развелба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Nov 2022 13:49:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png развелба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Крај за брачниот живот: Тамара и Мачка се разделуваат! https://arhiva.vistina.com.mk/kraj-za-brachniot-zivot-tamara-i-machka-se-razdeluvaat/ Mon, 07 Nov 2022 13:39:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274729

По шпекулациите во естрадните кругови дека Тамара Тодевска се разведува од сопругот Александар Димитровски – Мачка, се појави и потврден одговор од пејачката за нивниот брачен статус. Тимот на „Убавина и здравје“ ја потврди оваа вест. Имено, тие пишуваат дека Тамара и Мачка се одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Тамара сметала дека е добро децата да одржуваат добра комуникација со својот татко и дека тој е дел од нивните животи. Во контакт со Тодевска за споменатиот медиум, таа ја потврди информацијата. -Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска. На прашањето како се носи периодов со обврските, дали ќе паузира со настапите и слично, таа  изјави: -Секако дека продолжувам со работа. Учествував на Макфест, периодов ја промовирам мојата нова песна „Замижи“, а работам и на други песни и проекти. Животот продолжува, работата исто така, а мојов не е ниту прв ниту последен случај. Само ќе ги замолам веб-порталите, медиумските работници, кога ќе „трчаат“ по кликови и бомбастични наслови, да имаат чувство на одговорност особено пред децата… Јас сум издржала и позитивен и негативен притисок, ќе го издржам и ова, но децата мора да бидат заштитени, посочува Тамара. За потсетување, Тамара и Мачка склучија брак во 2015 година и имаат две деца, 6 годишната Хана и 3 годишниот Дарен. фото:Инстаграм принтскрин]]>