ресторан канео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Aug 2019 10:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ресторан канео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Претставени премиум вината на водечките винарници од Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/pretstaveni-premium-vinata-na-vodechkite-vinarnici-od-makedonija/ Mon, 12 Aug 2019 10:45:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101661

Изминатиот викенд во ресторанот Канео, лоциран на охридското крајбрежје во некогашната истоимена рибарска населба, се оддржа вински настан во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ како дел од проектот „Вински Тераси“. Целта на проектот е претставување на високо квалитени македонски вина на странските и домашните туристи, преку едукативен и дегустациски карактер во сомелиерски манир. Водечките винарници (Тиквеш, Стоби, Бовин, Камник, Венец, Сопот, Езимит, Далвина, Пуклавец) веднаш го препознаа настанот и несебично ја дадоа својата поддршка нудејќи ги своите премиум и најнаградувани вина за дегустација. Поддршката не изостана ниту од Министерствотот за економија со што преку програмата за развој на туризмот за 2019та година го препознаа настанот како програма за збогатување на туристичката понуда во Охрид во текот на летната сезона. Настанот побуди огромен интерес кај странските и домашните туристи помеѓу кои беа присутни и видни личности од јавниот живот. Охриѓани го поздравија настанот со препорака за одржување на поголем број вакви настани во годината.
„Накалемивме една нова меѓународно препознатлива винска култура врз цивилизациска важна подлога, Охрид. Нема сомнеж дека ќе вроди плод. Сега сме во фаза кога треба да се грижиме околу “лозата” и да веруваме во тоа што го работиме. Придобивките треба да ги очекуваме во насока на подигање на квалитетот на туристичката понуда повлекувајќи ја и гастрономијата нагоре, но и засилувајќи ја промоцијата на македонскиот вински регион” изјавија од МАСОМ.“
]]>

Македонската винска сцена се сели во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-vinska-scena-se-seli-vo-ohrid/ Mon, 05 Aug 2019 08:36:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100423

Мал чекор за винарниците, но голем за македонското вино Во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ на 10ти Август (Сабота) со почеток во 18:00 часот ќе се оддржи винскиот настан „Вински Тераси – Охрид“ во ресторанот Канео каде дел од македонските винарници (ТиквешСтобиШато КамникДалвинаЕзимитВенецВиргоШато СопотПуклавецБрзанов) ќе ги претстават своите вина на домашните и странските туристи. Она што е ново за Охрид е тоа што за прв пат вакво претставување ќе се спроведе во сомелиерски манир, како што доликува на македонските вина. Имено гостите ќе имаат можност преку симболична влезница од 400 денари да дегустираат преку 100 различни вина по свој сопствен избор. Изложените вина ќе бидат од квалитетни до вина од премиум сегментот, правилно послужени, следени со стручни информации околу карактеристиките, сортите и македонските виногорја. Секако, не случајно е одбран и ресторанот Канео, кој патем широкоградо го прифати овој проект. Да се размислува „надвор од кутијата“ е предизвик, но и нешто што ја води гастрономијата напред, Во тоа светло и ќе се претстави тимот на Канео кој е задолжен за гастрономскиот дел. Настанот е насловен „Вински Тераси – Охрид“ , со цел да се потенцира тесната врска помеѓу „лозовите тераси“ како микролокации од каде најчесто доаѓа најкавлитетното винско грозје до „винските тераси“ од сегментот на ресторатерството и хотелиерството каде тие вина треба да се понудат на посетителите во туристичките дестинации на соодветен, правилен начин.
„Вакви вински настани треба да станат традиција по нашите туристички места. Претставувањето на македонското вино на странските пазари треба да го ставиме во еквилибриум со домашниот пазар, особено во туристичките оази како што е Охрид. Гастрономијата пак да ја насочиме кон традиционалната кујна комбинирана со модерни техники. Имаме што да понудиме, но не очекува многу работа за што се чуствуваме навистина спремни“ – изјавија од МАСОМ.
Повеќе информации: Website / Facebook Event / Tickets]]>