рекордер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Jan 2023 23:37:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рекордер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колку заработија српките пејачи за дочекот на Новата година: Цеца е рекордерот со сума колку еден добар стан! https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-zarabotija-srpkite-pejachi-za-dochekot-na-novata-godina-ceca-e-rekorderot-so-suma-kolku-eden-dobar-stan/ Fri, 06 Jan 2023 08:50:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282502

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ заработи 100.000 евра за дочекот на Нова година. Таа е рекордер по заработката, со настапот на Златибор, пренесе српски „Информер“. На листата најплатени пејачки е и Лепа Брена, која заработи 80.000 евра, додека нејзините колеги Аца Лукас и Ацо Пејовиќ заработија по 70.000 евра. Цеца веќе со години е најплатена пејачка, бидејќи нејзините настапи се најпосетувани. Лепа Брена уште на почетокот на годината имаше договорено настап во еден познат ресторан во Белград. Извор близок до неа рече дека не сакала да настапува во странство. Лукас ја забавуваше публиката во хотел, а Пејовиќ настапи на сајмиште. Веднаш зад нив, по висината на хонорарот е Јелена Карлеуша, која заработи 60.000 евра за нејзиниот настап во познат хотел. Пејачот Ѓани заработи 40.000 евра, Дарко Лазиќ со неговата кума Андриана Цекиќ заработија 75.000 евра, а заедничка тезга имаа и Слоба Радановиќ и Катарина Грујиќ. Радановиќ заработи 35.000 евра, а неговата колешка 20.000 евра, рече познат менаџер во Србија и додаде дека Сека Алексиќ и Слаџа Алегро пееја на две места. Сека во хотел, а Слаџа во клуб. Пред полноќ, само ги замениле местата и заработија по 25.000 евра. Дара Бубамара и Радмила Манојловиќ пееја за 20.000 евра. Најголемо изненадување е Теа Таировиќ, која за Нова година заработи 30.000 евра. Со неа во ист хотел пееја и Катерина Живковиќ и Јован Перишиќ, кои добија по 15.000 евра. Дејан Матиќ заработи 20.000 евра, а Каја Остоиќ и Весна Змијанац по 15.000 евра. Аца Живковиќ пееше за 10.000 евра, а ист хонорар договорила и Милица Јокиќ. Марина Тадиќ годинава пееше на Копаоник за 10.000 евра.]]>

Маж успеал да го помине теореткиот дел од возачкиот испит по 157 обиди https://arhiva.vistina.com.mk/maz-uspeal-da-go-pomine-teoretkiot-del-od-vozachkiot-ispit-po-157-obidi/ Fri, 15 Jan 2021 13:20:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185449

Неименуван маж од Велика Британија успеал да го положи теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола откако 157 пати не успеал да даде доволно точни одговори. Британскиот „Driver and Vehicle Standards Agency“ неодамна известил за новиот неславен рекорд. Маж, чие име не е објавено поради зачувување на приватноста, успеал да го помине теоретскиот испит откако претходно паднал дури 157 пати, а покрај тоа потрошил 3.600 фунти, пренесува „Oddity Central“. Неколку медиуми го нарекле најлошиот возач на светот, но други го опишале како пример за истрајност. „Вистина е кога велат - ако не успеете од прва, пробајте повторно... Полагањето возачки испит може да биде еден од најтешките животни предизвици и на некои од нас им требаат многу повеќе обиди отколку на другите“, рекол за „Lad Bible“, Марк Танг, директорот на компанијата „Select Car Leasing“. Иако неименуваниот маж моментално е на прво место со најмногу неуспешни обиди за полагање возачки испит, тој има сериозна конкуренција. Податоците на DVSA покажуваат дека на второ место е жена во 30-те години која паднала 117 пати и сè уште не поминала, додека на трето место е жена која успеала да помине од 94 обиди. извор:точка.ком.мк]]>