ремикс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 10:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ремикс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јован Јованов по 14 години молк повторно запеа и тоа во дует со Пајак: Ова е најновата ремикс верзија на стариот хит – “Магија” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-po-14-godini-molk-povtorno-zapea-i-toa-vo-duet-so-pajak-ova-e-najnovata-verzija-na-stariot-hit-magija-video/ Mon, 11 Dec 2023 10:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330567

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест од 1998 година “Магија”, доби нов, модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее и кај младата популација. По желба на Пајак, Јован после 14 години повторно запеа “ќе ми треба магија“, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајак се' уште ја нема... За песната е направен нов аранжман и целосно нова продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов - Ивајо. Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован. На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat. Спотот е веќе промовиран на Јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во ТВ магазинот Бекстејџ на Телма ТВ. Погледнете го спотот за “Магија” со песната во ново руво, отпеана како дует  помеѓу Пајак и Јован, кој експресно од своето појавувње вреќе  високо котира на трендинг листата на јутуб.

Повеќе на vistina.mk]]>

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест од 1998 година “Магија”, доби нов, модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее и кај младата популација. По желба на Пајак, Јован после 14 години повторно запеа “ќе ми треба магија“, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајак се' уште ја нема... За песната е направен нов аранжман и целосно нова продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов - Ивајо. Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован. На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat. Спотот е веќе промовиран на Јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во ТВ магазинот Бекстејџ на Телма ТВ. Погледнете го спотот за “Магија” со песната во ново руво, отпеана како дует  помеѓу Пајак и Јован, кој експресно од своето појавувње вреќе  високо котира на трендинг листата на јутуб. ]]>
Јован Јованов: “Имав желба уште една песна или ремикс да пуштам чисто заради мое задоволство, но не и да работам на враќање на мојата пејачка кариера како порано“ https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-imav-zhelba-ushte-edna-pesna-ili-remiks-da-pushtam-chisto-zaradi-moe-zadovolstvo-no-ne-i-da-rabotam-na-vrakane-na-mojata-pejachka-kariera-kako-porano/ Mon, 11 Dec 2023 08:32:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330445

Јован Јованов, композитор, продуцент, пејач… Основач и предводник на некогаш мегапопуларната тинејџерска атракција, групата „Магија“ (Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев) која со истоимениот хит своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а потоа и цела Македонија. Со години потоа „Магија“ растураа со своите хитови по радиостаниците, царуваа на топ листите, не се симнуваа од насловниците на тогашните списанија и магазини, хараа со настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија.  Младите генерации растеа со нивните хитови како “Магија” , “ДЈ”, Светло се Гасне” , “Помислувам на тебе”, “Низ оган да минувам”, “Кажи ми”… се до распадот на групата. По нивното разидување тогаш веќе како зрел музичар,  продуцент, автор и пејач Јован Јованов успешно ја продолжи својата соло кариера нижејќи одново соло хитови и дует соработки и за себе и за сите оние кои ги правеше и дома и надвор од Македонија: Од Ноне и Елвир Мекиќ, до Тони Зен, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Александар Белов, Врчак, Куку Леле, Слаткаристика, Некст Тајм или Бојан Маровиќ, Емина Јаховиќ… И така се до неговото повлекување од сцената и заминувањето најпрвин во САД, па во Канада каде и ден денес живее и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на тамошната музичка индустрија. Иако далеку од дома, последниве две години Јованов се појавува како еден од клучните луѓе во реинкарнираниот фестивал на забавни песни „Макфест“ во Штип. По најавата и премиерата на ремикс верзијата на некогашниот голем хит „Магија“, овој пат отпеан во дует со мегапопуларниот Пајак, Јован Јованов говори за одлуката за ваквиот потег, својата кариера во странство и идните планови, за можното враќање на македонската естрадна сцена и дома, за соработката со брат му Иван Јованов - Ивајо, за Макфест... И сето ова во ексклузивното интервју што тој го даде за нашиот и ваш портал, Вистина.ком.мк, кое можете да го проследите во продолжение.
  • Деновиве во македонските медиуми најпрвин осамна веста за дуетот со Пајак, а сега и ремик верзијата на песната „Магија“ со која со истоимената група во своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а истата ве лансираше во македонската естрадна орбита. Дали Пајак и неговата  моментална мегапопуларност се одбрани  за да го „реинкарнираат“  Јован Јованов  назад на сцената или само сакаш да видиш колку своевремено си бил револуционерен и дали тогашнот хит може да функционира и денес?
Песната „Магија“ дефинитивно остави голема трага на македонската музичка сцена. Драго ми е што многу генерации пораснаа со неа и се' уште ја слушаат. Идејата за ремикс на Магија дојде од Пајак и брат ми. Буквално едно утро кога се разбудив  имав порака од брат ми: „Вчера беше Пајак во студио и пробавме да направиме ремикс“. Нормално мене идеата ми се допадна иако првичната идеа беше јас да не бидам дел од ремиксот туку само Пајак. Овој ремикс ќе дојде убаво за новите генерации, особено за малолетната публика. Јас сега за сега не планирам да се враќам во смисла да имам настапи низ Македонија. Имав желба уште една песна или ремикс да пуштам чисто заради мое задоволство, но не и да работам на враќање на мојата пејачка кариера како порано.
  • Ова не е прва „метаморфоза“ на тој хит, зашто веќе една таква „козметичка трансформација“ песната „Магија“ веќе има доживеано во 2007 година со Врчак и Адриан Гаџа. Не беше задоволен од таа верзија, па сега се обидуваш да и дадеш ново лице и зошто токму истата песна се повторува како во  луп, а не некоја друга или сосема нова?
Искрено бев задоволен од првиот ремикс. Тоа беше идеа на Адриан. И буквално таа верзија ја пеев долги години на сите мои настапи. Верзијата на Магија ми беше премногу звук од 90ти години, така што кога бев соло, првиот ремикс ми дојде супер и се вклопуваше во другите мои песни. Точно, можеби ќе беше интересно ако друга се преработеше, но сепак на Пајак таа му беше омилена, а јас го прифатив тоа со задоволство.
  • Ако дуетот помине како што очекуваш, ќе значи ли тоа дека Јован Јованов иако далеку од дома, му се враќа на пеењето на домашната естрадна сцена? 
Немам некои посебни очекувања, но за жал немам ни план да се вратам. Како што напоменав, можеби ќе има уште една песна или ремикс и тоа би било за сега. Сепак живеењето далеку од дома си го прави своето и не дозволува голема посветеност за кариера.
  • Цела деценија си во Канада, каде во 2014 се пресели со своето семејство. Зошто мораше и физички да се дислоцираш за да пробаш да правиш интернационална кариера, како што изјавуваше , кога веќе Интернетот и социјалните мрежи даваат можност да правиш, продуцираш и споделуваш музика од било кое место на земјината кугла?
Точно дека многу работи можеш да ги правиш од далечина. Но, сепак за изработување на песни, снимање и раборење со артисти треба да си на одредена локација. Музичките продуценти поминуваат многу време со артистите во студио за да направат песна. Не е исто. Но втората причина беше и тоа дека сакав промена во животот. Сакам да ми се случуваат нови работи, животот да ми е поинтересен, да излегуваат нови предизвици. Музичката индустрија во Македонија е мала и бидејќи сум присутен од дете, некако се презаситив.
  • Што работиш конкретно на музички план во Канада, дали си задоволен со очекуваните резултатите,  си добивил ли некакви признанија за работата досега и каква е материјалната сатисфакција?
Работам со доста артисти и да имав некој номинации, признанија и награди во предходните години. Добив неколку награди за една песна за филм,  на Ontario International Film Festival(ONIFF) за Best Music For Canadian Feature / The Petrichor Moviе, American Golden Picture, Best Composer / The Petrichor Movie, Venice Film Awards Best Original Song, The USA Songwriting Competition -HONORABLE MENTION AWARDS како и неколку номинации за која посебно ми беше драго за Hollywood Music in Media Awards за песната Warzone и My Love. Патот е долг за да направиш голем успех овде. Понекогаш посакувам и порано да си ја пробав среќата.
  • Колку и дали ја следиш македонската сцена и што ти се чини дека  денес е променето и поразлично од времето кога ти беше сериозен играч и како автор и како продуцент и како пејач на неа?
Ја следам македонската сцена колку што можам. Драго ми е што излегуваат нови имиња. Генерално музиката со интернетот е расплинета не само кај нас туку во целиот свет. Има премногу изданија, но неможат сите да бидат слушнати и да направат голем успех. А и тешко е и да се има огромни мегахитови како порано.
  • Иако и самиот своевремено беше познат и популарен и со „Магија“ и како соло автор и изведувач, како и повеќето македонски артисти никогаш не успеа да ја „прескокнеш онаа бариера и граница“  која не изолчира од соседството и регионот. Што мислиш која е таа „алка што недостасува“  што македонските иаведувачи никогаш не станаа големи регионални  ѕвезди со исклучок на неколкумина  како Влатко Стефановски , Тоше...?  
Јас како изведувач никогаш не сум сакал ниту сум се обидел да снимам нешто на друг јазик. Никогаш немам ништо снимено ниту на српски јазик. Имам продуцирано или правено музика за многу држави, но јас како соло изведувач немам. Стануваат доста македонски изведувачи популнарни на Балканот, но за да ја изградат популарноста на       поголемо ниво или да дојдат до степен каде би правеле концерти треба да снимаат исклучиво на српски јазик. Како што и Тоше сите песни ги пееше на повеќе јазици и на хрватски и на словенечки. Не може само со македонски јазик да станеш балканска ѕвезда. Може една, две песни да ти станат популарни и толку. Тоа би било исто сега некој романски изведувач или словенечки да биде ѕвезда во Македонија. Можеби ќе му помине некоја песна, ама нема никогаш да стане ѕзезда. Единствено јазикот е бариера.
  • Твојот брат Иван Јованов – Ивајо денес е еден од најпознатите и најбараните музички продуценти иаранжери кај младите генерации,м особено артистите од онаа нова генерација и таканаречена трап сцена. Дали и каква магија му пренесе пред  да заминеш, дали соработувате и на дистанца и научи ли ти нешто од него?
Многу ми е драго што продолжи. Мислам дека моето заминување му даде поголем поттик. Секогаш беше во студио, но секогаш некако чекаше на мене како постар да го направам првиот чекор за било што. Кога решив да заминам, првите 2 години, додека не почнав од музика да заработавам во странство, најголемиот приход ми беше од Македонија. Во тој момент Иван ја доби одговорноста да продолжи да работи со студиото и да ги продолжи сите проекти во тој момент што ги работев. Тоа го направи посилен, по искусен. И квалитетот што го поседуваше  излезе на виделина.
  • Последниве години си клучниот човек во Уметничкиот совет на фестивалот  „Макфест“ во Штип, кој евидентно доживува своевидна ренесанса на сите полиња: организиционо, музички, содржински, медиумски...  Кој е „тајниот зачин“, „магичната мирудија   во рецептот“  за  да се направи фестивал за сечиј вкус?
Најпрво ми беше чест и драго да бидам поканет да работам на Макфест и да бидам дел од уметничкиот совет. Едноставно некој работи во животот ги правиме пред се од задоволство. Макфест ми буди убави спомени и сакам да сум дел него и помогнам колку можам.  Желбата ми беше да има изведувачи од сите генерации и да бидат опфатени повеќе стилови за сечиј вкус, изведувачите да се фокусираат на песните, и настапите наместо на награди како порано. Гледано од моја перспектива со искуство, но и од местото каде живеам сакам да им дадам поддршка на сите.
  • Планираш ли наскоро да се вратиш во Македонија и зошто би или не би се вратил или можеби обратно, планираш и твојот брат Ивајо да го повлечеш во Канада?
Сега за сега за жал не планирам да се вратам, убаво ми е еднаш годишно да се прошетам да ги видам сите драги луѓе. Незнам и за брат ми. Има неколку различни планови, па ќе видиме!? Фото: Инстаграм/jovanjovanovjj и www.jovanjovanov.com/

Сега за сега за жал не планирам да се вратам, убаво ми е еднаш годишно да се прошетам да ги видам сите драги луѓе. Незнам и за брат ми. Има неколку различни планови, па ќе видиме!? Фото: Инстаграм/jovanjovanovjj и www.jovanjovanov.com/]]>
Јован Јованов во дует со Пајак: Ремикс на „Магија“, песната што своевремено го вивна во естрадната орбита, по што тој дефинитивно се враќа на сцената? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-vo-duet-so-pajak-remiks-na-magija-pesnata-shto-svoevremeno-go-vivna-vo-estradnata-orbita-po-shto-toj-definitivno-se-vraka-na-stsenata-foto/ Thu, 30 Nov 2023 07:49:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329206

Деновиве на социалните мрежи осамна заедничка фотографија од Јован Јованов и Пајак во студио, која веднаш ја заскокотка јавноста, па бројните фанови  посакаа да дознаат, што ли тоа се готви во „фабриката за хитови“  на Јованови? Многумина веќе помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован Јованов, кој своето доаѓање во Македонија (за време на деновите на фестивалот „Макфест 2023“) од Канада, каде што живее и работи последниве години, го искористил за соработка со Пајак. Не дека нема вистина во претпоставките, но сепак, на големо изненадување се работи за нешто слично, а сепак различно. Имено, во прашање е дует и тоа во вид на ремикс на некогашниот мегахит „Магија“ на истоимената група која Јованов ја основаше и беше нејзин лидер со која победија токму на „Макфест“ во далечната  1998 година. Песна која се' уше се слуша по  радиостаниците и ДЈ -ите ја пуштаат по кафулињата, дискотеките и ноќните клубови. По желба и инсистирањена Пајак, Јован после 14 години повторно ќе запее: „Ќе ми треба магија...“ и тоа во дует со Пајак. Како што дознаваме за песната е направен и нов аранжман и целосно нова, модерна продукција од страна на неговиот брат, денес познатиот музички продуцент и аранжер Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со видеоспот наскоро ќе биде промовирана во етерот. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение очекуваат да слушнат и помладите и оние повозрасните. Или што би рекле, и ќерките кои растат со песните на пајак и мајките кои ги минуваа најубавите тинајџерски години со хитовите на „Магија“. „Најавениот дует  би требало да биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина“ - кусо ни изјави Јованов, со што како срамежливо да го наговестува својот камбек, своето дефинитивно музичко и пред се пејачко враќање на македонската естрадна сцена? Дали е така, ќе дознаете во ексклузивното интервју на Јован Јованов за Вистина.ком.мк кое ќе излезе на денот на промоцијата и појавувањето во етерот на ремикс верзијата на „Магија„ отпеана во дует помеѓу Јован Јованов и Пајак. Инаку во биографијата на Јован Јованов сти дека е композитор, продуцент, пејач... Основач и предводник на некогаш мегапопуларната тинејџерска атракција, групата „Магија“ (Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев) која со истоимениот хит своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а потоа и цела Македонија. Со години потоа „Магија“ растураа со своите хитови по радиостаниците, царуваа на топ листите, не се симнуваа од насловниците на тогашните списанија и магазини, хараа со настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија. „Магија“ во периодот на нејзиното постоење беше една од најпопуларните музички групи, особено кај помладата генерација, која воведе свежина на македонската естрада со трендовски песни, впечатливи кореографии и модерен, препознатлив стил. Младите генерации растеа со нивните хитови како "Магија" , "ДЈ", Светло се Гасне" , "Помислувам на тебе", "Низ оган да минувам", "Кажи ми"... се до распадот на групата. По нивното разидување тогаш веќе како зрел музичар,  продуцент, автор и пејач Јован Јованов успешно ја продолжи својата соло кариера нижејќи одново соло хитови и дует соработки и за себе и за сите оние кои ги правеше и дома и надвор од Македонија: Од Ноне и Елвир Мекиќ, до Тони Зен, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Александар Белов, Врчак, Куку Леле, Слаткаристика, Некст Тајм или Бојан Маровиќ, Емина Јаховиќ... И така се до неговото повлекување од сцената и заминувањето најпрвин во САД, па во Канада каде и ден денес живее и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на тамошната музичка индустрија. Иако далеку од дома, последниве две години Јованов се појавува како еден од клучните луѓе во реинкарнираниот фестивал на забавни песни „Макфест“ во Штип, како клучен член на Уметничкиот совет кој заедно со одбраниот тим ( градоначалникот Иван Јорданов, Александар Арсовски, Роберт Саздов, Антонио Димитриевски, Љубан Стамениќ, Ефтимија Јованова...) и музички, содржински, визуелно, организациски, медиумски... го „воскреснаа“ во моментов најстариот македонски музички фестивал. Фото: Приватна архива  

Повеќе на vistina.mk]]>

Деновиве на социалните мрежи осамна заедничка фотографија од Јован Јованов и Пајак во студио, која веднаш ја заскокотка јавноста, па бројните фанови  посакаа да дознаат, што ли тоа се готви во „фабриката за хитови“  на Јованови? Многумина веќе помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован Јованов, кој своето доаѓање во Македонија (за време на деновите на фестивалот „Макфест 2023“) од Канада, каде што живее и работи последниве години, го искористил за соработка со Пајак. Не дека нема вистина во претпоставките, но сепак, на големо изненадување се работи за нешто слично, а сепак различно. Имено, во прашање е дует и тоа во вид на ремикс на некогашниот мегахит „Магија“ на истоимената група која Јованов ја основаше и беше нејзин лидер со која победија токму на „Макфест“ во далечната  1998 година. Песна која се' уше се слуша по  радиостаниците и ДЈ -ите ја пуштаат по кафулињата, дискотеките и ноќните клубови. По желба и инсистирањена Пајак, Јован после 14 години повторно ќе запее: „Ќе ми треба магија...“ и тоа во дует со Пајак. Како што дознаваме за песната е направен и нов аранжман и целосно нова, модерна продукција од страна на неговиот брат, денес познатиот музички продуцент и аранжер Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со видеоспот наскоро ќе биде промовирана во етерот. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение очекуваат да слушнат и помладите и оние повозрасните. Или што би рекле, и ќерките кои растат со песните на пајак и мајките кои ги минуваа најубавите тинајџерски години со хитовите на „Магија“. „Најавениот дует  би требало да биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина“ - кусо ни изјави Јованов, со што како срамежливо да го наговестува својот камбек, своето дефинитивно музичко и пред се пејачко враќање на македонската естрадна сцена? Дали е така, ќе дознаете во ексклузивното интервју на Јован Јованов за Вистина.ком.мк кое ќе излезе на денот на промоцијата и појавувањето во етерот на ремикс верзијата на „Магија„ отпеана во дует помеѓу Јован Јованов и Пајак. Инаку во биографијата на Јован Јованов сти дека е композитор, продуцент, пејач... Основач и предводник на некогаш мегапопуларната тинејџерска атракција, групата „Магија“ (Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев) која со истоимениот хит своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а потоа и цела Македонија. Со години потоа „Магија“ растураа со своите хитови по радиостаниците, царуваа на топ листите, не се симнуваа од насловниците на тогашните списанија и магазини, хараа со настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија. „Магија“ во периодот на нејзиното постоење беше една од најпопуларните музички групи, особено кај помладата генерација, која воведе свежина на македонската естрада со трендовски песни, впечатливи кореографии и модерен, препознатлив стил. Младите генерации растеа со нивните хитови како "Магија" , "ДЈ", Светло се Гасне" , "Помислувам на тебе", "Низ оган да минувам", "Кажи ми"... се до распадот на групата. По нивното разидување тогаш веќе како зрел музичар,  продуцент, автор и пејач Јован Јованов успешно ја продолжи својата соло кариера нижејќи одново соло хитови и дует соработки и за себе и за сите оние кои ги правеше и дома и надвор од Македонија: Од Ноне и Елвир Мекиќ, до Тони Зен, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Александар Белов, Врчак, Куку Леле, Слаткаристика, Некст Тајм или Бојан Маровиќ, Емина Јаховиќ... И така се до неговото повлекување од сцената и заминувањето најпрвин во САД, па во Канада каде и ден денес живее и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на тамошната музичка индустрија. Иако далеку од дома, последниве две години Јованов се појавува како еден од клучните луѓе во реинкарнираниот фестивал на забавни песни „Макфест“ во Штип, како клучен член на Уметничкиот совет кој заедно со одбраниот тим ( градоначалникот Иван Јорданов, Александар Арсовски, Роберт Саздов, Антонио Димитриевски, Љубан Стамениќ, Ефтимија Јованова...) и музички, содржински, визуелно, организациски, медиумски... го „воскреснаа“ во моментов најстариот македонски музички фестивал. Фото: Приватна архива  ]]>
Роберт Билбилов направи ремикс на хитот на Тамара – „Довидување таго“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-napravi-remiks-na-hitot-doviduvanje-tago-video/ Wed, 10 Apr 2019 10:25:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82185

Минатогодишниот хит на нашата актуелна евровизиска претставничка Тамара Тодевска, темата „Довидување таго“ сега си доби и ремикс-издание за кое се погрижи самиот автор на музиката – хитмејкерот Роберт Билбилов и неговата Јustrbproduction.
Како и повеќето песни на Тамара, така и „Довидување таго“ е една од највртените на македонските радија, создадена како резултат од соработката и со Игор Џамбазов, чиј потпис стои на стиховите, а сега ја имаме во малку поразиграна варијанта дополнета со видеото изработено од уметничкиот фотограф и режисер Зоран Зонде Стојановски, кое е снимено во Калифорнија.
Ремиксот на овој хит од Билбилов доаѓа по рефрешираните верзии на неговите постари хитови „Избриши ги ти солзите“  и „Сега јас сум на ред“, изведени во латино стил од Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ.
Како што е познато, Роберт е дел од авторскиот тим и на евровизиската „Proud“, со која Тамара следниот месец ќе ги брани боите на нашата земја во Тел Авив - Израел.
И додека чекаме да нè почести со нова песна, дотогаш можете да уживате во ремиксот на „Довидување таго“ и видеото за неа во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=200&v=3AO_WpybIIw

Повеќе на vistina.mk]]>

Минатогодишниот хит на нашата актуелна евровизиска претставничка Тамара Тодевска, темата „Довидување таго“ сега си доби и ремикс-издание за кое се погрижи самиот автор на музиката – хитмејкерот Роберт Билбилов и неговата Јustrbproduction.
Како и повеќето песни на Тамара, така и „Довидување таго“ е една од највртените на македонските радија, создадена како резултат од соработката и со Игор Џамбазов, чиј потпис стои на стиховите, а сега ја имаме во малку поразиграна варијанта дополнета со видеото изработено од уметничкиот фотограф и режисер Зоран Зонде Стојановски, кое е снимено во Калифорнија.
Ремиксот на овој хит од Билбилов доаѓа по рефрешираните верзии на неговите постари хитови „Избриши ги ти солзите“  и „Сега јас сум на ред“, изведени во латино стил од Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ.
Како што е познато, Роберт е дел од авторскиот тим и на евровизиската „Proud“, со која Тамара следниот месец ќе ги брани боите на нашата земја во Тел Авив - Израел.
И додека чекаме да нè почести со нова песна, дотогаш можете да уживате во ремиксот на „Довидување таго“ и видеото за неа во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=200&v=3AO_WpybIIw]]>
ДЈ Харис направи ремикс на „Дојди“ од Викторија Лоба-поп хитот на годината (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/dj-haris-napravi-remiks-na-dojdi-pop-hitot-na-godinata-na-viktorija-loba-audio/ Thu, 23 Nov 2017 13:20:08 +0000 http://vistina.mk/?p=4628

Прилепскиот диџеј и продуцент Хари Ристески, кој твори под името ДЈ Харис деновиве го претстави својот нов ремикс на веселата нумера „Дојди“, во изведба на Викторија Лоба и продукција на Роберт Билбилов, кој беше прогласен и за радиски поп-хит на годинашното роденденско издание на Македонскиот радиски фестивал  - МАРС 2017.

Харис, со својата преработка во мумбахатон/денсхол жанр, ѝ дава посебен шмек на песната со што се истакнува неговиот стил на продукција. Како звучи овој ремикс можете да слушнете во продолжение, а во самиот опис на видеото на Јутјуб поставен е линк за бесплатно преземање. https://www.youtube.com/watch?v=mo6PTG_i47I

Повеќе на vistina.mk]]>

Прилепскиот диџеј и продуцент Хари Ристески, кој твори под името ДЈ Харис деновиве го претстави својот нов ремикс на веселата нумера „Дојди“, во изведба на Викторија Лоба и продукција на Роберт Билбилов, кој беше прогласен и за радиски поп-хит на годинашното роденденско издание на Македонскиот радиски фестивал  - МАРС 2017.

Харис, со својата преработка во мумбахатон/денсхол жанр, ѝ дава посебен шмек на песната со што се истакнува неговиот стил на продукција. Како звучи овој ремикс можете да слушнете во продолжение, а во самиот опис на видеото на Јутјуб поставен е линк за бесплатно преземање. https://www.youtube.com/watch?v=mo6PTG_i47I]]>
(ВИДЕО) Најави нешто жешко, па сите чекаа – Елена има нешто важно за „Текила и лимон“ https://arhiva.vistina.com.mk/video-najavi-neshto-zeshko-pa-site-chekaa-elena-ima-neshto-vazno-za-tekila-i-limon/ Thu, 02 Nov 2017 09:22:11 +0000 http://vistina.mk/?p=2372

Откако се крена голема прашина за песната „Текила и лимон“ на Елена Ристеска, таа самоуверено остана да стои на тоа дека песната  е само доказ дека знае што да извбере во својата кариера во која остана перманентна повеќе од една деценија. Синоќа на својот Инстаграм профил, Елена на своите бројни обожаватели најпрвин им најави нешто жешко кое може да го очекуваат наскоро,  новината се појави неколку часа подоцна, а Елена им напиша дека можеби не е толку „жешко“ она што го промовира, но успеала да им го сврти вниманието на сите. Имено, таа ја промовираше новата верзија на спотот за ремикост на „Текила и лимон“, па напиша:
Конечно спотот за ремиксот на песната “Текила и лимон” кој го изработија руските диџеи “Beverlypills music”. Спотот е видоизменета верзија на оригиналот и го изработија младите и талентирани Дејан и Мартин Михајлови од “Cleancut “ продукција.Дарко Димитров е тој кој се појавува како продуцент, композитор и аранжер, уште еднаш благодарам на тимот кој со љубов работеше на проектот: "Effective Records" од Русија, Милош Николич-труба, BeatrixCrew-мојот официјален танцов клуб, Даниел Николовски-фризура и шминка,Јелкица Поповска- стајлинг, Славица апартмани Грција,Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Мартин Иванов, Ана Марија Темелковска, Јана Петровска, Стефани Пецалевска, Андреа Дуковска, Мелани Монева и Зана Незири,Диме, Исидора, Ивана, Тамара, Филип, Серџо, Мерсиха, Ева, Бети, Маја и Никола,Croatia Осигурување Живот, Парк Хотел & Спа, Nissan, LDB - Прилеп и The Loft ресторант,Елеонора Неделковска-асистент,Чичко Гала-логистика. Можеби оваа вест не беше ХОТ како што ја најавивме ама беше доволно важна за да ви го свртиме вниманието оваа вечер. :) Уживајте... https://www.youtube.com/watch?v=zCpCD6OXUkQ&feature=youtu.be  

]]>
Макфестовската песна „Ако ме сакаш“ на Лина Пејовска во ново руво https://arhiva.vistina.com.mk/makfestovskata-pesna-ako-me-sakash-na-lina-pejovska-vo-novo-ruvo/ Sat, 21 Oct 2017 06:37:42 +0000 http://vistina.mk/?p=862

15-годишната Пинкова ѕвездичка, Лина Пејовска, годинава за првпат настапи на фестивалот на забани мелодии, „Макфест 2017“, каде што и во првата полуфинална вечер и во финалето се натпреваруваше со одличната балада „Ако ме сакаш“ чии автори се Дарко Димитров (музика) и Елена Ристеска (текст). Иако не освои ниту една награда, песната е одличен почеток за младата пејачка, од која сигурни сме дека допрва ќе слушаме уште многу. Доказ за тоа е и одличниот ремикс што го направи познатиот автор и продуцент Зоран Алексиќ, што на песната ѝ дава нова димензија и светски призвук, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=EMf9hcXtjB0

Повеќе на vistina.mk]]>

15-годишната Пинкова ѕвездичка, Лина Пејовска, годинава за првпат настапи на фестивалот на забани мелодии, „Макфест 2017“, каде што и во првата полуфинална вечер и во финалето се натпреваруваше со одличната балада „Ако ме сакаш“ чии автори се Дарко Димитров (музика) и Елена Ристеска (текст). Иако не освои ниту една награда, песната е одличен почеток за младата пејачка, од која сигурни сме дека допрва ќе слушаме уште многу. Доказ за тоа е и одличниот ремикс што го направи познатиот автор и продуцент Зоран Алексиќ, што на песната ѝ дава нова димензија и светски призвук, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=EMf9hcXtjB0]]>