ретро фотогра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Nov 2022 13:52:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ретро фотогра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов објави ретро фотографија од снимањето на „Мирно лето“: „Горди сме што сме нивни деца“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-objavi-retro-fotografija-od-snimanjeto-na-mirno-leto-foto/ Fri, 04 Nov 2022 07:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274279

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов често на социјалните мрежи знае да сподели спомен фотографии кои потсетуваат на незаборав, задржувајќи го својот безвременски шарм. Се чинеше дека Игор го отворил албумот на спомени и наишол на многу емотивна ретро фотографија од мајка му, познатата театарска и филмска глумица Анче Џамбазова, легендарниот глумец неговиот дедо Петре Прличко и филмскиот сценограф Никола Лазаревски, па ја сподели со сите оваа вредна и ретка слика. Во описот на фотографијата напиша: „Ретро фотка од снимањето на "Мирно лето". Дедо ми 5-ре, мајка ми Анче и прославениот филмски сценограф Никица Лазаревски...“ За објавата доби прекрасни коментари: „Богатство“, „Ова е само доказ колку современост и убавина имало во Македонија..“ „Холивуд“, „Прекрасен Филм“... Но, Игор му се заблагодари на синот на Никола што му ја испратил фотографија од првата македонска филмска комедија, снимен во црно-бела техника. Додека тој му напиша: „Како од тогашен амерички филм ни се родителиве и дедо ти, која елеганција у секој детаљ на гардероба, став ....Кои времиња , какви луѓе за незаборав“. Џамбазов на тоа одговори потврдно и додаде дека треба да се гордеат со нив:  „И да сме горди што сме нивни деца...“  - гласеше неговиот коментар.
Инаку, „Мирно лето“ е македонски филм од 1961 година, во режија на Димитрие Османли, а по сценариото на Фрида Филиповиќ. Улогите ги толкуваа: Петре Прличко, Анче Џамбазова Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамески, Илија Милчин, Мери Бошкова, и Стојка Цекова. Утрото потоа Игор не потсети и на неговиот татко, маестаро Александар Џамбазов, за кого претходната вечер во Македонската филхармонија се одржа концерт во чест на овој легендарен македонски композитор, диреигент и музичар. Концертот беше насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, а беше во организација на СОКОМ во рамките на Денови на македонска музика.
Споделувајќи фотографии од настанот на својот Инстаграм профил, Игор Џамбазов во постот напишал: „Едно фантастично музичко патување. Една музичка бајка за паметење. Благодарам на сите што беа вчера. И на сцената и во публиката. Сите средства одат на сметката на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабет“. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Игор Џамбазов]]>