ребека – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Jul 2022 12:02:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ребека – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ребека: „Ако стоиме вака нема да им се стресат гаќите… Да го блокираме системот“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/rebeka-ako-stoime-vaka-nema-da-im-se-stresat-gakjite-da-go-blokirame-sistemot-video/ Wed, 06 Jul 2022 05:44:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257416

„Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи”, порача пејачката Ребека Јанковска  вчера во својот говор на протестот пред  Македонското собрание. „ Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: “…Немаме резервна татковина, Македонија ни е се, лулка и татковина!”. Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никој не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Признајте!”, рече Ребека. „На Гугл за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на Македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нас ќе ни кажат од кога постоиме, не баре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не можат да не сотрат!”, додаде таа. Јанковска смета дека не се европски вредности тоа што Бугарија бара од нас да се откажеме од македонскиот јазик, историја и култура. „Македонскиот народ е мирољубив и никогаш никој не напаѓал. Ние не ги окупиравме соседите Бугарите и никого не му пречиме и никого не уценуваме да зборува како сака и да се вика како сака. Па нели тоа беа европските вредности?“ - праша таа. Таа додаде дека владата со овој француски предлог ја донесе и државата и граѓаните во ситуација на потчинетост, споменувајќи ја изјавата на Бујар Османи кога изјавил дека кога преговара за македонските национални прашања нема никакви емоции и побара оставка од оваа влада. „Не донесовте во ситуација на потчинетост. Требаше одамна да кажете НЕ, гласно НЕ. Го слушнав еднаш Бујар Османи немал емоции кога разговарал и преговарал за прашањето за Македонија, немал никакви емоции, но извини нема да ви помине. Па каде си роден ти министре?“, праша пејачката. Јанковска-Ристески потенцираше дека нејзино право е да е Македонка и да зборува на македонски јазик, порачувајќи дека не смее да има промена на историјата во учебниците. ]]>

Ребека: Тоше многу ми помогна за здравјето на Маркијан https://arhiva.vistina.com.mk/rebeka-toshe-mnogu-mi-pomogna-za-zdravjeto-na-markijan/ Wed, 26 Jan 2022 13:19:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236407

Македонската поп ѕвезда Ребека Јанковска Ристески е жена од која може многу да се научи. И покрај сите тешкотии кои ѝ ги задава животот, таа не ја трга насмевката од своето лице. Во ексклузивно интервју за естрадниот магазин "Бекстејџ", издание кое беше посветено на нашата ѕвезда Тоше Проески, одбележување на неговиот 41-ви роденден, кажа работи кои досега никогаш јавно не ги кажала. 15 години Ребека никогаш јавно не зборуваше за Тоше,а имаше многу што да каже, осум месеци беа во иста продукциска куќа, многу концерти заеднички, патувања, турнеи…Она кое што го раскажа Ребека е сон поврзан со Тоше, но и со нејзиниот син Маркијан. Што се Ребека кажа за Тоше погледнете во видео интервјуто со неа: ]]>

„Нема шанси да дозволиме“: На народот му се придружија музичките уметници и естрадните ѕвезди, па под притисок на јавноста, Шилегов се уплаши и ретерираше за уривањето на Универзална сала! https://arhiva.vistina.com.mk/nema-shansi-da-dozvolime-na-narodot-mu-se-pridruzija-muzichkite-umetnici-i-estradnite-dzvezdi-pa-pod-pritisok-na-javnosta-shilegov-se-uplashi-i-reterirashe-za-urivanjeto-na-univerzalna-sala/ Thu, 30 Jul 2020 08:28:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161191

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавносрта на нозе, го бунтуваше народот, кому му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди... па скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала! Од вчерашниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува. Шилегов “уцвика“ па го премолчи, давајќи три нови предлози со можност за референдумско изјаснување што ќе биде со Универзална сала? Обновена и реновирана на истото место, Новоизградена и дислоцирана на друга локација или двете заедно: И реновирање на постоечкиот објект и изградба на уште една, нова сала на друго место! Но, тоа не ја запре лавината на негодувања која ја предизвика неговата „штик проба“ на мала врата да протне „голема бизнис“, па цунамито од реакции не стивнува ниту на социјалните мрежи, ниту во медиумите. Еве неколку реакции за денес на некои од најистакнатите музички уметници и естрадни ѕвезди во Македонија, имиња кои не само што ја полнеле Универзална сала, туку луѓе кои знаат што значи да се има еден ваков епски храм на културата. Македонската гитарска легенда и најзначајниот музички уметник во поп-рок-џез културата не само во Македонија туку и пиошироко, Влатко Стефановски, кусо се обрати  преку својот официјален Инстаграм профил со порака: „Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал... и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее“, напиша Стефановски на Инстаграм. Најголемата македонска поп ѕвезда по заминувањето на Тоше Проески, идолот на младите генерации и пејачот чии хитови ги пејат и повозрасните, а токму во таа Универзална сала и како простор и како институција - организатор на Македонскиот радиски фестивал МАРС неговите песни последниве неколку  години во низа поред беа прогласувани за хитови на годината, Влатко Лозаноски - Лозано за Вистина.ком.мк го произнесе своето мислење: „Дефинитивно треба да се направат некакви потези, превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација. Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста. Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку  ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“ - изјави популарниот Лозано за нашиот портал. И македонската поп пејачка Ребека, која не само во својство на естраден уметник туку и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ‘‘Дајте ни крилја‘‘  се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи. „Нема шанси да дозволиме!!! Универзална е поврзана со десетици најубави спомени од моето детство и музичката кариера. Тука втор пат отидов на концерт на,Златно Славејче после оној на Бело Копче во Маракана. 50тина мои настапи во Универзлна/Universal Hall, награди кои таму ми беа доделени...Се сеќавам кога настапив на Мис на Македонија,со трчање од автобус накај Универзална само што стигната од Србија(Белград) каде што снимав видео за песната Едно,се сопнав,а тоа штиклата пукнала. Излегов на сцена и пеев пред Северина која носеше преубав бел фустан и на самиот почеток штиклата се скрши. Ги соблеков двете и продолжив боса. Летав на сцената од среќа и се забавував до бескрај. Неколку Златни Буба Мари, 12 Величевствени, неколку гостувања на концерти,меѓу кои на мојот драг Игор Џамбазов,Борис Трајанов,Ребис и двата концерти и дуетот со Оливер Драгоевиќ. Нема да го заборавам и настапот со Стефче Стојкоски на вечерта посветена на Егејците кога ја испеав Со маки сум се родила и му ја посветив на мојот,сега веќе покоен дедо Атанас Катиновски Гоче. Стана дедо ми од седиштето додека пеев и плачеше таму пред целата публика, а потоа сите се расплакавме со него. Концерти на големи светски имиња на наши доајени,колеги се длабоко врежани во моите сеќавања,театарски представи,балетски представи и уште колку многу настани кои токму таму се одржуваа. Ве молам не ја рушете Универзална!!! Не можам да го замислам Скопје без Универзална! Универзална треба да ја чуваме и да ја обновиме,а не да ја рушиме!!!“  ]]>

Хелена Роза со емотивна роденденска честитка до мајка си, а покажа и како со сестра и Ребека изгледале како мали (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/helena-roza-so-emotivna-rodendenska-chestitka-do-majka-si-a-pokaza-i-kako-so-sestra-i-rebeka-izgledale-kako-mali-foto/ Tue, 12 May 2020 07:41:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149063

Веќе неколку години, поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза заедно со семејството живее и работи во Нов Зеланд. Таа е често присутна на социјалните мрежи, од каде дознаваме за нејзините активности далеку од родната земја. Но, периодов атрактивната Хелена е носталгична за дома, а како што пишува во објавите, многу и недостасуваат и  најблиските, пријателите, медиумите. Но, има денови кога тие чувства се особено изразени, како што е роденденот на нејзинта мајка Роза. Токму по повод нејзиниот роденден Хелена на својот профил објави една ретро фотографија и една нешто понова. -Среќен роденден мамки моја. Ти благодарам што постоиш и што си тука за мене. Ми фалиш многу. Те сакам, напиша Хелена. Од објавената ретро фотграфија може и да се види како Хелена и нејзината сестра Ребека изгледале како малечки, но и од кого ја наследиле убавината.    ]]>

Намерно запалени автомобилите на пејачките Сузана Турунџиева и Ребека https://arhiva.vistina.com.mk/namerno-zapaleni-avtomobilite-na-pejachkite-suzana-turundzieva-i-rebeka/ Thu, 16 Jan 2020 10:52:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129317

Против пожарни екипи синоќа интервенирале по пријава за пожар на две возила сопственост на две познати македонски пејачки. Прво било опожарено возилото марка „Мини купер“, а пожарот го зафатил и второто возило, пишува порталот Курир.мк. „Мини куперот“ кој горел е сопственост на пејачката Сузана Турунџиева, а до него било паркирано и зафатено од пожарот и возилото на пејачката Ребека Јанковска - Ристески. Возилата биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза. За среќа, повредени нема, а увидот на надлежните ќе ги утврди причините за опожарувањето на возилата. Информацијата ја потврдија од Пожарна од каде велат дека интревнцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час. Засега, според нивните информации пламенот зафатил површина од 6 квадратни метри, простор на кој биле паркирани двете возила. Вистина.ком.мк стапи во контакт со Сузана Турунџиева која за нашиот портал изјави: „Пожарот беше страотен и прва го забележа мојата ќеркичка. Беше шокантно да се гледа од прозорец како ти гори возилото под твојот балкон. Направена е голема материјална штета, зашто мојот автомобил изгоре целосне, додека возилото на Ребека кое беше паркирано до моето е зафатено од пожарот само во пределот на задната врата“ -  раскажува со растреперен глас Турунџиева, видно потресена од немилиот настан и продолжува. „Никому ништо лошо ниту сум направила, ниту сум згрешила, ниту некому должам нешто... Мислам дека не се работи за никаква одмазда или предупредување од некого, туку за чиста коинциденција на група пиромани кои палат низ центарот на Скопје, фрлајќи молотови коктели. Полицијата беше сношти во потрага по нив и веќе им е во траг. За жал и јас и Ребека, ја имавме таа несреќа нашите автомобили да бидат случајна мета на пироманите“ - го завршува исказот за својата траума во кусиот телефонски разговор Турунџиева. Информацијата ја потврди и Ребека, која додаде дека е изгорен задниот дел на нејзиниот автомобил кој е стар 8 месеци и штетата се проценува на неколку илјади евра, додека возилото на колешката Турунџиева кое го купила пред само еден месец е целосно уништено. Ребека вели дека според кажувањата на полициската екипа за увид, ова е седми-осми случај на запалени возила во централното градско подрачје на Скопје за само неколку дена.]]>

Разоткриени: Станија и Ребека надвор од „Задруга 2“ делат исто момче?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/razotkrieni-stanija-i-rebeka-nadvor-od-zadruga-2-delat-isto-momche-video/ Thu, 18 Oct 2018 08:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53520

Станија Добројевиќ и Ребека  Поповиќ  во надворешниот свет делел исто момче во исто време, за што  знаат и учесничките во „Задруга 2“  Јелена Круниќ и Доротеа Јовановиќ! Сепак, за разлика од Доротеа, Јелена јавно го кажа тоа, а се' започна со прашањето на гледачот: „Ребека, зошто си толку искомплексирана од Станија? Дали затоа што беше со нејзиното момче што не можеше да го задржиш“?
По прашањето од гледачот, Јелена стана и призна дека знаела оти оваа информација е вистина. „Не бев со нејзиното момче. Јас само ја ставив мојата слика на нејзиното место. Девојката е постаро од мене 7-8 години, живееме поинаку, немам комплекси од неа“! - рече Ребека. Не знам ништо за нејзиното минато кое се однесува на Владимир. Девојката е во поинаков фазон од  Станија. Знам само дека  имале заедничко момче, кого заедно го делеле од надвор од шоуто и но тоа го кријат и  не зборуваат за него“ - изјави Јелена, но Ребека не сакаше да открие дали тоа е вистина или не. Во тој момент тој скокна Мики Ѓуричиќ, која како и Ребека, видно вознемирен во врска со оваа шокантна информација, и порача слободно да ја каже вистината, кога веќе надвор таа и Станија можат да делат ист е*ач! https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=2aUF6hJ_D9k]]>