реклами – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 09:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png реклами – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе – Рола има страв „до бола“ да се жени: Рекламите му „отворија очи“, во нив го виде она што го кочи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-tv-sitel-spase-rola-ima-strav-do-bola-da-se-zheni-reklamite-mu-otvorija-ochi-vo-niv-go-vide-ona-shto-go-kochi-foto/ Thu, 31 Aug 2023 09:43:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316067

Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на сите нејзини егзотични патувања, неретко споделува чудни постови на социјалните мрежи, особено на неговиот Фејсбук профил. Откако пред некое време слатко го отсонува она што го посакува, арно ама сонот не му се оствари и се' остана само на пуста желба машка, Теа Таировиќ да ја праиме македонска снашка, Спасе сега и експлицитно објасни зошто е подобро да си остане ерген!? Погледнете ги ТВ рекламите и се' ќе ви биде веднаш појасно. Всушност, човекот ништо не измислил, само сликовито ги прераскажал рекламите што меѓудругото одат и на телевизијата на која тој работи и раскажува какво било дента и какво ќе биде утре времето, а Бога ми и во наредните денови. Какво и да биде, за него никако не е време за женење, зашто денес жените и мажите галиба ги имат заменето улогите?! Така барем му  се чини на Спасе - Рола,  а таквата нивна ролја никако не му е по волја! Затоа Спасе својот страв од женење го искажал преку негодување и тоа јавно, уплашен за својот машки орган(изам) од од женскиот феминизам што ни се заканува на секој чекор. А мажите опиени и омамени од  привлечниот женски декор и возбудливиот сексапил, наседнуваат „до бола“, но не и Спасе - Рола. Нему рекламите му се показател кој му ги отворил очите, за тоа кој  ја води брачната игра во која постојано е во ќар, а кој  во неа е само брачен измеќар! „Ако внимателно погледнете еден блок реклами, или разгледате некој каталог за бела техника и куќни апарати ќе видите дека феминизмот ЈАКО чука на портите. Па така, сите оние реклами за: -Прашок -Сјај за садови -Таблети за машина -Омекнувач на алишта -Правосмукалки -Апарати за домаќинство -Готвење Во 95% од нив, главната улога ја има мажот. Сега ТОЈ ве советува како да перете на ниски температури. Дека садовите може да се перат и за половина час. Ја преставува најдобрата стик правосмукалка со 17 филтри. Ги храни децата со највкусните кашички... Готви, пржи, пече, бленда со најновите апарати...Секаде каде што претходно беше инволвирана жената сега таа улога ја има мажот... Жените на рекламите сега, само се разубавуваат со најновите серуми, пијат ашваганда, косата ја бањааат со агаве... Како што тргнала работава ќе видиме и машко во реклама за влошки, може ќе лета на крилца, или ќе каже ЖЕНА МИ ЈА НЕРВИРААТ ДНЕВНИ ПА ТРГНАВ ДА И КУПАМ НОЌНИ, НО... што до тогаш!? А пилиња мои?“ - констатира загрижениот Спасе. Затоа и е решен да остане соло мараонец, барем што подолго може... Додека не му дојде денот да го истрча и последниот, почесен ергенски круг.  Зашто на оние рано женетите, што имаат маратонски бракови или врски... Спасе како „искусен маратонец“ е убеден дека понежните половини им трчаат во... „погрешен правец“! Фото: Фејсбук и Инстаграм/rolladobolla]]>

Запознајте ја Валери Луреда: Жестоко удира, уште пожестоко изгледа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-ja-valeri-lureda-zestoko-udira-ushte-pozestoko-izgleda-foto/ Mon, 07 Mar 2022 11:50:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241979

Оваа 23-годишна девојка полека станува попозната по тоа што на социјалните мрежи соблекува речиси се од себе, а од ден на ден фотографиите кои ги објавува стануваат се попривлечни.   Во прашање е американската боксерка Валери Луреда (23) која освен во рингот, стана вистинска ѕвезда и на социјалните мрежи.   Валери нескромно ги покажува своите облини. Таа често знае да ги собере „влажните погледи“ на соседите додека изведува секси вежби во својот двор, а следбениците на социјалните мрежи постојано ги „чести“ со разголени фотографии.   Валери објави бројни фотографии кои ја разгореа фантазијата на многу мажи, што секако  е и нејзина цел.   Боксерката едноставно сака да заработи екстра пари од она што го добива со борбите во рингот. Како изгледа, нема сомнеж дека секојдневно тоа се повеќе и успева. Многумина веќе сакаат да ја ангажираат за снимање реклами, а таа максимално ги користи  бујните облини за да го зголеми своето банкарско конто. Фото: Инстаграм принтскрин/valerieloureda
]]>

Лоба може да те гризне без да те боли, а Лила носи гаќички со двојно дно…! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/loba-moze-da-te-grizne-bez-da-te-boli-a-lila-nosi-gakjichki-so-dvojno-dno-foto/ Sat, 21 Aug 2021 07:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89862

Социјалните мрежи, особено Инстаграм за познатите и јавни македонски  фаци стана место за гратис маркетинг, а самите тие се како подвижен билборд! Нема ден некоја од нив да не се појави без да ве бомбардира со реклама за нов производ, кој е  „најдобриот“,  па затоа и токму тие ви го препорачуваат.
Миа Костова, Марјана Станојковска,  Милена Антовска, Ани Георгиева (Црна мачка), Викторија Лоба, Лила Филиповска... се само дел од плејадата познати Македонки, за кои на Инстаграм, па и на Фејсбук секојдневно можете да кажете: „Се гледаме после рекламите“! А се рекламира се' и сешто: Од козметички производи, препарати и третмани, преку туристички патувања до сексуални помагала. Која што начекала да рекламира, каков спонзор закачила, а народот... Кому што му треба! Еве само два-три примери од нашите инфлуенсери во рекламната нишка на познатите Македонки и „нивните“ рекламни производи.
Викторија Лоба да речеме е „феномен“. Може да ве гризне без да ве боли. Особено ова се однесува на саканиот... Него може да го гризне и при водење љубов, а тој ништо да не почувствува... За јазикот или усната или... при бакнеж, се разбира! И сето ова заради тоа што Лоба користи „невидлив алајнер“ преку забите. Совршената насмевка е гратис!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ ? (@victorialoba) on

Лила пак има најново помагало, за кога ќе дојдат „оние денови“, се разбира! Тогаш облекува гаќички со двојно дно. Помеѓу двете дна - влошка! За удобност, комфорност и дополнителна заштита за време на  менструалниот циклус... Нејзиниот, ама и вашиот!
Ани - „Црна мачка“ и нејзината богата палета производи од најпознатиот македонски секс шоп ќе ги оставиме за некоја друга прилика... Кога на ред ќе дојдат задоволствата!
Претходниве два „иновативни и револуционерни“ производа, засега ви се доволни само за да ве заштитат од... „неприлики“!  За дури и во оние денови кога не можеш „да им го фатиш крајот“, да се чувстрвуваш... „како во рајот“! До тогаш... се гледаме после рекламите! Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Мајчинството и донесе нови ангажмани на Александра Илиевска – не ја води „Брза кујна“, ама затоа е поактивна од било кога (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/majchinstvoto-i-donese-novi-angazmani-na-aleksandra-ilievska-ne-ja-vodi-brza-kujna-ama-zatoa-e-poaktivna-od-bilo-koga-foto/ Wed, 19 May 2021 05:57:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203065

Поминаа четири месеци откако ТВ водителката Александра Илиевска стана мајка за првпат и на свет донесе женско бебе кое го доби името Сара. Поради пандемијата од коронавирус, Александра уште од почетокот на бременоста се откажа од проектот „Брза кујна“, се поради заштита на нејзиното здравје и тогаш уште нероденото бебе.
Но, со тоа не застанаа незјзините ангажмани...
Имено, токму бременоста придонесе таа да добива што повеќе понуди за рекламни ангажмани кои ги пласира на своите профили од социјалните мрежи, па ако претходно презентираше брендови за облека, гардероба или козметика, потоа почна и со бебешка опрема, а истите со доаѓањето на Сара само ги зголемија ангажмание на мама.
Александра изгледа одлично во постпартум периодот, бременоста не ја промени физички, па може да си дозволи тесни фармерки и фустаничња што не баш секоја тазе мајка има прилика.
Мајчинството е сонот кој што таа вели дека за неа станал јаве, благословена, исполнета и задоволна, па што може повеќе да посака!]]>

Откако не го гледаме во „Преспав“ Талат го промени имиџот, а си направи и нова тетоважа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-ne-go-gledame-vo-prespav-talat-go-promeni-imidzot-a-si-napravi-i-nova-tetovaza-foto/ Thu, 13 May 2021 07:33:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200893

Откако заврши петтата сезона на популарниот македонски ситком „Преспав“, актерската екипа до следното дружење, има други професионални ангажмани. Серијата им донесе поголема популарност, од која пак имаат плус преку снимања на реклами. Актерот Дритон Вејсели или попознат како Талат од Џепчиште, неодамна снимаше реклама за една компанија за млечни производи заедно со пејачката Мартија Станојковиќ, а тоа не е единствената која ја има сработено периодов. Дритон по снимањата на „Преспав“ е друг лик, па можеби и потешко би го препознале приватно со долга брада. Тој е корисник на социјални мрежи, а на својот профил деновиве откри дека си направил нова тетоважа чија симболика не ја опиша, но го сподели моментот од тату студиото. До следната сеозона на „Преспав“ , Талат или Дритон ќе го гледаме по реклами на телевизија и социјалните мрежи.]]>

Еве колку заработуваат познатите српски ѕвезди од Инстаграм: Од 300 до 12.000 евра по објава за Кија, Луна, Карлеуша, Сека, Цеца, Анастасија, Зоранах… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kolku-zarabotuvaat-poznatite-srpski-dzvezdi-od-instagram-od-300-do-12-000-evra-po-objava-za-kija-luna-karleusha-seka-ceca-anastasija-zoranah-foto/ Mon, 11 Jan 2021 11:12:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184572

Познато е дека пејачите и актерите покрај основната заработка, земаат и сериозни пари од рекламирање производи на социјалните мрежи. За време на короната, ова е еден од нивните главни приходи, а се почесто гледаме големи sвезди кои вложуваат многу време во фотографии и постови, со цел подобро да ги изрекламираат своите производи. Една ваква објава на профил што има повеќе од 50 000 следбеници чини минимум 300 евра, додека оној што има повеќе од 100 000 следбеници може да наплати околу 900 евра за реклама. Ако некој производ го рекламира sвезда која има над 500.000 следбеници (како Кија Коцкар, Луна Ѓогани, Цеца и други), тоа чини до 3.000 евра. Оние што имаат милион следбеници, логично, заработуваат најмногу. Дури 6.000 евра и повеќе. За потсетување, ѕвезди кои имаат 1 милион следбеници се: Новак Ѓоковиќ, Милош Биковиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Немања Матиќ, Ана Ивановиќ, Сека Алексиќ, Бака Прасе, Теодора Џехверовиќ, Јелена Карлеуша и актерот Дарко Периќ, кој игра во една од најпопуларните серии "La casa de papel". Сека Алексиќ дефинитивно рекламира најмногу од  познатите личности, па сигурно за неа нема зима. Мртва трка е исто така се води помеѓу Луна и Кија, кои се вечни ривалки во се, па и во оваој сегмент. Се вели дека цената на нивниот пост е околу 2.000 евра. Анастасија веќе се пофали дека се издржува и дека заработува најмногу од социјалните мрежи. Се шпекулира дека таа самата си го платила спотот од 22.000 евра. Според извештаите на медиумите, Душко Тошиќ покрај фудбалот, заработува добри пари и од Инстаграм. Неговиот пост чини околу 2.000 евра, а во странство и уште повеќе. Блогерката Зоранах вложува многу во Инстаграм и за само еден пост, таа добива повеќе од 3.000 евра. Инаку, Зорана Јовановиќ истакна дека во Србија има поинаква тарифа и дека наплатува помалку отколку во странство, каде се говори дека постовите на познатите српски јавни личности можат да достигнат цена и до 12.000 евра по објава!]]>

Нина Бадриќ жртва на сајбер криминал: И го украле идентитетот, па ја злоупотребиле за да прават пари (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nina-badrikj-zrtva-na-sajber-kriminal-i-go-ukrale-identitetot-pa-ja-zloupotrebile-za-da-pravat-pari-foto/ Mon, 04 Jan 2021 10:32:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183796

Нина Бадриќ се шокираше кога сфати дека е жртва на Интернет измама. Имено, пејачката наводно рекламирала одреден производ за слабеење, но наскоро објави дека тоа не е таа, дека сето тоа е само лага. “Луѓе! Не паѓајте на лаги. Јас се одрекувам од каква било врска со овие реклами со кои е полн Интернетот. Тие се лажни, како и производите што ги продаваат. Ова е криминал преку Интернет“, напишала Нина. Бадриќ додаде дека дотичната екипа заработува пари од овие лажни реклами и огласи. „Луѓето за кои станува збор украле фотографии што се моја сопственост. Дотичните измислиле интервју со мене што никогаш не сум го дала. Луѓето за кои станува збор се вклучени во криминал. Верувам дека сте умни“ - напиша таа на Инстаграм.  ]]>

Гастоз заради пандемијата заглавен на Тајланд: „Овде е рај, кој наскоро ќе стане пекол“ https://arhiva.vistina.com.mk/gastoz-zaradi-pandemijata-zaglaven-na-tajland-ovde-e-raj-koj-naskoro-kje-stane-pekol/ Wed, 25 Mar 2020 12:35:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141434

Ненад Маринковиќ - Гастоз сè уште престојува во Тајланд, а неговите пријатели со кои заминал на ова патување решиле да се вратат во Србија, додека тој решил да остане таму на месец или два, за да не мора да оди во карантинкога ќе се врати.  Сепак, како што ситуацијата се менува сега и тогаш, се чини дека тој ќе мора да се врати во Србија. Гастоз истакна дека отишол во Тајланд за да го прослави роденденот со пријателите. „Ова не требаше да биде одмор, ова требаше да биде роденденско изненадување помеѓу мене и тројца други пријатели, така што тие на крајот ќе избегаа и  ме оставија тука сам“. Тој истакна дека ситуацијата во Тајланд драматично се променила во последните неколку дена и дека тие почнуваат да воведуваат строги мерки за да се спречи ширењето на вирусот. „Овде е рај кој наскоро ќе стане пекол. Тука луѓето се' повеќе и повеќе носат маски, во рок од пет дена цената на маските скокна за 15 пати. Пред да можеме да влеземе во некои продавници каде луѓето не носеа маски, сега веќе не се може. Трговските центри се затворени, а овде се воведува и вонредна состојба. Повеќе не е интересно. Бидејќи ги потрошол сите пари, Гастоз неодамна повторно започнал со снимање на реклами и клипови за Јутјуб, каде ги забавува луѓето кои за возврат му плаќаат донации, но исто така и платено рекламирање преку Инстаграм. „Ние планиравме да останеме тука до јуни, но добивме некои информации дека  ќе има вонредна состојба и тие нè принудуваат да си одиме од хотелите. Сега чекаме конзулатот да види што се случува, дали ќе се пријавиме за тоа повратно патување дома, сè уште не е познато?“ - порачува Гастоз од далечниот Тајланд. ]]>

Лила е како подвижен билборд: Она што ја „задоволува“, мора да е добро! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-e-kako-podvizen-bilbord-ona-shto-ja-zadovoluva-mora-da-e-dobro-foto/ Thu, 13 Sep 2018 07:25:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47672

Најпознатата и најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска, покрај останатото се претвори во подвижен билборд. Секојдневно можеме да видиме фотографии на социјалните мрежи како „дамата која им пркоси на времето и годините“, рекламира разни производи од различни брендови.
Од облека, накит и чевли, преку козметички препарати и смартфони до кредити и прехрамбени продукти...
Рекламирањето на сопствениот профил на социјалните мрежи очигледно во последно време и кај нас е во тренд, а веројатно е и доста ефикасно и дава резултати, па фирмите на ваков скриен начин ги „користат“ познатите лица за промоција на сопствените производи.
Рекламната „мимикрија“ сепак не секој како Лила умее така добро да ја пласира, па кај неа спојот на „убаво и полезно“ е доведен до совршенство. Фејсбук и Инстаграм секојдневно „горат“ од нејзините „жешки“ фотографии на кои всушност во позадина се крие нешто друго - она заради кое Лила навидум „мами воздишки“, а всушност „жнее парички“!
Колку за пример - последното нешто од Лила. Како и секогаш, така е и овој пат... Само што начинот да се заскокоткаат обожавателите, позата, степенот на возбуда и производот се различни. Останатотот е класика: Лила на базен, на лежалка за сончање во едноделен костим за капење го распослала сиот свој сексапил, па божем се засладува со колачиња...!?
А всушност во постот крај фотографијата се крие одговорот и целта на сликањето: Реклама за новиот производ на позната македонска фирма за конзумни слатки.
„Најубаво е кога омилените вкусови ги има во едно пакување. Sе....on се префинети колачиња за уживање“ - стои во рекламното појаснување на водителката која така „засладена“ мами и повикува да и се придружите во конзумирањето на производот, зашто она што Лила ја „задоволува“ или поточно, нејзиниот критериум и вкус... мора да е добро! Исто како и таа...
Впрочем и омилените вкусови на нејзините обожаватели се содржани во едно пакување... Лила! За заедничко уживање. Обожавателите во нејзината водителска умешност и изглед, таа во својата професија и она што како бенефит истата и го носи!]]>