реј лиота – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 May 2023 11:11:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png реј лиота – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Една година откако почина откриена причината за смртта на славниот холивудски актер Реј Лиота https://arhiva.vistina.com.mk/edna-godina-otkako-pochina-otkriena-prichinata-za-smrtta-na-slavniot-holivudski-akter-rej-liota/ Tue, 09 May 2023 11:11:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301240

Официјално е откриена причината за смртта на холивудскиот актер кој се прослави со бројни улоги во омилените филмови на сите, Реј Лиота. Актерот Реј Лиота почина минатиот мај во Доминиканската Република, а сега е откриена причината за смртта. „ТМЗ“ дојде до документи од Доминиканската Република, во кои пишува дека смртта настапила природно и ненасилно. Актерот починал во сон поради акутна срцева слабост и респираторни проблеми. Тој, исто така, боледувал од атеросклероза, состојба во која артериите стануваат задебелени поради акумулација на наслаги. Да потсетиме, Реј го снимаше филмот „Опасни води“ во Доминиканската Република каде и почина. Неговата најголема слава беше улогата на Хенри Хил во филмот на Мартин Скорсезе „The Good Guys“ во 1990 година. Во февруари 1997 година, Реј Лиота се ожени со актерката Мишел Грејс. Тие се запознале на бејзбол натпревар на поранешниот сопруг на актерката Марк Грејс, а во 1998 година ја добиле ќерката Карсен. Реј и Мишел се разведоа во 2004 година. фото:EPA Images]]>

Заспал и повеќе не се разбудил: Почина популарниот холивудски актер Реј Лиота https://arhiva.vistina.com.mk/zaspal-i-povekje-ne-se-razbudil-pochina-popularniot-holivudski-akter-rej-liota/ Fri, 27 May 2022 09:52:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252118

Холивудскиот актер Реј Лиота кој се прославил во многу класици, меѓу кои и “Goodfellas”, починал на 67 години. Реј Лиота починал на сон во Доминиканската Република каде престојувал поради снимањето на филмот “Dangerous Waters”. Славниот актер зад себе ја оставил ќерката Карсен, а требало да се венча со својата избраничка Џејси Нитоло. Причината за смртта се уште не е позната. Реј Лиота стекнал слава играјќи интензивни ликови во текот на годините. Иако е омилен поради својата улога во мафијашкиот класик “Goodfellas”, актерот во една прилика изјавил дека во приватен живот никогаш не се ни степал. „Никогаш воопшто не сум се тепал, освен за време на спортски активности, а тоа е само туркање и глупави детски работи“, рекол своевремено овој актер.]]>