република македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Sep 2020 06:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png република македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ваков успех секој би посакал: Андријана Јаневска ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! https://arhiva.vistina.com.mk/vakov-uspeh-sekoj-bi-posakal-andrijana-janevska-kje-ja-pretstavuvam-makedonija-vo-proekt-za-ginisovata-kniga-na-rekordi/ Thu, 24 Sep 2020 06:56:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168325

На познатата македонска пејачка Андријана Јаневска музиката и е се во животот. Со неа е опкружена и дома и на работа и приватно и професионално. Покрај тоа што пее, таа е и виолинистка и професорка по музика. А кога сте дел од јавниот свет, без разлика дали сте музичар, пејач, актер, писател....успесите на професионално поле зборуваат за уметникот и ќе ги паметиме најчесто по она што направиле, создале, по нивните иновации, по нивните дела... За музичкиот талент на Андријана Јаневска не треба да се зборува многу бидејќи таа тоа го потврдува со својот успеси, а овојпат македонската пејачка ќе ја претставува нашата држава во проект за Гинисовата книга. Со овие убави вести, Јаневска се пофали на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека единствен услов за учество бил во договорот да пишува дека ја претставува Република Македонија. „Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, напиша пејачката. Под објавата се нижеа честитки и пофалби на Андријана која може да биде горда за еден ваков успех. „Гинисовата книга на рекорди“ е референцијална книга која се објавува секоја година, и ги содржи меѓународно познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. Книгата самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња.]]>

Република Македонија слави 28 години самостојност https://arhiva.vistina.com.mk/republika-makedonija-slavi-28-godini-samostojnost/ Sun, 08 Sep 2019 07:56:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105714

Република Македонија денеска одбележува 28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. На референдумот над 95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Претходно, на 25 јануари 1991 година првиот повеќепартиски македонски Парламент, усвои Декларација за независност. Волјата на народот за самостојна држава формално беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Десет години подоцна, Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор. Државноста прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина… Монетарно, државата се осамостои со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена како 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќаше нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот и конечно по повеќедецениски преговори, минатата година на 17 јуни во Преспа беше потпишан договор меѓу двете држави за решавање на спорот со името. Изминатите 28 години самостојно живеење се одликуваат со низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. И политичката криза последните години предизвика застој во процесот на евроинтеграциите, но беше надмината со Договорот од Пржино, декемвриските парламентарни избори и формирањето на ново владејачко мнозинство. И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО, на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, државата доби само условена покана за членство, откако Грција го блокираше приемот поради спорот за името. Иако во 2005 година земјата доби статус на кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и во наредните години, Грција, како и за НАТО, ја блокираше македонската евроинтеграција. Македонија годинава на денот на својот 28 роденден се уште го чека патот кон ЕУ и НАТО. извор: Курир.мк]]>

Стоилов „им го плесна в лице“ на ЕХФ: Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stoilov-im-go-plesna-v-lice-na-ehf-mojata-drzava-e-republika-makedonija-video/ Mon, 03 Jun 2019 06:16:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90939

Вардар пак ја освои Европа и по вторпат во својата клупска историја го освои трофејот од најелитното ракометно натпреварување на ЕХФ, Лигата на шампионите. Пред разиграните вардарци во финалето падна унгарскиот тим на Веспрем (27-24), а на официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ. Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече: „Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Извор:Гол.мк]]>