ресторани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Feb 2023 12:49:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ресторани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Избегнувајте ги максимално – Кардиолог предупреди за најлошите прилози од рестораните за брза храна https://arhiva.vistina.com.mk/izbegnuvajte-gi-maksimalno-kardiolog-predupredi-za-najloshite-prilozi-od-restoranite-za-brza-hrana/ Tue, 21 Feb 2023 12:49:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289928

Ова дополнително може да ги затне артериите, што може да доведе до срцев и мозочен удар Кога дома нема подготвена храна, обично првата алтернативна опција е ресторан за брза храна. Често излегуваме на хамбургери, гиро и слично со семејството, партнерот или пријателите. Ако ова се случува одвреме-навреме, тоа е прифатливо. Сепак, честото консумирање на оваа храна треба да се избегнува во широк лак, особено затоа што често јадеме повеќе отколку што сакаме. Помфрит, пржено сирење или прстени од кромид се меѓу придружните јадења кои дефинитивно треба да ги прескокнете бидејќи се подготвуваат во длабоко масло: – Пржените компири, похованиот кашкавал или прстените кромид се сметаат за најлоши прилози. Таквата храна е длабоко пржена и е крајно нездрава бидејќи е полна со масти и сол. Ова дополнително може да ги затне артериите, што може да доведе до срцев и мозочен удар – предупредува кардиологот д-р Нитин Батнагар, додавајќи: – Секој треба да знае дека честото јадење на ваква храна е штетно за здравјето на срцето и артериите и ве изложува на поголем ризик од срцеви заболувања. Сè што е претерано доведува до хемиски дисбаланс во телото. Затоа, имајте на ум дека во се треба да бидеме умерени. Ова го потврдуваат резултатите од студијата објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ во која учествувале 4.500 возрасни лица. Откриено е дека луѓето кои јадат помфрит повеќе од два пати неделно имаат двојно поголем ризик од рана смрт. Проблемот овде не е во храната, туку во начинот на подготовка – компирите се пржат во поголема количина масло за да бидат повкусни. Извор: Курир.мк]]>

Милица Тодоровиќ ослабе 15 килограми, а сега откри каква домаќинка е и ги насмеа сите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-todorovikj-oslabe-15-kilogrami-a-sega-otkri-kakva-domakjinka-e-i-gi-nasmea-site-foto/ Wed, 28 Sep 2022 06:30:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268947

Пејачката Милица Тодоровиќ е позната по тоа што често варира кога се во прашање килограмите, но и покрај тоа важи за една од најзгодите на естрадата. Таа сега откри како ја одржува својата линија: - Кај мене тоа се случува периодично. Мора да се најде рамнотежа. Досега најмногу ослабев 15 килограми за два месеци - изјави пејачката и додаде: - Никогаш не паднав во депресија поради мојата тежина. Кога не си задоволен со својот изглед, мораш некако да се собереш... Ја зeмаш лажицата и почнуваш да јадеш нормално. Не кукам за моите мали гради, ги сакам. А кога ќе се заљубам, можам сè - вели пејачката. - Јас кога сум нервозна, јадам. Тоа е најмногу поради работа, не е поради раскинување. Милица откри дека најмногу ослабела за време на корона вирусот, а потоа ги шокираше сите: - Јас никогаш не готвам. Одам во маркет само по млеко за кафе и цигари. Јадам во ресторани, можам да си дозволам. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Милица Тодоровиќ]]>

„Протестирам“ со протест за протокол за семејни веселби во петок во 14:00 часот https://arhiva.vistina.com.mk/protestiram-so-protest-za-protokol-za-semejni-veselbi-vo-petok-vo-14-00-chasot/ Thu, 18 Feb 2021 13:22:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190415

Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности ( музичари, фоторафи, видеопродукции, ателјеа за венчаници, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери, фризери, модни креатори...). Забраната трае, а тие сеуште чекаат протокол за работа веќе една година. Почеток: Петок (19.02.2021), во 14:00 часот на Бул. Александар Македонски, Автокоманда (главната раскрсница кај пожарна и Земјоделски факултет). Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, најавија организаторите.
]]>

Келнерите и готвачите ја открија вистината од рестораните од која ќе ви се преврти желудникот https://arhiva.vistina.com.mk/kelnerite-i-gotvachite-ja-otkrija-vistinata-od-restoranite-od-koja-kje-vi-se-prevrti-zeludnikot/ Tue, 01 Oct 2019 13:15:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110148

Кога ќе почнат да работат во рестораните, вработените сфаќаат дека некои работи, меѓу кои и храната, не се секогаш онакви какви што очекуваат да бидат. Исто така тие бидејќи имаат пристап до кујната често ја дознаваат тажната вистина која стои позади некои јадења кои дотогаш со задоволство ги нарачувале па сега во целост ги избегнуваат. Ова се некои од работите кои вработените во рестораните никогаш не би ги нарачале. Одредени намирници кои се служат со салата „Работите како што се зелена салата и свеж зеленчук секојдневно се заменуваат, но оние кои се помалку популарни како што е на пример грашокот, не се заменуваат повеќе од еднаш неделно. За некои намирници, како на пример маслинките и киселите краставички, кажано ми е најгоре да ги ставам свежите за под нив да останат оние кои се стари и неколку месеци. Грозно“ - раскажува келнерот Крис П. Мраз „Луѓето не знаат колку ретко се чистат машините за правење мраз и однадвор и одвнатре. Веројатно поминати се неколку години откако апаратот е приклучен и исчистен одвнатре. Сум видела машини за мраз на кои има 'рѓа, нечистотии па дури и бубашваби во нив“ - вели работничка од ресторанот, Тори Т. Лимон „Келнерите секогаш сечат лимон на парчиња предвреме и потоа го ставаат во големи садови да стои сè додека не се потроши. Никогаш не ги мијат овошјата кои се користат, па дури ни рацете не ги мијат редовно. Понекогаш дури и искористениот лимон го враќаат за уште една употреба“ - раскажува Хедер Х. Пире од компири „Постои причина зошто пирето од компири во рестораните е толку многу убаво - тоа е само путер. Се колнам дека рестораните во кои работам користат компири и путер во сооднос од 50:50. Секоја порција всушност е една лажица путер. Вкусно е, но откако видов како го прават не можам повеќе да го јадам. Секојпат кога некој гостин ќе нарача пире, искрено ги жалам неговите артерии“. Декорација за јадења „Поголемиот дел од луѓето не ја јадат декорацијата од своите чинии, но многупати сум видела како готвачите ги враќаат искористените декорации и ги ставаат во новите порции“ - открива Аштон Л. Мешана салата „Иако едни од најпопуларните нешта на менито се салатите, сепак никогаш не ги јадам. Жената која ги прави салатите во ресторанот каде што работам ги меша со свои раце, тоа би било во ред доколку носи ракавици. Сум ја видела неколку пати како ги лиже прстите па потоа ја меша салатата. Ужас“ - открива Кристен С. Помфрит „Пред да почанм да работам на моето сегашно место обожував пржени компири. Сега гледам дека многу ретко го менуваат маслото за пржење и премногу ми се згадија компирчињата“ - раскажува Емелгејт Т. извор:точка.ком.мк]]>