реакции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2023 07:30:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png реакции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дрското однесување на Дара Бубамара во сообраќајот продолжува: Јавнота згрозена од нејзините безобразни репризи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/drskoto-odnesuvane-na-dara-bubamara-vo-soobrakajot-prodolzhuva-javnota-zgrozena-od-nejzinite-bezobrazni-reprizi-foto/ Thu, 26 Oct 2023 07:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323956

Дара Бубамара е позната по своето арогантно однесување во сообраќајот, несовесното возење и паркирањето на непрописни места, додека се однесува како за неа, како и за сите совесни и обични граѓани, да не постојат закон и правила. Со години ја следат медиумски наслови поради различните прекршоци кои ги правела додека управувала со моторно возило, а сега на Инстаграм страната 192.rs јавно се огласи уште едно нејзино арогантно однесување, па сега се паркирала кај пешакот премин.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Ваквото нејзино недолично однесување наиде на голема осуда во јавноста, а следеа негативни коментари, меѓутоа, судејќи според нејзините претходни реакции, Радојка не гледа проблем во тоа што постојано ги крши сообраќајните правила. „Одземете ја возачката на жената... уште колку“, „Додека чесните граѓани и пешаци не почнат да ги уништуваат возилата што им ги купил татко им, нема да престанат да се фалат“, „Можно ли е да е толку безобразна?“, беа само дел од коментарите на гневните граѓани. Пејачката вози бесна машина од Мерцедес од речиси 300.000 евра, но очигледно не може да се прилагоди на нормалното однесување и смета дека е привилегирана само поради тоа, па продолжува со едноставен начин на живот. фото:Instagram printskrin]]>

Панчо-ДНК, Биба Додева… меѓу познатите македонски личности кои ги изгубиле своите најмили, удрија по злосторот на „онколошките монструми“ https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-biba-dodeva-megu-poznatite-makedonski-lichnosti-koi-gi-izgubile-svoite-najmili-udrija-po-zlostorot-na-onkoloshkite-monstrumi/ Mon, 04 Sep 2023 08:35:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316414

По објавениот црн мегаскандал од клиниката за онкологија  револтот на народот не само што расте до невидени размери, туку е на работ на експлозија. Чашата на криминалното и коруптивно владеење и неспособност на владеачката коалиција оддамна е прелеана.  Трулежот во сите сфери на општеството стигнат е до ниво на распаѓање. По најновите шокантни откритија за случувањата на онкологија, од  здравството меѓу  останатото, се шири неподнослива смрдеа... Реа на гнилеж предизвикана од аматеризам, неспособност, нечовечност, алчност, недостаток на емпатија до ниво на монструозност...  На социјалните мрежи се објавуваат коментари, врие од револт, осамнуваат потресни сведоштва од граѓани кои поминале низ лавиринтите на клиниката, а за жал, и покрај скапите терапии кои само тие знаат како собрале финансии за да ги обезбедат, ги загубиле своите најмили, најблиските. Меѓу останатите граѓани реагираат со свои коментари и познатите. Во професијата, во шоубизнисот  можеби се блескави ѕвезди, но во животот сепак се само обични луѓе, кои токму таму, во таа сега веќе за жал извикана и „озлогласена“ институција наместо сламката на спас за живот, дознаваат дека можеби и нивните сега веќе покојни најмили, биле дел од пеколниот „менгелевско - трговски“ крими проект на поедини медицински монструми!? Впрочем, после ова може ли некој да го спречи сомнежот на секој што животот го натерал лично или некој од неговите да поминат низ скопските онколошки ходници и болнички соби? Затоа и реакциите се емотивни, искрени, човечки... Но и полни со гнев и горчина, со бес и лутина и борба за правдина... Институционална или улична, сеедно... Правдата мора да ја има. Зашто кога неправдата станува закон, отпорот станува должност, а за злосторството мора да има и соодветна казна. Од судот или линч од народот! Македонскиот  ар ен би изведувач и ДЈ,  Владимир Блажев, алијас Панчо-ДНК како и многумина  реагираше на својот Фејсбук профил. Вели дека морал најпрвин „да изброи до 10“  за да не употреби зборови што не се за во јавност, па потоа еве што споделил во својот коментар: „Кога ја дознав информацијата бев во шок, неверување и толку многу изреволтиран што чекав да ми спадне за да не се каам што зборови ќе употребам. Додека сите ние лечиме луѓе преку СМС пораки, донации или хуманитарни концерти некои НЕЛУЃЕ си профитираат на маката и фамилиите на луѓе кои се борат со смртта. Толку многу неправди се случуваат последниве години што е огромен разлог за разочарување кај сите граѓани на Македонија и егзодусот кои се случува прекупреселување и напуштање не државата, и не само на млади туку цели фамилии. Станавме земја во која корупцијата ни е секојдневие, правосудството ни е КРИВОСУДСТВО и еден голем ЦИРКУС, а здравството КАТАСТРОФАЛНО. Ништо, ама буквално НИШТО не функционира!! После овој скандал не само што треба да има предвремени избори туку треба буквално сите кои се на власт да си поднесат неотповиклива оставка или во спротивно да направиме граѓанска непослушност без никаков страв од закани и притисоци за оние кои работат дежавна работа. Секоја револуција има свои последици но и нови херои!! Размислете дека еден ден истово ова може да ви се случи недај боже вам или на ваши најблиски. Ова е ДНОТО НА СРАМОТ и НЕЧОВЕЧНОСТА, ова е нешто кое се случува во најнеразвиени земји ма да и таму има повеќе емпатија него кај нас. Господ на сите ќе ви суди тоа е факт ама мора и народот. Ова не смее да го преќутиме, СИТЕ НА УЛИЦА и не политички туку ЧОВЕЧКИ“ - напишал Панчо на својот Фејсбук. Македонската пејачка и кантавторка Биба Додева, која последниве години преку своето здружение за борба против карциномот - „Борка“ беше токму синоним за хуманост, борба, желба за живот, оптимизам, достоинствено лекување... на најопаката болест на денешницата. По десетгодишна активност пејачката се повлече од својата активност на ова поле заради тоа што замина да живее во друга земја, но при своето враќање и посета на родната Македонија, токму за „добредојде“  ја дочека непријатната вест за случувањата на скопска онкологија, тотално спротивни од она за кое Биба Додева последниве десет години се бореше и залагаше. Шокирана и вчудовидена од случувањата пејачката и некогашен основач на здружението „Борка“ се огласи со свој коментар на нејзиниот Фејсбук профил: „После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување. Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои со БОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет“ - вели Биба и додава: „Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше“ - порачува Додева во објавата на Фејсбук! Ова се само две рекции на познатите личности. Ги има дестици, а оние на обичните граѓани илјадници. Социјалните мрежи вријат, јавноста е на нозе, протестите се во најава...  Правдата е на потег! Фото: Арнива/Фејсбук и Инстаграм/Biba Dodeva/Vladimir Blazev            ]]>

Го паркирала автомобилот пред семафор: Револтирани граѓани направија хаос на социјалните мрежи поради дрското однесување на Дара Бубамара (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/go-parkirala-avtomobilot-pred-semafor-revoltirani-gragjani-napravija-haos-na-socijalnite-mrezi-poradi-drskoto-odnesuvanje-na-dara-bubamara-video/ Fri, 29 Jul 2022 07:20:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260877

Дара Бубамара уште еднаш ја покажува својата ароганција кога се во прашање автомобилите, а овој пат се работи за паркирање на среде улица. Имено, како што објави страницата на Инстаграм 192.rs, пејачката практично го паркирала својот Мерцедес на среде раскрсница, односно на само неколку метри пред семафорите, што предизвикало огромен гнев кај жителите на Нови Сад. Во коментарите под објавата има реакции од граѓани кои најмногу се гневни поради нејзиниот потег, па имаше пцовки на нејзина сметка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Да потсетиме, Дара не е првпат вака да се однесува во сообраќајот, а додека вози редовно објавува фотографии кои наидуваат на остри критики од другите учесници во сообраќајот. фото:Инстаграм]]>

Брутални реакции на јавноста за тоа како се облекла ќерката на Мадона (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/brutalni-reakcii-na-javnosta-za-toa-kako-se-oblekla-kjerkata-na-madona-foto/ Tue, 22 Mar 2022 09:41:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243848

Ким Кардашијан отворила нова продавница за костими за капење од нејзиниот бренд SKIMS, во Мајами, и по тој повод собрала голем број славни личности. Меѓу оние кои присуствувале на отворањето и забавата во организација на најпознатата ријалити ѕвезда се нашла токму Лурдес, ќерката на Мадона.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by LOLA 🌷🖤🇧🇷 (@lolasthink)

25-годишната убавица, која веќе некое време се занимава со моделинг и соработува со најценетите модни куќи, била одлично расположена и постојано зборувала со Ким и одлично си поминала, но тешко дека била толку насмеана кога ги прочитала коментарите на социјалните мрежи за тоа како изгледала.
Лурдес за оваа прилика избрала многу провокативен стајлинг - кусо виолетово мини-здолниште со метален сјај што е навлечено настрана и краток розов корсет без прерамки кој го открива стомакот. Го комбинирала со светкави розови папучи со потпетици, а шминката ѝ била во црвени тонови. „Буквално изгледа како улична проститутка“, „Не претерувам кога велам дека можела да продолжи под мост“, „Секоја чест за неа, се облекува попросто и од нејзината мајка“, „Ако твојот аутфит прави Ким Кардашијан да изгледа облечено со вкус, жал ми е, девојко, но каде грешиш?!“, „Ова е синоним за невкус и простаклук“, „Баш шокантно што ќерката на Мадона нема никакво ниво“, се дел од реакциите на читателите на Дејли мејл. фото:инстаграм/lolasthink]]>

Македонските естрадни личности и рекоа НЕ на војната во Украина: Социјалните мрежи вријат од нивните антивоени пораки и пароли (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-estradni-lichnosti-i-rekoa-ne-na-vojnata-vo-ukraina-socijalnite-mrezi-vrijat-od-nivnite-antivoeni-poraki-i-paroli-foto/ Fri, 25 Feb 2022 09:58:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240631

Војна во Украина некого го изненади светот. Колку и да беше очекуван воен конфликт, сепак никој освен веројатно, оние најдобро упатените, не очекуваа воени дејствија од вакви енормно големи размери. А кога војната ќе почне да беснее, тогаш вистината, совеста и разумот први умираат... За жал, заедно со нив и стотици, илјадници, милиони... човечки животи, што светската историја досега го докажала на безброј примери, од кои за жал човештвото никако да извлече поука. Колку и да е неизбежна и чин на последен акт откако сите политички средства ќе бидат исцрпени, војната е сепак монструозен чин, во кој се губат човечките животи, а меѓу жртвите страдаат и невини цивили... И тоа можеби најмногу. Меѓу нив, старци, жени и деца...  Стравотиите на војната за жал, му се случуваат пред очи и на т.н. цивилизиран свет и тоа во 21-от век. Страдања, уништување, разорување, уривање, убивање, декаденција и смрт... најгрозното, нагнасното и најтешкото нешто што може да го доживее човештвото. И колку и да сака некој да најде оправдување за неизбежноста на „говорот на оружјето“, кога тоа говои страдањата се неизбежни. Најчесто, големи, неповратни, катастрофални и погубни... За сите! Токму затоа посегнувањето по оружјето и војната како чин на решеавање на проблемите наидува на остра осуда од сите оние на кои  хуманоста на човештвото им е најважна. Светот за да опстане, мора да живее во љубов, мир, разбирање, слога, хармонија, соживот... Се друго, порано или подоцна,  води кон неизбежна катаклизма. Затоа и македонските јавни личности или барем поголемиот дел од македонската естрада остро ја осудија и и' рекоа НЕ на војната во Украина. Социјалните мрежи вријат од нивните антивоени пораки и пароли, повици да се запре „говорот на оружјето“, војната итно да запре и одново да проговори дипломатијата. 1. Поп пејачката Кристина Арнаудова со фотографија на мало детенце кое со солзи во очите  во раката држи испишана парола: „Јас не сакам војна“ напишала: „Трагедија...“   2. Нејзината колешка, пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски сподели мировна порака: „Мир не војна, за тебе, за мене, за целиот човечки род“! 3. Македонската ар ен би/поп пејачка Ања Ветерова која студира на престижниот музички колеџ Бркли во САД, сподели фотографија во боите на украинското знаме и раце како се допираат како во чин на молтва, а врз неа испишана е нејзината порака: „ 4. Македонската „Гранд ѕведа“ со белградска адреса на живеење, пејачката Елена Миленковска со провокативна фотографија опиша како ја подразбира и дали ја поддржува војната во Украина. Русинка и Украинец во кревет, детенцето покрај нив, а тие со пасошите в рака и „гордо кренат“ среден прст со познатата хипи парол: „Водете љубов, наместо војна“! Асоцијација на мешаните бракови и бесмисленоста на воениот конфликт! 5. Уште една Македонка со беградска адреса на живеење и тоа малку поодамна од претходната, пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ со слична порака, само различна фотографија: машко и женско како се држат за рака и покрај нив познатата парола: „Љубов и мир, а не војна“! 6. Пејачот Александар Тарабунов ја осудил војната и повикал на мир со видеоинсерт од познатата мировна тема на легендарниот Мајкл Џексон, песната „Heal The World“ („Излечи го светот“). 7. ТВ водителот Миро Кацаров со страотно видео од стардањата на цивили при бомбардирање: „Нелуѓе... Запрете ј војната“, стои во антивоената порака! 8. Поп пејачката Тамара Тодевска исто така со трогателно видео на која војник пред заминување на фринт се испраќа со својата сакана, разделувајќи се можеби засекогаш... Емотикони од скршено срце, украинско знаме, и тага покрај него, со порака: „Не за војната“ - споделила Тамара. 9. ТВ водителката на магазинот „Животсостил“, Елена Стефановска,со познатиот хипи симбол - подугнати два прста и пораката: „На сите ни е потребен мир“, се придружила кон реакциите за воените случувања во Украина. 10. Фолерката Адријана Ацевска со само еден збор, кратко и јасно покажа и порача што посакува, како и повеќето луѓе на целата планета: Мир! 11. Познатата актерка и ТВ водителка, Весна Бејби Петрушевска го споделила украинскато знаме  и емотикони со молитва за Украина и украинскиот народ за спас од стравотиите на војната. 12. И македонската поп пејачка Викторија Лоба само со еден збор го искажала својот став кон војната во Украина. „Не војна“ - напишала Лоба во два збора на црна подлога, што и дава уште поголема тежина и значење на желбата за мир, ако се знае дека Викторија Лоба во себе носи руско потекло. Ова е само еден мал дел од низата... Уште многу познати македонски пејачи, актери, ТВ водители, манекенки, спортисти, стилисти, инфлуенсери... со пораки, пароли, песни, фотографии, видеа... го изразија своите ставови и мислења, сплотени во една мисла: „Кажете и НЕ и запрете ја војната!“ Фото: Социјални мрежи/Инстаграм принтскрин      ]]>

Вклучена камерата од мобилниот во задниот џеб од хеланките, реакциите на мажите на нејзината гигантска задница – „лудница“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vkluchena-kamerata-od-mobilniot-vo-zadniot-dzeb-od-helankite-reakciite-na-mazite-na-nejzinata-gigantska-zadnica-ludnica-video/ Fri, 04 Jun 2021 12:40:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205741

Оваа Инстаграм инфлуенсерка „уловила“ многу мажи како отворено гледаат во нејзиниот задник откако во задниот џеб од хеланките сокрила камера со која што снимила сè.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Alexas Morgan (@alexas.morgan)

Алексас Морган (24) од Мајами има навистина облини за машала, од кои предничи нејзината огромна заоблена задница. Неа ја следат над 4.1 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а не е првпат да ги искористи своите бујни облини за ваков експеримент. Овојпат таа сакала да согледа колку луѓето гледаат во нејзиниот гигантски задник во јавноста. Таа во задниот џеб од своите хеланки сокрила мобилен телефон на кој што ја вклучила камерата, а резултатите ги споделила на социјалната мрежа Инстаграм. „Сакам да видам колку мажи гледаат во мојот задник“, вели таа на снимката. Урнебесната снимка прикажува многубројни мажи кои што гледаат во нејзиниот задник… Инстаграм ѕвездата додала и звучни ефекти за снимката да биде уште покомична, а нејзиното видео добило над 115 илјади лајкови. „Која е вашата омилена реакција?“, прашала таа во снимката. „Мене последната ми е најдобра“, напишала некоја личност, па додала: „Мажот го искрши грбот само за да погледне“.
 
]]>

„Сите ми велат дека сум преубава за да возам автобус“: Кога патниците влегуваат и ја гледаат Џоди зад воланот, остануваат без зборови (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/site-mi-velat-deka-sum-preubava-za-da-vozam-avtobus-koga-patnicite-vleguvaat-i-ja-gledaat-dzodi-zad-volanot-ostanuvaat-bez-zborovi-video/ Fri, 19 Feb 2021 10:33:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190541

Џоди Ли Фокс има 24 години, живее во Велика Британија и вели дека ги шокира патниците со својот изглед. Таа работи како возач на автобус веќе три години и вели дека оттогаш, патниците и кажувале дека е „премногу убава за таа работа“. „Кога мажите влегуваат во автобус, секогаш е истата реакција:„ Ти си толку убава! “или„ Никогаш во животот не сум видел толку убав возач на автобус “, изјави таа за„ Јаху “.
„Луѓето велат дека сум убава што сум возач на автобус и добивам коментари од некои жени кои редовно ги фалат моите нокти, коса или шминка. Џоди објави снимки од нејзината работа на ТикТок, кои привлекоа големо внимание, но ја деактивираше сметката на оваа мрежа.
"И претходно објавував снимки, но не во работна униформа. Луѓето полудеа сè додека не објавив дека сум возач на автобус", рече Џоди, која претходно работеше како негувателка.
Таа спомена дека планира да вози автобус се додека не замине во пензија.]]>

Македонскиот избор за Евровизија 2021 пред скандал: МРТ одново со Гарванлиев и рок од само 7 дена за евровизиска песна, пејачите и авторите пред бунт! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-izbor-za-evrovizija-2021-pred-skandal-mrt-odovo-so-garvanliev-i-rok-od-samo-7-dena-za-evroviziska-pesna-pejachite-i-avtorite-pred-bunt/ Thu, 21 Jan 2021 09:01:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186012

„Според  јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев. Бројот на земји учеснички за Евровизија 2021 е идентичен како и за претходната, која за жал не се одржа од причини добро познати за сите нас, предизвикани од светската пандемија со новиот корона вирус и беше заменета со алтернативно музичко шоу. За Евровизија 2021,  се предвидени две полуфинални и една финална вечер, закажани за 18-ти, 20-ти и 22-ри мај во арената Ахој, во Ротердам, а повеќе од дваесет земји ги потврдија истите учесници селектирани од минатата година. Македонската Радио Телевизија пристапува кон избор на нова песна за Васил Гарванлиев и ги повикува сите заинтересирани страни да ги понудат своите музички проекти на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 27-ти јануари 2021 година“. Ова е отприлика содржината на соопштението кое јавниот сервис официјално го објави на 20 јануари 2021 година и предизвика бура во јавноста. Особено во онаа, естрадната, во која пејачите од македонската музичка сцена останаа стаписани, а авторите во неверување дали е ова можно: Да им се даде сами една недела, само 7 (седум) дена за да подготват песна, да ја средат, снимат и испратат на објавениот конкурс! Со сиот респект кон Васил Гарванлиев и неговите уметничко-вокални квалитети, кој за жал лани немаше можност да настапи и да ги покаже заради коронапандемијата, општо мислење меѓу естрадната фела е дека годинава сепак требаше да има „поинаков избор“... И на пејач и на песна. Корона кризата ги погоди сите естрадни уметници, повеќето дури и многу повеќе од самиот Гарванлиев, кој остана покус само за евровизискиот настап, а патем речиси никаде и не настапува, ако не се  смета ланскиот „државно субвенциониран концерт“ во Домот на културата во Струмица, додека  останатите останаа скоро една година „без леб“. Без можност за настапи, тезги, концерти, свадби, веселби...  И ако не многу повеќе, тогаш се барем еднакво оштетени како и несудениот евровизиски пејач од Струмица. Но, Струмица е чудесно место... Таму ликовите како во матрица се повторуваат на најважните места во државата, на кои се доаѓа онака како што се доаѓа. Формално-правно легално, а зад плаштот на регуларното, скриено ѕирка сомнителното! Оттаму виси прашањето: Зошто повторно Гарванлиев и тоа без преседан, без можност за натпревар со останатиите колеги - изведувачи од естрадата? Тој повластен и награден, тие обесправени и лимитирани, со прстот во уста? Не дека формално-правно МРТВ нема право на своја одлука, но правото на преседан има и своја етичка и морална страна,  ама и обврска и тоа не само кон естрадата, туку најмногу и кон своите гледачи, во исто време и даночни обврзници на оваа земја, од чии пари меѓудругото се финансира и МРТ и самата Евровизија! Потценувањето на нивната интилигенција ја отвора дилемата: Дали одново до убаво спакувано непрепознавање е доведена суштината на измамата? Од друга страна, авторите останаа стаписани од кусиот рок кој им е даден, зашто само 7 дена да се измисли, креира, отсвири, сними, аранжира, продуцира и испрати песна се не малку, туку ништо! Едноставно „невозможна мисија“, која во „5 до 12“ дури и да имате веќе готова песна  е тешко остварлива и изводлива. Оттаму реакциите и нивниот револт и повик за бојкот на годинешниов избор за Евровизија. Некои од авторите, ценети, познати и признати музичари, дури и повикуваат на барање правна помош и судска разврска, за според нив, спречување на злоупотреба на службена должност. Сомничави се и некои од естрадните новинари кои веројатно поучени од минатото искуство, тврдат дека однапред веќе се' се знае и се'  е договорено, а конкурсот за евровизиска песна е само „мачкање очи“,  чиста формалност за да е запазат пропозициите. Сето ова остава простор за сомнежи, дилеми, недоумици, претпоставки, кулоарски муабети, чаршиски трачеви, медиумски шпекулации... Со еден збор, простор за креирање на нова афера наречена македонски избор на пејач и песна за Евровизија. Дали потегот на МРТВ ќе покрене лавина на нови незадоволства од која ќе произлезе поголем скандал, или се' ќе заврши на онаа народната: „Кучињата си лаат, карванот си врви“, ќе видиме наскоро. Седум дена се кус рок, бргу ќе минат, па да почекаме да видиме дали оваа одлука ќе биде „нагазна мина“ и за кого? Фото: Мартин Трајановски/ Фејсбук принтскрин      ]]>

„Што ти се случува со лицето, не личиш на себе“: Фановите на Мадона шокирани од нејзиниот изглед (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-ti-se-sluchuva-so-liceto-ne-lichish-na-sebe-fanovite-na-madona-shokirani-od-nejziniot-izgled-foto/ Wed, 25 Nov 2020 11:55:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178022

Кралицата на поп-музиката, Мадона, не престанува да ги шокира своите обожаватели со фотографии на Инстаграм. Имено, многумина коментираат дека Мадона претерала со филтри, а исто така шпекулираат дали станува збор за пластична хирургија. Сепак, не е тајна дека пејачката се менува vо текот на годините на начин за кој не може да се каже дека е природен. Таа сега објави фотографија на Инстаграм поради која наиде на бројни негативни коментари.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Madonna (@madonna)

„Повеќе не личиш на Мадона“, „Што се случи со твоето лице?“, „Премногу пластична операција“, „О Боже, те сакаме, но те молам застани“, „О, не“, ја коментира фотографијата на легендарната пејачка која predizvika слични реакции и за претходната фотографија.]]>

„Нема шанси да дозволиме“: На народот му се придружија музичките уметници и естрадните ѕвезди, па под притисок на јавноста, Шилегов се уплаши и ретерираше за уривањето на Универзална сала! https://arhiva.vistina.com.mk/nema-shansi-da-dozvolime-na-narodot-mu-se-pridruzija-muzichkite-umetnici-i-estradnite-dzvezdi-pa-pod-pritisok-na-javnosta-shilegov-se-uplashi-i-reterirashe-za-urivanjeto-na-univerzalna-sala/ Thu, 30 Jul 2020 08:28:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161191

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавносрта на нозе, го бунтуваше народот, кому му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди... па скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала! Од вчерашниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува. Шилегов “уцвика“ па го премолчи, давајќи три нови предлози со можност за референдумско изјаснување што ќе биде со Универзална сала? Обновена и реновирана на истото место, Новоизградена и дислоцирана на друга локација или двете заедно: И реновирање на постоечкиот објект и изградба на уште една, нова сала на друго место! Но, тоа не ја запре лавината на негодувања која ја предизвика неговата „штик проба“ на мала врата да протне „голема бизнис“, па цунамито од реакции не стивнува ниту на социјалните мрежи, ниту во медиумите. Еве неколку реакции за денес на некои од најистакнатите музички уметници и естрадни ѕвезди во Македонија, имиња кои не само што ја полнеле Универзална сала, туку луѓе кои знаат што значи да се има еден ваков епски храм на културата. Македонската гитарска легенда и најзначајниот музички уметник во поп-рок-џез културата не само во Македонија туку и пиошироко, Влатко Стефановски, кусо се обрати  преку својот официјален Инстаграм профил со порака: „Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал... и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее“, напиша Стефановски на Инстаграм. Најголемата македонска поп ѕвезда по заминувањето на Тоше Проески, идолот на младите генерации и пејачот чии хитови ги пејат и повозрасните, а токму во таа Универзална сала и како простор и како институција - организатор на Македонскиот радиски фестивал МАРС неговите песни последниве неколку  години во низа поред беа прогласувани за хитови на годината, Влатко Лозаноски - Лозано за Вистина.ком.мк го произнесе своето мислење: „Дефинитивно треба да се направат некакви потези, превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација. Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста. Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку  ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“ - изјави популарниот Лозано за нашиот портал. И македонската поп пејачка Ребека, која не само во својство на естраден уметник туку и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ‘‘Дајте ни крилја‘‘  се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи. „Нема шанси да дозволиме!!! Универзална е поврзана со десетици најубави спомени од моето детство и музичката кариера. Тука втор пат отидов на концерт на,Златно Славејче после оној на Бело Копче во Маракана. 50тина мои настапи во Универзлна/Universal Hall, награди кои таму ми беа доделени...Се сеќавам кога настапив на Мис на Македонија,со трчање од автобус накај Универзална само што стигната од Србија(Белград) каде што снимав видео за песната Едно,се сопнав,а тоа штиклата пукнала. Излегов на сцена и пеев пред Северина која носеше преубав бел фустан и на самиот почеток штиклата се скрши. Ги соблеков двете и продолжив боса. Летав на сцената од среќа и се забавував до бескрај. Неколку Златни Буба Мари, 12 Величевствени, неколку гостувања на концерти,меѓу кои на мојот драг Игор Џамбазов,Борис Трајанов,Ребис и двата концерти и дуетот со Оливер Драгоевиќ. Нема да го заборавам и настапот со Стефче Стојкоски на вечерта посветена на Егејците кога ја испеав Со маки сум се родила и му ја посветив на мојот,сега веќе покоен дедо Атанас Катиновски Гоче. Стана дедо ми од седиштето додека пеев и плачеше таму пред целата публика, а потоа сите се расплакавме со него. Концерти на големи светски имиња на наши доајени,колеги се длабоко врежани во моите сеќавања,театарски представи,балетски представи и уште колку многу настани кои токму таму се одржуваа. Ве молам не ја рушете Универзална!!! Не можам да го замислам Скопје без Универзална! Универзална треба да ја чуваме и да ја обновиме,а не да ја рушиме!!!“  ]]>