рената кралевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 07 Jan 2024 09:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рената кралевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Замижи и посакај добрина, мир“ – порачува Нина Николовска во песната за – „Божиќ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamizhi-i-posakaj-dobrina-mir-porachuva-nina-nikolovska-vo-pesnata-za-bozhik-video/ Sun, 07 Jan 2024 09:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334049

Малата Нина Николовска со песната „Божиќ“ ќе им ги стопли срцата на сите за време на Божиќните празници. За оваа песна, која претставува своевидна божиќна химна, изработен е и спот, во кој изобилуваат магични моменти кои ги носат овие празници не само во секој дом, туку и убавината што ја носи Крива Паланка во овој период на годината. Целиот тим, кој  го работеше овој проект се музичари од Крива Паланка, а е продукциското првенче на Центарот за аудиовизуелни уметности од овој град. Автор на музиката и аранжманот е џез-музичарот Гордан Спасовски, текстот е на Рената Кралевска, режија, Александар Ристески, директор на фотографија, Тони Величковски, а извршен продуцент е Методи Цветковски. Спотот е снимен во центарот на Крива Паланка, но и на повеќе локации во околината на градот, кои го покажуваат раскошот за време на овие празници, но и ги мамат посетителите како локација и за културен туризам, за  планински, гастрономски, еко-туризам, уживање во природата и чистиот воздух и секако неизбежниот убавец, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Овој проект е под покровителство на Општина Крива Паланка ,  каде вчера  се организираа "Бадникови поворки" со Бадникова прослава на градскиот плоштад, а вечер, во 18 часот, ќе се одржи "Божиќен концерт" на Трио џентлмен. Славејќи го Христовото раѓање, Нина во песната порачува: „Ме буди мирис на цимет и божикни колсчиња. Божиќ е љубов и светлина, во нашите срца топлина. Замижи и посакај добрина, мир...“. ]]>

Ана Петановска и Рената Кралевска се придружните вокали на Андреа за „Евросонг 2022“ во Торино https://arhiva.vistina.com.mk/ana-petanovska-i-renata-kralevska-se-pridruznite-vokali-na-andrea-za-evrosong-2022-vo-torino/ Fri, 25 Mar 2022 13:05:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244404

Во пресрет на 66-тото издание на Евровизија, македонската претставничка Андреа ги засилува подготовките за Торино. На сценските движења работи со Билјана Пашариковска. „Ова е многу личен проект и одлучивме луѓето кои ме познаваат најдобро да бидат дел од него. Билјана е човек кој не само што ми помага да ја почувствувам сцената како мој дом, туку ми дава и поддршка и стабилност. За сценскиот настап не би откривала многу, освен дека акцентот е ставен на мојата автентична експресија и движењата само ја поддржуваат“ – изјави Андреа. Младите вокалистки Ана Петановска и Рената Кралевска ќе бидат придружни вокали на Андреа во Торино. Ана Петановска е матурантка во гимназијата Јосип Броз Тито. Професионално со музика се занимава 5 години, а од својата најрана возраст активно е музички ангажирана преку учество во бројни музички натпревари. Минатата година беше учесник на Аларм фестивал и настапуваше на Василичарскиот концерт со Македонската Филхармонија. Инволвирана е во бројни проекти и соработки, како во албумите на нејзиниот брат Стефан Петановски, Eros и Architect of Reality. Нејзината последна песна Haya е објавена во февруари годинава.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Рената е македонски пејач и автор со бројни национални и интернационални достигнувања во кариерата. Во сите свои проекти се потпишува како автор, вклучувајќи и песни за други македонски и странски изведувачи. Во 2010 како ексклузивец на македонската продукција Sky Eye entertainment објавува шест песни продуцирани од Зоран Алексиќ, а првиот сингл Time Time е објавен од најголемата дистрибутивна компанија во светот Radio Express Los Angeles. Нејзиниот последен сингл Queendom е продуциран и издаден во Шведска. Моментално студира соло пеење на отсекот за популарни жанрови при Музичката Академија во Скопје. Што се однесува до стајлингот за сценскиот настап во Торино, Андреа ја продолжува соработката со Цаци Паковска, која го искреира изгледот на Андреа за официјалниот видеоспот за Circles. „Комплетно ме разбира и знае точно што сакам без да и кажам. Со оглед на нејзиното искуство, сметам дека Цаци е најсоодветен избор за едно вакво важно претставување пред Европа и светот.“ – истакна нашата претставничка. Добар тренинг за она што ја очекува Андреа во Торино се и промотивните настани, а по гостувањата во Црна Гора и Романија, следни на агендата се Лондон, Тел Авив и Мадрид. „Мразот го скршив во Романија каде за прв пат ја испеав песната во живо. Тремата ја победив и сега само преостанува да вежбам и да излезам на 12-ти мај како најдобрата верзија од себе.“ – искрено вели Андреа. Евровизија годинава ќе се одржи во две полуфиналиња на 10-ти и 12-ти мај и едно финале на 14-ти мај, а Андреа настапува во втората половина на второто полуфинале на 12-ти мај.  ]]>

Симона Поповска наместо новогодишен подарок ви ја подарува – „За Нова Година“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-namesto-novogodishen-podarok-vi-ja-podaruva-za-nova-godina-video/ Mon, 13 Dec 2021 11:09:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230877

После песната на англиски јазик “Feel so good”,  атрактивната пејачка и докторка Симона Поповска подготви уште едно музичко изненадување по повод  Нова Година и претстојните  празници. Се работи за специјално компонирана  новогодишна песна насловена  “За Нова Година“. Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Придружните вокали ги отпеала Рената Кралевска, а гостин на саксофон Љупчо Џедомирски. „Драги мои, од срце ви го подаруваме ова музичко парче, сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, за година без пандемија и нека биде нов почеток “ЗА НОВА ГОДИНА“ - порачува сексапилната Симона. Уживајте во празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината со песната на Симона Поповска - „За Нова Година“ . ]]>

Агни Авшар во потрага по смислата на животот во – „Сознавам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/agni-avshar-vo-potraga-po-smislata-na-zivotot-vo-soznavam-video/ Tue, 12 Oct 2021 12:40:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222609

Македонската музичка сцена има  потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати  да го слушаме. Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар. Веројатно повеќето од вас се' уште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни. Многумина за Агни ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа и верувајте дека е така. Таа вчера, понеделник 11октомври 2021 г. преку социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам“. Песна на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува феноменалниот Никола Мицевски, додека пак текстот го потпишуваат Бети Јанковиќ и Рената Кралевска. Ако баравте квалитетна, а поразлична музика, токму тоа и го нуди Агни Авшар. Таа вели дека компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот. Впрочем, за создавањето на оваа приказна беше потребно повеќе од една година. „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе“ - вели прекрасната Агни. Инаку Агни со својот тим снимија и прекрасен видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи - DJ Talamasca. ]]>

Симона Поповска по мајчинството се враќа на сцената – „Feel so good” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-po-majchinstvoto-se-vrakja-na-scenata-feel-so-good-video/ Fri, 08 Oct 2021 10:23:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222368

По пауза од речиси година и половина на музичката сцена, нашата позната  пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска се враќа со нова песна. Причина за нејзиното апстинирање од музиката беше остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола, кој е слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона. Патем, Симона е несомнено една од најубавите, најсексапилни, но и меѓу најдобрите женски вокали на нашата сцена.  До пред некоја година позната и како член на единственото денс  дуо кај нас „Саунд Месинџерс“  заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со своите настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување. Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска која е и автор на стиховите, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн.. Музичкото лирикс видео го изработил нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови  Зоран Зонде Стојановски. Симона ни најавува уште неколку песни кои  очекува да излезат многу наскоро и се испеани на македонски и  англиски јазик. Ова значи дека Симона ни најавува комплетно враќање на музичката сцена и нејзините настапи по локалите,  клубовите и дискотеките ширум Македонија. Дотогаш, во продолжение погледнете го видеото за песната “Feel so good” и уживајте во ритамот на денс звуците. Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/simonapopovskaofficial/@vrzalski
]]>