ретерираше – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Jul 2020 08:30:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ретерираше – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нема шанси да дозволиме“: На народот му се придружија музичките уметници и естрадните ѕвезди, па под притисок на јавноста, Шилегов се уплаши и ретерираше за уривањето на Универзална сала! https://arhiva.vistina.com.mk/nema-shansi-da-dozvolime-na-narodot-mu-se-pridruzija-muzichkite-umetnici-i-estradnite-dzvezdi-pa-pod-pritisok-na-javnosta-shilegov-se-uplashi-i-reterirashe-za-urivanjeto-na-univerzalna-sala/ Thu, 30 Jul 2020 08:28:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161191

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавносрта на нозе, го бунтуваше народот, кому му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди... па скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала! Од вчерашниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува. Шилегов “уцвика“ па го премолчи, давајќи три нови предлози со можност за референдумско изјаснување што ќе биде со Универзална сала? Обновена и реновирана на истото место, Новоизградена и дислоцирана на друга локација или двете заедно: И реновирање на постоечкиот објект и изградба на уште една, нова сала на друго место! Но, тоа не ја запре лавината на негодувања која ја предизвика неговата „штик проба“ на мала врата да протне „голема бизнис“, па цунамито од реакции не стивнува ниту на социјалните мрежи, ниту во медиумите. Еве неколку реакции за денес на некои од најистакнатите музички уметници и естрадни ѕвезди во Македонија, имиња кои не само што ја полнеле Универзална сала, туку луѓе кои знаат што значи да се има еден ваков епски храм на културата. Македонската гитарска легенда и најзначајниот музички уметник во поп-рок-џез културата не само во Македонија туку и пиошироко, Влатко Стефановски, кусо се обрати  преку својот официјален Инстаграм профил со порака: „Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал... и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее“, напиша Стефановски на Инстаграм. Најголемата македонска поп ѕвезда по заминувањето на Тоше Проески, идолот на младите генерации и пејачот чии хитови ги пејат и повозрасните, а токму во таа Универзална сала и како простор и како институција - организатор на Македонскиот радиски фестивал МАРС неговите песни последниве неколку  години во низа поред беа прогласувани за хитови на годината, Влатко Лозаноски - Лозано за Вистина.ком.мк го произнесе своето мислење: „Дефинитивно треба да се направат некакви потези, превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација. Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста. Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку  ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“ - изјави популарниот Лозано за нашиот портал. И македонската поп пејачка Ребека, која не само во својство на естраден уметник туку и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ‘‘Дајте ни крилја‘‘  се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи. „Нема шанси да дозволиме!!! Универзална е поврзана со десетици најубави спомени од моето детство и музичката кариера. Тука втор пат отидов на концерт на,Златно Славејче после оној на Бело Копче во Маракана. 50тина мои настапи во Универзлна/Universal Hall, награди кои таму ми беа доделени...Се сеќавам кога настапив на Мис на Македонија,со трчање од автобус накај Универзална само што стигната од Србија(Белград) каде што снимав видео за песната Едно,се сопнав,а тоа штиклата пукнала. Излегов на сцена и пеев пред Северина која носеше преубав бел фустан и на самиот почеток штиклата се скрши. Ги соблеков двете и продолжив боса. Летав на сцената од среќа и се забавував до бескрај. Неколку Златни Буба Мари, 12 Величевствени, неколку гостувања на концерти,меѓу кои на мојот драг Игор Џамбазов,Борис Трајанов,Ребис и двата концерти и дуетот со Оливер Драгоевиќ. Нема да го заборавам и настапот со Стефче Стојкоски на вечерта посветена на Егејците кога ја испеав Со маки сум се родила и му ја посветив на мојот,сега веќе покоен дедо Атанас Катиновски Гоче. Стана дедо ми од седиштето додека пеев и плачеше таму пред целата публика, а потоа сите се расплакавме со него. Концерти на големи светски имиња на наши доајени,колеги се длабоко врежани во моите сеќавања,театарски представи,балетски представи и уште колку многу настани кои токму таму се одржуваа. Ве молам не ја рушете Универзална!!! Не можам да го замислам Скопје без Универзална! Универзална треба да ја чуваме и да ја обновиме,а не да ја рушиме!!!“  ]]>

„Охридско лето“ ретерираше, директорката се премисли, па се огласи: „Јоксимовиќ нема да пее“… Но, дали сепак не е потпишан договор, а парите не му се веќе уплатени? https://arhiva.vistina.com.mk/ohridsko-leto-reterirashe-direktorkata-se-premisli-pa-se-oglasi-joksimovikj-nema-da-pee-no-dali-sepak-ne-e-potpishan-dogovor-a-parite-mu-se-vekje-uplateni/ Fri, 10 Jul 2020 07:22:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158076

Најреномираниот македонски летен културен фестивал „Охридско лето“ наместо да биде круна во културата како што отсекогаш бил и како што му доликува, за жал се претвора во „збиралиште на изгубени души на селски панаѓур“. Или за малку ќе беше, јавноста да не реагираше. Најновите случувања по познатиот принцип на Зоран Заев, лидерот на партијата на власт - СДСМ: Денес кажувам едно, утре кажувам друго, а вчера кажаното... пу, пу  не важи,  како да станаа „темелна вредност“ и стил на однесување, кои властодршците ги пренесоа и во културата, односно фестивалот „Охридско лето“. Имено, откако јавноста експлодираше по веста која и самото раководство на чело со директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ, завчера, 08.07.20202 за неколку македонски медиуми потврдиле дека српскиот поп-фолк пејач Жељко Јоксимовиќ ќе настапи на 7-ми август на  „Охридско лето 2020“  во Античкиот театар во Охрид, вчера, 09.07.2020 го повлече кажаниот збор, ја смени изјавата, ретерираше во одлуката... И таа и фестивалот, се појавија со ново соопштение: Јоксимовиќ сепак, нема да пее! Наводно, според директорката Наташа Поповиќ, Жељко Јоксимовиќ нема да настапи на фестивалот и со него не бил потпишан договор, туку биле направени само првични договори. „Настапот на Жељко Јоксимовиќ кој деновиве предизвика низа реакции во јавноста беше дел од работната верзија на програмата на Охридско лето. Како Национална установа официјалната програма ја соопштуваме на прес конференција која за јубилејното издание ќе ја одржиме деновиве. За жал нацрт верзијата, која напоменувам не е конечна, деновиве се најде на социјалните мрежи со што одредени личности ја злоупотребија искажувајќи револт и бес без притоа да пофалат или во најмала рака да напоменат дел од другите уметници кои се најдоа на истата работна верзија а се врвни уметнички имиња. Нема да судиме ниту да бараме причина зошто некој пред почетокот на ова јубилејно издание сакаше да ја омаловажи успешната традиција на највредниот фестивал кој го имаме.  Она што можам сега да го кажам е дека Жељко Јоксимовиќ нема да биде дел од програмата. Направени беа само првични преговори и не е потпишан договорот. Повторувам, преговорите беа Јокcимовиќ да настапи во дополнителната програма, што фестивалот секоја година ја има покрај официјалната, во која се класичната музика и театарот. Што се однесува до бројните коментари кои ги преплавија социјалните мрежи деновиве, сметам дека она што за многумина овој концерт беше естрада е само нивно лично незадоволство. Концертот насловен како „Два света“ со симфониски оркестар од Белград, членови на белградската филхармонија, за познавачите на уметноста има вредност“ - се вели во делот од соопштението на директорката Поповиќ. Изговорот блед, проѕирен, дури и смешен, како да им се обраќа на мали деца од предучилишна возраст, а не на македонската јавност и медиумите. Партем, прилично дрско и недолично по принципот: нападот е најдобра одбрана, ги напаѓа сите оние кои на социјалните мрежи според неа, во несудениот настап на Јоксимовиќ не ја препознале „вредноста на неговата уметност“ заради лично незадоволство? Каква небулоза, ако се знае дека најгласни во реакциите беа токму естрадните уметници, меѓу кои повеќето се музички потковани, академски обвразовани токму на тоа поле, а некои од нив се класични уметници вработени во Македонската филхармонуија или МОБ, па дури и професори по музика на некои од високообразовните институции (факултетим, академии) во земјава!  И види сега, според директорката Поповиќ, тие не знаат да ја препознаат уметноста во програмата на српскиот забавувач, за разлика од неа и нејзината фестивалско-селекторска свита!? Од друга страна, откако јавноста ги фати „со спуштени гаќи“ како на мала врата сакаат да протуркаат нешто, на што не му е местото таму каде што сакаа(т) да го пикнат, сега ги мијат рацете со „нацрт верзија, предлог идеја, дополнителна програма, првични преговори, ...“ и слични смешни изговори, кои навистина и би биле комични да, не се трагични! Во меѓувреме, во јавноста веќе протече уште една, до душа, се' уште непотврдена информација, па затоа засега ќе ја третираме на ниво на шпекулација, но така беше и кога прв пат се „шушкаше“ дека Жељко Јоксимовиќ ќе пее на „Охридско лето“, па излезе дека било вистина... Или за малку ќе беше, јавноста да не ја осуетеше! Имено, и покрај тврдењата на директорката на „Фестивало Охридско Лето“ дека со српскиот естраден пејач биле направени само првични преговори и не било ништо конкретно договорено, односно, не бил потпишан договор за негов настап, во јавноста протече информацијата дека Договор помеѓи фестивалот и естрадниот уметник сепак - ИМА! И не само тоа, туку и дека веќе му е исплатена, според едни целата сума, според други, добар дел од неа, како неповратен капар! Дали оваа информација е вистинита или само шпекулација,  останува на надлежните органи и институции, да си ја испитаат работата на фестивалот и раководството на оваа македонска национална установа!  До тогаш, јавноста ја чека официјалната годинешна програма! Фото: ФОЛ лого принтскрин/ Јутјуб и Инстаграм принтскрин/zzeljko]]>