реактија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 10:22:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png реактија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По бурните критики за нејзиниот изглед, на Адријана Лима и „пукна филмот“, па се огласи со вистинската причина за промените (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-burnite-kritiki-za-nejziniot-izgled-na-adrijana-lima-i-pukna-filmot-pa-se-oglasi-so-vistinskata-prichina-za-promenite-foto/ Thu, 16 Nov 2023 10:22:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327227

Адријана Лима се појавила на премиерата на „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes“ во Лос Анџелес заедно со целото семејство, а промената на нејзиното лице не останала незабележана. Имено, манекенката се појавила со видно закосени очи и подигнати веѓи, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Многумина се посомневале дека станува збор за процедурата наречена „fox eyes“, која ја испробаа многу познати дами и која стана своевиден тренд во светот. „Што направила со лицето?“, „Морам да знам што се случило со лицето на Адријана Лима и морам да го дознаам тоа веднаш“, „Последната верзија на Адријана Лима која наводно имала пластична операција“, се само дел од коментарите. Откако ги „закачи крилјата“ во 2018 година, Лима во ретки прилики му се враќаше на манекенството. Но, со најавата за враќање на култниот бренд за долна облека „Victoria's Secret“, беше најавено и дека Лима повторно ќе биде едно од нивните заштитни лица. Адријана Лима во средата се огласи на Инстаграм за да одговори на критиките на оние кои сугерирале дека се подложила на затегнување на лицето. Поранешната манекенка на „Victoria's Secret“ споделила фотографија на која е без шминка за да ги побие тврдењата дека имала естетски зафати на лицето. „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, двајца предтинејџери, едно активно момче, 1-годишно дете кое учи да оди и три кучиња... благодарам за грижата“, напиша таа покрај нејзината фотографија. фото:Инстаграм принтскрин/Твитер]]>