуваше, но веројатно на своја кожа најмногу го почувствува Тамара која призна дека ваквиот возврат од публиката ја тера да заплаче, а видивли беа и солзите во нејзините очи, особено по изведбата на еврозизиската „Proud“. Целата сала заедно со Тамра во еден глас ги пееше и „Немирна“, „Седмо небо“, „Шила“, „Довидување таго“... и уште неколку свои како и макфестовски хитови коги таа ги сака, а ги изведе заедно со Роберт Билбилов кој ја придружуваше на клавијатура. Емоциите извираа од секоја песна, секој стих, секој миг, особено што Тамара пред 28 години за првпат настапи на „Макфест“ заедно со Марјана и Росана, а токму за ваквото емотивно навраќање низ времето таа на својот Инстаграм напиша: -Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша - Имаш ли трема? - Што е тоа трема?, и одговорив. Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија, напиша Тамара, а не се сомневаме дека токму на овој 34-ти „Макфест“ повторно и се случи магија за која ќе раскажува со истиот жар како за своето прво учество од пред 28 години кога беше дете.]]>