репрезентација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 29 Apr 2023 08:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png репрезентација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јулија Живиќ со најновата бикини – сесија „сликички“, уште еднаш потврди дека е секси сирена и кога не е во копачки! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/julija-zivikj-so-najnovata-sesija-slikichki-ushte-ednash-potvrdi-deka-e-seksi-sirena-i-koga-ne-e-vo-kopachki-foto/ Sat, 29 Apr 2023 08:00:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257017

Стандардна членка на македонската женска фудбалска А селекција Јулија Живиќ важи за најзгодната македонска фудбалерка. Како и фудбалската топка, популарната „бубамара“, која по боите и шарите оддамна не е „бубамара“, така и фудбалерките - оддамна не се она што се мисли: незграпни, груби, машкобањасти… напротив! Русокосата убавица е жив доказ дека убавината и „најважната споредна работа на светот“ можат да одат заедно, дека високите потпетици секогаш може да ги замениш со „копачки“, фустанот со дрес, тангата со спортски гаќички, хулахопките и мрежестите чорапи со штуцни. Јулија однеодамна тргна својата спортска среќа да ја бара во фудбалскиот свет надвор од Македонија, поточно во хрватската женска фудбалска лига и тоа на релација Ријека - Сплит, каде и што остана да игра! Но, Јулија не е само одлична фудбалерка, туку и атрактивна русокоса убавица која со својата бикини сесија „сликички“, уште еднаш потврди дека е секси сирена и кога не е во копачки. Имено, сексапилната Македонка логично е дека професионалниот престој на море, меѓудругото го користи и за одредени сопствени задоволства и уживања. Уживањето на плажа под сончевите зраци е единствено чувство за многумина, па и за Јулија. Но, кога русокосата убавица ќе се соблече во мини бикини кои ги истакнуваат сите нејзини облини, мажите забораваат на „бубамарата“ и фудбалските мајстории, зашто во главата веднаш „им се плетат поинакви стории“ од возбудливата глетка што им ја нуди сексапилната фудбалерка. Испружена на песокот крај брегот  Јулија има своја низа на правила кои обилно ги користи: „Дивеј, пушти ја косата, остави ја солта на кожата, оди на море, повтори го сето тоа“... Вака некако изгледа нејзината листа на задоволства кога зелениот  фудбалски тепих ќе го замени со песочниот морски брег! Она што глетката ја прави уште повозбудлива и уште пожешка, а за некого Бога ми и „уште потешка“ се фотографиите од слединиот фото-сет... На нив во ултара секси црвени бикини Јулија плени со својот телесен раскош огледан во неодоливата привлечност и бујните облини. Влажна и пожелна со високо подигнати гаќички  додека излегува од морето... ...Или со заносен поглед што мами воздишки додека со длабоко “потонатата“ танга во спортски извајаната задница се шета покрај брегот... ...За конечно клекната на коленици налик на расните убавици од еротските насловници, да ја доведе возбудата до екстаза... На сопственото задоволство од  убавините на плажа, оставајќи ги во воздишки и копнежи своите следбеници на социјалните мрежи. И додека  македонската фудбалерка се поти во теретана, нејзините обожаватели „се потат на суво“  од неодоливиот сексапил и раскошната телесна убавина на расната Јулија!  Таа жива вода, тие жива згода! Фото: Инстаграм принтскрин/zivic.julija  ]]>

Мартин Филиповски од „Некст Tајм“ го дизајнираше новиот дрес на фудбалската репрезентација: Музичарот ги открива деталите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/martin-filipovski-od-nekst-tajm-go-dizajnirashe-noviot-dres-na-fudbalskata-reprezentatsija-muzicharot-gi-otkriva-detalite-foto/ Mon, 27 Mar 2023 07:45:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295082

По „промашената варијанта со боите и рисот“ за историскиот настап на ЕУРО 2021,  новите дресови на фудбалската репрезентација  на Македонија овој пат се вистински погодок. На неговата промоција на мечот со Малта од првото коло квалификаци за настап на ЕУРО 2024, фудбалерите ја донесоа и првата победа за Македонија. Новата опрема изгледа одлично, новиот дрес одново е во препознатливите бои и елементи кои ја симбоилизираат Македонија: Стилизираното сонце од македонското знаме, чии краци се налик на отпечатови од прсти... Симболи по кои и тоа како ја пепознаваат државата, но и идентитетот на нацијата, односно Македонците и останатите етникуми кои живеат во неа.
Резервниот дрес во бело-жолта боја е исто толку впечатлив и автентичен,  како и третата варијанта на дресови и шорцеви е во темно-сива, речиси црна боја, која дополнително го нагласува сонцето и идентитетот како националната гордост. Многумина се запрашаа  кој  тоа овој пат ги дизајнираше дресовите, кој ја погоди суштината, автентично ја долови сржта на она што една репрезентација треба да го носи на својот дрес, а тој да ги отсликува националните симболи на земјата во целина? Уште повеќе сите беа пријатно изненадени кога дознаа дека автор на новиот дизајн на дресовите е познат македонски музичар! И тоа не било кој, туку Мартин Филиповски, од братското дуо близнаци од групата „Некст Тајм“, кој заедно со Рахила Илиев го потпишува автентичниот дизајн. Запрашан од каде тој во нешто што ни на сон публиката и воопшто јавноста не го очекувала, Мартин за Вистина.ком.мк одговори: „Со дизајн почнав да се занимавам пред неколку години за да си помогнеме како „Некст тајм“ за нас самите. ВО меѓувреме ја запознав Андреа (Белевска - ракометарката, која сега е негова свршеница) и почнав да креирам а неа некакви најави, промо материјали и сл. Нароавив дури и лого за клубот за кој играше во Романија, Валчеа мислам се викаше, кои стаснаа и прваци на својата земја и играа во Лигата на шампиони. Но тоа не го работев за пари, хонорарно, туку онака... Потоа си реков зошто не би продолжил. Правев логоас за неколку македонски фудбалски школи и еден ден ми се јави портпаролот на ФФМ,   Златко Андоновски и ме повика во нивните простории каде договоривме соработка за натпреварот со Косово. така почна соработката со ФФМ, каде работев на промо материјалите за некои натпревари, па снимивме рекламен спот - „Сега е наше време“ и уште неколку реклами... Така некако влегов во прикаскава со федерацијата и тие почнаа да ми веруваат. https://www.youtube.com/watch?v=YOmQeoRfaFo На прашењето дали редизајнот можел да се случи порано, наместо онаа “срамота“ пред ЕП 2021, Мартин вели: „Јас уште пред ЕП им понудив да го смениме дресот. Не да биде тоа сосема нов дизајн, туку да го, редизајнираме стариот, да го освежиме со нов материјал, нов крој, нови детали, но... По ЕП, по некое време одново ми се јавија и ми рекоа ако си сериозен, дојди да видиме што можеме да направиме. За два - три дена им понудив неколку варијанти, по што дојдовме до заеднички заклучок дека ќе одиме со овој дизајн што е денес“. „Рахила Илиев од ФФМ ми помогна да го скроиеме онака како што треба, бидејќи не бев запознаен со строгите правила. После тоа работевме три месеци на деталите, тука мислам на материјалот, кројот, фонтот,  ракавите и бојата. Во опција беа 4 бои, од кои трите се оние кои веќе се презентирани, додека жолтата варијанта остана како опција за изненадување, со која би можеле евентуално да ги изненадиме фановите кога ќе треба. И сето тоа го направив не заради некаква заработка, туку од љубов кон фудбалот, кој како дете  го тренирав и точно знам што посакува еден играч од дресот, каков материјал, какви одлики и перформанси да има“ - заклучува Мартин Филиповски, познатиот македонски музичар од „Некст тајм“ и спортски дизајнер. Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/martin_filipovski    ]]>

Столе Димитриевски: „И после десет години во Шпанија кога ќе си дојдам дома зборувам кумановски“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-dimitrievski-i-posle-deset-godini-vo-shpanija-koga-kje-si-dojdam-doma-zboruvam-kumanovski-foto/ Fri, 03 Jun 2022 06:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252992

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, последниве неколку месеци беше еден од спортистите за кои најмногу се пишува во шпанските медиумите. Муабетите почнаа уште есента. Димитриевски одбрани пенал на Барселона, па каталонскиот клуб почна преговори за да го ангажира, но трансферот не успеа. „Бев многу блиску до потпишување договор, ама ете, работите не завршија како што посакувавме. Јас имам уште две години договор со Рајо, но сега почнува сезоната на трансфери, па ќе видиме што ќе се случи до крајот на летото“, вели Столе и не крие ни дека сака да брани во голем клуб за да игра на европски натпреварувања. Од кога памти за себе, фудбалот му бил најголема љубов. Па кога го прашавме за детството во Куманово, вели: „Станував, играв фудбал, одев во школо, пак фудбал, пред да си легнам, фудбал, тоа ми се некои сеќавања“. Неговото семејството и денес живее во Куманово. Со сестрата и родителите е многу близок иако одамна живее во странство. Тие постојано доаѓаат да го гледаат на натпреварите и горди се на неговите успеси. Столе, пак, секоја можност ја користи да дојде во Македонија за да ги види, а и тие често одат на гости кај него во Шпанија. „За мене семејството е сè. Јас одамна живеам надвор, ама тоа го направив за да обезбедам подобар живот и за мене и за нив“, искрен е Димитриевски за „Репортер“. Не е тајна дека обожава мода, а во Шпанија неодамна го избраа за фудбалер со најмногу стил. Отсекогаш сакал да се облекува различно од другите. Има омилени брендови, но купува и скапа облека, винтиџ парчиња, и сето тоа често го комбинира со нешто старо што го носи со години. Но, кога ќе му го изгубат куферот на аеродром, првата помисла му е „само да ми се тука копачките и ракавиците“. Со Столе разговорот нема крај. Со насмевка раскажува за тоа како го запознал својот идол Буфон, но и за Меси од кого доби на подарок специјално пиво. Тука е и приказната за Роналдо, кој се измачи во баражот за Светско, ама сепак не успеа да му даде гол на Столе. „Знаеш, подобро ќе беше да примев гол од Роналдо, но да ги победевме Португалците, отколку што му ги одбранив сите удари. Ама па, убаво е чувството кога знаеш дека Кристијано не ти дал гол“, искрен е Столе. За Шпанија каде што живее 10 години, знае ли да готви, кој му е омилен специјалитет, за девојките и дали е во врска зборува многу отворено. Но и за муралот со негов лик што го нацртаа во Куманово, го гледаат ли како ѕвезда во градот и дали уште зборува на кумановски дијалект, но и за репрезентацијата, зошто решил да биде голман а не фудбалер, и дали се учи бранењето пенали или е чиста среќа... Гледајте го интервјуто. ]]>

Пред историскиот меч со Португалија за пласман на СП во Катар, Панчо-ДНК подготвен на нова „жртва“: „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-istoriskiot-mech-so-portugalija-za-plasman-na-sp-vo-katar-pancho-dnk-podgotven-na-nova-zrtva-mi-mirisa-deka-kje-otide-i-desnata-noga-foto/ Tue, 29 Mar 2022 06:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244602

Македонија е пред фудбалска историја. Натпреварот што се чека цел живот колку и да изгледа како „невозможна мисија“, оваа репрезентација покажа дека чудата се возможни и тоа н во неколку наврати... Пласманот на ЕП 2020 беше првото, победата над Германија на гости второто, она од пред неколку дена во Палермо и победата над Италија третото... Па тогаш зошто да не се случи и „чудо над чудата“, кое ќе ја испише историјата... Онаа - нашата, македонска, фудбалска -  Македонија на светско! И додека сите со душа и срце „чудото“ со нетрпение го очекуваме,  Панчо - ДНК, инаку познат како страствен спортски фан, особено кога е фудбалот во прашање, се најде пред нов предизвик. Или поточно, самиот си го постави. И тоа истото оноа што еднаш веќе го стори! А кога ДЈ Шорти ќе вети - нема назад. Ветеното мора да се исполни! Така направи тогаш, по пласманот на нашите фудбалери на ЕП 2020 кое заради коронапандемијата се играше година дена подоцна во 2021-та. А, Панчо откако Пандев и другарите тогаш „ја решија“ Грузија во финалниот бараж и обезбедија историско прво учество на едно европско првенство си ги истетовира на левата нога: Македонското знаме, името на татковината, логото на ЕП и комплетниот состав со имињата на фудбалерите сосе името на тогашниот селектор Игор Ангеловски! Ако е историја нека стои испишана за навека! Но и редок пример за специфичен и необичен излив на патриотизам! Арно ама, по првата, сега македонските фудбалери се на чекор да испишат и нова историја... по европската, светска! А Панчо е на чекор као тоа се случи да исполни уште едно ветување што си го дал сам на себе си. Ако ја победиме Португалија и Македонија се пласира на СП во Катар, ќе следува нова тетоважа, налик на онаа за пласманот на ЕП. „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ - сподели Панчо на Фејсбук полн со оптимизам како и целата нација, потсетувајќи на претходната тетоважа! А сите ние се разбира, едвај чекаме  да го видиме повторо тетовиран! П.С. Единствено не секира Тамара, која откако „случајно“ ја утна химната, си ја истетовира „утката“ на телото, за „казна и покајание грешним“... Арно ама, како тргнале овие од власта се' да менуваат, од знаме до име, ќе биде проблем ако следнот „компромис“ биде химната и нејзините стихови, како што оддамна бараат „браќата“ коалициони партнери... Дали тогаш пејачката ќе мора да „дотетовира“ на себе уште некои зборови или имиња со „нови ликови“ од нивните „славни денови“? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Vladimir Blazev/tamaratodevska]]>

Јулија Живиќ како топ модел на еротска фотосесија: Русокосата македонска фудбалска убавица со поглед „лечи“ од депресија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/julija-zivikj-kako-top-model-na-erotska-fotosesija-rusokosata-makedonska-fudbalska-ubavica-so-pogled-lechi-od-depresija-foto/ Tue, 13 Apr 2021 07:20:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198681

Меѓу најважната споредна работа на светот која важи за  „машка игра“ дефинитивно има се' повеќе убавици со манекенска става и ангелски лик, кои ги знаат сите тактики, дриблинзи, трикови, финти... на и надвор од зелениот терен. За македонската репрезентативка Јулија Живиќ веќе пишувавме. Атрактивната кумановка, со адреса на живеење во Велес и клуб за кој игра од Тетово, е стандардна членка на македонската женска фудбалска А селекција, па со тоа и присутна на подговките кои репрезнтацијата ги имаше деновииве на собирот заради пријателскиот двомеч со соодветната женска репрезентација на Косово. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/makedonskata-reprezentativka-julija-zivikj-slikovito-pokaza-vaka-fudbalerkite-menuvaat-dres-posle-natprevar-ili-pred-utrinsko-kafe-foto/ Збирно место еден од најатрактивните скопски хотели залепен веднаш до самиот стадион, арената „Тодор Проески“ во Скопје. Таму беше лоцирана базата на македонските фудбалерки кои беа добродојдени гостинки. За нив одлична локација, зашто се' им беше во близина на дофат  на раката, за песроналот на љубезните домаќини - „рај за очите“, а и  малку  заработка во овие тешки времиња, во кои токму хотелиерите и угостителите се едни од економски најпогодените, заради ковид пандемијата. Тренинзите и останатите вообичаени спортски активности се дел од секои подготовки, во кои секогаш има време и за малку одмор, време за себе... За почивка на своето тело, одмор на умот и оддишка на душата. Атрактивната Јулија, која важи за можеби најзгодната меѓу дамите што ја шутираат бубамарата, реши уште еднаш да го сподели сиот свој телесен раскош токму во миговите за одмор. Русокосата репрезентативка меѓу два тренинга, по туширањето се соблече, па онака секси само со пешкир на главата завиткан околу влажната коса, во бела кошула, разголена и боса, ја покажа сета своја убавина на виделина. Испружена на лежалка за сончање на својата хотелска тераса, Јулија одново ја покажа својата класа не само како фудбалерка, туку и како убавица која во себе крие секси ѕверка! Модерни црни очила за сонце  со кафенце и литература в рака - читање за опуштање и релаксација или за подигање на самодовербата и едукација? Иако можеби повеќе би било очекувано младата убавица в раце да држи некоја „сапуница“ од белетристика или нешто слично, Јулија чита нешто што ја заинтригирало лично? „Бидете свиој психотерапевт“ -  литература која поттикнува промени и себеспознавање за подобро запознавање на луѓето околу себе и решавање на проблемите и тешкотиите кои не мачат и со кои се судираме... Првиот чекор кон себетерапија со читањето на оваа книга, за да живеете поисполнето, порадосно и посреќно“. Така барем вели препораката за пишаното четиво со кое се фатила „во костец“ младата фудбалерка, на која онака отстрана гледано, ништо не и недостасува... Освен можеби... Ама, во сферата на нејзината интима, ќе навлеземе дури откако Јулија ќе ја покаже својата „посилна“ половина. Вака, за да „не ни влезе со лигачки старт во цеваница“, ќе останаме само на манекенскиот изглед и сексапилот на русокосата фудбалска убавица, која изгледа како топ модел на еротска фотосесија, кој наместо со книга, само со поглед „лечи“ од депресија! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/zivic.julija
 
     ]]>

Мелита се соблече со победничка причина: Екс-водителката со разголена фотосесија ја прослави победата над Германија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-se-sobleche-so-pobednichka-prichina-eks-voditelkata-so-razgolena-fotosesija-ja-proslavi-pobedata-nad-germanija-foto/ Fri, 02 Apr 2021 06:48:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197183

Македонија на фудбалски план направи чудо... ја победи силната, моќна и непобедива Германија и тоа на нејзин терен со 2:1. Нешто што цели 20 години никому, ама баш ниту на една друга репрезентација не и пошло „од нога“ да го направи во едни квалификации. Македонија и македонските фудбалски јунаци преку ноќ се најдоа  на насловниците на сите светски медиуми. Победата беше е ударна вест за која целата светска спортска јавност пишуваше и се уште пишува и говори. Сензација и шокот кој момчињата на селекторот Игор Ангеловски и го приредија на моќната фудбалска велесила победувајќи го многукратниот светски и европски првак на негов  терен. Домашната јавност исто така експлодираше. Социјалните мрежи, медиумите, секој обичен граѓанин на Македонија беше горд и радосен, среќен и пркосен, воодушевен, еуфоричен... И тоа со полно право. Секој на свој начин ја прослави победата, и се радуваше, ликуваше... Меѓу сите други и познатите личности, а пак меѓу нив, една македонска убавица на себесвојствен начин го одбележа триумфот на македонските фудбалски мајстори. А тоа го стори со стил и возбуда... Мелита Ракичевиќ се соблече со победничка причина, па македонската екс-водителка и трендсетерка со разголена фотосесија ја прослави победата над Германија! Фудбалерите со победа и празник за душа и нашите срца, Мелита со празник за очи... Особено за припадниците на посилниот пол, а како што самата вели и за фудбалерите, кои инспиративно влијаеа на нејзината одлука. Така, по примерот на многу светски убавици, особено оние од Латинска Америка, македонската трендсетерка остана без долна облека, но затоа пак во дрес на македонската фудбалска репрезентација направи еротска презентација на својата убавина. Раскошниот сексапил излезе доволно на виделина, толку колку што е потребно да ја заскокотка машката фантазија која се помеша со победничката еуфорија, па на еротската фотосеанса на Мелита припадниците на посилниот пол и се израдуваа како на даден гол! А таа, онака со заводнички поглед, фудбалски чорапи кренати  над коленици до препони, со разголени нозе на кои ѕиркаат егзотичните тетоважи дополнително им го крена адреналинот на сите вистински мажи! Логото на производителот на дресовите и останатата спортска опрема која ја носат нашите репрезентативци има име, кое ако на македонски се прочита би било: Јако...! Токму така, јако и уште појако... И игрите на нашата репрезентација и еротската естетика на сексапилната Мелита, која секогаш знае како: Или Јако... или никако! Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli

Први фотографии од заразениот Роналдо: Асот со насмевка, ама… „кисела“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prvi-fotografii-od-zarazeniot-ronaldo-asot-so-nasmevka-ama-kisela-foto/ Wed, 14 Oct 2020 09:08:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171303

Фудбалскиот сојуз на Португалија во вторникот ја објави веста дека најдобриот играч, Кристијано Роналдо е позитивен на корона. Откако дозна дека има Ковид-19, Роналдо се изолираше во хотелската соба сместена во тренинг кампот на португалската репрезентација. Асот на Јувентус се чувствува добро, тој нема никакви симптоми и врз основа на фотографиите што се појавија може да се каже дека е прилично добро расположен. Иако заразен со коронавирусот, Роналдо, на изненадување на многумина, не ја извади насмевка од лицето, колку таа и да беше... „кисела“. Додека неговите соиграчи тренираа на теренот пред хотелот, насмеаниот Роналдо седеше на терасата и гледаше. Поради позитивниот тест, Роналдо ќе го пропушти дуелот против Шведска во Лигата на нациите и следните три натпревари на Јувентус. Другите португалски играчи биле негативни на тестирањето. Фото: Профимедиа]]>

Мотивирачка порака на Елиф Елмас – лекција како се сака Македонија: Дијамантот блеска и кога не може да игра (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/motivirachka-poraka-na-elif-elmas-lekcija-kako-se-saka-makedonija-dijamantot-bleska-i-koga-ne-moze-da-igra-video/ Fri, 09 Oct 2020 07:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170763

Фудбалската репрезентација на Македонија е на чекор до историски успех. Пандев и другарите направија „квантен скок“ со победата над Косово од 2:1 и сега останува само уште да се направи  последниот чекор, да се победи Грузија на гости и да се испише историја. На фудбалскиот терен никогаш не е лесно, особено не пред вакви важни мечеви кои се случуваат еднаш во животот. Шанса која не смее да се промаши, прилика која не смее да се пропушти... Победи, зашто кој знае кога друг пат ќе ти се пружи слична можност да ја одведеш својата земја за прв пат во нејзината историја на едно големо натпреварување. А, историјата тешко се испишува, легендите уште потешко се создаваат, но сепак и тоа е возможно. Македонските фудбалери ја потврдија тезата дека и малите нации можат да се најдат меѓу големите дивови,  иако „невозможната мисија“ се' уште не е завршено, но... ќе биде! Сега веќе никој не верува дека нема да успееме. Колку и да е тешко, а ќе биде, како што беше на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје против Косово!  Императивот „мора“, понекогаш знае да биде тежок товар, страста ја убие силата, да ја согори во желбата, да ја отапи моќта, да го испразни набиениот набој... Но, знае да ти даде крилја и дополнителна сила, да те вивне над твоите можности, високо меѓу ѕвездите... Како што ги вивна нашите фудбалски момчиња, претворајќи ги во фудбалски херои, на чекор до остварување на сонот на нацијата, на дофат на испишување на нашата „фудбалска  бајка“, во која сите веруваме дека - ќе биде! На фудбалерите, селекторот, стручниот штаб, ФФМ... им беше тешко, но нему му беше уште потешко. Еден од најдобрите, новата фудбалска ѕвезда, македонскиот фудбалски дијамант, нема да може да игра - беше грозната вест која пристигна од Неапол кога се дозна дека Елиф Елмас е позитивен на коронавирусот и неговиот настап со Косово со сигурност не е можен. Тешкотија за селекторот и стручниот штаб, проблем за екипата во која еден од главните „замаеци“ ќе недостасува, најтешко - нему, на младиот фудбалски „драгуљ“, Елмас! И заради здравствената состојба, но многу повеќе заради сознанието дека нема да биде во Скопје таа вечер на теренот, заедно со екипата, со своите другари, да помогне, да придонесе, можеби да го реши мечот со асистенција или погодок! За жал, од таа коже не се можеше, но затоа Елиф не би бил само блескав дијамант на фудбалскиот терен, туку е и златно дете, личност чиј пример е за „поклон до земја“, зашто големината е една во фудбалската вештина, но величината е сосема друга во човештината, која Елмас со само еден гест покажа дека кај него е голема како планина. Младиот фудбалер, ја вклучи камерата на мобилниот од карантинот, па на работ на солзи што не може да игра, собра сили и одржа мотивирачки говор, порака на поддршка за своите другари од репрезентација, за сите навивачи, за сите Македонци, за нацијата... Лекција за тоа, како се сака Македониј, со која Елиф Елмас потврди дека „дијамантот блеска“ и кога не може да игра! Погледнете ја мотивирачката видеопорака на Елмас пред натпреварот со Косово, кој тој ја сподели на своите профили на социјалните мрежи, порака за пример, за респект и длабок наклон: ]]>

Снаата на Цеца била репрезентативка на Србија: Богдана Родиќ била голем талент, но преку ноќ и без образложение се откажалка од кошарката (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/snaata-na-ceca-bila-reprezentativka-na-srbija-bogdana-rodikj-bila-golem-talent-no-preku-nokj-i-bez-obrazlozenie-se-otkazalka-od-kosharkata-foto/ Mon, 02 Dec 2019 11:47:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121825

Свадбата на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и неговата избраничка, сега веќе сопруга, Богдана Родиќ привлече големо внимание во целаокупната, па и во спортската јавност. Спортските медиуми кои пишуваат дека снаата на Цеца важела за голема спортска надеж сооглед што во не така далечното минато била кошаркарка и тоа младинска репрезентативка на Србија. Богдана во младинските категории настапувал со број 17 на дресот за тимот на Радивој Кораќ. Во 2015 година забележале одличен резултат во Регионална лига за жени и учество во финале на Купот “Милан Цига Васојевиќ“.   Таа најголем успех го остварила во дресот на јуниорската репрезентација на Србија 2013 година, на Европското првенство кога репрезентативките освоиле сребрен медал. За време на кариерата доживеала две тешки повреди на колената, но успешно се враќала на паркет и продолжила да реди успеси. Сепак, во 2015 решила и покрај одличните резултати да објави крај на кариерата на општо изненадување на сите.  ]]>

Андон Дончевски – првиот селектор на Македонија меѓу фудбалските репрезентативци: Шапката долу за чичко Дончо (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andon-donchevski-prviot-selektor-na-makedonija-megju-fudbalskite-reprezentativci-shapkata-dolu-za-chichko-doncho-foto/ Wed, 10 Oct 2018 11:25:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52361

Македонската фудбалска селекција ги прави последните подготовки за претстојните два квалификациски натпревари во Лигата на нации, од кој првиот го играме дома, на арената „Филип втори“ в сабота, на 13 октомври во 20.45 часот.
И додека уигрувањето на тактиката на селекторот Игор Ангеловски трае, тренингот на македонските репрезентативци го посети една вистинска македонска фудбалска легенда - првиот селектор на репрезентацијата, единствениот Андон Дончевски.
Популарниот чичко Дончо дојде да им даде поддршка, поттик и дополнителен мотив на македонските репрезентативни асови, а неговиот совет отсекогаш „вредел злато“! Шапката долу за чичко Дончо и громогласен аплауз од сите репрезентативци на чело со селекторот Ангеловски.
Прв пријде го испочитува и да се поздрави најискусниот и најдобриот - капитенот Горан Пандев.
Андон Дончевски беше селектор на македонската фудбалска репрезентација која го одигра првиот официјален натпревар токму на истот ден кога играме со Лихтенштајн - 13 октомври, само во 1993 година или пред цели 25 години во Крањ и ја декласираше Словенија со 4:1.
Посакуваме посетата на чичко Дончо „да фати маја“ и успехот од пред 25 години да се повтори и в сабота на мечот со Лихтенштајн.]]>