репрезентативец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Nov 2022 10:11:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png репрезентативец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Јована Јеремиќ и се додворува познат фудбалски репрезентативец: Водителката би можела да стане сопруга на фудбалер? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-jovana-jeremikj-i-se-dodvoruva-poznat-fudbalski-reprezentativec-voditelkata-bi-mozela-da-stane-sopruga-na-fudbaler-foto/ Mon, 21 Nov 2022 10:11:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276727

Извесен период се шпекулираше дека познат фудбалер и се додворува на водителката Јована Јеремиќ, а сега таа ја откри вистината за тоа. Јеремиќ истакна дека до неодамна не ја интересирал фудбалот, но дека заради работата била принудена да се заинтересира за него. „Јас сум некој што не разбира фудбал, но откако снимив реклама со Батистута, морав да се заинтересирам. Мислам дека сите работи во животот се случуваат со причина и дека сега е вистинскиот момент да известувам малку повеќе за фудбалот. Кога новинарките кои немаа никаква врска со фудбалот известуваа за добро да се омажат, зошто јас, која ги имам сите предиспозиции да бидам апсолутно најдобра во известувањето, да не известувам?“ - низ насмевка вели таа. Јована призна дека е точно дека еден фудбалски репрезентативец чие име не сака да го открие е заинтересирана за неа. „Не можам ништо да ви откријам, но информацијата е точна. Сè уште не би зборувал за тоа. Моментално сум сингл, излегов од емотивна врска, со бившиот сопруг сме навистина одлични пријатели, а во иднина ќе мерам три пати, а еднаш ќе сечам. Знаете дека јас сум сериозна жена и дека сите мои врски беа сериозни. Ако стапам во врска со фудбалер, тоа мора да биде сериозно. Единствено, сакам постари луѓе, а тие  се за жал помлади“ - одново се мсее Јована и истакнуваа дека и треба стабилност во врската. Јована на шега рекла дека нема намера да оди во Катар и да ја бодри репрезентацијата: „Ако заминам таму, ќе ја деконцентрирам репрезентацијата (се смее), ќе направам хаос, па затоа останувам во Белград и ќе навивам оттука. Јована истакна и дека посакува уште едно дете. „Би сакала повторно да се реализирам како мајка, но не сега, туку за неколку години. Јас сум жена која сега гради кариера и сака да обезбеди некои материјални работи“. Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana
]]>

Дарко Велковски стана татко: Фудбалскиот репрезентативец доби син (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-velkovski-stana-tatko-fudbalskiot-reprezentativec-dobi-sin-foto/ Wed, 09 Feb 2022 07:00:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238217

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Велковски и неговата животна сопатничка Тамара Чуприна, имаат голем повод за славење. Дарко стана татко, откако неговата сопруга  во една приватна скопска акушерска клиника на свет донесе здраво машко дете. Малечкиот наследник го доби името  Ведран. Ова е прво дете на Дарко и Тамара, кој прва и ја сподели радосната вест, но и фотографии од малиот Ведран од породилиштето. Честитките за приновата разбирливио се редеа и од семејството и од роднините, другарите, пријателите, колегите... од сите! Тамара, која е помала сестра на некогашната манекенка, модел и ТВ водителка на „Бекстејџ“, Драгана Чуприна,  уште во месец септември лани, 2021 година ги изненади сите, откако објави фотографија од ултразвук на бебе и под објавата напиша: „Исто како мојот татко, без фотографии ве молам“ – појаснувајќи дека е во петтиот месец од бременоста, но не го откри полот на бебето кое е на пат. Пред да станат за прв пат родители, фудбалерот и манекенката во последните денови од декември 2021 година и законски ја официјализираа својата врска, а љубовта ја крунисаа со брак. На венчавката која била од интимен карактер присуствувале само најблиските членови на семејствата и тесен круг на роднинии пријатели на младенците, а свадбената веселба се одвивала во еден познат угостителски локал. Сега кога „штркот долета и во нивното семејно гнездо“, а тие станаа родители, малиот Ведран на Дарко и Тамара уште повеќе ќе им го разведри брачниот живот, кој добива нов квалитет со проширувањето на семејството. Нека им е жив и здрав малечкиот наследник! Фото: Инстаграм принтскрин/chuprinaatamara]]>

Самоубиството на познатиот ракометар и српски репрезентативец Новак Бошковиќ ја шокираше јавноста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/samoubistvoto-na-poznatiot-rakometar-i-srpski-reprezentativec-novak-boshkovikj-ja-shokirashe-javnosta-foto/ Tue, 05 Feb 2019 10:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71119

Тој играше за израелскиот клуб Хапоел Ришон и беше среќно оженет со Милица, со која пред неколку месеци доби и ќерка, беше успешен ракометар, бивш репрезентативец на Србија ... Зошто Новак посегна по себа се' уште не е познато, а првите резултати од истрагата укажуваат дека наводно станува збор за коцка.
Трагедијата се случи во неделата, на 3-ти февруари околу девет часот наутро во дворот на неговиот семеен дом во војводинскиот град Црвенка. Како што пишуваат српските медиуми, Новак го зел пиштолот и ја напуштил куќата упатувајќи се кон  градината. Кратко потоа, тој се застрелал во главата и починал на самото место. Еден ден пред самоубиството дошол од Израел во Црвенка.
„Никому не му е јасно што можело да тргне наопаку. Тој имал и сè што сака, успешна кариера, добро заработил, му се исполнила неговата желба да игра за репрезентацијата на Србија, среќен брак, мала ќеркичка... Едвај чекаше да дојде од Израел за го да помине времето со семејството и пријателите. Меѓутоа, еден ден откако пристигна во Црвенка, тој се  самоуби. Никој точно не знае зошто го сторил тоа.
„Некои  споменуваат дека пред трагедијата имал расправија со мајка му и сопругата“ - вели извор од соседството на покојниот ракометар, додавајќи дека Новак имал две големи страсти - лов и комар.
„Го критикував  зашто вечерта остана во градот со неговите другари и познаници цела ноќ. Еден ден пред тоа пристигна од Израел. Знам дека беше желен за дружење, но не требеше толку долго да остане“ - изјавила мајката на ракометарот Јела В., додавајќи дека таа потоа отишла кај нејзината ќерка, но дека снаата набргу потоа и се јавила  со зборовите: "Новак отиде да се убие".
Мајката на сопругата на Новак истрчала по него и се обидела да му го одземе оружјето, но не успеала. Набргу потоа се слушнал истрел.]]>