рецепти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 06 Jan 2024 09:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рецепти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога Снеже Велков готви за Бадник: Македонската водителка сама си измисли рецепт овој пат, а еве го и крајниот резултат (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-sneze-gotvi-makedonskata-voditelka-za-badnik-sama-si-izmisli-recept-a-eve-go-krajniot-rezultat-foto/ Sat, 06 Jan 2024 08:03:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127596

Новогодишните и Божиќните празници се најубавите бидејќи целото семејство се собира дома и во семејна атмосфера се радува на овие денови. Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков често знае да се најде во кујната и да направи разни специјалитети, а се тоа да го сподели на социјални мрежи со назнака: #КогаСнежеготви. Така и  за Бадник, денот пред големиот празник Божиќ, Снеже направи бадникова магија. Имено, таа направи специјална пита, а на социјалните мрежи се пофали дека сама си го измислила рецептот. „Кога сама си замислувам рецепти најдобро ми излегуваат. Бадникова магија ја нареков ова слатка вкуснотија. Најдоброто од се' е дека е комплетно безбеден и јас да го јадам (со оглед на моите алергии на се' и сешто). Му се радувам ептен. Рецептот ми е од око: „Брашно околу 300гр.(Може интегрално пченично или обично)+пециво *Сок од јаболко 100% околу 500мл. *мешано суво овошје исечкано(грозје, урми, смокви, кајсии и сл.) *едно јаболко исечкано *зачини: цимет и каранфилче Измешајте со дрвена лажица,ставете на хартија за печење во тепсија и готово!?? Не се додава ни грам шеќер ниту масло“ - напиша Снеже во опсиот на фотографијата од крајниот резултат. Но, ако мислевте дека тука завршува нејзината празнична авантура по сопствена рецептура, бидете убедени дека сте во заблуда, зашто Снеже се' уште не ја завршила својата готвачка процедура. Имено,  кога сме веќе кај јаболките,  како бонус на рецептот следи уште едно кулинарско изнендаување во вид на слатко дополнување од водителката, пардон - од готвачката. Овој пат ова е „нешто (многу) поконкретно“ и без импровизација, а и не бара кој знае каква кулинарска вештина и имагинација и се вика божиќна „Фитнес туфахија“. „Посна Лесна Без шеќер а блага Лична како оригиналот ама без грижа на совест Не дебелее Милина Замената за шеќер е стевиа речиси без калории Протеинот и е од @herbalife_macedonia_official Ако немате мелени лешници можете и со ореви Декорирајте со сецкани бадеми или ореви Одзгора за шмек посипете со агаве или мед и... Нека Ви е наздравје!“ - порача вредната водителка од домаќински ков, Снеже Велков!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Веруваме дека задоволна од готвењето и следниот пат ќе измисли некој нов рецепт со кој ќе се пофали на социјалните мрежи. А и вие, пробајте па кажете, ако одлучите уште денес истиот да го подготвите! фото: Принтскрин/velkovsneze]]>

Рецепти за домашни, посни колачи https://arhiva.vistina.com.mk/retsepti-za-domashni-posni-kolachi/ Wed, 20 Dec 2023 13:40:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331885

Иако состојките се ограничени, вкусот и декорација не секогаш мора да бидат „сиромашни“. Кога е време на пости и посни слави, еве што може да се подготвите и да се засладите без грижа на совест: Бомбици со банана и кокос Потребни состојки: 200g кокос 2 банани 200g шеќер во прав 200g посни бисквити, мелени Подготовка: Испасирајте ги бананите. Додадете го шеќерот во прав, па добро измешајте. Ставете половина од кокосот и сите мелени бисквити. Кога ќе добиете изедначена смеса, обликувајте топчиња и извалкајте ги во преостанатиот кокос. Чоколадни суви сливи Потребни состојки: 20-тина суви сливи 3 реда чоколадо за готвење 50g мелени ореви 50g мелени посни бисквити 3 лажици шеќер во прав Сок од лимон Лажица рум Подготовка: Оставете ги сливите во топла вода да омекнат. Исечете ги по должина и извадете ги семките. Измешајте ги мелените ореви, бисквитите, шеќерот во прав, румот и неколку лажички лимон. Со добиената смеса наполнете ги сливите. Истопете го чоколадото со неколку капки вода. Мацкајте ги сливите во стопеното чоколадо и оставете да се оладат половина час. Лешник гнезда Потребни состојки: 2dl вода 200g шеќер 150g маргарин 100g чоколадо за готвење 150g мелени лешници 250g посни бисквити, мелени Мелени лешници и уште 200g стопено чоколадо за декорација Подготовка: Ставете ја водата на оган и додадете ги шеќерот, маргаринот и чоколадото додека не зовријат. Тргнете од шпорет и додадете го кексот и мелените мешници. Кога смесата ќе се олади, формирајте бомбици и направете вдлабнатини во средина со прст, додека не добиете облик на гнездо. Оладете ги формите па потоа извалкајте ги во мелените лешници и во секое дупче ставете по малку стопено чоколадо. Чоко шишарки Потребни состојки: 1 маргарин 200g шеќер 5 лажици мед 100g црно чоколадо 100g сечкани ореви 200g корнфлекс Подготовка: Истопете го маргаринот со 200g шеќер. Додадете го медот, чоколадото и оревите. На крај додадете полна кутија корфлекс. Добро измешајте и тргнете од оган. Малку оладете и вадете од смесата со голема лажица и ставајте во хартиени корпи. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Топчиња од мелено месо со јајце во сос https://arhiva.vistina.com.mk/topchinja-od-meleno-meso-so-jajce-vo-sos/ Sat, 05 Mar 2022 10:32:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241836

Подготовка: 1. Во меленото месо изрендајте кромид, посолете додајте црн пипер. Измешајте. 2. Сварете ги јајцата и додадете ги во меленото месо. Направете топче, извалкајте го во брашно и испржете го од сите страни. 3. Во тенџере ставете доматен сос, во него ставете ги направените топчиња и варете ги околу 15 минути. Додајте густин за да се загусне сосот. Сервирајте ги во чинија, а одозгора прелијте ги со сосот! Добар апетит. Извор: Моирецепти.мк
]]>

Палачинки без глутен или смути полно со витамини: 5 рецепти за здрав доручек https://arhiva.vistina.com.mk/palachinki-bez-gluten-ili-smuti-polno-so-vitamini-5-recepti-za-zdrav-doruchek/ Wed, 21 Jul 2021 12:45:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212013

Сите сакаме здрави оброци кои се истовремено вкусни. Сепак, ако е слатко и не дебелее, тоа е полн погодок! Вистинскиот избор за здрав и хранлив оброк е дефинитивно смути. Најдоброто од правењето смути е што можете да комбинирате различни вкусови на овошје и зеленчук и да добиете оброк полн со антиоксиданти и витамини. Еве неколку предлози за здрав појадок во форма на смути:

Смути со протеини

Во блендер изматете една банана, половина чаша јогурт со вкус на ванила, половина чаша овесна каша, половина чаша јагоди, две лажички мед и чаша млеко со малку маснотии.

Енергетски смути

Во блендер ставете две банани, половина чаша млеко со малку маснотии, шолја ладно црно кафе, две лажички мед и коцка мраз.

Смути со овошје-какао

Во блендер измешајте две чаши замрзнати малини, една замрзната банана, половина чаша грчки јогурт, една четвртина чаша обезмастено млеко и две лажици незасладен какао во прав.

Или пробајте здрави палачинки без глутен:

  • 200 гр брашно од хељда
  • 40гр путер
  • 1 лажица шеќер
  • 2 јајца
  • 1,5 лажици прашок за пециво
  • 200мл млеко
  • малку сол
  • малку кокосово масло

Подготовка:

Се топи путерот и се остава кратко да се олади. Одделете ги јајцата и изматете ги белките, додавајќи шеќер додека сè не се соедини. Изматете ги жолчките со малку сол околу две минути, а потоа додадете го стопениот путер, а потоа и млекото. Измешајте брашно од хељда и прашок за пециво, а потоа додадете во смесата со жолчките и промешајте. На крај, нежно додајте ги белките во смесата. Во загреаната тава додадете кокосово масло и печете ги палачинките на неа по неколку минути од секоја страна додека не добијат златна боја.

Здрави палачинки со јаболка

  • 2 поголеми јаболка
  • 1 поголемо јајце
  • 6 лажици брашно без глутен
  • лажица путер

Подготовка:

Измијте ги, исчистете ги и изрендајте ги јаболките, изматете го јајцето, па додадете во јаболката. Полека додавајте го брашното, лажица по лажица, цело време мешајќи за убаво да се измеша смесата. Ако сметате дека смесата е премногу ретка, додадете малку повеќе брашно. Загрејте го путерот во тава, па ставете лажица од смесата со јаболката и печете од секоја страна три или четири минути, додека палачинките не добијат златно. извор: курир.мк ]]>

Шест македонски Инстаграм профили за храна што ќе сакате да ги заследите https://arhiva.vistina.com.mk/shest-makedonski-instagram-profili-za-hrana-shto-kje-sakate-da-gi-zasledite/ Tue, 16 Mar 2021 15:00:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194437

Порано рецептите се пренесуваа од генерација на генерација. Сигурни сме дека вашите мајки или баби имаат тетратки кои ги чуваат и денес. Уште повеќе сме сигурни дека речиси секој од вас има омилено јадење што го прави вашата мајка и кое е без конкуренција. Меѓутоа, со распространетоста на социјалните мрежи, интересни рецепти за вкусни оброци можете да најдете секаде. Ние денеска обрнуваме внимание на македонски инстаграм профили каде што ќе можете да уживате во одлични фотографии и интересни рецепети, па токму затоа и ќе посакате веднаш да ги заследите, ако досега не сте го направиле тоа. Немате идеја што да зготвите - ве дели само клик до фантастични идеи. Погледнете: Инстаграм профил на младиот Давид, кој што издаде и своја книга рецепти „Dave's kitchen: Гответе насмеани“, го следат преку 30.000 луѓе. Притоа, речиси сите рецепти се базирани на нашата традиционална кујна.
Ако сакате да ја смените навиката да јадете премногу калорична храна и сакате да се посветите на здрави оброци, тогаш профилот на Стефанија сигурно ќе ви се допадне. Исто така, доколку вежбате и водите здрав начин на живот, тука ќе најдете одлични идеи за сите оброци во денот.
Теодора Георгиевска стои зад овој Инстаграм профил, односно блог за храна. Прогласена беше за Best Food Influencer 2019, а кај неа можете да најдете традиционални рецепти и совршени идеи за ручек и десерт.
Ова е инстаграм профилот на истоимената веб страна за готвење. Освен што самите нудат идеи што би можеле да зготвите, пласираат рецепти и од читатели и нивни следбеници. Во богатата палета оброци, често можете да видите и рецепт за некое пециво, односно пита што сигурни сме на голем број од вас ќе го привлече вниманието.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gotvi.mk (@gotvi.mk)

Што да ручате, рецепти за 5 минути, идеи за оброци за бебиња и секако предлози за фантастични колачи, сето ова може да се најде на профилот „Кујната на мама“. Рецептите се за оброци во кои ќе уживаат сите членови на семејството.
Марија е блогери и уредник на @sezahrana.mk. Кај неа вниманието ни го привлекоа рецептите за вкусен и брз десерт. Но, освен храна, ќе видите и прекрасни дестинации и впечатоци од нејзините патувања.
извор:fashionel.mk]]>

Рецепти за божиќни путер колачиња https://arhiva.vistina.com.mk/recepti-za-bozikjni-puter-kolachinja/ Mon, 04 Jan 2021 14:00:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183899

Божиќните путер колачиња се едни од најпопуларните слатки во празничниот период. Благодарение на креативноста при декорирањето, добиваат многу облици и интрпретации, па оттаму и се едни од омилените бидејќи дозволуваат да се забавувате додека ги правите. Ние најдовме три супер рецепти кои можете да ги испробате:

Класични путер колачиња

Потребно: 300 гр. меко брашно, 200 грама омекнат путер, 85 гр. шеќер во прав, 1 белка, 1 ванилин шеќер, 1 лимонов шеќер во прав. Подготовка: Во еден сад исечкајте го омекнатиот путер и додадете ги брашното и шеќерот и се убаво соединете. Во друг сад ставете ги белката, ванилиониот и лимоновиот шеќер и со миксер или бленер убаво изматете ги додека не стане пенеста смесата, а потоа додадете ја во првиот сад. Со маталките на миксерот за тесто, изматете го, а потоа со раце месете додека не добиете мазно тесто. Завиткајте го со транспарентна фолија и оставете во ладилник еден час. После тоа, расукајте го и со модли направете ги саканите фигури. Печете ги во загреана рерна на 180 степени 9 минути.

Медени путер колачиња

Потребни состојки: 150 грама путер, 150 грама мед (ако ви е многу, намалете малку), 250 грама меко брашно, 100 грама мелени ореви (ако не ги сакате може и без нив), 2 помали и едно поголемо јајце, 1 лажиче сода бикарбона, зачини по желба (цимет, каранфилче, ѓумбир...). Подготовка: Брашното ставете го во поголем сад, додадете ја содата и оревите, па убаво промешајте. Ако користите зачини, додадјте ги и нив во брашното во оваа фаза на подготовка. Путерот насечкан на тенки ливчиња ставете го во брашното, па со рацете „смачкајте“ го за да станат трошки. Потоа во смесата со брашното и путерот, додадете едно јајце (претходно разматено) и повторно малку промешајте. Додадете го медот во смесата, па со раце месете додека не се добие убаво мазно тесто. Завиткајте го во транспарентна фолија и оставете во ладилник на еден час. Потоа со лажица во посакуваната големина, земете дел од смесата и обликувајте ја во топче. Ако сакате големи медењаци, користете голема лажица, а за мали - мала. Ако не сакате да бидат округли, тогаш секое од топчињата равлечете го и со модла направете ја саканата форма. Редете ги во тава за печење на која претходно сте ставила хартија за печење. Оставете простор помеѓу медењаците бидејќи при печењето ќе се зголемат. Печете десетина минути на 180 степени или додека не забележите дека работ на дното на медењаците се темнозлатна боја. Ако забележите дека на врвот се малку меки, не грижете се, ќе се стегнат после печењета.

Путер колачиња со џем

Потребно: 300 грама меко брашно, 1 прашок за пециво, 1 јајце, 150 грама путер, 100 грама шеќер, 1 ванилин шеќер, малку нарендана кора од лимон или портокал, џем или мармелад со малку киселкаст вкус ако имате (вишна на пример), шеќер во прав. Подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и со рацете месете додека не добиете убаво мазно тесто. Оставете го еден час во ладилник, обложено со транспарентна фолија. Потоа, тестото расукајте го и со модлите оформете ги колачињата. Потребни ви се две половини - една цела и една издлабена во истата форма. Наредете ги на хартија за печење и печете на 180 степени, на претходно загреана рерна додека не добијат златна боја. Кога ќе се подизладат малку, на првата половина ставете џем, а потоа врз него ставете ја изглабената половина, на која претходно сте наросиле шеќер во прав. Доколку пак, не сакате џем, од смесата можете да направите класични колачиња во форма на круг (или некоја друга) и потоа да ги украсите со глазура.

За сите три рецепти глазура:

Потребно: 1 белка, 2 лажици млеко, 300 грама шеќер во прав.

Подготовка: во блендер ставете ги сите состојки и измешајте ги на умерена брзина. Ако немате блендер, може и миксер. Треба да добиете мазна смеса која не е ниту прегуста ниту премногу ретка. Поделете ја глазурата во неколку помали садови и во секој од нив додадете одредена прехрамбена боја, доколку ви се потребни повеќе бои. Потоа, саканата глазура ставете ја вреќичка (ќесичка за шприц) и декорирајте по желба. Можете да додадете и бомбони, чоколадни трошки и слично, зависи како сакате да ви изгледаат колачињата. На крај, оставете ги неколку минути да се стегне глазурата, а потоа послужете ги. извор: точка.мк]]>

Древни рецепти за настинка и кашлица https://arhiva.vistina.com.mk/drevni-recepti-za-nastinka-i-kashlica/ Thu, 24 Jan 2019 14:33:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69005

Ако сакате да се ослободите од настинка пропратена со кашлица, воспаление на грло и други симптоми, заговорниците на традиционалната медицина ви нудат стари проверени рецепти, кои датираат уште од времето на нашите прабаби, па дури и нивните баби. Тие посочуваат дека во примената треба да биде упорен за да се постигне целосна ефективност. 1.Бела ротквица со мед: – Издлабете ја белата ротквица да изгледа како чаша. Во неа ставете една до две лажички со мед, покријте ја со салфетка и оставете ја така преку ноќ. Утрото ротквицата ќе се наполни со сопствениот сок измешан со мед. Ако сте особено погодени од кашлица, земете лажица од овој сок, наутро и навечер. 2. Кромид со мед:- – Ставете поголема главица кромид во чаша што ќе овозможи да стои исправено, а потоа издупчајте го кромидот. Во шуплината на кромидот ставете мед по желба и секое утро пијте ја содржината, која ќе се исцеди од коромидот. 3.Жалфија како мед: – Сварете силен чај од 40 грама жалфија и 600 милилитри вода. После тоа, прегорете 300 грама шеќер без вода на ниска температура. Во претходно сварениот чај процедете го прегорениот шеќер. Така добиениот сирупот, варете го на тивок оган додека не добие густина на мед. Изладе го сипрпот, истурете го во тегла и ставете го во фрижидерот. За смирување на кашлица, возрасните треба да земат трипати на ден по една супена лажица, а децата трипати по една лажичк. Овој сируп, исто така, се препорачува на пушачи за чистење на белите дробови.]]>

Посни рецепти за бадниковата трпеза https://arhiva.vistina.com.mk/posni-recepti-za-badnikovata-trpeza/ Sun, 06 Jan 2019 10:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66321

Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења.

Посна сарма

Состојки: 4 помали кисели зелки 200 мл масло 4лажици црвен пипер црн пипер Фил 500 гр ориз 1 лажиче сол црн пипер 300 мл масло Подготовка: Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно. Се сечат листови од зелката на мали парчиња. Се става од филот по неколку зрна ориз и се виткаат, стегнуваат во рака да бидат цврсти. На дното од тенџерото се поставуваат листови од зелка и се редат, кога ќе се исполни првиот ред се потура со малку масло, црвен и црн пипер. Потоа се реди вториот дел и повторно се потура со масло, црвен и црн пипер. Се покрива со листови од зелка и се долева вода, се вари 3-4 саати.

Тиква

Состојки: тиква (големина по ваш избор) Подготовка: Тиквата измијте ја со вода, а потоа избришете ја со кујнска хартија. Исечете ја на парчиња и извадете ги семките. Во плех ставете хартија за печење и наредете ги парчињата тиква. Печете околу еден час на 180 степени.

Традиционални бадникови колачиња

Состојки: 1 кг. брашно 1 голема супена лажица сув квасец (или 1 коцка свеж квасец) 1 шолја шеќер 1 голема супена лажица масло ¼ мало лажиче сол 1 ванила вода по потреба Подготовка: Од состојките се замесува тесто, кое не треба да биде ни многу меко ниту премногу тврдо. Се прават топчиња и од секое топче се прави тесто во форма на цилиндар. Секој цилиндар, со големина од приближно 10 см. се изработува така што од горниот дел се прави мало топче во форма на глава, која не се одделува од остатокот од тестото, а од другиот дел се дооформува тело, така што главчето и телото се неразделени. На средината од телото се ставаат две-три мали чоколадни топчиња или топчиња направени од смеса од локум, шеќер во прав и малку брашно и прехранбена боја (црвена, жолта, зелена и сл.) кои изгледаат како копчиња на телото на колачето. На главчето се ставаат чоколадни очиња, црвено носе и мало усте, така што колачето изгледа како мало бебенце кое всушност го претставува новородениот младенец Христос. Колачињата нараснуваат петнаесетина минути, а по потреба и малку подолго, во плехот во кој треба да се печат, а се печат на температура од 250 степени додека да се заруменат. Овие колачиња традиционално им се делат на дечињата, кои на Бадник ги посетуваат христијанските домови и носејќи пештери со икони во рацете, пеат каланди (божикни песни), објавувајќи им ја на сите радосната вест за Раѓањето на Спасителот Христос. Покрај овие колачиња, домаќинката – христијанка на децата кои ќе го посетуваат нејзиниот дом во навечерието на Божик, им дели костени, ореви, суво овошје и слично.]]>

Црвени полнети пиперки https://arhiva.vistina.com.mk/crveni-polneti-piperki/ Wed, 10 Oct 2018 12:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52324

Немате идеја што да зготвите за ручек? Ние го имаме вистинското решение за Вас. На денешната трпеза ви предложуваме Црвени полнети пиперки од кои ќе ги излижете прстите. Резултат со слика за ајварски пиперки Потребни состојки:
  • 500 gr. говедско мелено месо;
  • 10 ајварски црвени пиперки;
  • 2 компира;
  • 1 главица кромид;
  • 3 шаки ориз;
  • 1 лажичка сол;
  • 2 лажички вегета;
  • малку бибер;
  • една лажичка црвен пипер во прав;
  • зејтин;
  • 1 ипол литар врела вода.
Резултат со слика за ајварски пиперки Подготовка:
  • Измијте ги пиперките и компирот. Од пиперките извадете ги дршките и ослободете се од семето на пиперката. Откако ќе завршите со пиперките, тогаш излупете ги компирите и исецкајте ги на крукчиња.
  • Исецкајте го кромидот на ситно и додадете масло, ставете на оган и испржете го. Пред да порумени кромидот додадете го меленото месо, додадете сол,вегета, бибер и црвен пипер. Пржете се додека месото не се испржи убаво, а потоа додадете го оризот, пржете уште една минута и тргнете ја смесата од оган.
  • Наполнете ги црвените пиперки со смесата и затворете ги со кругче компир.
  • Полијте ги пиперките со врела вода, додадете во водата една лажичка вегета. Преотанатиот компир исечете го на ситно и додадете го во водата.
  • Ставете алуминиумска фолија врз садот во кој се полнетите пиперки и ставете ги во претходно загреана рерна на 200 степени.
  • Гответе 1 ипол час.
Резултат со слика за Полнети црвени пиперки   Пријатен апетит!!!      ]]>

Најдобриот рецепт за чоколадни мафини https://arhiva.vistina.com.mk/najdobriot-recept-za-chokoladni-mafini/ Wed, 28 Mar 2018 10:04:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17183

Потребни состојки:
  • 1 јајце;
  • 130гр. Брашно;
  • 30гр. Какао;
  • 200гр шеќер;
  • 1 ванилин шеќер;
  • 1лажиче прашок за пециво;
  • 1/2л. Сода бикарбона;
  • прстофат сол;
  • 180мл млеко;
  • 100мл зејтин;
  • 200 гр. чоколадо за готвење.
Подготовка: Чоколадото се сече на ситни коцки или се ренда на крупно и се става во замрзнувач 10-15минути. Се мешаат посебно сувите состојки, а посебно мокрите. Во сувите состојки се додава чоколадото, а дел се остава. Се соединуваат убаво. Се става во калапчиња за мафини, претходно обложени со корпи. Се пече 20 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.]]>