рекреација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Sep 2021 07:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рекреација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков за „градоначалник“: Само таа го гледа Скопје поинаку, уште од рано изутрина… Веќе попладне, македонската престолнина нема врска со утринската убавина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-za-gradonachalnik-samo-taa-go-gleda-skopje-poinaku-ushte-od-rano-izutrina-vekje-popladne-makedonskata-prestolnina-nema-vrska-so-utrinskata-ubavina-foto/ Wed, 29 Sep 2021 07:38:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220945

Во екот на предизборната кампања за локалните избори, разбирливо македонската престолнина е најпримамливата „тврдина“ која политички треба да се освои. Борбата на дузина кандидати допрва станува „гладијаторска“, а меѓу нив секако и неколку дами. И додека независните и „зависните“ прават се' да ги освојат симпатиите, а со тоа и гласовите на своите сограѓани крстарејќи го по маалата, населбите, општините, во предизборна дружба со граѓаните од  главниот град, една дама го крстари главниот град уште од рано наутро, уште додека Скоје речиси спие... И тоа секој ден, гледајќи го со поинакви очи, иако не е ниту во кампања, ниту има кандитатура или градоначалнички претензии. Нема врска со политика, а патем дури не е ниту родена скопјанка, иако веќе доволно долго живее и работи во македонската метропола. Снеже Велков, македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка секое утро, уште додека сонцето едвај се пробива на хоризонтот, го  јавнива својот велосипед и тргнува да го крстари главниот град. Заради сопствена рекреација и туѓа мотивација на оние што ја следат. А градот убав веројатно рано наутро е најубав... Зашто е најпразен. Отприлика исто како што кога за празник или споен викенд скопјани ќе заминат некаде на ден-два-три, а „ско-пја- ни“ ќе си заминат дома... По Македонијава! Како и да е, русокосата убавица качена на својот велосипед секое утро е сведок на нова магија... Или како што споделувајќи фотографии и видеа од „утринското волшебство“ на македонската престолнина, самата вели: „Во ова видео е одговорот на прашањето: „Снеже како не те мрзи да стануваш секое сабајле да возиш точак?“ „Не ме мрзи,зошто секое утро сум сведок на нова магија“. „Погледнете го Скопје од мојата утринска перспектива и кажете ми дал сум луда ил сум среќна што уживам во овие убавини секое утро?“ „Скопје наутро нема врска со Скопје попладне!“ - децидно тврди водителката.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

„Луда“ или среќна или можеби двете, едно е сигурно:  Само таа го гледа Скопје поинаку, уште од рано изутрина... Веќе попладне, македонската престолнина нема врска со утринската убавина. Ова го констатирале безброј пати многу скопјани од некои претходни генерации, кога до душа не на велосипед, туку враќајќи се дома во раните утрински часови од незаборавните ноќни забави и лудиот провод во „златните времиња“ на 90-ите, ја почувствувале убавината на утринската магија на Скопје пред да се разбуди. Нешто што оддамна го нема, ама кој да знае... Малку недостасува „градот убав пак да никне“... Со вистински градоначалник! Па кој од дома на велосипед уште од рано изутрина заради рекреација и релаксација, кој на пат кон дома на бурек или чорба... на утринска „детоксикација“! Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze  ]]>

„Маска немам, нема народ, безбедно е“: Верица Пандиловска зачудена од она што го забележа на кејот на Вардар (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/maska-nemam-nema-narod-bezbedno-e-verica-pandilovska-zachudena-od-ona-shto-go-zabeleza-na-kejot-na-vardar-foto/ Tue, 01 Dec 2020 09:10:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178705

Секојдневието на светот доби име, на сите толку многу добро познато –Ковид 19, а истото сите толку многу чекаме да го оставиме зад нас и да го заборавиме. Но, речиси цела 2020 година е тетовирана со овој ненаситен вирус кој не знае за доста, но секое нешто има крај, а тоа веруваме дека ќе биде случај и со коронавирусот кој по крајот на 2020 година, гориме од желба да го испратиме! Пејачката Верица Пандиловска не е активна на музички план како и повеќето свои колеги од естрадата, но затоа пак е доста активна кога е во прашање одржување на позитивната енергија, здравиот и спортски дух, имунитет, ментална хигиена... во време на коронавирус. Верче постојано спортува на кејот на Вардар и секојдневно има мотивирачка порака до нејзините пријатели и следбеници на Фејсбук кои ги мотивира да излезат од дома или своите канцеларии и да се рекреираат. Она што таа го забележа е дека на спортската патека на кејот, има повеќе мажи, а жените речиси воопшто и да ги нема. -Дали е можно на кеј да трчаат само мажи? Значи неколку дена по ред, ниедна девојка, жена, девојче нема ..... освен оние на електрични тротинети....цццц......а еден куп мажи трчаат. Кој рекреативно, кој се мачи да симне некое кило... Што да речам е одвишок...ние жените сме многу чудни ама и посебни. п.с. Маска немам, нема народ безбедно е, пипува Верица. Ова е нејзина секојдневна пракса за подобро утре, а истото му го предложува на сите, секој ден со различна порака и фотографија од истото место. -Во денешнава ситуација сите рабориме од дома или на смени во канцеларија еден по еден.....Дали денеска излеговте од удобноста на сопствениот дом? Во услови кога сме приморани на он-лајн работа се претворивме во мечиња кои хибернираат на зима. Да резимираме! Секаква физичка активност е подобра отколку никаква! Да излеземе од зоната на комфор е најтешко. Резултатот е секогаш надвор од неа, додава таа. Негативна енергија од ова стресно време имаме насобрано премногу, па затоа и ни треба повеќе ментална хигиена и физичка активност за да бидеме поотпорни на злото на денешницата.]]>

Еве каде Каролина Гочева се рекреира за време на пандемијата – пејачката без шминка, а и кога е сама во природа носи маска (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kade-karolina-gocheva-se-rekreira-za-vreme-na-pandemijata-pejachkata-bez-shminka-a-i-koga-e-sama-vo-priroda-nosi-maska-foto/ Wed, 13 May 2020 07:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149277

Додека трае пандемијата, а со тоа и вонредната состојба, полицискиот час и домашната изолација, многу потешко им паѓа на оние кои живеат во стан, отколку оние кои имаат куќа, двор, па и поголем имот каде може да го минуваат времето. Пејачката Каролина Гочева за да не седи во станот во Скопје, замина во родната Битола во семејната куќа. Таму времето го користи за рекреација и замина во битолското историско село Смолево кое денес е раселено. Оттаму пред своите следбеници на Инстаграм ја покажа панорамската глетка и природата која ја опкружува. Маската како задолжителна ја носеше и во природа , а шминката за ваква прилика беше исклучена. Инаку, Каролина неодамна го прослави својот јубилеен 40-ти роденден.]]>

(ФОТО) 8 годишната приказна на Мондано Спортскиот комплекс доби ново поглавје https://arhiva.vistina.com.mk/foto-8-godishnata-prikazna-na-mondano-sportskiot-kompleks-dobi-novo-poglavje/ Thu, 29 Aug 2019 15:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104316

Mondano Playground Center е најголемата игротека под отворено небо која вчера се отвори во Скопје. Истата е во склоп на Мондано Спортскиот комплекс кој се наоѓа зад гимназијата Јосип Броз Тито. Стотици деца ќе можат да играат на уникатните поставки како Ninja Warrior паркот, големата трамполина и Зорб топките за одење по вода. Сите овие игри се посебни избрани од тимот на Мондано со цел се овозможи што е можно повеќе можности за физичкиот и социјален развој кај најмалите. Приказната на Мондано Спортскиот комплекс трае веќе 8 години и илјадници млади имаат поминато низ нивните терени, посебно учениците од гимназијата Јосип Броз Тито кои ги користат бесплатно. Нивниот развој и среќа беше мотивација да се отвори Mondano Playground Center.
]]>