ресен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Sep 2023 12:35:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ресен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нокаут“ и Андријана Јаневска на „Преспански јаболкобер“ во Ресен https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-i-andrijana-janevska-na-prespanski-jabolkober-vo-resen/ Tue, 19 Sep 2023 12:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318699

Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ ќе се одржи и оваа година околу верскиот празник Крстовден, од 27-ми до 29-ти септември во Ресен. Програмата започнува на 27-ми септември во со ХДАЛ „Флорина“ – Ресен и КУД „Таше Милошевски“ – Ресен. На 28-ми септември (четврток) настапуваат „Пуш пауза бенд“, „Синхро-ЕКВ Трибјут“ а вечерта се затвора со Андријана Јаневска и Митан проект. Последната вечер на манифестација е резервирана за „Инстинкт“, „Марвелс“ а ѕвезди на вечерта ќе бидат „Нокаут“. Главната музичка програма се одржува на Градскиот плоштад во Ресен. Освен музичкиот дел ќе се доделуваат награди и свечено ќе се откине првото јаболко.]]>

Светски признатата македонска пејачка Тања Царовска со шокантен Фејсбук статус откако се „отру од смрдеата“ од фабриката на браќата Заеви: „Го дишат ли Зоран и Вице истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа и Ресен“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-priznatata-makedonska-pejachka-tana-tsarovska-so-shokanten-fejsbuk-status-otkako-se-otru-od-smrdeata-od-fabrikata-na-brakata-zaevi-go-dishat-li-zoran-i-vitse-istiot-vozduh-shto-go-dishat-bebin/ Fri, 04 Aug 2023 07:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312617

Тања Царовска позната македонска пејачка која со години живее и работи надвор од Македонија, во Англија. Таму каде што е најтешко да се успее, особено ако не си „нивен“ туку дојден од таму некаде, долу од Балканот. Но за нејзиниот светски признат вокал и музички способности сведочат достигнувањата и делата. Царовска соработувала со голем број познати светски музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер, итн. Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти што ја добил наградата „Греми“ во 2013 година. Таа ја пее песната „По друм одам мајче“ во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“. Царовска пее со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмскиот мегахит „Троја“ со Бред Пит и Орландо Блум во главните улоги.  За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата: „Најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач). Исто така, таа е главниот вокал во музиката за филмот „Христовото страдање“ на Мел Гибсон, со Моника Белучи, кој заработил дури 622 милиони долари и е комерцијално најуспешниот филм со тематика за христијанството и еден од филмовите со најголема заработка во историјата, воопшто. Летово  Тања Царовска која е по потекло од битолско-преспанскиот крај престојува дома, во Македонија. Сакајќи да побегне од летните жештини кои се уште поизразени на асфалтно-бетонската џунгла во македонската престолнина, пејачката заминала на село... Во родната Преспа, близу Отешево, планинско место на надморска височина од 900 метри каде воздухот (треба да) е толку чист, што своевремено била изградена болница за лечење пациенти од белодробни заболувања. Ама тоа било некогаш, денес, природната воздушна бања е претворена во гасна комора, во која смрди до неможење да дишеш. Шокирана и револтирана од она што таму се случува и го затекнала, Тања Царовска споделила статус на својот Фејсбук профил посочувајќи ја состојбата, ама и причините и виновниците заради кои природата е  доведена до состојба на отровно умирање. „Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема – смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања – на што гориво работи фабриката? Или поточно – што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци – зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам – ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање – браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака – го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!“  - напишала и споделила пејачката. Затоа пак газдите Заеви или поточно, бившиот премиер и екс-СДС лидер Зоран, „мува не го лази“, зашто ужива некаде таму надвор со своето семејство, дишејќи свеж, морски, медитарнски воздух  на Јадранот. Од Истра во Хрватска до Италија, од каде неговата ќерка Александра споделуваше фотографии на социјалните мрежи. Преспа секако не им е интересна за летување, зашто таму квалитетот на воздухот знаат каков е оти тие „го контролираат“ со својот „отровен бизнис“ на сметка на здравјето на локалното население и еко катастрофата на природата. Фото: Фејсбук/Tanja Xena Tzarovska /  ]]>

Дејан Денесовски ја избра Кристина Димитриевска за партнерка во своето првенче – „Пред да заминеш” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dejan-denesovski-ja-izbra-kristina-dimitrievska-za-partnerka-vo-svoeto-prvenche-pred-da-zaminesh-video/ Tue, 21 Jul 2020 12:30:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159789

Младиот пејач Дејан Денесовски деновиве го промовираше неговото првенче, односно првата авторска песна со наслов “Пред да заминеш” која што ја претстави заедно со спот. Како што истакна овој ресенчанец во интервјуто за ИН ТВ, снимањето на видеото се одвивало на повеќе локации во Претор, а заедно со целата екипа која била вклучена во организацијата поминале одличен ден исполнет со убава атмосфера и позитивна енергија. „Снимањето помина добро, иако имав малку трема меѓутоа излезе се како што треба на крај. Преспа располага со многу убави места, се снимаше во комплекс - ресторанот, апартмани и плажа Галакси. Музиката е на Миле Наумоски од Скопје, аранжманот го наоправи мојот сограѓанин, познатиот композитор од Ресен,  Хари Котларовски, во чие студио и се снимаше песната. Видеото се снимаше со продукцијата на Охрид Скај која  е и генерален покровител на овој проект. Во спотот се појавува и македонската мисица, убавица и топ модел Кристина Димитриевска, за која сметам дека е девојка која зад неа има испишано историја како модел, а и самата е пејачка, па убаво е да се работи со такви луѓе“ - изјави Дејан, за гледачите на ИН ТВ. Неговите очекувања се оваа поп балада да биде добро прифатена од публиката бидејќи како што вели тоа е најбитно за еден пејач. Но, младиот музичар тука не запира. Во периодот што следи, Дејан најавува уште една авторска песна која веќе се подготвува. Во продолжение погледнете го видеото за баладата  на Дејан Денесовски „Пред да заминеш” и уживајте во природните убавини на Преспанското крајбрежје и сексапилот на раскошната убавица Кристина Димитриевска! https://www.youtube.com/watch?time_continue=65&v=YgSMRMVHMfc&feature=emb_logo Извор: Естрада+]]>

Ресенската „Екстраваганца“ посакува – „Да сме среќни денес“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/resenskata-ekstravaganca-posakuva-da-sme-srekjni-denes-lirik-video/ Wed, 22 Apr 2020 12:55:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146066

Ресенската група  „Екстраваганца“  по „Казна моја си ти“, преработката  „Приспивна“ и макфестовската „Како странец“, ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Да сме среќни денес“. По соработката со нивниот сограѓанин, композиторот  Хари Котларовски, со кого момчињата соработуваа и на претходните две песни, вокалот Јовче Воденичаровски и Крсте Калевски – гитара, најпрвин од дуо станаа трио, придодавајќи го како член на групата Наум Секуловски (кахон/тапани), а сега за прв пат соработуваат и со познатата македонска пејачка Наташа Мијатовиќ - Мијата, на која ова и е авторско првенче. Таа се јавува како коавтор на музиката новата песна на групата  заедно со Тања Рибарска , но и како коавтор на стиховите - Мијата/Јовче Воденичаровски и аранжманот - Ѓорги Вацев/Мијата. За песната „Да сме среќни денес“ е направено и лирик видео чиј видео едитинг го потпишува Наум Секуловски. Као сето тоа спакувано изгледа и звучи, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=WAsSYZyz_hg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0St5FUKn9lX7ywBRzFBBWXsIk3a9HORrRj3Go-3oLBQS3RtbmdljJV4ts]]>

Каролина замина на село, а таму македонското девојче среде бавча (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-zamina-na-selo-a-tamu-makedonskoto-devojche-srede-bavcha-foto/ Fri, 18 Oct 2019 06:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113230

Кога е во прашање музиката таа е неприкосновеното македонско девојче кое ги воодушевува сите возрасни генерации. Но, освен музиката, Каролина Гочева е доста активна со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е. Многупати сме пишувале дека ако не беше пејачка, Каролина сигурно ќе беше меѓу најуспешните модели, а тоа постојано го потврдува со перфектните модни фотографии кои ги објавува на своите профили на социјалните мрежи. Освен тоа постојано остварува нови соработки со познати модни брендови за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи. Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, полна со грациозност и став. Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со модни фотографии и тоа за секое годишно време и прилика, а со старот на есента, Каролина замина правец на село, поточно во Јанковец- Преспа каде се изработуваше фотосесија среде овошната бавча со јаболки кои за среќа останале во Преспа по невремето кое ги зафати летово. Црвени јаболчиња, заби бели бисерчиња и есенски стајлинг прават феноменален спој од кој целта за одлична модна кампања е постигната.]]>

„Џез вечери“ во Ресен https://arhiva.vistina.com.mk/dzez-vecheri-vo-resen/ Tue, 14 Aug 2018 11:08:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42947

Ресен од денеска до четврток ќе биде домаќин на манифестацијата „Џез вечери“, која трета година се одржува на градскиот плоштад „Цар Самоил“. Настанот е во организација на Домот на културата „Драги Тозија“. Skopje jazzinc се на програмата вечер, а утре настапуваат Александар Петров и Transmision project. Последната вечер е резервирана за Sethstat и Мирко Попов.]]>